Македонија
Следните денови повремено нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Во следните денови претежно во попладневните часови повремено ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град.
Повремено нестабилноста ќе се појавува и во вечерните часови.
Во овој период дневните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината и ќе се одржува доста топло време.
Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Протестите продолжуваат и денеска во 19 часот

Протестите против францускиот предлог продолжуваат и денеска.
„Ултиматум, не благодарам“ повикува на масовен и мирен протест вечерва во 19:00 часот.
„ Повторно пред влада преку МНР до Собрание. Да кажеме не на бугаразицијата. Не за полициските инфилтрати и не за полициското насилство. Да излеземе масовно и достоинствено“ се вели во повикот.
На вчерашниот протест дојде до судир меѓу полицијата и демонстрантите. Дел од насобраната толпа ја урна оградата пред Собрание и фрлаа со разни предмети кон полициските сили и кон зградата. Во нередите има повредени полицајци, како и приведени демонстранти.
Македонија
Ковачевски: Најостро ги осудувам нападите врз полицијата, 27 април нема да се повтори

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, ги осуди нападите врз полицијата истакнувајќи дека иако протестите се демократско право насилството не може да се оправда со ништо.
„Тоа што синоќа се случи пред Собранието не е вистинското лице на европска Република Северна Македонија, земја членка на НАТО. Протестите се демократско право на секој граѓанин, но насилството не може да се оправда со ништо.
Најостро го осудувам нападот врз полицијата која синоќа беше на висина на својата задача, професионално штитејќи ги граѓаните и државните институции.
Насилството и омразата не се и не може да бидат решение на ниту еден проблем. На потпалувачите на протестите ќе им порачам – не манипулирајте и не злоупотребувајте млади луѓе за да ги задоволите вашите политички апетити. Вашето сценарио синоќа резултираше со над 40 повредени полицајци и над десетина приведени. 27 април нема да се повтори”, порача Ковачевски на Фејсбук.
Македонија
Утре без струја повеќе делови на Скопје

Поради планирани технички зафати во дистрибутивниот систем за електрична енергија, утре без електрична енергија ќе останат:
– од 8:00- 14:00 часот корисниците на дел од ул. Рилски конгрес, дел од ул. Кратовска, дел од ул. Банско (општина Кисела Вода)
– од 8:00 – 12:00 часот корисниците од ул. 1550, индустриска зона Визбегово, поточно фирмите Астекс графика, Виа Шпед и Инфосет (општина Бутел)
– од 8:00- 15:00 часот корисниците на ул. 1515, Пинтија (општина Кисела Вода)
– од 8:00- 14:00 часот дел од корисниците од с. Ново Село зад бензинската Петрол оил (општина Ѓорче Петров)
– од 5:50- 14:00 часот корисниците од сите помали фирми и објекти во околината на Сатра, ул. 6, Сава станица, Фарма Трејд, Ники инвест, Ман импортер, ул. 4, Илинден, ул. 2 (општина Илинден)
– од 9:00- 15:00 часот дел од корисниците дел од с. Кучково (општина Ѓорче Петров)
– од 9:30- 14:30 часот дел од корисниците од ул. Будимпештанска (општина Карпош)