Контакт

Македонија

Се крати рокот за ревакцина со „астразенека“, втора доза по шест недели

Објавено пред

Министерот за здравство Венко Филипче најави дека рокот за ревакцина со втората доза „астразенека“ од 12 сега се крати на шест недели.

Филипче појасни дека ваквата одлука, која стапува на сила веднаш, е донесена во согласност со Комитетот за имунизација и, според него, нема никакви промени во однос на препораката за старосната граница, односно дека таа останува да се аплицира на возрасните лица над 60 години.

„Во упатството има една флексибилност, односно ревакцината да биде во период од четири до 12 недели. Ние бевме многу внимателни чекајќи ги буквално сите публикации и искуства на другите земји во однос на првичните регистрирани несакани ефекти. Како времето одминува, како гледаме дека тој ризик е навистина минимален, се одлучивме ревакцината да не биде на минимумот даден во упатството, туку да биде шестата недела“, истакна Филипче.

На новинарско прашање за пријавени инциденти меѓу граѓаните поради утринскиот старт на вакцинацијата без термин министерот рече дека засега нема такви сознанија, но според неговите претпоставки, најверојатно метежот е поради желбата на граѓаните порано да го завршат процесот на вакцинација и да ги избегнат горештините.

„За вакцинација, доволно е само желба и задолжително документ за лична идентификација, за здравствените работници да ги запишат вашите податоци и да бидете евидентирани во системот ‘Мој термин’“, потенцираа од Министерството за здравство.

Вакцинирањето без термин ќе се одвива само по поликлиниките, додека во салата „Борис Трајковски“ во Скопје и останатите сали низ земјата, каде што досега се спроведуваше масовна вакцинација, ќе има само ревакцинација на граѓаните со термини.

Од денеска почна и теренската вакцинација која ќе се одвива по руралните населени места. Жителите од селата кои не се имунизираа во изминатите месеци сега нема да треба да патуваат до вакциналните пунктови во градовите, туку медицинските тимови ќе ги вакцинираат во нивните села. На овој начин, како што рече министерот, ќе се олесни пристапот до вакцина на сите лица кои не биле во можност да го сторат тоа во изминатиот период.

Македонија

(Видео) Изгаснат пожарот во „Охис“, нема опасност од експлозија

Објавено пред

Охис е обезбеден, пожарот е целосно под контрола и безмалку изгаснат, нема опасност за граѓаните, ниту од експлозија ниту од отровни гасови, ниту од ширење на пожарот, информира директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

И градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски,, потврди дека огнот во кругот на фабриката е под контрола.

„Од запалена сува трева огнот го зафати објектот на управната зграда на фабриката ‘Биљана’. Противпожарните единици на град Скопје го локализираа пожарот и состојбата е под контрола. Не постои никаква опасност од натамошно ширење на огнот“, напиша Темелковски на „Фејсбук“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Утре променливо облачно и посвежо време со локален дожд

Објавено пред

Утре времето ќе биде променливо облачно и посвежо, претежно во првиот дел од денот ќе има локален пороен дожд и грмежи.

Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер кој вдолж Повардарието ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 24, а максималната од 29 до 37 степени. УВ=8

Во Скопје, променливо облачно, посвежо и понекаде во регионот со повремено пороен дожд и појава на грмежи. Ветерот ќе биде северен и краткотрајно ќе засилува. Минималната температура ќе биде околу 19, а максималната ќе достигне до 33 степени.

Преку ноќта, како и утре претежно претпладне и во текот на пладневните часови ќе има појава локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, со пообилен пороен дожд за кратко време, силни електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град. Утре и во сабота температурите ќе опаднат за 4 до 5 степени.

Прикажи повеќе...

Македонија

Ангелов: Пожарите се шират со голема брзина, имаме сознанија дека некои намерно се запалени

Објавено пред

Пожарите се шират со голема брзина, а имаме сознанија дека некои намерно се запалени, изјави директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

„Пожарите се шират со голема брзина. Дури се чудиме некаде како пожарите се шират и се појавуваат. Има одредени сознанија за намерно палење, необјасниви се причините за некои пожари“, рече Ангелов и додаде дека полицијата работи на случајот.

Што се однесува до апелите за ангажирање на хеликоптерите во гаснење на пожарите и критиките во јавноста дека тие недоволно се користат, Ангелов вели дека никаде во Европа хеликоптерите не гаснат пожари навечер.

„Хеликоптерите имаат лимит, не само нашите, и српските, и француските и американските. Никаде во Европа не постои хеликоптер кој гасне ноќно време, ова е проверена информација. На хеликоптерите не можеме да сметаме откако ќе се намали дневната светлина, тие мора да се вратат во база. Со нив управуваат луѓе чии животи ни се важни“, рече Ангелов.

Исто така, тој повтори дека на температура над 37 степени не е безбедно летање со хеликоптери.

„Паничното барање хеликоптери од стручни лица во наводници создава само паника. Верувајте преземаме сè што би презел секој ваков центар“, рече Ангелов.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Ангелов: Пожарите се шират со голема брзина, имаме сознанија дека некои намерно се запалени

Пожарите се шират со голема брзина, а имаме сознанија дека некои намерно се запалени, изјави директорот на Центарот за управување...

Македонија3 часа

Ширењето на пожарот кај Делчево е критично – неопходна евакуација на две села

Жителите од критичните реони во село Нов Истевник и Стар Истевник зафатени со големиот пожар да се евакуираат во градската...

Македонија3 часа

219 нови случаи на Ковид-19, починаа четири лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 4.713 тестирања, а регистрирани се 219 нови случаи на...

Македонија4 часа

Нов извештај за активните пожари во земјата – најкритично кај Делчево, Пехчево и во Прилепско

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) на својата фејсбук-страница информираа за состојбата со активните пожари во државата, заклучно со...

Македонија5 часа

Ангелов најави акциски план за справување со пожарите

Откако Владата денеска прогласи кризна состојба во траење од 30 дена поради пожарите кои ја зафатија Македонија, директорот за Центарот...

Македонија8 часа

Владата прогласи кризна состојба во траење од 30 дена поради зголемената појава на пожари

Владата на денешната 95. седница, која се одржа изутринава, донесе одлука за постоење кризна состојба на територијата на Република Северна...

Топ8 часа

72-годишен битолчанец извршил полов напад врз десетгодишно девојче

Маж од Битола на возраст од 72 години е осомничен дека сторил полов напад врз дете што не наполнило 14...

Топ8 часа

Татко си ја малтретирал својата ќерка, ја удирал со тупаници и ѝ се заканувал на сопругата дека ќе ја убие

38-годишен жител од Брвеница, татко и сопруг, е осомничен за малтретирање на својата ќерка и за семејно насилство над блиски...

Европа9 часа

(Видео) Пожарите во Грција не стивнуваат, населението се евакуира, огнената стихија уништи куќи

ЕУ испрати помош за Грција и другите земји од Југоисточна Европа, кои се борат со големи пожари. Помошта дојде еден...

Македонија9 часа

Ангелов: Пет хеликоптери го гаснат пожарот кај Пехчево, ако дозволат условите, ќе емитувам во живо

Пет хеликоптери, три српски и два македонски, полетаа од скопскиот аеродром кон Пехчевскиот Регион, соопшти утрово директорот на Центарот за...

Македонија10 часа

Владата ќе го разгледува предлогот за воведување кризна состојба во државата поради пожарите

Владата, денеска, во 8.30 часот треба да одржи седница за предлогот на Управувачкиот комитет за воведување кризна состојба во траење...

Македонија22 часа

Стојанче Ангелов од вршител на должност стана директор на ЦУК

Владата на денешната 94 седница донесе одлуки во однос на повеќе кадровски решенија. Така, Стојанче Ангелов кој досега беше вршител...

Македонија1 ден

Награди од по 10.000 денари за пожарникарите кои го гаснеа пожарот кај Кочани

Владата на седница одлучи да ги награди сите пожарникари вклучени во гаснењето на пожарот кој го зафати Кочани и околината....

Македонија1 ден

Албански државјанин приведен за подметнување на пожар, има осомничен и за оној во Старо Нагоричане

Попладнево од страна на полициски службеници од полициското одделение Галате уапсен е 32-годишен албански државјанин со иницијали Л.А, кој илегално...

Македонија1 ден

Владата ја разреши директорката на инспекторатот за животна средина

Владата ја разреши директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ана Петровска, по барање на нејзината матична партија ДОМ. Од...

Македонија1 ден

Регистрирани 164 нови случаи на Ковид-19, пријавени се три починати лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 5.276 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на...

Топ1 ден

Камион излетал од патот во близина на ГП Блаце, возачот починал од срцев удар

Товарно возило со косовски регистарски ознаки вчеравечер излетало од патот во близина на Граничниот премин Блаце соопштија од МВР. Возачот...

Регион1 ден

Почина Мирослав Лазански

Почина српскиот новинар, воен аналитичар, политичар и дипломат Мирослав Лазански на 71-годишна возраст. Лазански починал во својот дом во Белград...

Европа1 ден

(Видео) Две загинати лица и десетици повредени во судир на два воза во Чешка

Две лица загинаа, седум се во критична состојба а 31 лице се повредени во судир на два патнички воза во...

Македонија1 ден

Македонија е во портокалова фаза – да се почитуваат мерките за заштита од топлотниот бран, порачуваат надлежните

Министерството за труд и социјална политика ги повикува работодавците, негувателите и воспитувачите во градинките, вработените во центрите за социјална работа...

Досие