Контакт

Македонија

Се преврти противпожарно возило, повредени се тројца пожарникари

Објавено пред

Тројца пожарникари се повредени во сообраќајна несреќа што се случила утрово во населба Триангла-Маџари. До несреќата дошло кога од засега непознати причини противпожарното возило се превртело.

„Одејќи на интервенција во Арачиново, во населбата Триангла-Маџари  се преврте возило на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, при што се повредени тројца пожарникари кои во состојба на надвор од животна опасност се пренесени во Клиничкиот центар“, информира Градот Скопје.

На интервенцијата веднаш биле испратени други противпожарни возила, а на помош се вклучиле и екипи на ЈП „Комунална хигиена“.

Македонија

Јанушев: Груевски не се крие во седиштето на партијата

Објавено пред

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција изјави дека ова што се случува вечерва е дно и дека ВМРО-ДПМНЕ е под опсада.

„Се претресуваат наши членови. Се злоупотребува партијата. Ова е линч за оние кои мислат поинаку. Заев го злоупотребува и медиумите. ВМРО и Македонија се жртви на неспособниот Заев. Тие себе и грешките се прикриваат. Доколку МВР се сомнева дека Груевски е во партиското седиште, нека земе налог и нека дојде да провери“ рече Јанушев.

Тој истакна дека лично не се видел со Груевски 6-7 месеци и дека ова било политички прогон.

„Од неофицијални информации, се шпекулираат различни работи. Се надеваме дека нема по наредба на Заев и Спасовски да испратат полиција во штабот. Доколку имаат налог нека дојде полицијата и ќе ги прошетаме. Груевски
6-7 месеци не е дојден во штабот“ изјави Јанушев.

Прикажи повеќе...

Македонија

Полицијата пред ВМРО-ДПМНЕ ги стопира и ги претресува возилата кои излегуваат од седиштето

Објавено пред

Полицијата ги стопира сите возила кои излегуваат од седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Вршат целосен претрес на возилата и претресуваат еден по еден човек.

Како што велат, засега немаат налог за да влезат во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, но кога ќе добијат веднаш ќе влезат.

Претходно вечерва полицијата влезе во станот на експремиерот Никола Груевски, но не го најде таму. МВР по налог на кривичниот суд распиша национална потера за Груевски, кој требаше во петокот да се јави на издржување на затворската казна за случајот „Тенк“ на СЈО, односно набавката на луксузниот „мерцедес“.

Прикажи повеќе...

Македонија

ГДУ: Иселувањето на лекарите е многу поголем проблем од оној со потерницата за Груевски

Објавено пред

Ги поздравувам иницијативите на Клубот на млади лекари за намалувањето на егзодусот врз белиот мантил и воедно со тоа го повикувам Министерството за здравство веднаш да почне консултации со претставници на сите чинители во давањето, примањето на здравствените услуги и оние кои треба да ги финансираат овие услуги, соопшти д-р Енсер Јусуфоски, потпретседател на Граѓанско-демократска унија.

„Во текот на изминатиот период бевме сведоци на контрадикторни политики на министерот за здравство и премиерот на Владата, што ни малку не придонесуваат за подобрувањето на условите за младите, идните и постоечките лекари и другиот медицински персонал.

Фактот дека повеќе од 1200 млади лекари ја имаат напуштено Македонија во последните 7 години покажува дека трендот на недоволна ангажираност на надлежното министерство за подобрување на статусот, условите за работа и примањата на медицинските работници продолжува.

Ветувањата за позитивни промени во здравството барем засега остануваат убава бајка во која, како што изгледа, веруваат сè помалку луѓе. Тука се крие и причината зошто лекарите масовно си заминуваат и ја бараат својата професионална реализација и егзистенција надвор од земјата.
Потсетувам дека само пред неколку дена медиумите објавија дека во источниот дел на земјата се набљудува дефицит на медицински работници.

Според мене, тоа е многу поголем проблем од „главната“ дилема што ја тресе јавноста деновиве, каде се наоѓа Груевски и зошто уште се нема пријавено во предистражниот затвор „Скопје“.

Алармантните статистички податоци нека бидат предупредување за сите, посебно за политиките на Министерството и Владата кон оваа многу осетлива и болна тема за граѓаните на Македонија“, вели Јусуфоски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 минути

Јанушев: Груевски не се крие во седиштето на партијата

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција изјави дека ова што се случува вечерва е дно и дека ВМРО-ДПМНЕ е под...

Македонија2 часа

Полицијата пред ВМРО-ДПМНЕ ги стопира и ги претресува возилата кои излегуваат од седиштето

Полицијата ги стопира сите возила кои излегуваат од седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Вршат целосен претрес на возилата и претресуваат еден по...

Македонија4 часа

Објавена потерницата за Никола Груевски

Министерството за внатрешни работи ја објави националната потерница за експремиерот Никола Груевски, на веб-страницата во делот „Потраги“. „Никола Груевски, од...

Македонија4 часа

Полициски „алфи“ влегоа во домот на Груевски

Полициски „алфи“ влегоа во станот на експремиерот Никола Груевски, но внатре не најдоа никој. Засега нема информации каде е Груевски,...

Македонија5 часа

СЈО: Во случајот „Империја“ испрани се речиси 11 милиони евра

Во случајот „Империја“ на специјалното јавно обвинителство испрани биле речиси 11 милиони евра, а буџетот на Република Македонија бил оштетен...

Топ7 часа

ЕЛЕМ повторно склучил милионски договор во четири очи

АД ЕЛЕМ склучил договор во вредност од 92.040.000 денари со приватната фирма „Марковски компани“ од Битола, во постапка на преговарање...

Македонија8 часа

Судот го замрзна имотот на „Орка холдинг“ и „Ексико“

Кривичниот суд замрзна имот на осомничените во случајот „Империја“, меѓу кои се и бизнисменот Орце Камчев и ексдиректорот на УБК,...

Македонија9 часа

ЗНМ: Јавните пари ќе продолжат да се трошат за политичка пропаганда, власта не го исполни ветеното

Здружението на новинарите на Македонија изрази загриженост затоа што во последните измени и дополнувања на Изборниот законик, што по скратена...

Свет10 часа

Трамп со твит за состојбите во Калифорнија ги разгневи пожарникарите и славните личности

Американскиот претседател, Доналд Трамп, на „Твитер“ ја објасни својата теорија за вистинските виновници за катастрофалниот пожар во Калифорнија. Како што...

Економија11 час

Бензините поевтинуваат 4 и 4,5 денари

Од ноќеска на полноќ цената на бензините ќе се намали 4 и 4,5 денари, а на дизелот 3 денари, соопшти...

Европа11 час

Французинка криела дека има двегодишна ќерка и ја чувала во багажникот од автомобилот

На Французинката Рози Марија де Круз ѝ се заканува затворска казна од 20 години во судењето што почна денес поради...

Регион14 часа

Мицотакис: Нема да гласаме за ратификација на преспанскиот договор

Претседателот на најголемата опозициска партија во Грција, „Нова демократија“, Киријакос Мицотакис го повтори партискиот став, дека нема да дадат поддршка...

Македонија15 часа

,,Се молиме ветрот да не го промени правецот, бидејќи за минута може да изгори селото”, сведочат жителите на Селци

Една недела над селото Селци, на падините на планината Стогово, гори шумата, во која има борови и дабови дрва. Во...

Македонија1 ден

(Видео) Од 1 декември нема да дозволиме зависници да доаѓаат во Кисела Вода, жителите се судрија со претставник од Општината

Жителите на Кисела Вода им дадоа рок на властите до крајот на месецов да го дислоцираат Центарот за превенција и...

Македонија1 ден

И последниот амандман доби „зелено светло“ од Комисијата за уставни прашања

Со девет гласа „за“, пет „против“ и без воздржани, собраниската Комисија за уставни прашања попладнево го усвои последниот нацрт-амандман, со...

Економија1 ден

Усвоен ребалансот на Буџетот – 3 милијарди денари за општините, намалени проекциите за економски раст

Општините ќе добијат 3 милијарди денари за покривање на долговите, нивото на буџетски дефицит е задржано, а намалени се проекциите...

Македонија1 ден

Партијата на Бачев за Василевски: Охриѓани велат дека е превртлив и е дел од масонски организации

Еден ден по расправијата во Охрид помеѓу лидерот на „Единствена Македонија“, Јанко Бачев и пратеникот Сашо Василевски, од партијата на...

Македонија1 ден

Интервју на Димитров за „Велт“: Веруваме дека Грците ќе го исполнат ветеното

Топката е засега кај нас. Ние веруваме дека Грците ќе го направат она што го ветија. Ова е најдобриот компромис...

Македонија1 ден

Граѓански собир за дислокација на Центарот за зависници во Кисела Вода

По иницијатива на поголем број на граѓани кои жиевеат во општина Кислеа Вода денеска ќе се одржи граѓански собир на...

Европа1 ден

Австрија откри уште еден случај на шпионажа во корист на Русија

Канцеларијата на австриското државно обвинителство за борба против економскиот криминал и корупција започна истрага против австриски контраразузнавачки агент, кој е...

Досие