Контакт

Избори 2019

Силјановска-Давкова: Ќе се борам за воведување соодветни мерки за чист воздух

Објавено пред

Кандидатот за претседател, Гордана Силјановска-Давкова, вчера оствари средба со граѓаните во општина Крива Паланка и разговараше со нив за енормното загадување оценувајќи дека се работи за сериозен проблем што власта го занемарува и не презема соодветни мерки.

На средбата Гордана Силјановска-Давкова говореше за дадените ветувања за време на предизборните кампањи дека воздухот ќе го исчитат кога ќе дојдат на власт.

„Од нивните ветувања немаше ништо. Граѓаните се задушуваа оваа зима, дури и бевме меѓу првите 5 земји во светот по загаденост“, рече Силјановска.

Таа го спомена и Водно како пример, каде што се врши напад врз природата и при апелите на граѓаните и организациите за заштита на животна средина тие сепак продолжија да го уништуваат со изговор дека ќе изградат гасификација.

„Заменик-министерот, бивш пратеник, вели – сега кога ќе го донесеме законот за заштита на Водно, тогаш ќе биде Водно заштитено и нема да се гради. Ама сега дај да доградиме и да забетонираме уште нешто, па после ќе ги решиме сите проблеми“, образложи Гордана Силјановска-Давкова.

Кандидатката, која е поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, им вети на граѓаните дека кога ќе стане претседателка, ќе се залага да владеат правото и законот во државата, а воедно нема да дозволи да се уништува природата како сега што се случува. Во врска со енормното загадување рече дека ќе се бори да се воведат еднаш засекогаш соодветни мерки бидејќи граѓаните имаат право на чист воздух.

Избори 2019

(Видео) Реџепи: Река е број 1 – за една република за сите граѓани

Објавено пред

Рамадан Реџепи, портпаролот на изборниот штаб на претседателскиот кандидат, Блерим Река, по извлекувањето на бројот 1 за редоследот на гласачкото ливче при жрепката во ДИК, кажа дека очекува европска кампања.

„За наша среќа бројот 1 е наш, а тоа е и идејта на професор Река, да се бориме за една република за сите, една европска мултиетничка држава за сите. Се надеваме на мирни и европски избори“, додаде Реџепи.

Жрепката во ДИК одлучи претседателските кандидати на гласачкото ливче да бидат испишани под редослед: Блерим Река, Гордана Силјановска и Стево Пендаровски.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

(Видео) Арсовски: Бројот 2 значи победа на Силјановска во двата круга

Објавено пред

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, денеска како претставник на опозициската партија учествуваше во извлекувањето на жрепката во ДИК во однос на редниот број на претседателските кандидати на гласачкото ливче.

Арсковски го извлече редниот бројот 2 за Гордана Силјановска – кандидатката која ја поддржа неговата партија. Портпаролот потоа истакна дека овој број симболично ја означува победата на Силјановска и во двата круга.

Тој најави дека од денес престануваат сите активности на претседателскиот кандидат до 1 април и обвини дека власта не го почитува тоа односно дека од таму и утринава продолжиле со интернет активности.

Арсовски вели дека се надева дека власта ја научила лекцијата за фер и демократски услови за кампања што, според него, не било случај за референдумот.

Инаку, денешната жрепка во ДИК одреди претседателските кандидати на гласачките ливчиња да бидат испишани по следниов редослед: 1. Блерим Река; 2. Гордана Силјановска; 3. Стево Пендаровски.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

Во понеделник жрепка за кандидатите за градоначалници

Објавено пред

В понеделник преку жрепка ќе се утврди редоследот на кандидатите за локалните избори што ќе се одржат во три општини – Охрид, Ново Село и Дебар, соопшти Државната изборна комисија.

За градоначалник на Охрид претендираат 5 кандидати, за Ново Село двајца, и за Дебар има 2 кандидати.

Изборите за градоначалници во трите општини се закажани на 21 април, заедно со претседателските.

Во Државната изборна комсија денеска беше утврден редоследот на гласачкото ливче за кандидатите за претседател.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет5 часа

Објавени резултатите од големата истрага – Трамп не соработувал со Русија

Кампањата на Доналд Трамп за претседателските избори во 2016 година не заговарала со Русија, покажува извештајот на специјалниот советник Роберт...

Свет5 часа

Руски воени авиони со војници слетале во Венецуела, никој не знае зошто

Два руски воени авиони слетале вчера на аеродромот во Каракас со високи офицери и стотина војници, објавил локален новинар. Една...

Регион7 часа

Шешељ повторно ги запали знамињата на ЕУ и НАТО

Лидерот на српските радикали, Воислав Шешељ, на денешното одбележување на 20-годишнината од бомбардирањето на поранешната Сојузна Република Југославија, ги запали...

Македонија10 часа

(Видео) Рудник нема да има, ако треба со жив ѕид ќе ги браниме Иловица и Штука, порачаа младите

Не сакаме рудници, сакаме здрава котлина и здрав живот, очекуваме конечно властите да се залагаат за активности што ќе бидат...

Топ11 час

Ахмети: Апелирам опозицијата да не се повлекува од преговорите за СЈО

Опозицијата да не се повлекува од преговорите за СЈО, порача денеска лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Според него треба да...

Македонија16 часа

Повторно гореа трски на брегот на Охридското Езеро

Вчера покрај брегот на Охридското Езеро, помеѓу Струга и селото Калишта, настанал пожар при што опожарена била трска, соопшти Министерстото...

Топ16 часа

Мотоциклист прегазил жена и побегнал

(Фото: Илустрација) Вчера на улицата Пере Тошев,  мотоцикл со скопски регистерски таблици управуван од непознато лице удрил во 44-годишнен пешак...

Македонија16 часа

Уставен в среда ќе одлучува дали обвинетите на СЈО кои го оштетиле буџетот може да добијат пониски казни

Уставниот суд на седница закажана за среда 27 март ќе одлучува дали да поведе иницијатива за оценка на уставноста на...

Свет17 часа

(Видео) Драматична спасувачка акција: Извлечени сите патници од крузерот во Норвешка

Сите 1.300 лица кои се наоѓале на крузерот, чијшто мотор откажа вчера недалеку од западниот брег на Норвешка, биле спасени,...

Македонија17 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Заевизмот донесе 2 века казна за луѓе кои не направиле ништо лошо

Недолжни граѓани станаа жртви на политички прогон само затоа што не се согласуваат со политиките на Зоран Заев, вели ВМРО-ДПМНЕ,...

Македонија18 часа

Сончево време со температури до 23 степени

Времето днеска ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен претежно северен ветер. Максималната температура ќе...

Македонија1 ден

Домашни и грчки експерти договорија учебниците да се усогласат во духот на Преспанскиот договор

На вториот состанок на Заедничкиот интердициплинарен комитет оформен согласно Преспанскиот договор, македонската и грчката делегација на експерти за историски, археолошки...

Европа1 ден

Над 30 уапсени на протестите во Париз, против „жолтите елеци“ ангажирана и војската

Повремени судири меѓу демонстрантите и полицијата избиваа денеска на улиците низ Париз и другите француски градови за време на протестите...

Топ1 ден

Затвореник во „Идризово“ избоден во тепачка со неговиот брат близнак

Во затворот „Идризово“ во Скопје, во претпладневните часови на 22 март дошло до крвав инцидент меѓу двајца браќа – затвореници....

Топ1 ден

(Видео) Османи за СЈО: Да продолжат преговорите, но и потрагата по двотретинско мнозинство

Да продолжат преговорите со опозициската ВМРО-ДПМНЕ за заеднички договор за судбината на СЈО, но истовремено да продолжат и разговори со...

Македонија1 ден

(Видео) За Спасовски писмото на ИВЗ е уцена, Османи повикува на дијалог

Македонија е секуларна држава и апсолутно е непримерно во услови кога станува збор за судската власт и постапки пред судовите...

Топ2 дена

Од Вардар извлечено тело на 20-годишно момче

Околу 10 часот утринава од водите на Вардар во близина на Гостивар, е извлечено безживотното тело на 20-годишно момче. Телото...

Свет2 дена

Уништена Исламска држава во Сирија, го изгуби и последното упориште

Иако поразот на Исламска држава во Багуз означува крај на власта над џихадистичката квази држава, која се простираше на делови...

Свет2 дена

Стотици илјади Британци на протест во Лондон, бараат втор референдум за брегзит

Неколку стотици илјади Британци од цела Велика Британија, денеска на улиците на Лондон бараат нов референдум за брегзит. Се очекува...

Свет2 дена

Противниците на новиот закон за авторски права најавија протести низ Европа

Илјадници демонстранти се очекуваат денеска да излезат на улиците низ Европа во пресрет на одлучувачкото гласање за реформа на законот...

Досие