Контакт

Македонија

Старец со автомобил удрил во девојка на велосипед

Објавено пред

Дваесет и петгодишна девојка од Скопје е тешко повредена кога во неа удрил автомобил што го управувал 80-годишен старец. Девојката била на велосипед.

Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера во 20.30 часот на булеварот Кочо Рацин кога автомобил „опел астра“, управуван од Ј.С. (80) од Скопјe, удрил во А.Т. (25) од Скопје, која се движела со велосипед. Девојката со тешки повреди била пренесена во градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

Полицијата извршила увид на местото. Засега нема информации како дошло до несреќата.

Македонија

Џафери се сретна со Романо Проди, добитник на Светската награда за хуманизам за 2019

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери се сретна со Романо Проди, кој што актуелно е универзитетски професор а претходно два пати беше премиер на Италија и поранешен претседател на Европската комисија.

Повод за оваа средба е номинирањето на Проди за добивање на овогодинашната Светска награда за хуманизам, награда востановена од Охридската академија за хуманизам и која му се доделува за неговиот уникатен придонес кон перспективата на модерната цивилизација.

Џафери во својот вовед нагласи дека оваа награда доаѓа во право време, кај вистинскиот човек, имајќи на ум дека Проди беше дел од претседателството на Европската Унија во навистина критичните моменти за нашиот регион, и ова е крунисување на неговиот хуман придонес.

Во продолжение, претседателот на Собранието го информираше соговорникот за актуелните политички развои, односно за ангажманот на новата владина коалиција за воспоставување добрососедски односи со соседите, со цел непречено одвивање на евроатланските интеграции на земјата на што Проди потврди дека Република Македонија треба повторно да биде ставена во првиот ред за пристапување во Европската Унија, затоа што процесот е веќе одамна почнат и сега само треба да се продолжи а тој ќе го искористи сиот свој капацитет во таа насока.

Претседателот Џафери потврди дека сега сите сили ќе се насочат кон затворање на поглавјата и кон економските прашања затоа што, кога политиката отвора пат на економијата, тогаш придобивките се реални и видливи за граѓаните. Проди, воден од своето искуство, се согласи дека малите земји уште повеќе ги чувствуваат придобивките од членството во Унијата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Миленко Неделковски: ,,Не сум виновен”

Објавено пред

Новинарот и водител, Миленко Неделковски денеска првпат седна на обвинителна клупа како обвинет за ширење расистички и ксенофобичен материјал на интернет.

На Неделковски му суди судијата Марин Станевски, кој го суди и случајот со смртта на малата Тамара. Судењето почна со задоцнување поради тоа што судијата ги бараше дозволите за снимање од судската полиција.

Обвинителот Александар Марковски рече дека Неделковски, за кого е поднесен обвинителен предлог до судот е обвинет дека на 24.07.2018 година, преку компјутерски систем, во јавноста ширел ксенофобичен пишан материјал со кој промовирал омраза против група врз основа на етничка припадност.

Обвинетиот како јавна личност – новинар, на неговиот јавен профил на „Фејсбук“, објавил коментар по повод пожарот на грчкиот полуостров Атика во кој имаше човечки жртви. Неделковски, според обвинението, со коментарот промовирал омраза кон Грците како етничка група, кои биле засегнати од катастрофалниот пожар. За ова кривично дело, во Кривичниот законик, предвидена е казна затвор од една до пет години.

Неделковски пред судот рече дека не се чувствува виновен.

Прикажи повеќе...

Македонија

Агенцијата за обезбедување СГС доби нов тендер од 113 илјади евра

Објавено пред

Агенцијата за обезбедување Секјурити Груп Сервисес (СГС) која се поврзува со поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, доби нов тендер од 113 илјади евра. За овие пари, агенцијата треба да го обезбедува Археолошкиот музеј на Македонија за период од една година. СГС била единствената фирма која се пријавила на тендерот каде услов за да се добие била најниската понудена цена.

Минатиот месец, СГС доби уште тендер, за обезбедување на Фонд на Холокаустот на Евреите од Македонија од околу 24 илјади евра. СГС ги обезбедува и Агенцијата за електронски комуникации, основните училишта и детските градинки во Општина Аеродром, Општата болница во Велес.

Најголемиот договор е склучен со Агенцијата за електронски комуникации, кој изнесува 287 илјади евра.

Агенцијата за обезбедување СГС се појави на пазарот во 2010 година и за кратко време почна да ги потиснува останатите агенции и да ги добива најголемите државни тендери за обезбедување на клучни објекти, од кои голем број од проектот „Скопје 2014“. Иако зад агенцијата формално не стоеше ниту едно звучно име, во медиумите таа се поврзуваше со поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, кој сега е во домашен притвор за случајот „Империја“.

Од прислушуваните аудио снимки на тогашната опозициска партија СДСМ стана јасно дека Мијалков се крие зад СГС и дека договара нови вработувања, одлучува кој ќе биде ангажиран во агенцијата и договара државни тендери.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија24 минути

Миленко Неделковски: ,,Не сум виновен”

Новинарот и водител, Миленко Неделковски денеска првпат седна на обвинителна клупа како обвинет за ширење расистички и ксенофобичен материјал на...

Македонија39 минути

Агенцијата за обезбедување СГС доби нов тендер од 113 илјади евра

Агенцијата за обезбедување Секјурити Груп Сервисес (СГС) која се поврзува со поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, доби нов тендер...

Македонија2 часа

Стразбур ја донесе првата пресуда во корист на девојка од Македонија што го смени полот

Европскиот суд за човекови права во Стразбур, денеска, првпат се произнесе за случај на македонско трансродово лице и пресуди во...

Македонија3 часа

Владимир Талески и 20 обвинети во „Транспортер“ слушаа разговор меѓу Јанкулоска и Ставрески

Во кривичниот суд во Скопје продолжи изведувањето на писмените докази во случајот на СЈО со кодно име „Транспортер“. Претходно беше...

Монструм Монструм
Македонија3 часа

Косово сè уште молчи за екстрадицијата на обвинетите во ,,Монструм”

Министерството за правда сè уште нема добиено одговор од Косово за екстрадиција на двајцата обвинети за петкратното убиство кај Смилковското...

Свет4 часа

(Видео) Пронајдена коса од двегодишното дете што падна во бунар во Шпанија

Спасувачките екипи пронајдоа коса од двегодишното дете што падна во длабок бунар во Шпанија. Со ДНК-тестовите е потврдено дека детето...

Свет4 часа

Тереза Меј подготвена да соработува со опозицијата за да се оствари брегзитот

Британската премиерка, Тереза Меј, изјави дека на опозицискта Лабуристичка партија ѝ се отворени вратите за преговори за брегзитот, при што...

Вести4 часа

Секој трет вработен во ОН бил сексуално вознемируван

Секој трет вработен во Обединетите нации бил сексуално вознемируван во последните две години, покажува извештај на оваа меѓународна организација, објави...

Свет5 часа

Путин во Белград со двајца двојници

Владимир Путин денеска ќе пристигне во Белград во придружба на 30 најблиски специјалци од Федералната служба за обезбедување, а околу...

Свет6 часа

Исчезната германска туристка пронајдена мртва во австралиската дивина

Телото на една германска туристка, која исчезна претходно овој месец, било пронајдено во средата во пеколно жешката австралиска пустелија, соопшти...

Свет7 часа

Планот на САД за Блискиот Исток: 90 отсто од Западниот Брег за Палестина и поделен Ерусалим

Планот за мирно решавање на кризата на Блискиот Исток, кој го подготвува администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, ќе биде...

Регион16 часа

Ципрас ја доби довербата од Парламентот

Со 151 глас, Владата на грчкиот премиер, Алексис Ципрас, ја доби довербата во Парламентот по дебатата која траеше два дена....

Европа18 часа

Преживеа Владата на Тереза Меј

Владата на британската премиерка Тереза Меј вечерва ја доби довербата од Парламентот. 306 пратеници гласаа против Меј, а 325 за неа....

Македонија19 часа

(Видео) Власта и опозицијата се договорија – Антикорупциска ќе има увид во банкарските сметки на функционерите

Прашањето за директен увид во сметките на носителите на јавни функции е затворено, Државната комисија за спречување  корупцијаа ќе има...

Македонија21 час

Избега еден од осудените напаѓачи на Села, распишана е потерница

Никола Војминовски, кој е осуден на 13 и пол години затвор за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села на...

Економија22 часа

И официјално заврши стечајот за „Фени“, апелација ги одби жалбите

Судот во Велес денес соопшти дека е правосилно одобрен планот за реорганизација на „Фени индустри“ од Кавадарци со што и...

Македонија22 часа

Меѓународна криминална група осомничена за кражби од сефови во македонски банки

Обвинителството отвори истрага против седум лица, и тоа четворица државјани на Украина и по еден државјанин од Молдавија, Казахстан и на...

Македонија23 часа

(Видео) Анкета: Џабе ни е јазикот кога младите си заминаа во странство

„Џабе ни е двојазичност кога младите континуирано бегаат од државата. Заев само зборува, зборува на празно, каде е таа плата...

Македонија23 часа

Три илјади анкетни листови за имотот на функционерите заглавени во антикорупциската комисија

Повеќе од 60 претставки за корупција и триесетина предмети за судир на интереси стојат во фиоките на Државната комисија за...

Македонија24 часа

(Фото) Олимпија фати морбили

Посине споменикот на мајката на Александар Македонски, Олимпија, која се наоѓа на плоштадот Карпошово востание. На спомениците на Олимпија и...

Досие