Македонија
Синдикатот на Клиничкиот центар: Поскапувањето на паркингот ќе ги погоди вработените со ниски примања
Планираното покачување на паркинг-местото во кампусот клиники „Мајка Тереза“ најмногу ќе ги погоди вработените од социјално најранливата категорија, чија бруто-плата изнесува 17,883 денари, односно 12,503.00 денари нето-плата. Ваква е реакцијата на синдикатот на Клинички центар, по најавите на Град Скопје дека паркингот за вработените од „Мајка Тереза“ би можел да поскапе од 300 на 800 денари месечно.
Од Синдикатот преку соопштение велат дека на овој начин оваа категорија вработени треба приближно еден месец во годината да работи за да го плати паркинг-местото на своето возило за време на извршување на своите работни обврски.
„Доколку Советот на град Скопје го изгласа овој предлог на ЈП ‘Градски паркинзи’ и истиот почне да се применува, планираното покачување на платата на оваа категорија вработени од 5 проценти за 2019 година, почнувајќи со септемвриската плата само по овој основ, практично се сведува на нула отсто. Дали надлежните институции кои управуваат со паркингот во кампусот клиники ‘Мајка Тереза’ сметаат дека оваа социјално најранлива категорија вработени нема право со возило да оди на своето работно место“, прашуваат од синдикатот.
Предложеното покачување, како што додаваат, ќе се одрази и во намалување на планираниот процент на покачување на платите за следната година и на сите други профили вработени во кампусот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
„Верувавме дека со планираната изградба на катните гаражи за паркинг вработените во кампусот клиники ‘Мајка Тереза’ ќе имаат картички со бесплатно паркинг-место, соодветно на праксата во болниците во развиените земји, како и во приватните болници во Македонија.
Синдикатот на Клинички центар го повикува министерот за здравство, Венко Филипче, со својот личен и со авторитетот на институцијата што ја претставува да го реши овој новонастанат проблем во полза и корист на вработените во кампусот клиники ‘Мајка Тереза’ чии интереси ги застапува во рамките на своите надлежности“, додава Синдикатот во соопштението и порачува дека доколку биде изгласан предлогот, синдикатот ќе биде принуден да превземе соодветни мерки за да ги заштити правата и интересите на своето членство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Изет Меџити од Берлин: Дијаспората ја совлада Југославија, ќе го совладат и ДУИ
Лидерот на Демократското Движење, истовремено и носител во изборната единица број еден, Изет Меџити, учествуваше во голем собир со дијаспората во Берлин на Коалицијата ВЛЕН (ВРЕДИ).
Меџити од овој собир на дијаспората и се обрати со зборови каде им ја даде убавата вест дека на 8 мај пристигнува победата, но и за вредноста на учеството на дијаспората во овие избори кои многу добро знаат да казнуваат режими и тие кои го мразат Курти и Косово.
„Првите политички движења се отпочнати од дијаспората, како за совладување на Југославија, така и за независноста на Косово, а токму од ова дијаспора ќе пристигне и казната за ДУИ која се спротиставува на Косово и кокетира со Вучиќ”.
Тој, исто така, додаде дека сега е историскиот момент за промени во албанската политичка сцена после децении, со обединетата опозиција и со Самоопределување.
Македонија
Во Скопје санкционирани 179 возачи
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (19.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 179 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 51 санкција, 11 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкии за поминување на затворен сигнал – црвено светло, седум мерки за управување под дејство на алкохол…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Македонија
Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи
Поради предизборни митинзи за претседателските избори викендов во централното градско подрачје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим.
Како што информира Министерството за внатрешни работи од денеска од 19 часот до утре до 21 часот на улицата „Св. Кирил и Методиј“ ќе биде воведен посебен сообраќаен режим поради одржување на митинг што ќе се одржи утре во 13 часот пред седиштето на Европската унија. За сообраќај ќе биде затворена ул.„Св.Кирил и Методиј“ на потегот од крстосницата со бул.„Кочо Рацин“ до крстосницата со бул.„Св. Климент Охридски“.
Утре во 20 часот на плоштадот „Македонија“, пак, ќе се одржи митинг од изборната кампања за претседателските избори поради што Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје, а сообраќајот времено ќе се запира на сообраќајниците по кои ќе се движат учесниците на настанот.
Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.