Македонија
Силјановска-Давкова: Излеговме да ја одбраниме Македонија од вирусот што ги напаѓа националните интереси

Пред Владата на протестот „Оставка на Заев, слобода на народот“ на граѓаните им се обрати Гордана Силјановска-Давкова, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“. Таа им се заблагодари на граѓаните што излегоа на протест и во време на Ковид-19.
„Граѓаните денес излегоа на протест бидејќи сега во моментот ѝ се заканува смртоносен вирус на Република Македонија. Вирус што се заканува дека ќе ги загрози идентитетот, јазикот и историјата на Република Македонија. Тој вирус се нарекува Зоран Заев. Ви благодарам за храброста, знам дека се грижите за здравјето, како и јас. А денес сме овде бидејќи во прашање е здравјето на Македонија. Покрај почитувањето на мерките за заштита од Ковид-19, нè штити и правото, правдата, ама се чини и севишниот. Што сакам да кажам? Забележувате дека ако сакате да ве почитуваат, мора да имате самопочит. Јас за тоа им благодарам на сите оние, не само оние што се овде, туку и на оние што се охрабрија гласно да ја изразат самопочитта кон себе, кон својот народ, кон своите граѓани, кон својата држава. И тоа не е случајно. Горда сум на Универзитетот на кој многу генерации сум учела на право, правда и морал, исто така што се огласија Универзитетот „Кирил и Методиј“, Институтот за национална историја, МАНУ, Машинскиот факултет, Европското движење, чиј еден од основачите сум и јас, и уште многу други институции, но и интелектуалци, но и луѓе што се основачи на многу партии“, истакна Силјановска-Давкова.
Таа посочи дека Македонците не се без корен. „Република Македонија има длабоки корени во минатото. Името Македонија се споменува и во Библијата. Оваа држава не може никој да ја уништи, нејзината историја е длабока што не може ниту еден договор да ја избрише. Македонците, како и сите народи, имаат право на своја историја, свој јазик и свој идентитет. Не сме ние без корен. Името Македонија ќе го најдете не само во Библијата туку во многу, многу книги. Името ќе го најдете во многу, многу анализи, на многу карти“, рече Силјаноска-Давкова.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Груби-Абазовиќ: Односите меѓу Северна Македонија и Црна Гора се одлични

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби оствари онлајн средба со вицепремиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ.
На оваа средба и двајцата соговорници разменија мислења за актуелните политички теми во земјата и регионот. Во рамки на состанокот, како одлична беше оценета соработката меѓу Република Северна Македонија и Црна Гора.
Груби му честиташе на неговиот колега од Црна Гора, Дритан Абазовиќ за функцијата вицепремиер и за успешното спроведување на досега клучните политики кои одат во прилог на сите граѓани во Црна Гора.
Груби исто така му соопшти на својот колега Абазовиќ дека Северна Македонија е посветена на исполнувањето на потребните реформи и обврски со цел што побрзото отворање на преговорите со Европската Унија.
Од негова страна, вицепремиерот на Црна Гора, Абазовиќ му кажа на Груби дека Република Северна Македонија е пријателска земја и стратешки партнер на неговата земја. Абазовиќ вели дека односите со Скопје се изградени преку дијалог и добра соработка.
Груби и Абазовиќ за време на оваа онлајн средба се согласија дека полноправното членство на Северна Македонија и Црна Гора во НАТО, пријателството со меѓународната заедница и особено со стратешките партнери на двете земји, Соединетите Американски Држави и заедничкиот пат кон Европската Унија се додадена вредност за развојот на регионот и особено за мирот и стабилноста.
Македонија
Затворен угостителски објект во Тетовско поради непочитување на работното време

Полициски службеници и Државниот пазарен инспекторат вчера извршиле контрола по угостителски објекти во врска со ,непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.
Притоа, во угостителски објект во село Боговиње, тетовско, сопственост на Џ.Б.(50) од Боговиње, биле затекнати 4 лица и сопственикот, информираат од полицијата.
Од страна на ДПИ објектот бил затворен, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Над 200 казни за скопјани поради сообраќајни прекршоци во еден ден

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 203 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 19 санкции, осум мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, 14 за користење на мобилен телефон.
Изречени се 19 санкции за непочитување на брзината на движење, четири за минување на црвено светло, 69 мерки за непрописно паркирани возила и 20 за неносење заштитна маска.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира