Македонија
Секој вторник ќе се собира селектираната пластика од домовите во Лисиче

Од завчера почна да се собира селектираната пластика од околу 300 семејства во населбата Лисиче кои се вклучија во проектот „Ја собираме пластиката од дома“.
Неформални собирачи ќе ја подигнуваат пластиката директно од домовите на жителите од оваа населба, кои во август преку потпишување договор се согласија да селектираат тврда пластика и ПЕТ-амбалажа.
Оваа акција има двојна цел – од една страна да се подобри управувањето со отпад во општина Аеродром и на тој начин да се заштити животната средина, а од друга страна да се развијат здрави навики кај жителите и во исто време да се овозможи економска инклузија на онаа ранлива категорија граѓани, кои неорганизирано собираат пластика. Проектот го имплементира еколошкото здружение „Гоу грин“ и ромскиот „Бизнис информативен центар“ со активна поддршка на Општина Аеродром и финансиска помош од Градот Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Четврта средба на заедничката мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања

На 19 и 20 февруари во Скопје ќе се одржи четвртата средба на Заедничката мултидисциплинарна комисија на Република Северна Македонија и Република Бугарија за историски и образовни прашања. На средбата е предвидено да продолжат дискусиите по точките од минатата средба кои се однесуваат на одбележување на јубилеи поврзани со потенцијални историски личности и настани кои би претставувале мост на поврзување помеѓу народите на двете држави.
Истовремено, на средбата во Скопје ќе се продолжи со дискусијата по забелешките за учебниците по историја во насока на надминување на спорните историографски толкувања на минатото.
Македонија
Почина уште еден повреден во несреќата кај Ласкарци, бројот на жртви се искачи на 15

Изутринава почина уште еден од повредените во тешката сообраќајна несреќа која што се случи на патот Скопје – Тетово, со што бројот на жртви се искачи на 15. Како што потврдуваат од Министерството за здравство, станува збор за 39-годишен маж којшто со тешки повреди беше задржан на лекување на КАРИЛ-Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување.
,,На Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ во Скопје, утринава во 5 часот, почина уште еден од патниците кои настрадаа во сообраќајната незгода кај селото Ласкарци. Станува збор за петнаесетиот загинат, маж на возраст од 39 години во оваа голема несреќа. Патникот при несреќата се здобил со тешки повреди на градниот кош и белите дробови и веднаш пренесен во Болницата „8-ми Септември“. Но, поради сериозноста на повредите уште ноќта бил префрлен КАРИЛ.
Врз повредениот биле извршени две операции истата вечер откако бил донесен на Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување поради големо крварење од белите дробови. За жал поради сериозноста на повредите, утринава починал”, се наведува во соопштението.
Пред два дена кај село Ласкарци се преврте автобус на компанијата „Дурмо Tурс“. На лице место загинаа 14 патници, додека голем број беа спасени со помош на локалното население, кое што помогнало во нивното излекување. Тие се хоспитализирани на скопските клиники. Неколкумина од нив се уште се во критична состојба.
Анализата на примероците на крв и урина на возачот покажала дека во моментот на несреќата кај него не е регистрирано присуство на алкохол, лекови или психотропни супстанции.
Автобусот што излета од автопатот и се преврте во близина на стариот пат, по наредба на јавен обвинител ќе биде вештачен од страна на Машинскиот факултет во Скопје. Се уште се утврдуваат причините за несреќата.
Македонија
На Заев и Ципрас ќе им биде врачена награда во Минхен

Премиерот Зоран Заев и неговиот грчки колега Алексис Ципрас денеска во Минхен ќе ја добијат наградата „Евалд Фон Клајст“. Планирано е врачувањето на наградата да биде на посебна церемонијална вечера чиј домаќин ќе биде премиерот на Баварија, Флориан Херман.
Двајцата премиери во рамки на Минхенската безбедносна конференција ќе се обратат на заедничка панел дискусија.Премиерите за добиваат оваа престижната награда поради решавањето на долгогодишниот спор со името.
- Истражувања3 месеци
(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ
- Истражувања2 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија1 недела
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал