Контакт

Македонија

Се чисти големата депонија покрај езерото Треска

Објавено пред

Град Скопје почна со чистење на дивата депонија покрај езерото Треска во општина Сарај. Оваа депонија се простира на површина од 10.000 квадратни метри со повеќе од 5.000 кубни метри отпад, кој несовесни правни и физички лица го исфрлаат на овој простор.

dobivaj vesti na viber

Депонијата во Сарај е една од поголемите на територијата на град Скопје, која постојано се пали и со тоа се ослободуваат штетни емисии во воздухот, а со тоа се загадуваат и почвата и подземните води. На овој начин сериозно се загрозува животната средина, но, пред сѐ, е сериозна закана за здравјето на граѓаните што живеат во општина Сарај и општина Ѓорче Петров.

„Чистењето на сите диви депонии, но и постојанитњ контроли и инспекциски надзор, ќе продолжи да биде секојдневна активност на Град Скопје. Ова е приоритет на кој Градот и јавните претпријатија активно работат, со цел обезбедување здрава животна средина, со повеќе зеленило и чист воздух за жителите на Скопје“, велат од прес-службата на Градот.

Македонија

Пендаровски: Опасноста од нови војни повторно тропа на европска врата

Објавено пред

По повод предадените апликации на Финска и Шведска за членство во НАТО, претседателот Стево Пендаровски ја даде следнава изјава:

dobivaj vesti na viber

„Денешното истовремено предавање на официјалните писма за барање за прием во најмоќната воена Алијанса е испишување на уште една страница од историските промени во сојузништвото. Искрено ја поздравувам и поддржувам кандидатурата на овие значајни земји за просперитетот и безбедноста на Европа. За жал, фактот дека земји со традиционална воена неутралност со огромно мнозинство одлучуваат да ја променат, зборува дека опасноста од нови војни повторно тропа на европска врата. Со цел сеопшто посакуваниот траен мир да прерасне во реалност, проширувањето на Алијансата е добра вест.

Ја поздравувам оваа одлука и упатувам поддршка за брз прием на земјите кои несомнено ќе дадат придонес во колективната безбедност. Тоа е одлука на суверени земји кои имаат право на сопствени одлуки особено кога се работи за добросостојбата на нивните граѓани. Северна Македонија, како најнова земја членка на најмоќниот воено-политички сојуз, има чест да ја продолжи политиката на отворени врати со нашите партнери, Финска и Шведска, особено имајќи го предвид политичкиот, безбедносниот и географскиот контекст.

Со полноправното членство на Шведска и Финска, НАТО ќе се зајакне особено во неговото источно крило, од каде и доаѓаат најголемите предизвици, што е случај со руската воена агресија на Украина.

Дополнително, одличните билатерални односи со овие две пријателски земји, ќе добијат на уште посилен интензитет преку идното сојузништво, со кое се зацврстува и партнерската соработка во сферите на заеднички интерес, вклучително и нивната принципиелна поддршка за уште едно сојузништво во рамките на Европа.“ , изјави Претседателот Пемдаровски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Милошоски: Во најкус рок седница за тешките повреди на Етичкиот кодекс од страна на Џафери

Објавено пред

Денес пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ поднесе барање до пратеникот Панчо Минов, претседател на комисијата за деловнички прашања и прашања од етичкиот кодекс, да закаже во најкус можен рок седница на којашто ќе се расправа за тешките повреди на етичкиот кодекс од страна на пратеникот и претседател на Собранието Талат Џафери, коишто беа направени на 11 мај годинава, информира Антонијо Милошоски, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Ние сите бевме сведоци, целата јавност ги виде тие тешки повреди и слушна, бидејќи тоа беше пренесувано во живо на радиодифузниот сервис на МРТВ и сите ги имаме и тие снимки и затоа во прилог доставивме и снимка до господинот Панчо Минов за да има материјали врз основа на коишто ќе може да работи оваа комисија. Тоа што сакам да го истакнам е дека најмалку четири пратеници од нашата пратеничка група биле сведоци на овој немил настан, биле внатре во самата просторија каде што на еден вулгарен и недоличен начин претседателот Џафери ги понижувал и им вршел притисок на вработени во службата во Собранието и истите тие пратеници ќе бидат расположени да посведочат кога ќе закаже господинот Минов ваква комисија за оваа тешка повреда на Етичкиот кодекс“, рече Милошоски.

Потсети дека Талат Џафери лично на 11 јуни 2018 година го има потпишано Етичкиот кодекс за однесувањето на пратениците во Собранието, каде што, како што појасни во член 14, е предвидено како тешка повреда на кодексот доколку некој пратеник врши притисок или недостоинствено се однесува кон вработени во Собранието.

„Ако ова важи за сите пратеници, треба да важи и за првиот меѓу еднаквите, затоа што Етичкиот кодекс не би имал смисла ако не важи за пратениците од владејачкото мнозинство. Апелирам, особено до пратеничките од понежниот пол, од владејачката коалиција да се придружат на оваа иницијатива, да се расправа на седницата за прекршување на Етичкиот кодекс и да се донесе одредена санкција затоа што навредите, омаловажувањата и вулгарностите беа родово базирани на стереотипите на коишто очигледно сè уште во својот софтвер ги има Талат Џафери иако е претседател на Собранието“, наведе Милошоски.

Изрази надеж дека пратеникот Панчо Минов нема да одолговлекува и дека ќе ја закаже седницата во најкус можен рок за да можат како што рече со аргументи да донесат и санкција за спикерот Талат Џафери.

Прикажи повеќе...

Македонија

Претседателот Пендаровски упати писмо со поддршка до украинскиот претседател Зеленски

Објавено пред

Претседателот Стево Пендаровски упати писмо до претседателот на Украина, Владимир Зеленски, во кое изразува поддршка за украинскиот народ и упатува честитки до претседателот Зеленски за поднесената кандидатура за членство во Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

„Изминатите три месеци граѓаните на Украина херојски ја бранат својата земја, а со тоа и целиот европски континент и универзалните вредности на демократијата во кои веруваат мирољубивите држави и народи на кои припаѓаме.

Во оваа смисла, Украинците со конкретни дела докажаа дека припаѓаат на европското семејство и се подготвени да ги направат првите чекори во насока на започнување на процесот на интеграција во Европската Унија. Јас како долгогодишен поддржувач на идејата за Обединета Европа цврсто сум убеден дека денес, кога војната повторно се врати на европско тло, Унијата треба да донесе важни политички одлуки, со што процесот на проширувањето нема да запре на Западниот Балкан, туку ќе продолжи со сите мирољубиви европски држави кои ги споделуваат вредностите на демократијата“, се вели во писмото од претседателот Пендаровски до украинскиот претседател Зеленски.

Во продолжение е интегралниот текст на писмото:

Ваша Екселенцијо,

Срдечно поздравувајќи Ве, дозволете ми да Ви упатам изрази на особена почит кон Вашата држава и кон Вас лично, како и да Ви изразам сестрана поддршка во трагичната ситуација во која се наоѓа Украина и украинскиот народ по руската воена агресија.

Изминатите три месеци граѓаните на Украина херојски ја бранат својата земја, а со тоа и целиот европски континент и универзалните вредности на демократијата во кои веруваат мирољубивите држави и народи на кои припаѓаме.

Во оваа смисла, Украинците со конкретни дела докажаа дека припаѓаат на европското семејство и се подготвени да ги направат првите чекори во насока на започнување на процесот на интеграција во Европската Унија. Јас како долгогодишен поддржувач на идејата за Обединета Европ, цврсто сум убеден дека денес, кога војната повторно се врати на европско тло, Унијата треба да донесе важни политички одлуки, со што процесот на проширувањето нема да запре на Западниот Балкан, туку ќе продолжи со сите мирољубиви европски држави кои ги споделуваат вредностите на демократијата.

Драг Владимир,

Поаѓајќи од оваа моја констатација, би сакал да Ви упатам честитки за успешно пополнетиот прашалник за членство во Европската Унија и да подвлечам дека Република Северна Македонија како земја-кандидат го поддржува европскиот пат на пријателска Украина и добивањето кандидатски статус за време на Советот на Европската Унија во јуни оваа година.

Верувам дека таквиот исход ќе биде праведен и логичен, и ќе претставува поддршка на напорите на Украина на евроинтегративниот пат, како и дополнителен стимул за спроведување на натамошни суштински внатрешни реформи за ваше практично приближување кон Унијата.

Впрочем, европските аспирации нам не ни се потребни како политички трофеј, туку како инструмент и процес за време на кој ќе се менуваме и реформираме за да ги достигнеме неопходните стандарди по кои се препознаваат европските демократии. Во овој контекст очекуваме потврда дека и нашите европски пријатели тоа го препознаваат и вреднуваат.

Господине Претседател, во надеж за скоро целосно ослободување на вашата земја од окупаторот, дозволете ми, уште еднаш да Ви ги упатам изразите на моето највисоко почитување и да Ви посакам добро здравје и успех во извршувањето на Вашата одговорна функција во овие тешки времиња, напиша претседателот Пендаровски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија34 минути

Пендаровски: Опасноста од нови војни повторно тропа на европска врата

По повод предадените апликации на Финска и Шведска за членство во НАТО, претседателот Стево Пендаровски ја даде следнава изјава: „Денешното...

Економија36 минути

Бензините поскапуваат за два и пол денари, цената на дизелот останува иста

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните...

Македонија2 часа

ЕУ е во заложништво, Македонија има шанса која нема да постои во наредните години, Османи со критики до Бугарија

„Во заложништво е најуспешната политика на Европската Унија, а тоа е политиката на проширување“. Ова е ставот на министерот за...

Регион3 часа

Белград: Во Дунав пронајдено тело на помлад маж, има сомнежи дека се работи за исчезнатиот Матеј Периш

Морнари денеска пронашле тело на помлад маж во Дунав кај Ада Хуја, потврдиле службите за српскиот портал „Телеграф“. Српските медиуми...

Економија3 часа

Ковачевски-Брнабиќ: Силната регионалната соработка е основа за забрзан економски развој

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска оствари средба со премиерката на Република Србија, Ана Брнабиќ. Премиерот...

Европа3 часа

Русија: Во „Азовстал“ се предадоа околу 1.000 украински борци, меѓу нив и припадници на „Азов“

Речиси 1.000 украински борци скриени во фабриката за челик „Азовстал“ во Мариупол се предале, соопшти руското Министерство за одбрана. Руското...

Европа4 часа

Експерти: Северна Кореја без вакцина против коронавирус е на работ на катастрофа

Бројот на луѓе кои страдаат од Ковид-19 во Северна Кореја се искачи на речиси 1,5 милиони, а експертите велат дека...

Економија5 часа

Путин: Отфрлањето на руската нафта – економско самоубиство за ЕУ

Со отфрлањето на руските енергетски извори, Европската Унија претставува економско самоуништување за ЕУ, изјави денеска претседателот на Руската Федерација, Владимир...

Македонија5 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Пациентите болни од одредени видови рак оставени без терапија, власта не набавила медикаменти

Пациентите болни од одредени видови рак оставени без терапија, власта не набавила медикаменти. 90 пациенти со колоректален, оваријален и цервикален...

Свет6 часа

Столтенберг: Финска и Шведска официјално аплицираа за членство во НАТО

Финска и Шведска денеска официјално го доставија своето барање за влез во НАТО, изјави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг....

Европа6 часа

Медведев: Нема да дозволиме трета светска војна, но ќе одговориме на нападот

Русија нема да дозволи избувнување на Третата светска војна, но може да одговори веднаш и „супер силно“ во случај да...

Европа6 часа

Карл Нехамер: За Австрија членството во НАТО не доаѓа предвид

Канцеларот на Австрија, Карл Нехамер, рече дека членството во НАТО не доаѓа предвид за неговата земја, додавајќи дека земјата била,...

Европа6 часа

Зеленски го отвори 75. Кански филмски фестивал

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се обрати на отворањето на 75. Кански филмски фестивал, велејќи дека „ни треба нов Чарли Чаплин...

Македонија17 часа

Од септември 15 проценти повисоки плати во образованието, договориле МОН и СОНК

Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, информира дека со СОНК ги прифатиле предлозите на медијаторот во однос на сите...

Македонија21 час

Поглаварите на МПЦ и на СПЦ задутре на заедничка литургија во Белград

Српската православна црква на својата веб-страница официјално објави дека на 19 мај, во соборниот храм „Свети Сава“ во Белград, српскиот...

Европа22 часа

Путин: „Случувањата во Украина се резултат на лошата политика на Западот“

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека последните настани во Украина се поврзани со лошо дизајнираната политика на Западот. „Сѐ што...

Европа23 часа

Финскиот парламент го одобри предлогот за влез во НАТО

Финскиот парламент денеска го одобри предлогот за аплицирање за членство во НАТО, изјави претседателот на Парламентот, Мати Ванханен. За предлогот...

Македонија1 ден

Пендаровски ја поздрави одлуката на Шведска да поднесе барање за членство во НАТО

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими шведската амбасадорка Кристин Форсгрен Бенгтсон која го информираше за одлуката на Кралството Шведска да...

Топ1 ден

Родители ја продале малолетната ќерка на Белгиец за да може сексуално да ја искористува

Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал при Секторот за криминалистички истраги разреши случај за сторено кривично дело трговија со...

Македонија1 ден

Спасовски: Во 2015 протестиравме против насилство и криминал, а ВМРО-ДПМНЕ не знае против што ќе протестира

Министерот за внатрешни работи во објава на својот фејсбук-профил се потсети на годишнината од протестите на 17 мај 2015 година....