Контакт

Македонија

Силјановска Давкова со порака за денот на АРМ: Македонската држава не е подарена, туку е извојувана со тешка војна

Објавено пред

Денешниот празник е потсетување дека никој нас не не ослободувал туку сами се ослободивме. Македонската држава не е ниту подарена, туку е извојувана и стекната со тешка и праведна народноослободителна војна…Вие, војниците и офицерите, питомците и ветераните на Армијата сте вистинските чувари на наследството, слободната македонска држава која пред 80 години на АСНОМ ни ја оставија нашите храбри претци. Тоа го истакна претседателката и врховна командантка на Армијата, Гордана Силјановска Давкова во обраќањето пред присутните на Централната свеченост по повод 18 Август – Денот на Армијата на Републик  Македонија што денеска се одржа во Охрид.

dobivaj vesti na viber

Силјановска Давкова во оваа прилика посочи дека силата ни извира од единството на нашите различности, етничка, верска, јазична, генерациска, полова, идеолошка…

–  Сите сте поврзани и обврзани со свечената заклетва дека ќе ги браните слободата, суверенитетот и територијалниот интегритет на државата. Насушна и непресушна потреба и чест е дисциплинирано, чесно и совесно како и досега да ги извршувате воените должности. Тоа го правите постојано и беспрекорно…најмногу со безрезервната поддршка и помош што им ја давате на македонските гражани и институциите во справувањето со елементарните непогоди какви што беа пожарите летово. Вие сте важен мировен гарант и потенцијал во овие тешко времиња на голема неизвесност…рече меѓу другото таа.

Претседателката посочи дека најважно од се е што покрај активното меѓународното присуство, припадниците на Армијата се тука, дома, секогаш и секаде каде е најпотребно.

–  Додека го прославуваме овој празник, дел од припадниците на Армијата се борат со огнените стихии ширум државата. Во овој миг помагаат во гаснењето, заштитата на граѓаните и добрата…Години наназад редовно се ангажираше во поддршката на институциите во справувањето со елементарните непогоди и со кризните состојби. Секогаш тоа го правеше професионално и пожртвувано, затоа Армијата континуирано ужива највисока доверба кај македонските граѓаните, истакна таа, искористувајќи ја можноста да укаже на потребата од спроведување реформи на системот за заштита и спасување и управување со кризи, да се детектираат и корегираат институционалните и професионалните недоследности, како и да се креира логичен и ефикасен систем за справување со кризи.

Претседателката во својство на Врховен командант на оружените сили го назначи генерал-мајорот Сашко Лафчински за началник на Генералштабот на Армијата, функција што изминатите два мандати ја вршеше генерал-полковникот Васко Ѓурчиновски.

Новоназначениот 12-ти по ред началник на Генералштабот на Армијата, Лафчински, веднаш по стапувањето на функцијата, рече дека му е укажана голема чест да ја предводи институцијата што е синоним за вредности и принципи, но и уште поголема е одговорноста…

–  Ќе го вложам целото свое знаење, искуство и капацитет во исполнување на мисијата на Армијата, во нејзината подготовка за одбрана и заштита на државата и одбрана на националните интереси, како дома така и надвор, рече Лафчински.

Началникот на Генералштабот во оваа прилика истакна дека ќе продолжи да работи на градење на капацитетите и способностите на Армијата, интеграција на развојните планови со Планот за транспормација и плановите за модернизација, се со цел постигнување највисока борбена готовност и подобрување на интероперабилноста со сојузниците и партнерите.

–  Искреноста, чесноста и етичкото однесување мора да бидат темел на нашата Армија. Ние им служиме на граѓаните и секогаш мора да бидеме достојни за нивната доберба. Затоа очекувам од секој од вас да ги одржувате највисоките стандарди на интегритет во сите негови форми. Од оваа позиција уште повеќе верувам во моќта на тимската работа и инклузивноста…затоа повикувам во јакнење на колективот кон нови победи, рече тој, притоа најавувајќи ги неговите планови и приоритети, на ставање во оперативна функција на вооружувањето и опремата обезбедени согласно планот за модернизација. Еден од врвните приоритети, како што посочи, ќе остане развојот на лесната пешадиска батаљонска група, преку која радијално че се зголемуваат капацитетите и способностите на останатите единици…

Во име на Владата пред присутните на свеченоста се обрати министерот за одбрана, Владо Мисајловски, кој на припадниците на Армијата им се заблагодари за нивниот професионализам, нивните жртви кои секогаш биле на браникот на татковината, во првите редови за заштитата на граѓаните во кризни состојби, но и нивниот придонес во регионалната и глобалната безбедност преку мисиите на НАТО и ОН…

–  Во овие кревки времиња од особена важност е билатералната и регионалната соработка, соработката со ЕУ, но од особена важност е и соработката со нашите соседи…Она што престои во нашата работа за одржувањето стабилна и безбедна држава, но и зачувување на мирот во глобални рамки. Тоа значи изработка на нови стратешки документи, нова стратегија за одбрана, ажурирање на долгорочниот план за развој на одбранбените способности и на планот за управување и модернизација, неопходни за справување со новите предизвици, рече Мисајловски, истакнувајќи ги заложбите на Владата за обезбедување буџет за одбраната што ќе продолжи да расте и да ги надминува минималните два проценти од БДП.

Тој нагласи дека останува посветеноста во надградбата на капацитетите на Армијата и на сите останати безбедносни институции, како и институциите за образование и обука на кадар –  Воената академија, Институтот за безбедност, одбрана и мир, Факултетот за безбедност.

На денешната свеченост присуствуваше највисокото државно раководство, претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска Давкова, премиерот Христијан Мицкоски, министри во Владата, пратеници во Собранието, гости од воено-дипломатскиот кор, командантот на Националната гарда на Вермонт, генералот Грегори Најт, поранешни министри за одбрана и началници на Генералштабот и други гости од општествениот живот.

Македонија

СОЗР ќе обезбеди превоз и сместување за семејствата на лицата кои се лекуваат во странство

Објавено пред

Службата за општи и заеднички работи изразува длабоко сочувство до семејствата на настраданите во страотната трагедија во Кочани и изразува поддршка за истрајност и верба за поскоро опоравување на хоспитализираните.

dobivaj vesti na viber

Ги повикуваaт семејствата на жртвите кои се лекуваат во странство и имаат потреба од превоз или сместување, да се обратат на бројот 070-270-370.

Овој број е достапен за сите на кои им е потребна поддршка при организирањето транспорт и сместување во насока на обезбедување бесплатна, брза и ефикасна помош.

Во овие тешки моменти за семејствата на настраданите, веруваме дека поддршката од овој тип ќе им биде добредојдена како не би се соочувале со дополнителни трошоци и ресурси, истакнуваат од оваа институција.

Прикажи повеќе...

Македонија

Заменик началникот на ВМА: Состојбата на пациентите од Македонија е тешка

Објавено пред

Заменикот началник на воената медицинска академија, Иван Лековиќ, денес изјави дека шест пациенти биле транспортирани во оваа здравствена установа и дека еден пациент е згрижен во воената болница во Ниш и посочи дека сите се во тешка и сериозна состојба.

dobivaj vesti na viber

Во изјавата на Министерството за одбрана се наведува дека пациентите биле транспортирани во три медицински возила и транспортниот авион на српската армија и дека еден пациент е згрижен во воената медицинска болница во Ниш. Сите пациенти кои биле примени во Воената медицинска академија се на помлада возраст, од 1998 до 2007 година, и тие се на единици за интензивно леќење, а нивната состојба е тешка и сериозна. „Ги преземавме сите мерки на интензивно лечење и ги искористивме сите наши ресурси за да им помогнеме на овие луѓе и да им помогнеме на луѓето од Северна Македонија“, рече Лековиќ.

Зборувајќи за процесот на повреди тој истакна дека сите пациенти биле во многу сериозна состојба.

„Покрај изгорениците што ги имаат сите, пациентите имаат и знаци и симптоми на труење од чадот, како и инхалациони повреди, односно оштетување на органи за дишење со топол воздух и материјали од пожарот. Лечењето е долготрајно, изискува бројни операции, вклучување на бројни други специјалисти – пулмолози, кардиолози, невролози, пластични хирурзи“, рече Лековиќ, според тамошните медиуми.

Тој додаде дека сите оперативни интервенции се изведуваат во повеќе акти и дека ќе треба да направат одредени засеци, да ги елиминираат овие оштетени површини и да ги покриваат изгорените површини со различни видови трансплантации.

„Сето тоа бара време и многу напор“, рече полковникот Лековиќ, додавајќи дека пациентот кој бил примен во болницата во Ниш, бил опериран и дека е во сериозна состојба.

Тој изјавил дека тие испратиле тим од шест члена до Македонија, кој се состои од двајца хирурзи пластичари, анестезиолог, анестетичар и двајца медицински техничари.

„Тие останаа во Скопје за да им помагаат на колегите од Северна Македонија во операцијата на пациентите. Ќе бидат таму сè додека е потребно“, истакна Лековиќ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Обвинителството досега најде 14 одговорни за трагедијата во Кочани, се бара краткотраен притвор за сите

Објавено пред

Четиринаесет лица се прцесуирани и за нив Обвинителството ќе бара краткротраен притвор, а меѓу нив е и ексминистерот за економија, Крешник Бектеши. Државниот обвинител, Љупчо Коцевски информираше дека во моментов и  градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов, кој претходно поднесе оставка, е во зградата на Обвинителството и дава исказ.

dobivaj vesti na viber

Тој рече дека обвинителскиот тим е проширен на 9 јавни обвинители, кои интензивно постапуваат со обезбедување докази за трагедијата со која се соочи Кочани и цела Македонија поради сложеноста и тежината на настанот.

„Вчера и денес се издадени многу наредби и дејствија. Меѓу нив, на лице место се издадени 59 наредби за обдукции, наредби за обезбедување видео материјали, обезбедување на документација од правен субјект, вештачење мобилни телефони. Со наредби обезбедни преку ЈО се извршени претреси во Министерството за Екомонија и две други институции“, рече Коцевски.

Полицијата е овластена да го уапси било кој кој придонел кон настанување на катастрофалните последици, со своето постапување или непостапување.

Обвинителството итно побарало да бидат вклучени и градежна и трудова инспекција. Ангажирани се и вештаци од висоокообразовна установа.

„Цениме дека овие констатации се она што ќе го означи целото постапување. Показатели за непостапување има уште кога овој обкет бил пуштен во употреба и работел. Бидејќи постои централизирано дело во инспекциските служби, ќе биде испратено барање до инспекцискиот совет за лоцирање на одговорност чие постапување или непостапување довело до овој исход“, рече Коцевски.

Како што посочи, Обвинителството ќе мора да се справи со „прогледувањето низ прсти“ од било кој мотив.

„Ветувам дека истрагата ќе биде брза, ефикасна и сите кои сториле инкриминирани дејствија ќе одговараат. Ги разбирам граѓаните за гневот кој го чувствуваат, но апелирам во ова време смирено да се обединиме, виновниците да одговараат“, рече тој.

Одговорноста засега ќе се оценува низ делото: „тешки дела против општата сигурност“, со што се предвидува казна затвор од најмалку 3 до најмногу 20 години.

Коцевски рече и дека сите шпекулации за потенцијални ефекти на измените на кривичниот законик ги отфрла како неосновани и манипулативни.

Тој објсни дека јавноста не смее да се доведе во заблуда дека се одредуваат притвори од 48 часа, а не повеќе.

„Мерката краткротраен притвор е за обезбедување присуство на лицата, а се предлага во сложени предмети кога е потребно да се обезбедат докази. Може најмногу да биде одредена мерка најмногу два пати по 48 часа, што му овозомжува на обвинителот да го задржи лицето подолго од 24 часа. Смислата е јавниот обвинителд а има доволно време да ги преземе сите активности и да ги утврди фактите и околностите. Потоа се предлагаат нови мерки и краткотрајниот притвор се заменува со редовен притвор. Ваква мерка е предложена за 8 лица, а три се хоспитализирани. Ќе продолжи кога ќе им се подобри здравствената состојба“, појасни Коцевски.

Рече дека на обвинителскиот тим му претстојат уште неколку дена за да ги обезбеди сите докази за истражна постапка.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 минути

Обвинителството досега најде 14 одговорни за трагедијата во Кочани, се бара краткотраен притвор за сите

Четиринаесет лица се прцесуирани и за нив Обвинителството ќе бара краткротраен притвор, а меѓу нив е и ексминистерот за економија,...

Македонија1 час

На протестот во Кочани демолирано кафулето на сопственикот на дискотекта „Пулс”

Ескалира протестот во Кочани на кој се бара правда за загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“. Во еден момент, дел...

Македонија3 часа

Иле Гоцевски беше на првата линија, некои болки се преголеми, некои загуби се претешки за да се носат, рече Таравари за смртта на возачот на Итната помош

Министерот за здравство, Арбен Таравари, на социјалните мрежи се огласи за смртта на возачот на Итната помош во Кочани, Иле...

Македонија3 часа

Само 12 лиценци за кабареа биле издадени лани, Мицкоски вели – сите што работат на диво ќе бидат затворени

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека минатата година биле издадени смо 12 лиценци за кабареа, а може а се заклучи колку...

Македонија3 часа

Петнаесетмина експерти за изгореници од странство се стигнати во земјава, ќе ги лекуваат 84-те пациенти од пожарот кои се во македонските болници

Некои од лекарите специјалисти за лекување изгореници, кои најавија дека ќе дојдат за да помогнат во лекувањето на повредените од...

Македонија4 часа

Тошковски: Пиротехничките средства ги донел бендот ДНК, концертот бил одржан на диво

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска одржа прес конференција и рече од извршен разговор со член на групата на...

Македонија5 часа

Градоначалникот на Кочани поднесе оставка

„Во овие најтешки мигови за нашата земја и за мене лично, сакам да соопштам дека поднесувам неотповиклива оставка од функцијата...

Македонија5 часа

Поради можни вдишувачки изгореници, на лекар да се јават и оние кои се чувствуваат добро, а биле во дискотеката, апелираа Таравари и Клековски

Сите пациенти се во релативно стабилна состојба, испратените на лекување во странство се сместени во болниците и состојбата е под...

Регион6 часа

„Повредите им се тешки, изгорениците покриваат и до 28% од кожата“: се огласија лекарите од Ургентниот центар во Белград

Најмалку 59 лица загинаа во пожар што избувна ноќта меѓу саботата и неделата во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Најмладата жртва...

Македонија7 часа

ЈОРМ: Пребарување на серверите и на уште еден компјутер во Министерството за економија, наредено е графолошко вештачење на потписи на одредена документација

Обвинителскиот тим кој работи на истрагата за утврдување на причините за катастрофата во Кочани од утрово е проширен и во...

Македонија8 часа

(Фото) Знамињата пред Собрание на половина копје, денови на жалост во Македонија

Поради тргагедијата во Кочани, Владата на РСМ прогласи седумдневна жалост на територија на целата држава. „На вонредната владина седница по...

Македонија9 часа

Фудбалерот Лазаров не е единствениот, уште двајца спортисти загинаа во страотниот пожар во Кочани

Страшниот пожар што избувна во дискотеката во Кочани, го одзеде животот на повеќе од еден спортист. Покрај фудбалерот Андреј Лазаров,...

Регион9 часа

(Видео) Осум од повредените во Кочани се во „Пирогов“ во Софија, три се деца, сите се во тешка состојба

Осум од повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се во тешка состојба во Софија во болницата „Пирогов“. Од...

Регион10 часа

(Видео) Тројца пациенти од Кочани се примени во болница во Варна

Тројца повредени во пожарот во Кочани вчера се примени на Клиниката за изгореници при ВМА-Варна, јави Бгнес. Тие беа пренесени...

Регион10 часа

(Видео) Авион на српската армија со 12 повредени во пожарот во Кочани пристигна во Белград

Дванаесет пациенти повредени во пожарот во дискотека во Кочани вчера вечер се пренесени од Македонија во Белград со авион CASA...

Македонија18 часа

Пациентите кои се префрлени во странство се во стабилна состојба и под континуирана медицинска нега

Министерството за здравство информира дека од раните утрински часови во Клиничкиот центар функционира кризниот штаб, во тесна координација со Министерството...

Македонија18 часа

Обвинителството поведува постапка за проверка на 11 лица, за осум веќе е поднесен предлог за краткотраен притвор

Обвинителството до овој момент поведува постапка на проверки за вкупно 11 лица. Од нив предлог за краткотраен притвор е веќе...

Македонија20 часа

Дискотеката во Кочани имала само два противпожарни апарати, немала хидрантска мрежа, имала само една импровизирана врата и таа била затворена: Обвинителството регистрирало бројни неправилности

Вечерва државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, обзнани дека по извршениот увид во дискотеката во Кочани, биле забележани многу неправилности. Тој...

Македонија21 час

Ексминистерот за економија, Бектеши, повикан на распит во полиција

Поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши е повикан на информативен разговор во полиција. Во моментов се наоѓа во ПС Карпош....

Македонија22 часа

(Видео) Мицкоски не дава оставка: Прво ќе ги поразам сите овие кои го доведоа овој систем да биде корумпиран, а потоа ќе излеземе на избори

Премиерот Христијан Мицкоски на вонредна прес-конференција кажа дека дискотеката имала фалсификувана лиценца издадена на 13 март 2024 година, потпишана од...