Контакт

Македонија

Седуммина млади луѓе признаа вина за настаните пред Собранието

Објавено пред

Седум од осум обвинети за настаните пред Собранието признаа вина пред Кривичниот суд. Некои од нив посочија дека се каат за она што се случува. Само еден рече дека не го сторил кривичното дело за кое го гонат. Обвинетиот Младен Ристовски, кој е во куќен притвор, рече дека не сакал да го стори кривичното дело. Со него во салата беше присутно и неговото семејство. Тој е редовен студент. Призна вина пред судијката.

dobivaj vesti na viber

„Не сум сакал, едноставно тоа што се случи – се случи и не сакав ништо од ова да биде“, рече Ристовски на што судијката му врати: „Толпата е опасна работа“, а тој врати „Не мислев дека ќе се случи ова“.

Иван Јосифовски, кој има 18 години и се наоѓа во куќен притвор, а е од Радишани, учи во средното економско и правно училиште во Кисела Вода. Тој потенцира дека никогаш не фрлал со предмети кон полицијата и дека не повредил никого.

„Не бев свесен дека правам кривично дело. Се чувствувам виновен, ја признавам вината за делото за кое се товарам“, рече Јосифовски и додаде: „Кон полицијата не фрлав“, а судијката му посочи дека ако признава вина, го признава и тоа.

Сепак, тој реши да признае вина.

„Дали твојот камен или дали каменот на некој од твоите соборци тоа не се утврдува. Сите вие заеднички сте дејствувале. Затоа е учество во толпа. Затоа не пишува дека Иван со ова дејство го повредил ова лице. Тогаш немаше да биде учество во толпа“, посочи судијката Славица Андреевска, па тој рече: „Давам признание, сигурен сум“.

Славчо Симоновски, единствениот што е во ефективен притвор во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари е неженет и осудуван, со завршено средно образование.

„Признавам вина. Свесно е дадено“, рече Симоновски.

Бојан Стефановски од Радишани, кој има 18 години и е четврта година средно во економско-правно училиште, исто така призна дека е виновен за настаните пред Собранието.

„Се чувствувам виновен. Да, ја признавам вината“, рече Стефановски, а судијката сметаше дека можеби има задршка во признанието на вина, на што тој реплицира: „Суво ми е грлото“. Обвинетиот рече дека доброволно го дава признанието на вина.

Никола Михаиловски, кој е неосудуван, со средно образование и има 22 години, исто така рече дека чувствува вина.

„Ја признавам вината, признанието е свесно и доброволно“, рече тој.

Виктор Стојков, кој учи во скопското средно угостителско и е во куќен притвор, а има 18 години, посочи дека чувствува вина.

„Да, чувствувам вина и се каам“, рече Стојков, а судијката посочи: „Не може да се прости“. Обвинетиот рече дека признанието е свесно и доброволно.

Антонијо Величковски, кој е во куќен притвор, а по професија е физеотерапевт и има завршено факултет, е единствениот што не призна вина. Тој има 30 години и е татко на малолетно дете. Нему ќе му се суди во посебна постапка.

„Не се чувствувам виновен, не сум го сторил делото. Не ја признавам вината“, рече Величковски.

19-годишниот Штефан Шуман, кој е во куќен притвор, има завршено средно. Тој призна вина пред судот.

„Ја признавам вината, се чувствувам виновен“, рече Шуман.

Обвинителката Наташа Сарамандова рече дека ги гони за учество во толпа. Тие фрлале со тврди предмети кон Собранието, ја оштетиле оградата, но повредиле и полицајци.

„На 5.7.2022 година, пред зградата на Собранието, за време на собир на граѓани, обвинетите заедно и со други непознати лица учествувале во толпа и сториле насилства. На еден полициски службеник му била нанесена тешка телесна повреда, а на 22 лица им се нанесени повреди. Кога била тргната оградата, заедно со непознатите лица, со тврди предмети, бекатон, пиротехнички средства и ‘молотови коктели’ фрлале кон зградата на Собранието и полицајците додека тие биле распоредени во заштита на зградата. Тие му причиниле штета на Собранието, а обвинетиот Антонијо Величковски пред влезот на болницата ‘Св. Наум Охридски’ учествувал во толпа, која оштетила полициско возило. Со рака го искршил ретровизорот, па дејствувал со непознати лица, фрлал со бекатон, па го прскале со спреј. Обвинетите сториле кривично дело учество во толпа што ќе направи кривично дело“, рече Сарамандова.

Обвинетите се на возраст од 18 до 36 години. Судијката треба да изрече пресуда.

Македонија

(Видео) ЦУК: Локализиран пожарот кај Дојран и Богданци

Објавено пред

Пожарот кај селото Фурка и браната Паљурци, помеѓу општините Дојран и Богданци е локализиран со здружени и координирани сили во текот на денот со дејство и од земја и од воздух, информираат од Центарот за управување со кризи.

dobivaj vesti na viber

„Огнот е опкружен и догорува само во контролираните површини, ‘енклави’ – внатрешно согорува. Со неговото локализирање се прегрупираат силите за негово догасување, така што дел од ангажираните сили ќе догасуваат и ќе дежураат до 24 часот, полноќ, а потоа други сили до рано наутро, кога околу 5:00 часот е предвидено вработени од Јавно претпријатие Национални шуми (ЈПНШ) Подружница Кожув-Гевгелија да ја проценат ситуацијата на локализираниот пожар на терен, по што, според таа проценка е предвидено избирање на соодветно тактичко дејствување за негово догасување“, се додава во информацијата.

Практично, појаснуваат од таму, денеска преку Центарот за управување со кризи (ЦУК), беше побарана и обезбедена воздушна поддршка, па дејствуваа по пожарот од воздух еден полициски хеликоптер од Министерство за внатрешни работи, еден армиски хеликоптер на Министерството за одбрана и авионот „ер трактор“ од Дирекцијата за заштита и спасување заедно со силите на Територијалната противпожарна единица ТППЕ Гевгелија, Доброволно противпожарно друштво Дојран, Комуналец Гевгелија, Комунално Дојран, Јавно претпријатие Национални шуми (ЈПНШ) Подружница Кожув Гевгелија, ТППЕ Кавадарци, ТППЕ Валандово, ДЗС – Валандово, МВР ПС Гевгелија и ТППЕ Струмица, а и дел од локално население, за негово гаснење.

Прикажи повеќе...

Македонија

Лукаревска: Советничката група на СДСМ е нова енергија за Тетово

Објавено пред

Изминува речиси една година од промената на локалната власт како во Тетово така и во поголемиот дел од државата и пред очи ни се таканаречените резултати, за инает не се поддржуваат добри проекти, постојано празни ветувања, повикување на претходниците и удирања во гради со проекти од претходниците, не е лошо, полошо е, порача заменик-претседателката на СДСМ Сања Лукаревска во обраќањето на промоцијата на советничката листа на СДСМ за локалните избори во Тетово.

dobivaj vesti na viber

„Да не дозволиме на 20 август да се изберат луѓе кои ќе бидат покритие уште неколку години, години на празни ветувања. Да бидеме мотивирани и на 20 август употребете го вашиот глас, гласајте за кандидатите за советници од СДСМ, за овие луѓе кои имаат свои идеи, кои ќе работат во интерес на граѓаните и кои нема да молчат ако градоначалникот не работи добро“, порача Лукаревска.

Истакна дека кандидатите за советници од СДСМ се вистинското решение за Тетово.

„Нашите идни советници се новата енергија за Тетово. Тие советници ќе туркаат напред, и ќе бодат гласни и да можат да го кажат вашиот проблем, да нудат решенија за секојдневните а всушност најбитните проблеми од вашето живеење. Централната власт не го заборави Тетово и натаму ќе придонесува за развој на овој град. На 20 август одлучно гласајте за број еден, да не дозволиме општината да биде парализирана и некој да има оправдување дека има нефункционален совет. Гласајте за никој да не биде над вашиот глас, туку да биде во полза на вашиот глас. Да имате убави улици, нови паркови, да имате чист воздух, тоа не е политика, тоа е обврска која ќе ја имаат нашите другари, идните советници“, порача Лукаревска.

Прикажи повеќе...

Македонија

Десет починати лица, регистрирани 1.233 новозаразени со коронавирус

Објавено пред

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 6.8. 2022 до 8.8.2022):

dobivaj vesti na viber

Направен е 3.561 тест, а регистрирани се 1.233 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 516, Битола – 97, Кавадарци – 72, Гостивар – 55, Прилеп – 54, Охрид -53, Куманово – 47, Тетово – 45, Велес – 40, Струга – 28, Струмица – 27, Неготино – 26, Кичево – 24, Кочани – 20, Штип – 18, Гевгелија – 17, Радовиш -15, Ресен -13, Дебар – 11, Кратово – 8, Свети Николе, Берово и Валандово – по 7, Демир Хисар – 6, Крушево – 5, Делчево и Виница – по 4, Богданци и Демир Капија – по 2, Крива Паланка, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (1.233), регистрирани се 284 реинфекции.

Регистрирани сe 1.450 оздравени пациенти од: Скопје – 651, Куманово – 120, Битола – 86, Кавадраци – 85, Охрид – 71, Прилеп – 51, Гостивар – 38, Тетово – 34, Струга – 33, Велес – 32, Струмица – 31, Штип и Неготино – по 28, Кичево – 24, Дебар – 19, Гевгелија – 18, Крива Паланка – 17, Ресен – 14, Кочани и Радовиш – по 13, Кратово – 9, Валандово и Виница – по 6, Берово и Крушево – по 5, Свети Николе – 4, Демир Хисар и Македонски Брод – по 3, Богданци – 2, Делчево – 1.

Во текот на изминатите 3 дена (06.08 – 08.08.2022) пријавени се 7 починати лица, од: Скопје – четири починати лица (91 г, 87 г, 82 г и 77 г) и по едно починато лице од Кочани (92г.), Битола (67 г) и Прилеп (83 г). Сите лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој термин се регистрирани 3 починати лица и тоа од Демир Хисар (76г), Велес (72г) и Струга (54г), две лица се починати во домашни услови, е едно лице е починато во болнички услови. Лицата се пријавени за починати во период од 17.7. до 28.7.2022година.

Направен е 3.561 тест преку: ИЈЗ-232, ЦЈЗ Скопје-116, ЦЈЗ Битола-102, ЦЈЗ Прилеп-30, ЦЈЗ Тетово-47, ЦЈЗ Куманово-52, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8 Септември-0, Институт за микробиологија–140, Жан Митрев (Филип Втори)-25, Авицена-81, Биотек-106, Систина-69, лабораторија Лаор-16, Синлаб-9, Ремедика-9, Плодност-22, Генеа-10, Никоб лаб-134, ВФВ Медикал-7, Ели медика плус-19, Ројал медика–0, Спектра-ММ-20, Рапид лаб–11, Жан Митрев Струмица–7, Нова лаб дијагностика–2, Рамус-21, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.274

Досега во земјата се направени вкупно 2.128.711 тестирање на Ковид-19.Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 331.988, бројот на оздравени пациенти е 318.599, на починати е 9.398, а бројот на активни случаи изнесува 3.991

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје      156575, Активни   1562
Куманово    17661, Активни    162
Битола      17124, Активни    267
Прилеп      15023, Активни    183
Тетово      14169, Активни    182
Кавадарци   11581, Активни    171
Велес 10474, Активни    125
Гостивар    10055, Активни    145
Охрид 9760, Активни     226
Струмица    8541, Активни     120
Штип  8504, Активни     91
Кичево      5945, Активни     74
Кочани      5332, Активни     55
Струга      5038, Активни     121
Гевгелија   4654, Активни     64
Неготино    3982, Активни     76
Ресен 2937, Активни     46
Свети Николе      2739, Активни     23
Радовиш     2720, Активни     79
Крива Паланка     2554, Активни     19
Делчево     2026, Активни     11
Дебар 1770, Активни     33
Берово      1757, Активни     22
Валандово   1567, Активни     12
Виница      1430, Активни     15
Пробиштип   1288, Активни     0
Богданци    1060, Активни     14
Кратово     1056, Активни     22
Крушево     993, Активни      30
Демир Хисар 901, Активни      22
Македонски Брод   772, Активни      6
Демир Капија      613, Активни      7
Македонска Каменица     530, Активни      4
Пехчево     493, Активни      0
Дојран      364, Активни      2

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

(Видео) ЦУК: Локализиран пожарот кај Дојран и Богданци

Пожарот кај селото Фурка и браната Паљурци, помеѓу општините Дојран и Богданци е локализиран со здружени и координирани сили во...

Македонија7 часа

Десет починати лица, регистрирани 1.233 новозаразени со коронавирус

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 6.8. 2022 до...

Македонија9 часа

ЈП „Комунална хигиена“: Кон вработената која предизвика инцидент веќе е започната дисциплинска постапка

На 33 лица кои биле вработени, преку АПВ, во ЈП „Комунална хигиена“-Скопје кои месеци и години земале плата а не...

Европа10 часа

Бајден за активностите на Кина: „Загрижен сум“

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека не е загрижен за Тајван, туку дека е загрижен за Кина. Бајден открил...

Топ12 часа

Турски државјанин со живеалиште во Скопје осомничен за криумчарење на над 13 килограми злато на Табановце

Основното јавно обвинителство Куманово, постапувајќи по поднесена кривична пријава, донело наредба за спроведување истражна постапка против турски државјанин со живеалиште...

Економија15 часа

Се намалува цената на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните...

Македонија16 часа

(ВИДЕО) Иван, кој го преживеа Халкидик, во интервју за грчки медиум: Најлошиот роденденски подарок

Пред точно еден месец скопјанецот Иван (30) заедно со своите пријатели исчезна на отворено море од плажата Мити, на Халкидик....

Свет16 часа

Путин прави чистка: отпуштил шест генерали, меѓу кои и Месарот од Сирија

Рускиот претседател Владимир Путин отпуштил шест генерали поради лошите резултати од борбените операции во Украина, јавуваат светските медиуми. Според информациите,...

Македонија17 часа

Ја нападнал екссопругата со тупаници и ѝ се заканил дека ќе ја убие ако не се смират

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 42-годишно лице за кое постои основано сомнение дека при вршење семејно насилство сторило...

Топ17 часа

Еден човек загина во тешка сообраќајна несреќа на патот Кичево – Гостивар

Еден човек загина во тешка сообраќајна несреќа што утрово се случи на магистралниот пат Кичево – Гостивар, кај т.н. тајмишка...

Свет17 часа

Уште два брода со храна ја напуштија Украина

Уште два брода, едниот со пченка, а другиот со соја, денеска ги напуштија украинските пристаништа, соопшти турското Министерство за одбрана....

Свет19 часа

Кина најави нови воени вежби околу Тајван

Кинеската војска за денеска најави нови вежби на море и на небото околу Тајван. Источната борбена команда на Народноослободителната војска...

Македонија19 часа

Пожарот кај селото Фурка сè уште активен

Регионалниот центар за управување со кризи РЦУК Струмица соопшти дека пожарот кај с. Фурка меѓу општина Дојран и Богданци сè...

Европа1 ден

(Видео) Експлозија во близина на аеродромот Хитроу во Англија

Силна експлозија одекна околу 17 часот по локално време во близина на аеродромот Хитроу во Англија. По експлозијата, чија причина...

Свет1 ден

Трамп: Америка повеќе никој не ја почитува, ние сме народ кој стана шега

Светската заедница ја загуби почитта кон американскиот народ и Америка, изјави Доналд Трамп. Тој исто така изрази загриженост дека другите...

Топ1 ден

Повредено дете во приватна градинка во Скопје, родителот не бил информиран

На 06.08.2022 во 21.50 часот во Полициската станица Карпош, Р.Т.(38) од Скопје пријавил дека на 03.08.2022 околу 17.00 часот откако...

Македонија2 дена

Почина жената од Неготино, која беше претепана од партнерот

Почина 46-годишната жена од Неготино која беше претепна од партнерот П.Н.(51) исто од Неготино. Таа беше во кома пет дена,...

Свет2 дена

Израел прифати хуманитарен прекин на огнот, но Исламски џихад одби

Израел се согласи на хуманитарен прекин на огнот на предлог на Египет, но палестинската организација Исламски џихад ја одби понудата,...

Македонија2 дена

(Видео) Каевски: СДСМ реализира стратешки цели, ВМРО-ДПМНЕ блокира и го дели народот

Преку успешните, одговорни, државотворни политики на СДСМ, државата ги исполнува стратешките цели поставени уште на Денот на независноста. Република Северна...

Македонија2 дена

(Видео) Арсовски: Оставка од министерката Стојчевска заради цензурата на културата која се обидува да ја направи

Бисера Стојчевска трет ден ниту им се извинува на граѓаните, ниту пак има намера да си даде оставка. Ставајќи се...