Контакт

Македонија

Села: „Алијансата за Албанците“ ќе ѝ биде лојален партнер на меѓународната заедница

Објавено пред

Претседателот на „Алијансата за Албанците“, Зијадин Села, денеска се сретна со американскиот експерт за прашањата на Балканот и надворешната политика, Даниел Сервер.

„Во билатерална средба што се одржа во многу важен период за евро-атлантската иднина на Македонија, Села и Сервер разговараа за важноста на евро-атлантските интеграции на земјата, исполнување на сите барања, без дополнителни одложувања и насочување на целокупната политика на Балканот кон ЕУ и САД. Села го повтори ставот дека одвојувањето на Македонија и регионот од источното влијание, особено руското, е стратешки интерес за Албанците и сите балкански народи“, соопшти „Алијансата за Албанците“.

Понатаму, Села истакнал дека „Алијансата за Албанците“ ќе биде лојален партнер на меѓународната заедница кон остварување економски и социјален напредок и функционирањето на владеењето на правото во Македонија како единствен начин за гарантирање на мирот и стабилноста во земјата и регионот.

Македонија

Бојан Јовановски: Не си играјте со мојот живот, 55 пати сум носен во болница

Објавено пред

Педесет и пет пати сум носен во болница. Пред малигнитет сум. Ве замолувам, не си играјте со мојот живот, изјави денеска пред судот Бојан Јовановски, првообвинет за случајот „Рекет“.

Тој вели дека за неговата состојба се потребни посебни хигиенско диететски услови кои ги нема во истражниот затвор во Шутка.

Судијката на ова рече дека постапуваат по неговото барање и дека ќе биде одобрено на 4 февруари да изврши интервентен зафат.

Неговиот адвокат Сашо Дукоски вели дека тој зафат не е примарен колку што е примарно неговиот клиент да престојува во посебни хигиенски услови.

„Доколку се случи нешто со Бојан Јовановски, јавно кажувам, многу лица ќе бидат опфатени со кривични пријави. Кој, како сака нека го сфати тоа. Ова е изживување. Па сами може да заклучите каква е здравствената состојба на едно лице кога педесет и пет пати е носен на здравствени интервенции. Тие не се ништо друго, туку едно алиби дека нешто се прави. Но, ништо не се прави, туку се одржува некаква си далеку од нормална состојба, за да по секоја цена тој се носи на судење. За напоменување е дека пред неколку дена, повторно му се земани примероци од улцерот, односно од неколкуте здебелени чирови кои се земени од она што му е останато, наречено желудник и пратени се хистологија да се утврди дали станува збор за карцином“, рече Дукоски.

Адвокатот вели дека сите лекари се сложни оти Јовановски треба да биде на строг хигиено-диететски режим и дека во случајот со неговиот клинет станува збор за класична дискриминација.

„Тројца обвинети, односно, од еден осуден и една со-обвинета, само обвинетиот се наоѓа во притвор. Ниту една пресуда на Европскиот суд за човекови права во Стразбург ова не го дозволува. Интервенцијата направена врз Јовановски е само алиби дека нешто се превзема. Ќе го однесат таму, ќе направат лабораторија и ќе речат еве нешто правиме“, додава адвокатот на Јовановски.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Рочиштето за „Рекет“ одложено по вторпат

Објавено пред

Поради влошена здравствена состојба на адвокатите на ексшфицата на СЈО Катица Јанева, Дељо Кадиев и Ирена Фрчкоска, вторпат се одложува рочиштето за случајот „Рекет“, каде обвинети се Бојан Јовановски – Боки 13 и  Јанева.

Судијката рече дека Јанева треба да одлучи дали ќе назначи нови бранители или да ѝ се доделат бранители по службена должност.

„Јас си имам бранители“, рече Јанева.

„Ова не може да оди до недоглед. Имаме лице кое што се наоѓа во притвор и со секое одложување се нарушуваат неговите права. Ќе ангажирате дополнителни бранители или да ви биде назначен адвокат по службена должност?“, рече судијката.

„Вие одлучете“, кратко одговори Јанева.

Судијката Васка Николовска Масевска наредното судење го закажа за понеделник, со тоа што доколку не се појават адвокатите и тогаш, судот ќе донесе одлука како ќе тече судењето понатаму.

На денешното рочиште требаше да сведочи обвинителката Лиле Стефанова, која и во понеделникот и денеска залудно се појави во судот. Стефанова е обвинителката од СЈО која го водеше случајот „Империја“, каде еден од осомничените е бизнисменот Орце Камчев и сега оваа истрага е во рацете на Јавното обвинителство.

Стефанова преходно тврдеше дека ексшефицата на СЈО Катица Јанева без нејзино знаење носела одлуки за случајот „Империја”, велејќи дека барањето за издавање времен пасош на Орце Камчев било одобрено без таа да дaде согласност. Дополнително, таа тврдеше дека обвинителката Јанева на состанок со обвинителите барала предметот „Империја“ да се затвори и никој да не оди во затвор

Името на Стефанова се споменуваше и во објавените снимки на италијанскиот „Ла Верита“. Па така, кога гласот за кој се тврди дека е на Бојан Јовановски вели дека бизнисменот (Орце Камчев) „се плаши од Лиле“, специјалната обвинителка Јанева, според снимките, кажува: „Јас многу сум ангажирана, затоа не ја држам така редовно под контрола, инаку без мене она не може ништо“.

На досегашните рочишта за „Рекет“ меѓудругите сведочеа бизнисменот Орце Камчев и неговата сопруга Ана, обвинителката Елизабета Јосифовска, сметководителката во приватните фирми на Камчеви, новинарот Христијан Баневски од телевизија 1ТВ и други.

Прикажи повеќе...

Македонија

Облачно време со засилен северен ветер

Објавено пред

Денеска, на места ќе има зголемена облачност и ќе дува засилен северен ветер, информира УХМР.

Дневната температура ќе се движи од 5 до 11 степени. Утрото најстудено ќе биде во Берово со -7 степени и Битола и Маврово со -6 степени.

Во Скопје температурата ќе се движи од -3 во утринските часови до максимална дневна од 7 степени.

(Извор: УХМР)

За време на викендот ќе биде променливо облачно. В недела и в понеделник ќе има
повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини повремен снег.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет29 минути

Си-ен-ен: Откриен е изворот на корона вирусот

Изворот на новиот корона вирус кој се појави во Кина би можеле да бидат змиите кинеска кобра и кинески краит,...

Македонија1 час

Бојан Јовановски: Не си играјте со мојот живот, 55 пати сум носен во болница

Педесет и пет пати сум носен во болница. Пред малигнитет сум. Ве замолувам, не си играјте со мојот живот, изјави...

Свет1 час

Кинеското министерство: Автобусите и траектите повеќе не одат во Вухан

Кинеското Министерство за транспорт го прекина целосно автобускиот и траектниот сообраќај кон градот Вухан, поради епидемијата на вирусот корона, од...

Македонија1 час

(Видео) Рочиштето за „Рекет“ одложено по вторпат

Поради влошена здравствена состојба на адвокатите на ексшфицата на СЈО Катица Јанева, Дељо Кадиев и Ирена Фрчкоска, вторпат се одложува...

Регион2 часа

По 20 дена ослободени киднапираните грчки морнари

Осуммина членови на екипажот на грчки танкер се ослободени по 20 дена од киднапирањето од вооружени напаѓачи на брегот на...

Свет2 часа

СЗО денеска ќе одлучува дали ќе прогласи вонредна состојба

Светската здравствена организација (СЗО) денеска ќе донесе одлука дали да прогласи глобална вонредна состојба поради избувнување на новиот корона вирус,...

Македонија14 часа

Изгласан Законот за младински додаток: Младите до 23 години ќе добиваат по 3.000 денари за работа во производство

Вечерва во Собранието пратениците го изгласаа Законот за младински додаток по скратена постапка. Овој закон предвидува на младите до 23...

Македонија19 часа

Раскината концесијата за Охридското Езеро, Димковски тврди дека концесионерот ги кршел законите

Владата донесе одлука за раскинување на договорот за концесија за Охридското Езеро со концесионерот „Летница-Белвица“. Причината за оваа одлука, како...

Македонија19 часа

Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ со 3.000 амандмани го блокира предлог-законот за отпис на камати

ВМРО-ДПМНЕ поднел 3.000 амандмани за предлог-законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавните препријатија, за кој...

Македонија20 часа

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја тужи Царовска за в.д. директорите во центрите за социјална работа

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе биде поведена постапка за злоупотреба на службена дожност против ексминистерката Мила Царовска поради тоа што,...

Топ20 часа

Измамник во Свети Николе изнудил 2.000 евра од жена, ја излажал дека е полицаец

Седумдесет и осумгодишна жена од Свети Николе пријавила дека била измамена за сума од 2.000 евра. Според пријавеното, вчера лицето...

Македонија20 часа

Микиќ: Нема потреба од паника за корона вирусот во Македонија

Информативните летоци ќе бидат превентивна мерка во Македонија да не се рашири смртоносниот корона вирус. Доктор Владимир Микиќ од Институтот...

Македонија21 час

Уставниот суд нема да ја оценува уставноста на амнестијата на обвинетите за 27 април

Нема да се оценува уставноста на амнестијата со која некои од обвинетите за упадот во Собранието на 27 април се...

Македонија22 часа

Спасовски: Во земјата не се увезува штетен отпад

Техничкиот премиер, Оливер Спасовски, уверува дека во државата не се увезува штетен отпад за кој нема сертификати. Тој вели дека...

Македонија22 часа

Филипче: Чекаме препораки од СЗО за заштита од корона вирусот

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека чекаат Светската здравствена организација да даде препораки за тоа што треба да се...

Македонија23 часа

(Видео) Крпен студентски живот: 61 денар за оброк дневно, еден килограм месо месечно

Просечно по 61 денар се издвојува дневно за оброк за станарите во студентските домови. На секој станар му следуваат по...

Свет23 часа

СЗО: Постои голема веројатност корона вирусот да се прошири и надвор од Кина

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека постои голема веројатност новиот корона вирус да се прошири и во други делови на...

Свет23 часа

Сенатот на САД ги усвои правилата за постапката за импичмент на Трамп

По 13-часовна расправа, американскиот Сенат ги усвои правилата за водење на постапката за отповикување на претседателот Доналд Трамп вклучувајќи го...

Свет24 часа

Трамп: Имаме добар план за новиот корона вирус

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека САД имаат план за борба против корона вирусот, од коj во Кина загинаа деветмина,...

Регион24 часа

Протести на грчките острови поради преполните мигрантски кампови

Штрајкови и протести се одржаа на грчките острови Лезбос, Самос и Киос поради владиното справување со мигрантите што пристигнуваат од...

Досие