Контакт

Македонија

Се укинува ограничувањето на бројот на гости на една маса во угостителските објекти

Објавено пред

Владата на денешната редовна 113. седница, меѓу другото, во согласност со моментната епидемиолошка состојба во државата усвои измени и дополнувања на ковид-протоколите за работата на угостителските објекти (кафетерии и објекти за исхрана).

dobivaj vesti na viber

Со овие измени и дополнувања се укинува ограничувањето на максимално дозволениот број на лица на една маса во кафетериите, рестораните и во рестораните на хотелите, и тоа како во отворените така и во затворените делови на овие угостителски објекти.

Дополнително е усвоена и измена на ограничувањето на исполнетоста на капацитетите на овие угостителски објекти, односно ограничувањето на бројот на гости во затворениот дел од објектот, како и во отворениот дел, до најмногу 50 % искористеност на капацитетот на објектите.

За угостителските објекти за организирање прослави, веселби и свадби остануваат во сила постојните мерки и протоколи.

Македонија

Османи ги запозна невладините организации со стратешкиот дијалог меѓу Македонија и САД

Објавено пред

Во рамките на серијата средби на министерот за надворешни работи, Бујар Османи, со претставници од граѓанскиот сектор, на денешниот брифинг ги запозна невладините организации со значењето и придобивките од стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и САД, лансиран во јуни минатата година во Вашингтон.

dobivaj vesti na viber

Во фокус на разговорите беа можностите за соработка со невладиниот сектор во делот на имплементацијата на планот за активности во рамките на стратешкиот дијалог, кој покрива многубројни области за соработка, како што се: борбата против корупцијата и владеењето на правото, одбрана и безбедност, трговија и инвестиции, енергетика и животна средина, но и други значајни прашања од регионален и глобален интерес.

Воедно, Османи истакна дека е предвидено споменатиот план да се имплементира од страна на разни институции во земјата во периодот од 2023 до 2033 година, при што Министерството за надворешни работи е координатор на целокупниот процес.

„Планот за активности во рамките на стратешкиот дијалог со САД содржи многубројни проекти и активности чија реализација ќе придонесе за понатамошно поттикнување на демократските и реформските процеси, како и зајакнување на институциите, а со тоа гарантирање на целокупниот напредок на државата. Отворени сме за соработка со граѓанскиот сектор и на ова поле, што е на линија на нашата досегашна транспарентност и заложби за зајакнување на улогата на невладините организации во креирањето на надворешната политика“, заклучи Османи.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Бизнисмен призна вина во „Империја“, Панделески не го разбира ниту обвинението, брокерот ќе размислува

Објавено пред

Еден бизнисмен призна вина на првото рочиште за „Империја“, друг ќе докажува дека е невин, а третиот бараше и доби одложување на судењето за да размисли дали е виновен. Сопственикот на компанијата „Езимит“, Зоранчо Митревски, посочи дека чувствува вина за делата што му се ставаат на товар. Сопственикот на „Пелистерка“, Цветан Панделески, и пред судот рече дека не е виновен. Берзанскиот брокер Јованче Тасковски на следното рочиште ќе се произнесе за вина.

dobivaj vesti na viber

„Се чувствувам виновен за злоупотреба на службената положба и овластувањето. Се чувствувам виновен и за перење пари и други приноси. Признанието го давам доброволно, не сум прислиен, здравствената состојба ми е одлична“, изјави бизнисменот Зоранчо Митревски, сопственик на „Езимит“.

Панделески не призна вина, а ниту го разбира обвинението.

„Обвинението не можам да го разберам, не се чувствувам виновен. Со оглед дека многу адвокати и правници не може да го разберат, не барајте од мене, економист, да го разберам. Таму пишува по претходни договори, за кои не се наведени настан, време, место“, рече Панделески.

Беше побарана пауза по која се бараше одложување на рочиштето.

„Се консултирав со клиентот. Условно кажано, тој се двоуми да признае, но и да не признае вина поради тоа што се работи за специфичен кривично-правен настан. На клиентот му кажав дека има трошоци на постапката, а тој не може да ги покрие. На Тасковски му треба временски период за тоа да се консултира со своите членови на семејството“, рече Мерџан Даути, адвокат на Тасковски.

Судијката Васка Николовска-Масевска дозволи одлагање на рочиштето.

„Се дозволува одлагање“, рече судијката.

Од 19 лица, кои беа опфатени во предистражната постапка, само овие тројца осомничени ќе ја докажуваат невиноста пред суд. Панделески се гони за злоупотреба на службената положба, перење пари и за измама. Митревски се гони за злоупотреба на службената положба и овластувањето и за перење пари. Брокерот Тасковски се гони за овие две дела, како и за измама.

Претходно, обвинителката Лиле Стефанова пред судот рече дека има докази со кои ќе докаже вина кај сите обвинети.

Прикажи повеќе...

Македонија

Стефанова очекува тројцата бизнисмени од „Империја“ да бидат осудени: Да им се одзеде имотната корист

Објавено пред

Обвинителката Лиле Стефанова е децидна дека ќе докаже оти тројцата бизнисмени, кои не се спогодија за „Империја“, се виновни за делата што ги сториле. Таа пред судот посочи дека за предметот имало обемна истрага, во која се собрани голем број докази. Стефанова му посочи на судот дека очекува осудителна пресуда. Таа побара судот да им ја одзеде и имотната корист.

dobivaj vesti na viber

„Обвинителниот акт против обвинетите Цветан Панделески, Зоранчо Митревски и Јованче Тасковски за кривичните дела што се наведени е резултат на една обемна и долготрајна истрага. Во оваа постапка предмет на истражување беа повеќе осомничени лица, повеќе кривични дела сторени во подолг временски период, а некои од обвинетите, кои беа предмет во оваа истрага, го завршија со внесување пресуди врз основа на спогодби. За обвинетите, кои се предмет на ова обвинение, по завршување на истрагата, иако некои беа под истрага и за други кривични дела, Јавното обвинителство собра доволно докази за да очекува осудителна пресуда за дејствата што се опишани во диспозитивот на обвинението“, рече обвинителката Стефанова.

Таа во детали раскажуваше кои од фирмите на обвинетите колку приход добиле, како што рече, со сторувањето на кривичните дела.

„Пред судот ќе изведам повеќе материјални и вербални докази, од кои судот со сигурност ќе ја утврди фактичката состојба од обвинителниот акт. Преку материјалните докази и исказите на сведоците, ќе се утврди дека обвинетите Цветан Панделески и Зоранчо Митревски заедно со осудениот Ванче Мијалчев ги искористиле своите ингеренции во АД ‘Бетон’ – Штип, па прибавиле значителна имотна корист за правни лица на кои тие биле сопственици“, додаде Стефанова.

Обвинителката тврди дека ќе докаже и како Панделески и Митревски ги префрлале парите за кои знаеле дека се од сторени кривични дела.

„Обвинетите постапувале по веќе создаден план за стекнување противправен имот. Иако знаеле дека градежно земјиште е лоцирано во Центар, кое било во сопственост на правно лице, немало одобрение за градба, немало процена на уделот, земјиштето веќе било дадено под хипотека за кредит од Стопанска банка АД Битола, ги искористиле своите овластувања и на седница на одборот на директори потпишале записник со предлог-одлука за добивање зделка со заинтересирана страна да се откупат уделите на правното лице ‘Омега билдинг’, кое како единствен имот го имало ова земјиште“, посочи Стефанова.

Во вториот дел на обвинителниот акт се опфатени берзанскиот брокер Јованче Тасковски заедно со Цветан Панделевски.

„Личи на сложена измама од највисок вид за која судот сигурно ќе го убедиме, при што успеале да измамат долгогодишен стопанственик и да заработат милионски суми. Ќе докажеме дека Ненад Јосифовиќ, Јордан Камчев и обвинетите Јованче Тасковски заедно со Цветан Панделески, со намера да прибават противправна имотна корист, со лажно прикажување факти, како соизвршители ја довеле во заблуда оштетената Кираца Трајковска, да презема дејствија со кои нанела значителна имотна штета и на себе и правното лице, а притоа биле искористени и поголем број акционери на правното лице ‘Ферпшед’. Од доказите што ќе ги изведеме судот ќе се увери дека обвинетите, знаејќи дека акциите од ‘Ферпшед’, кои ги поседувале Трајковска и правното лице, се заложени да се земе кредит од Комерцијална и од Еуростандард банка, тие не се во можност да ги сервисираат своите обврски. Јордан Камчев со претходен договор со Цветан Панделески имал цел акциите на Кираца и на правното лице да му бидат продадени Штерјо Наков. Знаејќи дека Кираца Трајковска нема да се согласи со таквата продажба, ја довеле во заблуда дека ќе ѝ помогнат за исплата на кредитот, а таа да му помогне на правно лице од странство“, посочи Стефанова.

Објаснуваше и што направил обвинетиот брокер Тасковски.

„Обвинетиот Јованче Тасковски ги оневозможил акционерите слободно да тргуваат со акциите. И затоа нагло пораснала цената на слободните акции на ‘Фершпед’. За да ги земат акциите по помала цена од онаа на берзата, создале план по кој постапиле и акциите што ги имале Кираца Трајковска и правното лице ги запишале како основачки влог на ново правно лице, а притоа Панделески продолжил да купува акции од ‘Фершпед’, па во неработен ден, во просториите на брокерската куќа во присуство на Тасковски, Јосифовиќ и нотарот Сашо Писаровски, Кираца Трајковска добила документација за потпишување, со која се основа ново правно лице. За управител го поставиле Ненад Јосифовиќ, а со тоа ѝ дале да потпише и документација за отуѓување на правното лице. Следниот ден правното лице било пренесено на правното лице ‘Син фајненс“ ДООЕЛ, правен следбеник на друга фирма. Правното лице било користено на неговата сметка да биде пренесена имотната корист“, додаде таа.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија22 минути

(Видео) Бизнисмен призна вина во „Империја“, Панделески не го разбира ниту обвинението, брокерот ќе размислува

Еден бизнисмен призна вина на првото рочиште за „Империја“, друг ќе докажува дека е невин, а третиот бараше и доби...

Свет43 минути

(Видео) Моќна порака на кинескиот претседател во Москва: Кина е подготвена да застане зад Русија

Кинескиот претседател Шји Џинпинг изјави денеска во Москва дека Кина е одлучно подготвена, заедно со Русија, да го поддржи меѓународниот...

Македонија51 минута

За извозот да не ги поскапи јајцата, Бектеши ќе обврзе првин да се обезбедат за дома

Забраната на извозот на јајца ќе донесе санкции за државата, па затоа не се разгледува како опција, но за да...

Македонија2 часа

Костовски: Грешка беше што ја поддржав Арсовска, сега лично се пресметува со мене

Градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски, по една и пол година признава дека направил грешка што ја поддржал градоначалничката на Скопје,...

Македонија3 часа

Со 4.500 амандмани опозицијата гo блокира зголемувањето на платите на судиите и обвинителите

Опозициските партии ВМРО ДПМНЕ и Левица денес поднесоа 4.500 амандмани со цел стопирање на 4-те закони со кои се предвидува...

Топ4 часа

Македонецот што загина во сообраќајната несреќа кај Врање имал 25 години, се враќале кон кафеаната поради заборавен телефон

Тешка сообраќајна несреќа се случи вчера на улицата Партизански пат во Врање. Како што пишуваат српските медиуми, во несреќата животот...

Македонија5 часа

(Видео) Судир меѓу четири возила на „Партизанска“, вклучени заштитните перничиња: одекна силен удар

Верижен судир се случи на булеварот Партизански одреди во Карпош 4, спроти трговскиот центар „Антико“. Во несреќата учествуваа четири возила,...

Македонија6 часа

Ова е список на најсреќните нации во светот: Македонија најнесреќна во регионот

Финска е прогласена за земја со најсреќна популација шеста година по ред, според Светскиот извештај за среќа објавен денеска. Македонија...

Свет6 часа

Институтот за војна: Руското темпо се намалува, Путин се плаши

Во неделниот извештај, Институтот за проучување на војната вели дека можната украинска контраофанзива во близина на Бахмут предизвикува зголемена загриженост...

Свет6 часа

Северна Кореја изведе нуклеарни вежби: Ова е предупредување до непријателот

Војската на Северна Кореја изведе нуклеарни воени вежби симулирајќи нуклеарен контранапад на САД и Јужна Кореја. Вежбите ги надгледуваше севернокорејскиот...

Европа21 час

Украина за доаѓањето на Путин во Мариупол: Криминалецот секогаш се враќа на местото на злосторството

Рускиот претседател Владимир Путин го посети Мариупол, град кој падна во рацете на Русија минатата година по страшното уништување, прикраднувајќи...

Вести1 ден

(Видео) Вучиќ тврди дека немаат обврски кон Приштина: Се надевам ќе има заедница на српски општини, се плашам дека ќе биде потешко од што мислам

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, пред јавноста објаснуваше зошто ништо не е потпишано со косовската страна. И покрај ова, тој...

Свет1 ден

Германски министер се закани: Ќе го уапсиме Путин ако стапне во Германија

Ќе го уапсиме претседателот на Русија, Владимир Путин, доколку дојде во Германија, изјави германскиот министер за правда Марко Бушман за...

Свет1 ден

(Видео) Путин изведе шоу во Мариупол: Среде ноќ им влезе дома на луѓето, а тие го пречекаа со храна на масата

Рускиот претседател Владимир Путин во текот на ноќта го посети окупираниот украински град Мариупол, кој руската армија прво го уништи,...

Регион1 ден

Петте клучни точки од вчерашните маратонски преговори меѓу Вучиќ и Курти во Охрид

Последната рунда од дијалогот меѓу Белград и Приштина, чиј фокус беше договорот за имплементација на европскиот предлог за Косово, се...

Македонија1 ден

Грчкиот суд ја отфрли тужбата против Центарот за македонски јазик: „Во иднина да се отворат приватни македонски училишта“

Локалниот грчки суд во Леринско ја отфрлил тужбата против Центарот за македонски јазик. Веста ја потврдија од Обединетата македонска дијаспора...

Свет1 ден

(Видео) Расте бројот на загинати во Еквадор: многу луѓе се затрупани, се трага по преживеани

Најмалку 15 загинати и 126 повредени по силниот земјотрес што вчера го погоди Еквадор, соопшти Националната служба за управување со...

Свет1 ден

(Видео) Путин во Мариупол: посети неколку места и разговараше со жителите

Руската новинска агенција РИА Новости објави видео за кое тврди дека го прикажува рускиот претседател Владимир Путин како вози автомобил...

Македонија1 ден

(Видео) Ковачевски: Им честитам на претседателот Вучиќ и премиерот Курти за храброста и визионерството

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски им честиташе на српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти за храброста и...

Регион2 дена

„Бега од потпишување“, посочи Курти за Вучиќ по средбата, па остави ЕУ да најде начин за обврските да бидат обврзувачки

Косовскиот премиер, Албин Курти го обвини претседателот на Србија, Александар Вучиќ дека бега од потпишување на договор, а со цел...