Контакт

Македонија

Се воведува авиолинија Скопје – Сараево

Објавено пред

AEGEAN, грчкиот национален авиопревозник и член на STAR ALLIANCE, ќе воведе нова авиолинија од Меѓународниот аеродром „Скопје“ до Меѓународниот аеродром „Сараево“ од 2 октомври годинава, најавуваат од „ТАВ аеродроми“.

Како што се наведува, на оваа релација ќе има три лета неделно, односно секој понеделник, среда и петок.

„Возбудени сме што можеме да објавиме и да им честитаме на AEGEAN за одлуката да воведат лет од Скопје до Сараево од октомври оваа година и да овозможат одлична регионална поврзаност од Атина на југ преку Скопје до Сараево на северот на Балканот. Оваа авиоконекција во исто време претставува и значајно достигнување во нашата посветеност како аеродромски оператор за подобрување на опциите за авионски патувања за нашите ценети патници“, изјави Неџат Курт, генерален директор на „ТАВ Македонија“.

До крајот на летниот ред на летање за 2023 година, или до крајот на октомври, времето на поаѓање од скопскиот аеродром ќе биде во 19 часот, со време на пристигнување на аеродромот во Сараево во 20.10 часот, а времето на поаѓање од аеродромот во Сараево ќе биде во 20.50 часот со време на пристигнување на скопскиот аеродром во 21.50 часот.

Во текот на зимската сезона 2023/2024 времињата на пристигнување/заминување ќе бидат слични.

Резервација на авионски билети е достапна на веб-страницата на AEGEAN https://en.aegeanair.com/ и преку туристичките агенции.

„Задоволство ни е да го објавиме воведувањето на нашата нова авиолинија од Скопје до Сараево, која ќе почне да сообраќа во октомври 2023 година и подобрувањето на нашите операции меѓу Атина и Скопје преку зголемен капацитет и фреквенции бидејќи тоа ја одразува нашата посветеност да го прошириме присуството на Балканот и да го зајакнеме нашиот белег преку обезбедување зголемена поврзаност со висококвалитетните услуги на AEGEAN. Оваа авиолинија го означува и нашето враќање во Босна по предизвиците наметнати од ковид-пандемијата и пресреќни сме што повторно ќе се поврземе со нашите ценети патници во овој регион. Од октомври патниците од Скопје ќе имаат поголеми можности за поврзување преку Атина со мрежата на AEGEAN со речиси секојдневен лет, што ќе го прошири нашиот досег до дестинации во Грција, Европа и Блискиот Исток. Оваа новина нуди можности за патниците да истражуваат и да искусат разни дестинации со погодностите и сигурноста на високите стандарди по кои е позната авиокомпанијата AEGEAN“, изјави Роланд Јаги, главен комерцијален директор на AEGEAN.

„Среќни сме што по тринаесет години, Сараево повторно ќе се поврзе со главниот град на Северна Македонија – Скопје. Особено нѐ радува фактот што воведувањето на оваа авиолинија е резултат на заедничката и многу успешна соработка меѓу двата аеродрома – Меѓународниот аеродром ‘Скопје’ и Меѓународниот аеродром ‘Сараево’, и AEGEAN, грчкиот авиопревозник, кој ги препозна важноста и потенцијалот за воспоставување  оваа авиолинија како одлична форма за подобрување на комуникацијата и зајакнување на соработката во областа на економијата и туризмот меѓу Северна Македонија и Босна и Херцеговина. Веруваме во одличната ефективност и ефикасност на оваа авиолинија и се радуваме на првиот лет на AEGEAN на релација Скопје – Сараево!“, изјави Алан Баиќ, директор на Меѓународниот аеродром „Сараево“.

Како што велат од „ТАВ аеродроми“, додавањето на оваа нова авиолинија на мрежата на рути и во портфолиото на Меѓународниот аеродром „Скопје“ ќе биде уште еден придонес за веќе силниот позитивен тренд на закрепнување на бројките во однос на авиосообраќајот, особено за првата половина на 2023 година.

За периодот јануари – јуни 2023 година, двата македонски аеродрома, Меѓународниот аеродром „Скопје“ и аеродромот „Св. апостол Павле“ во Охрид опслужиле вкупно 1,3 милион патници, што е годишен пораст од 41 % во однос на 2022 година, а во однос на 2019 година, референтна година во однос на патничкиот сообраќај пред ковид-кризата, зголемувањето е 15 % повеќе патници во првата половина од оваа година. Во однос на бројот на летови за истиот период, вкупно 10.299 лета се опслужени на двата аеродрома, што претставува годишен пораст од 23 отсто.

Најново

Свет12 секунди

Пресретнати две беспилотни летала насочени кон Ријад и јужниот дел на Саудиска Арабија

Коалицијата предводена од Саудиска Арабија, која се бори против јеменските бунтовници Хути, соопшти дека пресретнала и уништила две беспилотни летала...

Македонија11 минути

Серафимовски: Традиционалната храна им дава пазарна предност на домашните производители

Земјоделските семејства што од сопствениот род создаваат храна со препознатливо и традиционално локално потекло можат да остварат поголем приход и...

Свет17 минути

Речиси пет години по инвазијата врз Украина, Путин повторно бара НАТО да се врати на границите од 1997 година

Русија повторно бара повлекување на силите на НАТО на позициите што ги имале во 1997 година, пред проширувањето на Алијансата...

Црна хроника41 минута

Уапсен 53-годишник од Желино, се обидел да прегази шумски полицаец додека бегал со дрва

Педесет и тригодишен жител на тетовското село Желино е приведен откако, според полицијата, со автомобил натоварен со огревни дрва не...

Свет1 час

Туск иронично му порача на Орбан дека е импресиониран од неговата „креативност“ по пронаоѓањето речиси 20 милиони долари закопани во шуми и скриени во тајни сефови во Унгарија

Полскиот премиер Доналд Туск иронично го коментираше пронаоѓањето речиси 20 милиони долари во готовина во шуми, земјоделски објекти и други...

Свет1 час

Гутереш: Најбогатите 10 отсто од светската популација поседуваат 75 отсто од целокупното богатство

Се зголемува поддршката за формирање меѓународен панел за нееднаквост, независно тело по примерот на Меѓувладиниот панел за климатски промени, кое...

Свет1 час

Повеќе од 2.500 откажани летови во САД по повеќечасовниот прекин на авиосообраќајот

Повеќе од 2.500 летови биле откажани во САД, а неколку стотици доцнеле по повеќечасовната целосна обустава на полетувањата од американските...

Македонија1 час

(Видео) Мицкоски за измените во Законот за јавни набавки: Ќе се спречат намерното уривање и одолговлекување на тендерските постапки

Премиерот Христијан Мицкоски тврди дека со зголемувањето на прагот за директни јавни набавки од 5.000 на 10.000 евра, односно од...

Македонија2 часа

(Видео) Владата очекува да ги заврши реформите до декември, дел од законите сè уште се усогласуваат со Брисел

Владата очекува до крајот на декември да ги заврши сите реформи предвидени во Реформската агенда, а дел од клучните закони...