Контакт

Македонија

,,Се молиме ветрот да не го промени правецот, бидејќи за минута може да изгори селото”, сведочат жителите на Селци

Објавено пред

Една недела над селото Селци, на падините на планината Стогово, гори шумата, во која има борови и дабови дрва. Во моментов во селото има останато две фамилии, додека останатите во овој крај престојуваат од март до ноември.

„Сите институции во Дебар и во Струга се известени за пожарот. Секојдневно испраќаме апел, ги молиме да дојде некој за да го изгаснат огнот што надвиснува над селото. Од Струга ни рекоа дека ќе преземат мерки доколку пожарот се спушти до селото. На голема среќа дојдоа луѓе од Дебар. Местото не е достапно за возила, па со гребла, лопати и слични алати се обидуваа да направат појас, благодарни сме за таа помош”, велат мештаните.

Но, сепак тоа не е доволно, според нив, бидејќи селото е на припек. Наутро пожарот е помал поради росата, но напладне се разгорува. Шумата е покриена со суви лисја.

,,Се молиме на Господ ветрот да не го промени правецот, бидејќи за минута може да изгори цело село. Не спиеме по цели ноќи, не знаеме дали ќе се задушиме од чадот или пак можеби ќе изгориме доколку заспиеме. Секој ден чистиме околу куќите и прскаме со вода, немоќни сме.Не разбираме зошто не се решава овој проблем, зошто сите молчат, зошто никој не се одлучи да испрати хеликоптер, толку ли е проблем тоа. Седум дена живееме во пекол“, велат луѓето кои во моментов се наоѓаат во Селци.

Пожар имало и на селските гробишта, но велат дека не можат да го локализираат.
„Тешко е, правиме се што можеме, одиме гаснеме. Но, таман ќе го изгаснеме на едно место, погоре повторно гори. Има дебел слој на суви лисја, како да одиш по тепих. Не дозволуваат да го локализираш местото“, раскажуваат мештаните.

Македонија

(Видео) Маас: Ципрас и Заев се вистински европски лидери

Објавено пред

Наградата „Евалд Фон Клајст“ што Минхенската конференција за безбедност ја доделува како признание за особен придонес за мирот и стабилност во светот и за афирмација на принципите на трансатлантската алијанса, на двајцата премиери Зоран Заев и Алексис Ципрас, им ја врачи министерот за надворешни работи на Германија, Хаико Маас.

„Конфликтот за име никогаш не е само борба меѓу зборови, а конфликтот меѓу Скопје и Атина никогаш не беше само за име. Тој допираше подлабоки прашања, тој допираше до идентитетот“, рече Маас.

Додаде дека последиците од конфликтот биле сериозни и се попречувала економската интеграција на целиот регион, забавени биле евроатлантските интеграции и конфликтот бил постојан извор на спорови меѓу двете земји, не само меѓу нив, туку и во меѓународните односи, меѓутоа Заев и Ципрас покажале храброст за се согласат на болни компромиси и да се борат за Договорот од Преспа и покрај силната спротивставеност во двете земји.

„Не можам да се сетам на многу шефови на влади, господине премиер Ципрас, кои останале на своето и покрај опасноста тоа да стави крај на нивната коалициска влада. Двајцата и’ пркосевте на ситуацијата. Решавањето на прашањето за името никогаш не беше едноставна задача. Стотици дипломати од вашите земји, од ООН, од Европската унија, од НАТО, бараа решение и под дрво и под камен. Во изминатите години специјалниот пратеник на ООН, Метју Нимиц, предложи десетина различни имиња. Всушност, кога тој започна да работи на ова прашање, вие двајца сè уште студиравте. А вашите министри за надворешни работи, моите колеги Никола и Никос, минаа денови и мошне долги ноќи, преговарајќи меѓу себе. На сите ним им должиме почит и благодарност“, рече Маас.

Додаде дека по потпишувањето, шансите за спроведување на договорот биле многу мали, се водела и огромна кампања против договорот, но надежта му ја вратил оптимизмот на лидерите.

„Кога го прашав премиерот Заев како да го насочиме договорот низ фазата на ратификација, тој се насмевна и рече: ‘Да беше лесно, немаше да мора ние да го правиме’. Таков беше духот на преговорите, тој беше гаранцијата за успех. Успеавте да ја свртите страницата на конфликтот од минатото, отворивте ново поглавје на добрососедски односи. Го поплочивте патот на Северна Македонија, да стане најновиот сојузник на НАТО и брзо да се придвижи кон Европската унија“, додаде Маас.

Премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас на потпишувањето на Преспанскиот Договор

Тој подвлече дека Евалд Фон Клајст се одликувал со многу од особините кои ги покажале Заев и Ципрас. Ги одбил сите форми на национализам, покажал огромна храброст кога се приклучил на силите на отпорот за да стави крај на нацистичкиот режим. И никогаш, како што рече Маас, не престанал да верува во способноста на луѓето заеднички да работат во полза на мирот.

„Не можам да се сетам на други двајца подостојни приматели на наградата Евалд Фон Клајст од вас двајца, Алексис Ципрас и Зоран Заев. Ви честитам за наградата Евалд Фон Клајст и ви благодарам што сте вистински европски лидери“, додаде министерот во обраќањето.

Прикажи повеќе...

Македонија

Ванковска: Јавноста не го разбра зборот „иронија“, сега ми се закануваат со линч

Објавено пред

Професорката Билјана Ванковска смета дека не направила недолична корелација со масакарот кај Карпалак од 2001 година и автобуската несреќа кај село Ласкарци пред неколку дена. Ванковска за „Макфакс“ вели дека единствено нешто што ги поврзува двата настана се смртта на луѓе од различна етничка припадност. Откако Ванковска го објави статусот „Каква трагедија и иронија: Карпалак!“, порака со закани добила и нејзината ќерка. За пораката, професорката вели: „На ќерка ми ѝ пратија заканувачка порака со фотографија на нејзиното синче, кое е пречкртано и на кое му се посакува смрт“. Ванковска смета дека не треба да се извини, освен ако некој од членовите на семејствата и жртвите нејзиниот статус не го сфатиле како атак на нив. Нејзината грешка ја гледа во тоа што го употребила изразот „иронија“, кој јавноста не го разбрала.

„Местата како Карпалак ги третираме како места на страдање и помен за загинатите, без оглед што биле во времето на војните или конфликтите. Значи, Карпалак е место на страдање веќе 18 години, но место кое е табуизирано и ставено под плаштот на заборавот. Единствена нишка што ги поврзува двата настана е што и тогаш и сега се соочивме со ужасна смрт на луѓе со различна етничка припадност. Заклучокот е: сите сме во ист автобус, ја делиме судбината. Јас можам само јавно да признаам дека требаше да бидам свесна дека на голем дел од јавноста понекогаш треба да ѝ се нацрта, дека не треба да употребувам изрази што се тешко разбирливи и подложни на различни манипулации. Грешката ја поправив, но велам, до овој момент, линчот не запира; ќе помисли човек дека јас сум одговорна за смртта на тие луѓе! Што вели една изрека, зборовите кои јас ги кажувам зборуваат за мене; она како ти ги интерпретираш“, смета Ванковска.

Таа додава дека нејзина грешка како професор е што употребила израз „иронија“ кој малкумина го разбираат, а тоа било искористено за нејзин јавен линч. Ванковска тврди дека медиумите први го почнале линчот, без лично да ја прашаат за значењето на зборовите. Таа во изминатите денови добила стотици закани, клевети, највулгарни напади.

„Кога го употребив зборот ‘иронија’ мислев на иронија на судбината, а тоа беше изедначено со потсмев/злорадост, а Карпалак – е место за кое не се зборува. Тоа е место на кое спомен-плоча на загинати луѓе не останува ни еден ден без да биде вандализирана. Мојата прва мисла беше – дали конечно ова кобно место на погибија ќе стане место на одавање почит за загинатите, место на кое заеднички ќе ги жалиме сите?“, додава професорката.

Ванковска во изминативе денови добивала закани дека, како што вели „ќе ја стават во ковчег“. Таа поднела пријава до МВР. За пријавата против неа  што ја ја поднесе МВР, вели дека е жално што најавата во медиумите дошла од министерот Оливер Спасовски оти обвинителството е надлежно да утврди дали постојат индиции и докази па потоа да отвори постапка.

„Доколку се отвори постапка, ќе побарам и вештачење од респектирани лингвисти, писатели, професори по книжевност и слично, кои ќе треба пред судот да го елаборираат значењето на зборот ‘иронија’, и ако можат да погодат ‘што сакала авторката да каже во трите зборови на Фејсбук’. За медиумската хајката на којашто сум изложена веќе ги информирав странските колеги и новинари кои со мене комуницираат со години, како и претставници на релевантни меѓународни организации. Во реакциите со кои од наводна хуманост и сочувство сум нападната има повеќе говор на омраза од што било некогаш кажано или напишано од мене“, тврди Ванковска.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

МВР: Сузбиена криминална група инволвирана во трговија со оружје

Објавено пред

Во координирана полициска акција сузбиена е криминална група инволвирана во трговија со оружје, соопшти МВР. Групата била составена од лица од Скопје, Тетово и од Куманово, а во неколку случаи документирани биле продажби на десет пиштоли.

Со судски налог извршени биле претреси на 13 локации, при што уапсени се Ф.А. (39), Б.А. (34), Н.М. (63), Ф. Ј. (32), А.А. (29), С.Н. (48), Б.М. (25), сите од Скопје, и Џ.Р. (36) од Тетово и С.И. (47) од Куманово.

„Од досега преземените оперативно-тактички мерки при спроведеното криминалистичко истражување пронајдени и одземени се една автоматска пушка, една ловна пушка, 16 пиштоли, муниција во разновиден калибар, мобилни телефони и СИМ-картички“, велат од МВР.

Ф.А. и А.Б. подолг период во работилница лоцирана во Скопје, со употреба на пригоден алат изработувале огнено оружје пиштол на тој начин што Ф. А. набавувал потребна количина пиштоли за светлосна и звучна сигнализација, а А.Б. во својата работилница сигналното оружје го конвертирал во огнено оружје на начин што ја вадел цевката што служи за испукување гасен куршум и на нејзино место вметнувал метална цевка претежно во калибар 7,65 мм. Исто така, биле набавувани и други видови огнено оружје и разни видови муниција, кои ги продавале на заинтересирани лица.
По конвертирањето на оружјето, пронаоѓале заинтересирани лица и го продавале по цена од 250 до 400 евра.

Во акцијата учествувале БЈБ – Единицата за сериозен криминал и тероризам при Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал во соработка со Единицата за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактвен материјал при Одделот за криминалистичка полиција со поддршка на ОСПО и ОКТИВ и во координација со ОЈО за ГОКК.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 минути

Ванковска: Јавноста не го разбра зборот „иронија“, сега ми се закануваат со линч

Професорката Билјана Ванковска смета дека не направила недолична корелација со масакарот кај Карпалак од 2001 година и автобуската несреќа кај...

Македонија1 час

(Видео) Заев: Силјановска е спротивност на концептот едно општество за сите

Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска, е надвор од секој можен концепт на актуелната власт и не е прифатливо решение...

Македонија1 час

Вонреден технички преглед се прави на сите 40 автобуси на „Дурмо турс“

Вонреден технички преглед се прави на сите автобуси на компанијата „Дурмо турс“ , дознава „Макфакс“. Вонредната проверка на исправноста на...

Македонија2 часа

(Видео) Ахмети: Не е добро Заев да биде претседателски кандидат

Лидерoт на ДУИ, Али Ахмети, по денешната средба со премиерот Зоран Заев не сакаше да открие кои се кандидатите за...

Култура2 часа

Чудни коинциденции го следат победникот на „Санденс“, за „Медена земја“ и награда и дете

Телефонски повик непосредно пред премиерата што го добила екипата на трикратно наградениот македонски документарец на престижниот фестивал  „Санденс“ ги потресла...

Македонија3 часа

Прибе без одговор до каде е имплементацијата на реформите

Рајнхард Прибе, германскиот експерт за владеење на правото кој ги предводеше експертските групи на Европската комисија во Македонија, не даде...

Топ3 часа

Заев: Дел од роднините на функционерите ќе се повлечат од работните места

Дел од роднините на функционерите кои се вработија во државни институции најавиле повлекување на работните места, изјави премиерот Зоран Заев....

Македонија3 часа

Велешкото обвинителство сè уште утврдува одговорност за автобуската несреќа кај Катланово од 2017 година

Велешкото јавно обвинителство сè уште утврдува каква одлука ќе донесе за автобуската несреќа што се случи во 2017 година кај...

Македонија5 часа

Пешов: Нухиу на 27 април не ми даде команда за делување

При упадот во Собранието на Република Македонија на 27 април 2017 година, тогашниот министер за внатрешни работи, Агим Нухиу, не...

Македонија6 часа

(Видео) Илија Димовски не дојде на судење – бил во Брисел на состанок на НАТО

Пратеникот Илија Димовски не беше присутен на денешното рочиште за предметот „Талир“. Тој на 13 февруари со писмен поднесок го...

Свет7 часа

Шест загинати и тројца повредени во престрелка во Мексико Сити

Шест лица загинаа, а тројца други се повредени во вооружена престрелка на криминална банда во предградието Изтапалапа во Мексико Сити,...

Свет8 часа

Влошена здравствената состојба на Сергеј Скрипал

Здравјето на поранешниот руски полковник на ГРУ Сергеј Скрипал, кој во март минатата година во Лондон беше затруен во обид...

Свет9 часа

ОБСЕ побара од Киев да ѝ дозволи на Русија да ги следи изборите

Претседателот на ОБСЕ, словачкиот министер за надворешни работи, Мирослав Лајчак, му посочи на својот украински колега Павло Климкин дека одбивањето...

Свет10 часа

Голем шумски пожар ја зафати ,,мртвата зона” во Чернобил

Голем пожар избувна во чернобилската Зона на исклученост, местото на најлошата нуклеарна катастрофа во историјата на човештвото, на околу 20 километри од...

Свет10 часа

Европа не ги сака назад своите граѓани борци на ИД како што бара Трамп

Трамп побара од европските земји да ги вратат дома и судски да ги гонат џихадистите заробени во Сирија, но барањето...

Македонија19 часа

Заев и коалиционите партнери се договорија да настапат со заеднички кандидат за претседател

Владејачката СДСМ и коалиционите партнери на вечерашната средба постигнале согласност за заеднички кандидат за претседател. Како што соопшти партијата, ваквата...

Македонија22 часа

Седат ја пронајде девојката којашто ја извлекол од автобусот: ,,Никогаш нема да заборавам како ме молеше да ѝ помогнам”

Седата успеа да ја најде патничката на која ѝ помогнал да преживее под автобусот кој се преврте кај Ласкарци. Само...

Македонија1 ден

Реакции по навредите кон Силјановска: Срамно е да сатанизирате личност по возраст и пол

По серијата навреди на социјалните мрежи кон професорката по уставно право и претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, невладини...

Македонија1 ден

Неколкумина повредени кај Ласкарци се во критична состојба, една пациентка е на операција

Во Градската општа болница „8-ми Септември“ од повредените од тешката автобуска несреќа на автопатот Скопје-Тетово, во моментов се лекуваат 18...

Свет1 ден

Од Пентагон уште не знаат колку пари ќе му дадат на Трамп за изградба на ѕидот

Вршителот на должноста министер за одбрана на САД, Патрик Шенахан, синоќа изјави дека се уште не утврдил колку пари ќе...

Досие