Контакт

Македонија

(Видео) Се запали автобус на ЈСП во Кисела Вода, нема повредени

Објавено пред

Автобус на ЈСП се запали утринава на последната станица на автобуската линија 24 во скопската населба Кисела Вода. За среќа, сите патници навреме го напуштиле автобусот и нема повредени лица.

Од Противпожарната единица велат дека било интервенирано на улицата Христо Татарчев бб, на опожарен автобус на ЈСП со три возила и осум пожарникари. Од Противпожарната единица на Град Скопје велат дека не  е предизвикана материјална штета од 30 илјади денари.

Од ЈСП објаснуваат дека станува збор за постар автобус на кој се му запалила инсталацијата. Веднаш кога избувнал пожарот интервенирал возачот на автобусот, кој се обидел со апарат да го изгасне, но превентивно биле повикани и пожарникарите.

Македонија

Димитров на Состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО

Објавено пред

На покана на Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, утре во Брисел ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО, кој претставува последна подготовка за НАТО лидерскиот состанок што ќе се одржи во Лондон на 3 и 4 декември.

Република Северна Македонија, која во моментов има статус на „поканета” земја за членство во НАТО, активно ќе учествува во разговорите на НАТО сојузниците за комплексните стратешки прашања.

Предвидено е министерот Димитров во оваа прилика да ја реафирмира нашата посветеност и поддршка на клучните политики на НАТО, како идна земја-членка, по прашањата од исклучително значење за Алијансата: праведната распределба на финансискиот товар, борбата против тероризмот, адаптирањето на НАТО политиките и стратегиите кон променливата безбедносна околина, контрибуцијата во меѓународните операции, справувањето со неконвенционалните безбедносни закани и други прашања од заеднички интерес.

На маргините на Состанокот, Димитров ќе оствари повеќе билатерални средби со министрите за надворешни работи од земјите-членки на НАТО, како и со високи претставници на Алијансата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Демократски сојуз: Францускиот нон-пејпер може да претставува забрзување на реформите во земјава

Објавено пред

Демократскиот сојуз верува дека најновиот француски предлог за редефинирање на пристапниот процес кон ЕУ, претставува искрена намера со која се потврдува европската перспектива на Македонија, а не алиби за ветото дадено на Самитот на ЕУ во октомври.

Неспорен факт е, велат од партијата на Павле Трајанов, дека заостануваме во реформите во одредени области, особено во правосудството, администрацијата, како и во борбата против организираниот криминал. Според ДС новиот неформален предлог од Париз кој се заснова на принципите за постепено придружување, построги услови, видлив напредок и реверзибилност, може да претставува вистинско забрзување на реформите во Македонија.

„Позитивната страна во предлогот е идејата земјите-кандидати да имаат пристап до структурните фондови на ЕУ, како и построга контрола на реализацијата на преземените обврски на реформски план. Демократскиот сојуз потсетува дека новата француска методологија за проширување на Унијата, содржи многу недоречености, кои може да бидат изговор за бесконечно одложување на влезот на Македонија во ЕУ. Очекуваме Документот да биде дополнет со акциски план за брза и квалитетна фазна имплементација на поглавјата испорачани од Унијата“, велат од Демократскиот сојуз преку соопштение.

Оттука препорачуваат Владата да направи сериозни стручни консултации и сугестиите што ќе ги достави до Франција да бидат во функција на имплементација на европските вредности и можност постигнатите резултати објективно да се оценуваат и вреднуваат.

Прикажи повеќе...

Македонија

Ристов: Нови 70 места во градинката во Железара, капацитетите во градинките во Гази Баба зголемени за 220 места

Објавено пред

Општина Гази Баба со поддршка на МТСП реализираше проширување на капацитетите за цели 70 места во градинката „Калинка“ во населба Железара, изјави на прес-конференција Мартин Ристов, советник во Советот на општина Гази Баба.

Дополнително, како што рече Ристов, реализирано е проширување на капацитетите во градинката „Морковче“ во Јурумлери, а во тек е изградба и на новата градинка во Стајковци.

„Со посветено и одговорно работење за само 2 години обезбедуваме нов и модерен лик на градинките  и проширени капацитети од повеќе од 220 места со што полека го решаваме проблемот со долгите листи за чекање. Како одговорна и посветена власт најавуваме дека од следната година почнуваме со изградба и на градинките во Ќерамидница, Сингелиќ, Инџиково и Трубарево“, додаде Ристов.

Нагласи дека со рекордното зголемување на платите на персоналот во градинките, владејачкиот СДСМ покажал дека посветено се грижи за развојот на децата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија40 минути

Дисциплинска за адвокатот Даути зашто бараше да бидат преведени сите списи на албански во ТНТ

Адвокатската комора со допис го известила судот дека повела дисциплинска постапка пред дисциплински обвинител за адвокатот на обвинетата во ТНТ...

Топ51 минута

Дрога и муниција пронајдени во куќа на 25-годишник во Ѓорче Петров

Полицијата уапси двајца скопјани на возраст од 25 и 32 години при извршен претрес во дом во населбата Ѓорче Петров....

Интервју/Дебата3 часа

(Интервју) Италијанскиот амбасадор Ромео: Ќе сториме сè за да ја поправиме историската грешка за вашата држава

На денешниот редовен Совет за општи работи во Брисел, на кој по иницијатива на Италија ќе се расправа за прашањата...

Економија3 часа

САД одново ги одложија санкциите за „Хуавеј“

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја одложи забраната за продажба на американски производи на кинеската компанија „Хуавеj“ за уште...

Европа3 часа

Во Советот на ЕУ дискусија за реформата за проширување

На состанокот на Советот за општи работи денеска во Брисел, министрите на ЕУ ќе разговараат за ситуацијата во областа на...

Свет17 часа

Три лица убиени во пукање во супермаркет во САД

Најмалку три лица се убиени во пукање во супермаркетот „Волмарт“ во Данкан, Оклахома, објавија американските медиуми. Од локалната полиција наведоа...

Македонија18 часа

Османи се сретна со Тимоние: „Процесот на интегрирање во ЕУ не е запрен“

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска оствари средба со францускиот амбасадор во земјата, Кристијан Тимоние, на која главна...

Економија20 часа

Бензините поевтинуваат

Бензините од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за половина денар, додека цената на дизелот ќе остане иста, соопшти Регулаторната комисија...

Македонија24 часа

(Видео) Таткото на Боки 13 осуден на шест месеци затвор

Миле Јовановски, таткото на Бојан Јовановски, познат како Боки 13, е осуден на казна затвор во траење од шест месеци,...

Македонија24 часа

Серија земјотреси ја погодија Битола

Вчера и денеска регистрирани се серија земјотреси со епицентри во пограничното епицентрално подрачје Битола – Лерин во Грција, соопшти Сеизмолошката опсерваторија...

Економија1 ден

(Видео) Финансии дава 33.000 евра за маркетинг-стратегија за „МојДДВ,#МојаНаграда“

Министерството за финансии одвои половина милион евра за награди за скенирање сметки во рамки на акцијата „Мој ДДВ“. Предвидени се...

Македонија1 ден

Завршни зборови во „Тврдина 2“, в среда втора пресуда за Горан Грујевски

Во кривичниот суд во Скопје в среда судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ треба да ја изрече по вторпат пресудата за ексначалникот на...

Свет1 ден

Ноќ на насилство во Хонг Конг: големи судири меѓу демонстрантите и полицијата

Полицијата во Хонг Конг употреби солзавец и гумени куршуми за да приведе стотици антивладини демонстранти кои се обидоа да излезат...

Свет1 ден

(Видео) Пукање во Калифорнија – застрелани десет лица додека гледале фудбал

Во масовно пукање на забава во Калифорнија се застрелани десет лица, од кои четворица починале. Пукањето се случило околу 18...

Економија1 ден

Првпат во историјата глобалниот долг надминува 250 милијарди долари

Комбинираните долгови на националните влади, претпријатија и домаќинства на глобално ниво се зголемиле за 7,5 милијарди долари во текот на...

Македонија1 ден

Приватните специјализанти на протест, бараат повисоки плати

Кофинансираните приватни специјализанти најавија протест за денеска пред Министерството за здравство за да побараат повисока плата и поради тоа што...

Екологија2 дена

Џиновска панда од Вашингтон ќе патува за Кина со приватен лет

Беи Беи, џиновската панда во Националната зоолошка градина Смитсонијан во Вашингтон неделава патува за Кина – и тоа со приватен...

Свет2 дена

Трамп: Бајден е поспан и бавен, но е подобар од бесно куче

„Џо Бајден е нешто подобар од бесно куче“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп критикувајќи го неговиот политички ривал. Трамп на...

Европа2 дена

Штетите од поплавите во Венеција изнесуваат околу една милијарда евра

Штетите од поплавите во Венеција изнесуваат околу една милијарда евра.Ова го изјави градоначалникот Луиџи Бруњаро откако плоштадот Свети Марко во...

Свет2 дена

Папата организираше ручек за 1 500 бездомници

Папата Франциско организираше ручек за 1 500 бездомници и лица во неволја. Римокатоличката црква денеска го одбележува денот на сиромашните, а...

Досие