Контакт

Македонија

Скопје: „Пајакот“ вчера кренал 119 непрописно паркирани возила

Објавено пред

Во текот на вчерашниот ден специјалното возило „пајак“ подигнало 119 непрописно паркирани возила во Скопје.

Како што информира МВР, вчера се казнети 17 возачи бидејќи се движеле со брзина поголема од дозволената, 11 возачи се исклучени од сообраќајот бидејќи управувале возило без дозвола, додека двајца затоа што управувале возило под дејство на алкохол. Единаесет возачи, пак, се исклучени од сообраќај бидејќи биле со истечена важност на сообраќајната дозвола. Четворица возачи се санкционирани бидејќи поминале на црвено светло.

Македонија

Апасиев најавува предлог мерки за реформа на банкарскиот сектор, ќе бара и канцеларија во Собранието

Објавено пред

Пратеникот од Левица, Димитар Апасиев, најави дека партијата во најскоро време ќе предложи мерки за реформа на банкарскиот сектор, по случувањата со Еуростандард банка. Тој вели дека уште денес ќе оди во Собранието и ќе бара да му биде доделена канцеларија, бидејќи СДСМ толкува дека парламентот е конституиран. Во тој случај, според Апасиев, по закон се должни да им обезбедат соодветни услови за работа, а не да чекаат во ходниците.

На социјалните мрежи Апсиев пишува дека „подмолната игра околу пропаста на Еуростандард банка и тргувањето со инсајдерски информации од страна на Гувернерката и Министерката за финансии ќе биде тригер за иницирање голема реформа на банкарскиот сектор“, преку она што тие го нарекуваат антилихварско законодавство.

„Овие мерки ќе бидат предложени во најскоро време од страна на пратениците на Левица, со цел ослободување на народот од должничкото ропство спрема алчните банкари“, пишува Апасиев.

Меѓу мерките кои ги предлага Левица се воведување на државна комерцијална Банка за бескаматно кредитирање на населението, а преку која вработените во јавниот сектор ќе ги примаат своите плати. Понатаму, зауздување на банкарскиот сектор, преку намалување на вишокот на ликвидност на банките и ограничување на екстра профитите и бонусите на банкарите.

Левица ќе предложи и ограничување на банкарските провизии, воведување на максимални каматни стапки, како и намалување на казнените камати.

Апасиев вели дека од следната недела ќе се консултира со еминентни професори од економските факултети ширум Македонија за да стават крај на оваа правна несигурност која илјадници сограѓани, преку ноќ, ги доведува на раб на нервен слом и им ги уништува животите, а ниту еден банкар досега не одговарал кривично за она што го предизвикал.

Прикажи повеќе...

Македонија

Казни за 470 лица кои не носеле маска

Објавено пред

Во текот на изминатото деноноќие, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 470 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.

Прикажи повеќе...

Македонија

Црна Гора ги отвора границите за македонските граѓани

Објавено пред

Директорот на Институтот за јавно здравје, Бобан Мугоша, изјави дека Црна Гора од утре ќе ги отвори своите граници за граѓаните на Македонија.

„Црна Гора ќе ги отвори своите граници со Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово и западноевропските земји од утре“, објави Мугоса, пренесува Cdm.me, додавајќи дека епидемиолошката состојба со коронавирусот се подобрува во овие земји.

Тој рече дека денеска ќе се одржи електронска седница на Националното координативно тело, на која ќе бидат дефинирани начините за влез во Црна Гора од споменатите земји.

Според него, било решено да се отворат границите со овие земји на барање на туристичката заедница.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 минути

Апасиев најавува предлог мерки за реформа на банкарскиот сектор, ќе бара и канцеларија во Собранието

Пратеникот од Левица, Димитар Апасиев, најави дека партијата во најскоро време ќе предложи мерки за реформа на банкарскиот сектор, по...

Македонија37 минути

Црна Гора ги отвора границите за македонските граѓани

Директорот на Институтот за јавно здравје, Бобан Мугоша, изјави дека Црна Гора од утре ќе ги отвори своите граници за...

Топ41 минута

Уапсен тетовец кој запалил две возила на ЕВН

Пожарникарите во Тетово во текот на ноќта интервенирале на две запалени возила, сопственост на компанијата ЕВН Македонија, на две одвоени...

Свет1 час

Германка заразена со Ковид-19 ќе плати казна од 10 илјади евра бидејќи го напуштила карантинот

Судот во Австрија казни жена на 10.800 евра бидејќи го напуштила карантинот додека била заразена со коронавирус. Регионалниот суд во...

Свет2 часа

СЗО: Руската вакцина не е меѓу деветте кои се во напредна фаза на тестирање

Светската здравствена организација соопшти дека вакцината одобрена од Русија оваа недела не е меѓу деветте, за кои се смета дека...

Свет4 часа

Поради поплаките на Трамп, се менува стандардот за тушевите

Кога американскиот претседател, Доналд Трамп, повеќепати се пожали дека не му се допаѓа начинот на кој работат тушевите, американските власти...

Свет13 часа

(Видео) Маж спасен во последната секунда, му се заглавила инвалидската количка во пругата додека доаѓал воз

Камера од опремата на полицајка во Калифорнија сними неверојатно спасување во последен миг на лице со попреченост, чијашто инвалидска количка...

Свет13 часа

Израел и Обединетите Арапски Емирати постигнаа историски договор со посредство на Трамп

Претседателот на САД, Доналд Трамп соопшти дека телефонски разговарал со лидерите на Израел и Обединетите Арапски Емирати и дека е постигнат...

Европа14 часа

Белгија воведува пилот програма за брзо тестирање на Ковид-19 во домашни услови

Илјадници студенти од белгискиот Универзитет во Лијеж од септември секоја недела дома ќе собираат примерок од плунката за брз тест...

Македонија16 часа

Пендаровски: Заев ќе го врати мандатот ако не обезбеди мнозинство

Зоран Заев го добил мандатот поради тоа што истекуваат уставните рокови, сепак, ако не успее да формира Влада, мандатот ќе...

Македонија16 часа

Заев и Ахмети по средбата: Постојат добри основи за напредок

Попладнево заврши работната средба меѓу СДСМ и коалицијата “Можеме” и ДУИ на која учествуваа претседателите Зоран Заев и Али Ахмети...

Македонија17 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги замрзнува односите со Пендаровски

ВМРО-ДПМНЕ донесе заклучок дека од овој момент ги замрзнува односите и комуникацијата со претседателот Стево Пендаровски и ќе ги преиспита...

Топ18 часа

Женско тело извадено од водите на Пчиња

Безживотно женско тело било забележано во водите на реката Пчиња. Како што информираат од полицијата, телото било пронајдено вчера под...

Македонија18 часа

Американската амбасадорка му го честита мандатот на Заев

Американската амбасадорка, Кејт Мари Брнз, му го честита мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев за состав на нова влада....

Економија20 часа

Пропаѓањето на Еуростандард банка го блокира платниот промет во „Македонска пошта“

Поради пропаѓањето на Еуростандард банка, платниот промет во „Македонска пошта“ е блокиран, соопшти генералниот директор Ејуп Рустеми. Тоа значи дека...

Македонија21 час

141 нов случај на Kовид-19 во земјата, починале 2 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.848 тестирања, а регистрирани се 141 нов случај на...

Македонија21 час

(Видео) Ахмети: Заев треба да понуди силни аргументи зошто Албанец не би бил премиер

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на брифинг за новинарите денеска рече дека деновиве продолжуваат работните средби со лидерот на СДСМ,...

Македонија21 час

Заев: Подготвен сум да бидам премиер во наредните четири години

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, е уверен дека ќе успее да состави влада во следните 20 дена, а веќе денеска...

Македонија21 час

(Видео) Лидерите од албанскиот блок не дојдоа, Ахмети остана сам на средбата во хотелот „Парк”

На закажаната средба на партиите од албанскиот блок на иницијатива на ДУИ се појави само Али Ахмети. Како што рече...

Македонија22 часа

Браќа од Битола обвинети за ширење детска порнографија, собирале интимни снимки од малолетнички

Битолското Јавно обвинителство поднесе обвинение против двајца браќа од Битола на возраст од 51 и 52 години, од кои едниот...

Досие