Контакт

Македонија

Сите деца од Домот „25 Мај“ од денеска ќе живеат во мали групни домови

Објавено пред

Мила Царовска, 25 Мај

25-те деца од Јавната институција за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми „25 Мај“ од денеска ќе живеат во мали групни домови, соопшти министерката за труд и социјална политика, Мила Царвоска.

„Подготвена е нова програма за работа со овие деца, постојниот кадар помина низ практична обука, а се обезбедија и нови 18 вработувања. Целосно ги приспособуваме условите во согласност со потребите на оние за кои треба да се грижиме наместо да ги приспособуваме луѓето на системот. Посветено работиме за обезбедување еднакви можности, хумани и достоинствени услови за раст и развој за децата сместени во институциите. Деинституционализацијата е трајно решение во оваа насока“, рече Царовска на отворањето на еден од домовите.

Бенџамин Перкс, претставник на УНИЦЕФ, рече дека, за жал, секогаш ќе има ситуации кога не е можно, не е безбедно или не е во најдобар интерес на детето да живее со своeто биолошко семејство.

„Грижата во згрижувачко семејство е најдобрата алтернатива на големата институција, но семејното опкружување исто така може да се добие во мал групeн дом каде што децата го добиваат чувството на припадност, стабилност и поддршка што им е потребно. Да не заборавиме и на возрасните во институциите – тие исто така заслужуваат живот во заедницата. Сите агенции на Обедините нации во земјата се посветени на поддршка на деинституционализацијата за сите деца и возрасни што живеат во институции да може да го уживаат своето право на достоинствен живот“, рече Перкс.

Македонија

Штипскиот градоначалник е против карантин, смета дека затварањето на текстилните фабрики ќе даде резултати

Објавено пред

Како прв човек на градот и претседател на општинскиoт кризен штаб, сум против во Штип да се воведе карантин, вели градоначалникот, Благој Бочварски.

Тој соопшти дека на денешниот состанок на кризниот штаб препорачал градот да остане на мерката за затворање на петте текстилни фабрики и околу 500 работници да бидат во домашна изолација, па тогаш да се носат нови одлуки.

Градоначалникот појасни дека од утре започнува пошироко тестирање за Ковид-19 на вработените од овие пет конфекции, кои задолжително ќе останат во самоизолација.

Бочварски повика на одговорност и дисциплина до граѓаните, за, како што рече, да не се доведе градот во состојба која ќе води кон затварање и врќање на полицискиот час.

„Новозаразените се како резултат на контактите што ги оствариле со заболените, но и при траспорт во автобускиот превоз кој го користеле да стигнат на работа. Затоа ја подржувам одлуката за затворање на текстилните фабрики која важи до 7 јуни и да почекаме да видиме дали мерката ќе даде резултати. На денешниот состанок на општинскиот кризен штаб, стана збор и за евентуално воведување на карантин во градот, но, јас реков, дека сум против рестриктивни мерки и враќање на полицискиот час, затоа што така ќе застане работата на транспортните и на другите компани воопшто. Сакам да додадам дека се врши секојдневна дезинфекција на гардот, а сите општински институции во Штип се на располагање во борбата против коронавирусот. Ги повикувам граѓаните да бидат дисциплинирани, за да се избориме со овој нов бран“, изјави Бочварски.

Според информациите од Центарот за јавно здравје Штип, од 27 нови случаи, 25 се текстилни рабоници од кои 23 се од една фабрика, а останатите двајца се од две други фабрики. Од вкупно 89 регистрирани новозаразени во земјава во последните 24 часа, најголем број од нив беа од Скопје (35) и Штип (27).

 

 

 

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Филипче: Бројки како вчерашните и денешните очекуваме и во следните неколку дена

Објавено пред

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека се очекува бројката на новодијагностицирани од Ковид-19 и во следниве 2-3 дена да биде слична како денешната и вчерешната.

Тој вели дека евентуално во текот на викендот може да се намали бројот на новозаразени. Како пример Филипче ја наведе општината Сарај, каде што во последниот период имаше зголемување на бројот на заразени, а сега, по исцпрувањето на сите контакти, во изминатите 24 часа се дијагностицирани само двајца.

Истото, вели Филипче, се очекува да се случи и во Штип, во петте конфекциски фрабрики, кои ќе бидат затворени до наредниот понеделник, а во тој период треба да бидат тестирани сите 600 луѓе, вработени во тие институции.

Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани 62 новозаразени и два смртни случаја. Денеска црниот биланс се зголеми со 7 починати, а забележани се и 89 случаи на инфекција.

Прикажи повеќе...

Македонија

Спасовски негативен на коронавирус

Објавено пред

Техничкиот премиер, Оливер Спасовски, објави дека резултатите од тестот за коронавирус се негативни.

„Само што ги добив резултатите од денешниот Ковид-19 тест. Тестот е негативен и немам никакви симптоми, а додека не ги добијам официјалните препораки од епидемиолозите, ќе останам во домашна изолација.

На сите кои се соочуваат со вирусот им посакувам брзо оздравување и уште еднаш силно апелирам сите да ги почитуваме мерките, за да му овозможиме на здравствениот систем да ја одржи контролата врз кластерите каде се појавуваат нови случаи на заболени“, објави Спасовски на „Фејсбук“.

Спасовски направи тест за Ковид-19 откако вчера беше во Куманово заедно со директорката на УЈП, Сања Лукаревска, која денеска објави дека е заразена со коронавирусот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија42 минути

Филипче: Бројки како вчерашните и денешните очекуваме и во следните неколку дена

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека се очекува бројката на новодијагностицирани од Ковид-19 и во следниве 2-3 дена да...

Македонија2 часа

Филипче: Над 70 отсто од новите случаи се од познати кластери

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека 70 отсто од новозаболените од Ковид-19 од Скопје се од веќе познати општини...

Македонија2 часа

Османи: Засега нема предлог за воведување полициски час во одделни скопски општини

Засега нема предлог до Кризниот штаб и Владата за воведување полициски час во одделни општини низ Скопје, каде бројот на...

Македонија3 часа

Седум починати и 89 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во изминатите 24 часа во државава се потврдени 89 нови случаи на коронавирус и седум смртни случаи, соопшти Министерството за...

Економија4 часа

Горивата поевтинуваат

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за половина денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Од вечерва на...

Македонија4 часа

(Видео) Заев: Датумот е завршена работа, избори ќе има на 5 јули

Поради заштита, изборите се решение, а датумот е завршена работа, тие ќе се случат на 5 јули за да добиеме...

Регион5 часа

Словенија официјално прогласи крај на епидемијата на Ковид-19

Словенија официјално прогласи крај на епидемијата на коронавирус. Од денеска се олеснети рестриктивните мерки, а со работа почнуваат фитнес-центрите, салоните...

Македонија5 часа

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска, позитивна на Ковид-19

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, објави на Фејсбук дека е позитивна на коронавирус. Таа вели дека по...

Македонија6 часа

И директорот на финансиска полиција и градоначалникот на Чаир во самоизолација

Директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми, и градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, се во самоизолација затоа што...

Македонија7 часа

Од утре пак не важи бесплатниот автобуски превоз за пензионери

Oд утре, вторник, 2 јуни, повторно нема да важи бесплатното користење на јавниот превоз за возрасни лица, односно за жени...

Македонија7 часа

Османи: Денеска бројот е уште позагрижувачки!

Денеска бројот е уште позагрижувачки, напиша вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, на „Фејсбук“. Тој вели дека не е потребно...

Македонија8 часа

Царовска и Манчевски во самоизолација, биле на состанок со Зекири

Вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска, и министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, од денеска се во самоизолација...

Македонија8 часа

Црна Гора не прима македонски државјани поради зголемениот број заразени

Владата на Црна Гора ја отстрани Македонија од листата држави кои немаат потреба од државен карантин при влез на територијата...

Свет8 часа

(Видео) Протестите за смртта на Афроамериканецот се проширија и во Европа

Во Лондон и уште неколку градови во Велика Британија се одржаа протести како поддршка на демонстрациите во САД, поради смртта...

Свет8 часа

(Видео) Трамп евакуиран во подземен бункер под Белата куќа

Агенти од тајната служба го спровеле американскиот претседател Доналд Трамп во бункер во време кога Белата куќа ја опколија демонстранти,...

Свет19 часа

(Видео) Астронаутите на „Спејс-икс“ и НАСА пристигнаа во вселенската станица

Вселенското летало „Dragon“ на американската компанија „Space-X“, во кое се вклучени астронаути нa НАСА, Роберт Бенкен и Даглас Харли, пристигна...

Македонија21 час

Заев: Гласањето на изборите ќе се одржи според сите безбедносни протоколи

Избори мора да има час поскоро. Предизбрните активности и самото гласање ќе се одржат согласно сите безбедносни протоколи, пишува претседателот...

Македонија1 ден

Јанушев чека резултати од тестот по дебатата со Зекири, новинарката Мрѓа е во домашна изолација

Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири кој е заразен со коронавирус, пред два дена учествуваше на дебата во ТВ24 заедно со...

Спорт1 ден

Позитивни на Ковид-19 има во Ренова и Шкендија

Ре-стартот на фудбалскиот шампионат на Македонија, предвиден за 14 или 21 јуни, најверојатно ќе биде одложен откако четворица од Ренова...

Економија1 ден

Бектеши: Од 15 јули ваучери од 6.000 денари за домашен туризам

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес-конференција информираше дека на последната седница на Владата, на предлог на Министерството за...

Досие