Контакт

Македонија

Синдикатот бара покачување на платите за скопските пожарникари

Објавено пред

Синдикатот на пожарникари на Град Скопје бара покачување на платите на скопските пожарникари на нивото предвидено со закон и потврдено од суд. Од синдикатот посочија дека судот пресудил во нивна полза во однос на тужбите поради исплатена плата за 10 отсто помала од таа што требало да им се пресметува за периодот (2014-2017).

dobivaj vesti na viber

Од синдикатот велат дека со покачувањето на платите на пожарникарите, Градот ќе заштеди на судски трошоци, а пожарникарите во просек би добивале 25-26 илјади денари, наместо досегашните 20 илјади денари.

„Со тоа пожарникарите ги добиваат своите пари, но Градот покрај овие пари исплаќа и камати, трошоци за судот и за адвокати, а понекогаш и за извршители. Секако ние остануваме оштетени за некоја сума на пари поради тоа што овие пари не ни се пресметуваат во просекот за пензионирање. Од вештачењето на стручните лица во судската постапка се гледа дека наместо сегашните 90-ина милиони денари потрошени за оштета за три години за скопските пожарникари, покачувањето на платите онака како што налага судот при што секој од нас во просек наместо сегашните 20.000 ќе добива 25-26.000 денари, со што би го достигнале републичкиот просек, а би го чинело Градот дупло помалку. Напоменуваме дека трошоците се далеку поголеми кога би се пресметало за сите противпожарни единици низ државата“, се вели во реакцијата од Синдикатот на пожарникари на Град Скопје.

Синдикатот на пожарникари на Град Скопје ги повикува институциите да ја работат својата работа, а истовремено домаќински да ги трошат јавните пари и во соработка со синдикатото конечно да го решат ова прашање како не би имало потреба од поинакви форми на протест.

Македонија

Токсично млеко и јогурт завршиле во маркетите, а АХВ спие, вели опозицијата

Објавено пред

Опозицијата обвинува дека млеко и протеински јогурт со амфлатоксин завршило во маркетите, АХВ спие, се буди само кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ги фати на дело.

dobivaj vesti na viber

„Здравјето на граѓаните е константно загрозено поради кеиминогеноста и неспособнста на власта. Млеко и протеински јогурт со амфлатоксин од Србија влегле во Македонија, и завршиле по трпезите на граѓаните. АХВ како да не функционира. Агенцијата чека ВМРО-ДПМНЕ да ги фати на дело незаконитостите, па потоа како аналитичари да констатираат дека да тоа се случило, но еве сега постапуваат. Фактичката состојба е дека не знаеме дали постапуваат, зошто ниту е објавено дека млекото е вратено, ниту дека е уништено. Дали тоа значи дека веќе е исконзумирано?“, пишува ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата бара директорот на АХВ ведаш да си поднесе оставка, а ЈО да отвори случај.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Груби ја ветил коцкарската индустрија на Черепот, близок до Пригожин и Москва?

Објавено пред

Дали Груби ја ветил коцкарската индустрија на Черепот, близок до Пригожин и Москва, мафијаш во притвор?! – прашува ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Огласот на Лотарија е кроен по лицето на 8888.бг на Васил Божков Черепот, бугарски мафијаш, кој од неодамна се наоѓа во притвор, а е познат по голем број криминали и сомнежи за убиства. Груби сака да ја направи Македонија партнер во бизнисите со Черепот. Черепот е проблематичен по повеќе основи, како поради неговите криминални дејанија, така и по неговите блиски врски со Москва и Пригожин. Бугарските медиуми го квалификуваат како човек на Пригожин, а Груби го мести за партнер на државата во бизнисот со игри на среќа“, се вели во утринското соопштение на партијата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Времето денеска сончево и топло

Објавено пред

Времето денеска ќе биде сончево со мала, а претежно во северните делови со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, најизразен долж Повардарието (каде на места ќе има брзина и над 60 км/час).

dobivaj vesti na viber

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 16, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени.

Во Скопје сончево со умерена облачност и со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 27 степени.

Продолжува периодот на претежно сончево и релативно топло време со свежи утра и со повремена умерена облачност.

Утре ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Во четврток и петок ќе има делумно зголемување на облачноста и услови за краткотраен локален дожд.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет5 минути

(Видео) Хаос во Анкара: се слушаат експлозии, има повредени, сите улици се затворени

Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја изјави дека утринава околу 9 часот и 30 минути се случил бомбашки напад...

Македонија54 минути

Токсично млеко и јогурт завршиле во маркетите, а АХВ спие, вели опозицијата

Опозицијата обвинува дека млеко и протеински јогурт со амфлатоксин завршило во маркетите, АХВ спие, се буди само кога ВМРО-ДПМНЕ ќе...

Економија1 час

Алатка на Народната банка за споредба на надоместоците за платежните услуги кај банките

За прв пат граѓаните можат на брз и едноставен начин да направат споредба на надоместоците за платежните услуги кај банките...

Македонија1 час

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Груби ја ветил коцкарската индустрија на Черепот, близок до Пригожин и Москва?

Дали Груби ја ветил коцкарската индустрија на Черепот, близок до Пригожин и Москва, мафијаш во притвор?! – прашува ВМРО-ДПМНЕ. „Огласот...

Регион2 часа

Денеска погреб на убиените Срби во Бањска

Тројцата Срби кои минатата недела беа убиени во Бањска, Стефан Недељковиќ, Бојан Мијаиловиќ и Игор Миленковиќ, денеска ќе бидат погребани...

Топ2 часа

Кривична пријава за скопјанецот кој запали стан во Хром за да прикрие убиство

МВР поднесе кривични пријави против две лица од Скопје за “убиство” и “тешки дела против општата сигурност”, на кој им...

Регион2 часа

Лондон повика на дијалог меѓу Белград и Приштина

Државниот министер за Европа во британското Министерство за надворешни работи, Лео Дочерти, изрази задоволство што британските сили ќе придонесат за...

Регион16 часа

Тензиите растат: борбени возила на српската армија во околината на Прокупље, се упатуваат кон внатрешноста на централна Србија

Колона борбени возила на Војската на Србија денеска повторно е забележана, овојпат во околината на Прокупље. Репортерите на српски Курир...

Регион17 часа

(Фото) Проценките достигнаа 5 милијарди евра: Грција ги сумира штетите од разорните поплави

Во Грција се сумираат штетите од разорните поплави што го погодија централниот дел на земјата поради невремето Даниел на почетокот...

Македонија18 часа

Петровска ги посети војниците кои се дел од силите на НАТО во Бугарија

Припадниците на Армијата на Македонија кои се дел од мултинационалните сили на НАТО во Бугарија се на ниво на задачата,...

Македонија19 часа

Министерот за внатрешни е против законот за амнестија

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски е против Законот за амнестија кој го предлага Владата. „Апсолутно не е соодветно ниту...

Економија20 часа

За доматите, краставиците и пиперот не се намалуваат увозните давачки во октомври и ноември оти тогаш производството е најголемо, вели Николовски

Министерот за земјоделие Љупчо Николовски денеска објасни дека за доматите, краставиците и пиперот не се намалуваат увозните царински давачки во...

Македонија20 часа

Меџити: глукомерите се безбедни, отсега нема да доцнат лековите

„Додека сум министер, отсега натаму нема да се случи да доцни тендерирање или јавни набавки за лекови, освен во случај...

Македонија22 часа

ВМРО-ДПМНЕ објави документи за токсично млеко и јогурт, бара одговрност од Агенцијата за храна

ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес конференција објави документи во врска со информациите дека во Македонија се увезува млеко кое содржи афлатоксин....

Економија22 часа

ЕСМ ги повика потрошувачите да проверат дали објектите се подготвени за грејна сезона, а не кажува дали ќе ги намести цевките под Беласица

ЕСМ ги повикува потрошувачите да ги завршат интервенциите на внатрешната грејна инсталација, да овозможат пристап на екипите на компанијата до...

Македонија23 часа

Заев: време е за нов македонски успех

Екс премиерот Зоран Заев во објава на Фејсбук по повод петгодишнината од референдумот напиша дека 30 септември 2018 година е...

Економија1 ден

Нови цени на горивата

Од денеска малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се намали за 2 денари, додека цените на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95,...

Македонија1 ден

Петровска – Тагaрeв: соработката во одбраната може да биде позитивен пример како да се развиваат односите меѓу двете држави

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во Ново Село, Бугарија ќе ги посети припадниците на Армијата на Република Северна Македонија...

Македонија1 ден

Пендаровски ја додели специјалната награда „Камера 300“ на кинематограферот Шејмус Мек Гарви

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше и се обрати на затворањето на 44. издание на интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“...

Економија1 ден

СДСМ: Нова 55MW фотоволтаична електрана – најголема на Балканот

Започна со работа најголемата фотоволтаична централа на Балканот, со капацитет од 55 MW, која ги задоволува годишните потреби на 30.000...