Македонија
Контактите не одат во изолација

Владата ја укина мерката за задолжителна изолација на лица што имале блиски контакти со случаи позитивни на Ковид-19.
Од Владата информираа дека за нив останува мерката за носење заштитна маска во затворен простор во период од 7 дена од последниот контакт со лица со потврден Ковид-19.
Владата на денешната седница донесе одлука за укинување на мерката за задолжително носење маски во затворeни простории. Исклучок ќе има во здравствените домови, аптеките, јавните превозни средства (автобус, воз, авион, такси), установите за згрижување стари лица и лица со посебни потреби.
Одлучено е и учениците од средните училишта да следат настава со физичко присуство, без задолжително носење заштитни маски.
Владата силно ја афирмира препораката на Комисијата за заразни болести маски во затворен простор да носат лицата над 65-годишна возраст, хронично болните и лицата со намален имунитет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Скопје
Жичницата денеска ќе има скратено работно време

Жичницата денеска ќе работи до 17:30 часот, поради редовни планирани тестирања.
Од утре, објектот ќе продолжи со вообичаеното работно време, односно од 10 до 20 часот, согласно одлуката за работно време во период мај – септември.
Јавното сообраќајно претпријатие потсети дека во период од 19 до 19:30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 19:45 часот е последно возење од врвот надолу.
Секој понеделник и секој последен вторник во месецот, жичницата не работи.
Македонија
Џафери на седница на Бундестагот

Денес делегацијата на Собранието присуствуваше на пленарна седница на Бундестагот, каде што претседателката и пратениците на Бундестагот го поздравија претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Прва точка на дневниот ред беше изјава на Сојузниот канцелар Олаф Шолц во врска со вонредната седница на Советот на ЕУ на 30 и 31 мај.
Во своето обраќање Шолц ја нагласи потребата од финансиска помош на Украина, потсетувајќи на изгубените животи, домови и уништената инфраструктура во чие закрепнување ќе треба да помогнат сите чинители.
Во говорот тој се осврна и на Западен Балкан и на заслугите и достигнувањата кои се основа за членство во Унијата за сите аспиранти.
Македонија
Архиескопот Стефан во Белград: Денешниот чин е лек со кој се залечува раната на телото на црквата

Ѝ благодариме на СПЦ што ја поздрави одлуката на Вселенската патријаршија, рече архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан во своето обраќање на заедничка литургија на поглаварите на МПЦ-ОА и на СПЦ и на владици од двете цркви во храмот „Свети Сава“ во Белград.
Архиерејската литургија е со цел воспоставување литургиско и канонско општење на двете сетрински цркви, односно литургија на помирувањето, на која присуствуваа српскиот патријарх Порфириј и архиепископот охридски и македонски Стефан.
„Му благодариме на Бога што наидовме на братољубиво разбирање и кај Неговата Светост, патријархот г. Порфириј, заедно со членовите на Соборот на Српската православна црква, кои, само по неколку дена од донесениот акт на Синодот на Вселенската патријаршија, донесоа одлука за воспоставување на евхаристиско и канонско единство помеѓу нашите помесни Цркви“, рече архиепископот Стефан.
Г.г. Стефан во обраќањето оцени дека денешниот чин е незаменлив лек, со кој се залечува раната на телото на црквата, зошто „кога страда еден дел страдаат сите делови, а кога се радува еден дел со него се радуваат сите делови“.
Тој истакна дека МПЦ-ОА ќе ги оправда и братољубивите одлуки за единство со сите, вклучително и нашето барање за конечно решавање на автокефалниот статус на нашата Света Црква.
На заедничката литургија пристигнаа илјадници верници. Ова е прва литургија за помирување по повеќе од половина век.