Контакт

Македонија

Се преговара за набавка на посебни ПЦР-тестови за дијагностицирање мајмунски сипаници

Објавено пред

Здравствениот систем се подготвува за евентуална појава на мајмунски сипаници и кај нас, извести денес Комисијата за заразни болести.

dobivaj vesti na viber

Доктор Злате Мехемдовиќ, портпарол на Комисијата, соопшти дека Институтот за јавно здравје преговара за набавка на посебни ПЦР-тестови за дијагностицирање.

„Комисијата покажа загриженост за мајмунските сипаници, има ширење надвор од оние ендемични басени, како што се Централана и Западна Африка. Целта на Комисијата е да го подготвиме системот колку е можно подобро за да одговориме на евентуална епидемија и во нашата земја. Затоа, денес, на Комисијата беа дискутирани клиничките патеки за следење, скрининг, дијагностика и третман на пациентите што ќе бидат евентуално заболени од мајмунски сипаници и што би требало понатаму да се преземе за тие патеки да бидат точно дефинирани и да можеме да имаме поподготвен здравствен систем“, рече Мехмедовиќ.

Патеките сè уште не се прецизно дефинирани, Мехмедовиќ најави дека ќе ги соопштат во моментот кога ќе бидат целосно утврдени. Мајминските сипаници се потврдуваат со посебен ПЦР за чија набавка Институтот за јавно здравје почнал преговори.

„Вирусот, иако во светот постои половина век, ретко се наоѓаше на овие простори и нема многу податоци за дијагностичките процедури, сите земји имаат проблем да обезбедат дијагноза и третман. Институтот за јавно здравје е во преговори за набавка на китови за дијагностицирање преку ПЦР-тестирање, но посебни ПЦР-тестови. Со СЗО се разговара и за набавка на терапиите што може да бидат земни предвид, тоа се вакцините и ‘тековиримат’, оној лек што е специфичен за мајмунските сипаници“, вели Мехмедовиќ.

Од денес на интернет-страницата на Институтот за јавно здравје е достапен информативен памфлет за начинот на кој се пренесува болеста и за тоа какви симптоми се појавуваат.

„Се работи за болест за која е претежно е карактеристична промена на кожата во форма на егзема. На почетокот може да бидат во форма на макули, мали избабнувања, потоа меурчиња, кои може да станат гнојници, на крајот стануваат лушпи. Придружно се јавуваат симптоми, како покачена температура над 38,5, болки во мускулите, болки во грбот и генерална малаксаност на телото. Симптомите не се разликуваат од другите вирусни инфекции или вируси, кои се поврзани со сипаниците“, објасни Мехмедовиќ.
На денешниот состанок Комисијата дала и препорака, место ПЦР-тест, за операции да се користат брзите тестови, кои им се достапни на сите здравствени установи, а истовремено ги задолжила комисиите за интерхоспитални инфекции да изготват протоколи во согласност со препораките на Комисијата за употреба на брзите тестови.
„Информациите што ги добив од Министерството за здравство се дека околу 1.000 антигенски тестови практично ѝ се достапни на секоја здравствена институција, која може да ги користи во кое било време. Резерви има. Граѓаните не треба да купуваат тестови, може да ги добијат во самата здравствена установа во која се упатуваат на дијагностика и на дополнителни процедури“, рече Мехмедовиќ.

Од пациентите што треба да бидат сместени во болница за дијагностика или операција сега се бара да приложат негативен ПЦР-тест направен еден ден пред сместувањето во болница.

Македонија

Маричиќ: Би можеле да ги завршиме преговорите до крајот на оваа деценија, шансата е сега

Објавено пред

Вицепремиерот Бојан Маричиќ е убеден дека Македонија може да влезе во ЕУ ако го прифати францускиот предлог и ги почне веднаш преговорите.

dobivaj vesti na viber

„И Србија и Црна Гора имаат слични преговарачки рамки. Тие преговараат повеќе од пет години и јас мислам дека би можеле и ние да ја завршиме домашната задача до крајот на оваа деценија. Шансата е тука и не треба да ја пропуштиме“, рече вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, по денешната средба на партиските работни групи во Клубот на пратениците, посветена на разгледување на последниот француски предлог.

Маричиќ посочи дека на состанокот ги изнеле своите позиции, а ВМРО-ДПМНЕ изнела и други идеи поврзани со евентуални промени на преговарачката рамка.

„Беше добра почетна средба со овие позиции и мислам дека во наредните денови треба да продолжиме да разговараме, односно постои желба да се разговара на оваа тема“, изјави Маричиќ.

Вицепремиерот посочи оти ги објасниле механизмите за заштита на нашиот национален идентитет пред пратеничките групи.

„ВМРО-ДПМНЕ изнесе ставови што ние веќе сме ги разговарале и во преговарачкиот процес, мислам ако продолжиме со разговори, може да се надеваме на некакво поместување. Самиот факт што сме тука и ги отворивме ставовите, имаше и предлози од Павле Трајанов, имавме активно учество и од ДУИ и од Алијансата за Албанците како опозициска албанска партија и мислам од сите актери имаше атмосфера во која треба да се продолжат разговорите“, додаде тој.

Прикажи повеќе...

Македонија

Николоски: Бараме македонски јазик без никакви дообјаснувања и почеток на преговорите, без промена на Уставот

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ изнесе неколку идеи во однос на преговарачката рамка на средбата на партиските работни групи во Клубот на пратениците, на која се разгледуваше францускиот предлог, но не и билатералниот протокол, кој сѐ уште не е дефиниран и потпишан со Бугарија.

dobivaj vesti na viber

Првата точка во која ВМРО-ДПМНЕ интервенира е точката 3 од општиот став, каде што бара реченицата „ЕУ ги зема предвид соодветните еднострани декларации на Бугарија и Македонија за македонскиот јазик“, да се избрише.

„Ова го бараме затоа што сметаме дека македонскиот јазик е самостоен, независен и нема што Бугарија да дава мислење во однос на македонскиот јазик, кој ќе станува дел од документите на ЕУ, и предлагаме јасно да пишува дека документите на ЕУ и сѐ друго во преговорите ќе бидат на македонски јазик. Значи, велат јасна формулација за македонскиот јазик, ова е јасна формулација за македонскиот јазик, македонски јазик без никакви изјави“, рече Николоски по средбата.

Втората работа што ја бара ВМРО-ДПМНЕ е во точката 5 од преговарачката рамка да се брише последната алинеја, која го вклучува договорот за добрососедски односи со Бугарија од 2017 година, како и годишните прегледи и мерки за негово ефективно спроведување според член 12.

„Во точката 5 ставени се критериумите според кои Македонија ќе напредува за сите држави, тоа се Копенхашките критериуми и договорите за стабилизација и асоцијација, само за Македонија се додаваат билатералните договори и специјално членот 12, во кој е предвидено дека Бугарија ќе има контрола врз нашата историја, нашите учебници, нашето образование и нашата самоидентификација, тоа не можеме да го прифатиме и затоа бараме да се избрише.

Понатаму, во преговарачката рамка бараме во точка 1 да се избришат зборовите „првата фаза од“, односно поедноставно кажано – да нема поделба на првата меѓувладина конференција и да не се условува со промена на Уставот, туку веднаш да почнат преговорите“, истакна Александар Николоски.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека уставни измени не се потребни за Македонија да почне преговори со ЕУ.

„Следно што бараме да се избрише е точката 13 од преговарачката рамка, која исто така го дели преговарачкиот процес. И, финално, точка 14 од преговарачката рамка, во која пишува дека ‘во таа насока го поздравуваме договорот за протоколот од вториот состанок на заедничката меѓувладина комисија формирана во согласност со членот 12 од договорот за добрососедство со Бугарија, овој важен чекор ќе придонесе кон добрососедските односи и регионална соработка, кои остануваат суштински елементи од процесот за проширување, како и од процесот за стабилизација и асоцијација’, предлагаме да се избрише условувањето со усвојување на протоколот и следни протоколи што би ги имала Македонија со Бугарија затоа што тие протоколи се уценувачки за Македонија и во нив се бара ревизија на македонската историја, македонската култура и самобитност“, рече Николовски.

Прикажи повеќе...

Македонија

„Никоб лаб“ со уште подостапни цени и услуги од мрежата на ФЗОРСМ

Објавено пред

„Почитувани корисници на услугите на НИКОБ Медикал и НИКОБ Лаб, Ве информираме дека ја проширивме соработката со ФЗОРСМ за поголема достапност, цени и квалитет на лабораториските услуги.

dobivaj vesti na viber

Ве известуваме дека Лабораторијата ПЗУ Никоб Лаб има склучено договор со ФЗОРСМ за изработка на биохемиски анализи опфатени со Лабораторискиот упат ЛУ1-а, ЛУ1-б, ЛУ1-в и ЛУ2.

Со ЛАБОРАТОРИСКИ УПАТ ЛУ1- а

  •  ХЕМАТОЛОШКИ СТАТУС
  •  Седиментација на еритроцити
  • Крвна слика со диференцијална крвна слика
  • УРИНАРЕН СТАТУС со седимент
  • ГЛУЦИДЕН СТАТУС
  •  Глукоза во серум (гликемија)
  •  ЛИПИДЕН СТАТУС
  • Вкупен холестерол
  • Триглицериди
  • ДЕГРАДАЦИОНИ ПРОДУКТИ
  • Уреа во серум
  • Креатинин во серум
  • ЕНЗИМСКИ СТАТУС
  • AST аспартат аминотрансфераза
  • ALT Аланин аминотрансфераза
  • ЕЛЕКТРОЛИТЕН СТАТУС во серум
  • Железо (Fe)
  • Тест за бременост ß HCG во серум

Со ЛАБОРАТОРИСКИ УПАТ ЛУ1- б

  • ГЛИКОЛИЗИРАН ХЕМОГЛОБИН (HbA1C) со шифра на услугата БА 4/3 се упатуваат и примаат само пациенти со воспоставена дијагноза diabetes mellitus. МКБ
  • ТИРЕОСТИМУЛИРАЧКИ ХОРМОН (TSH) со шифра на услугата БА 11/16 се упатуваат и примаат само пациенти со воспоставена дијагноза на хипотиреоза.
  •  ГЛУКОЗА ТОЛЕРАНС ТЕСТ (OGTT)
  • СЕРУМСКИ ТУМОРСКИ МАРКЕРИ ЗА ПРОСТАТА (PSA)

Со ЛАБОРАТОРИСКИ УПАТ ЛУ1-в

  • ХОРМОНАЛЕН СТАТУС со шифра на услуга БА 11
  • ТУМОР МАРКЕРИ со шифра на услуга БА 16 ОГТТ

Остануваме лидери во тестирањето на Ковид 19, брзи и квалитетни со најдостапни цени и најквалитетни услуги

За сите дополнителни информации и прашања слободно контактирајте не на 02 / 274 – 1000 или на 071 / 321 – 017“.

(ПР текст)

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија48 минути

Маричиќ: Би можеле да ги завршиме преговорите до крајот на оваа деценија, шансата е сега

Вицепремиерот Бојан Маричиќ е убеден дека Македонија може да влезе во ЕУ ако го прифати францускиот предлог и ги почне...

Регион1 час

Генчовска: Имаме џентлменски договор со Османи дека протоколите се прецизирани, нема да ги отвораме текстовите

Бугарија ќе преземе мерки против говорот на омраза што деновиве се случува Македонија, како што секогаш правиме, изјави бугарската министерката...

Македонија4 часа

(Видео) Митрески: Ќе дадеме наши предлог-заклучоци кои ќе се однесуваат на стратешките определби за членството во ЕУ

„Зборуваме за заклучоци коишто би се донеле евентуално по информацијата што ќе ја достави Владата до Собранието по која ние...

Македонија5 часа

(Видео) Порака со среден прст за францускиот предлог

Маж изведе перформанс пред Клубот на пратеници, испраќајќи порака до политичарите со среден прст. Тој со кацига на главата во...

Македонија6 часа

ДУИ: Се гледа кој е за Европа, а кој е против!

„Демократската унија за интеграција најостро го осудува антиевропското насилство на улиците на Скопје поттикнато и спроведено од проруските елементи во...

Македонија7 часа

Бибер: Францускиот предлог е катастрофа

Францускиот предлог за одблокирање на бугарското вето е катастрофа за проширувањето, смета експертот за Балканот, Флоријан Бибер. Бибер на Твитер...

Македонија9 часа

Спасовски: Да победи здравиот разум и да не се повтори никогаш веќе 27 април

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски утрово ги посети повредените полицајци, кои беа повредени за време на вчерашниот јавен собир...

Свет9 часа

Украински војници пристигнаа во Велика Британија на обука

Првата група украински војници пристигна на обука во Велика Британија, соопшти денеска министерот за одбрана Бен Валас. Обуката е дел...

Македонија9 часа

Протестите продолжуваат и денеска во 19 часот

Протестите против францускиот предлог продолжуваат и денеска. „Ултиматум, не благодарам“ повикува на масовен и мирен протест вечерва во 19:00 часот....

Македонија10 часа

Ковачевски: Најостро ги осудувам нападите врз полицијата, 27 април нема да се повтори

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, ги осуди нападите врз полицијата истакнувајќи дека иако протестите се демократско право насилството не може...

Свет11 час

Милиони луѓе во Кина повторно во локдаун

Десетици милиони луѓе се во локдаун во Кина бидејќи компаниите во главниот туристички град се принудени да ги затворат своите...

Свет11 час

Гувернерот на Доњецк до цивилите: Евакуирајте се, доаѓаат Русите

Гувернерот на Доњецк повика 350.000 цивили да се евакуираат од тој источен украински регион поради претстојната руска офанзива. Повикот дојде...

Македонија11 час

Повредени 47 полицајци, а приведени 11 демонстранти во вчерашните протести

Повредени 47 полициски службеници, од кои 11 со потешки, а двајца со сериозни повреди во вечерашниот јавен собир на подрачјето...

Македонија21 час

Полицијата ги притисна демонстрантите, има приведени неколку лица, но и повредени полицајци

Полицијата ги истурка демонстрантите што беа пред зградата на Собранието. Ги разбрка кон Паркот на жената борец, при што огромна...

Македонија22 часа

(Видео) Демонстрантите ја урнаа оградата пред Собранието

Демонстрантите ја урнаа оградата од пред Собранието. Помала група влезе на тревата пред законоданвиот дом. Фрлаат со факли, петарди, камења,...

Македонија23 часа

(Фото) Демонстрантите фрлаа јајца и петарди кон зградата на МНР

Петарди, јајца и други предмети завршија во фасадата на МНР. И покрај дождливото време, колона граѓани излегоа на улиците за...

Македонија23 часа

(Видео) И покрај дождот, протестите продолжија и вечерва

И покрај дождот, и оваа вечер продолжи протестот против францускиот предлог, што се одржува пред Владата. Голема група граѓани го...

Македонија1 ден

За време на протестите се подготвува нешто што не доликува на земја членка на НАТО, оценува Ковачевски

Премиерот Димитар Ковачевски посочи дека денеска се спрема нешто што не доликува на земја членка на НАТО за време на...

Македонија1 ден

Мишел за францускиот предлог: Како пријател, сакам да ви кажам дека можноста е премногу важна за да се пропушти

Вие одлучувате за вас и вашите чекор, а С Македонија припаѓа во ЕУ. Ова е ставот на претседателот на Европскиот...

Македонија1 ден

Ковачевски: Со францускиот предлог, историјата, јазикот и идентитетот се заштитени

Премиерот Димитар Ковачевски тврди дека во европскиот предлог има дефинирани позиции за прифаќање на македонскиот јазик. Во предлогот македонскиот јазик...