Контакт

Македонија

Словенија ја чека Македонија да ѝ се придружи на масата во НАТО

Објавено пред

Во Министерството за одбрана се одржа официјална средба меѓу министерката за одбрана Радмила Шекеринска и министерката за одбрана на Словенија, Андреја Катич.

Како што информираат од Министерството за одбрана, на средбата биле потврдени партнерските и пријателските односи меѓу двете држави, како и соработката на полето на одбраната.

Шекеринска и Катич се согласиле дека членството на Македонија во НАТО ќе се одрази позитивно на целиот регион и ќе ја афирмира посветеноста на НАТО и ЕУ за негово стабилизирање.

„Денешната средба е и заокружување на успешното лето што го имавме како држава, како Министерство за одбрана, со добивањето на НАТО-поканата во јули. Македонија и Словенија се не само пријателски, туку и слични држави по територија и по население. Од моментот на нашата независност, и Македонија и Словенија избраа ист пат, но со различна брзина. Словенија беше државата што стана прва членка на НАТО и прва ѝ се приклучи на ЕУ. Не е случајно што денеска Словенија ги има највисоките просечни и минимални плати во регионот и најдобрите стандарди во областите што се важни за граѓаните – образование, здравство, наука“, истакна Шекеринска и додаде дека примерот со Словенија е можеби најдобар показател за формулата за успех и за нас.

Министерката за одбрана на Словенија го поздрави напредокот на Владата и посветеноста на реформите и рече дека членството во НАТО е клучен елемент за безбедност, стабилност, странски вложувања и економски развој кои водат до подобар живот на граѓаните.

„Референдумот е демократски институт за изразување на волјата на народот и затоа е важно граѓаните на Македонија да учествуваат на него. Ние државите членки на НАТО се надеваме дека успешно ќе го поминете тој пат по што ќе седнеме заедно на иста маса со вас како полноправна членка на НАТО“, порача министерката Катич.

Министерките Шекеринска и Катич потпишаа меморандум за разбирање, кој ја опфаќа соработката на полето на обуки, вежбовни активности и размена на искуства.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

До четврток времето ќе биде променливо облачно со услови за локални врнежи од дожд

Објавено пред

Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта во јужните и во западните делови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец со брзина над 60 km/h.

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 17 до 22 степени.

Во Скопје, претпладне сончево, а попладне променливо облачно. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 21 степени.

Времето во наредните денови

До четврток времето ќе биде променливо облачно со услови за локални врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во четврток во источните делови кога ќе има и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува југоисточен ветер кој утре долж Повардарието ќе достигнува брзина над 60 km/h. Во петок ќе биде претежно облачно, а во сабота сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во недела претпладне сончево, попладне со услови за дожд претежно во западните делови. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Прикажи повеќе...

Македонија

Израелската амбасадорка ја поздрави реакцијата на властите по обидот за палење на синагогата

Објавено пред

Израелската амбасадорка во земјава, Вивијан Аисен, ја поздрави реакцијата на македонските власти по обидот за опожарување на објект на Еврејската заедница и синагогата во Скопје.

„Ви благодарам, министре. Брзите и решителни акции на македонските власти за истрага и повикување на одговорност на одговорните за овој гнасен антисемитски чин се од суштинско значење за спречување на потенцијални идни инциденти“, напиша Аисен на „Икс“.

Претходно, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски го осуди обидот за палење, оценувајќи го како „апсолутно неприфатлив“.

„Нема место за вакви дела во Македонија“, порача Муцунски, додавајќи дека е во тек истрага и дека сторителите ќе сносат одговорност.

Од Министерство за внатрешни работи информираа дека на улицата „Апостол Гусларот“ биле пронајдени канистер за гориво и траги од горење во двор од верски објект, по што полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Еврејска заедница во Македонија го осуди инцидентот, оценувајќи го како напад врз темелните вредности на општеството и предупреди на зголемен говор на омраза и нетолеранција.

Од заедницата апелираа за целосно расветлување на случајот и обединета осуда од институциите, верските лидери и граѓаните.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Унгарија не смее да биде прибежиште за криминалци, рече Маѓар и го спомена и Груевски кој таму доби азил

Објавено пред

Новоизбраниот премиер на Унгарија, Петер Маѓар, ја критикуваше одлуката на владата на Виктор Орбан да им одобри азил на полските политичари Збигњев Жиобро и Марцин Романовски, кои се товарат за злоупотреба на службената должност.

Тој порача дека Унгарија не смее да биде прибежиште за лица обвинети или осудени за криминал, при што го спомена и поранешниот македонски премиер Никола Груевски.

„И тоа не важи само за нив, туку и за г. Никола Груевски, поранешниот премиер на Северна Македонија“, изјави Маѓар.

Прикажи повеќе...

Најново

Забава50 секунди

Како да изгубите пет килограми без ригорозни диети? Не сте го знаеле ова

Многу луѓе веруваат дека губењето тежина бара гладување, строга диета и откажување од сè што сакате. Сепак, тоа не е...

Европа26 минути

(Видео) Ова е роботот што ги брка дивите свињи во Варшава

Иако сè уште се мачат да ги извршуваат секојдневните задачи, хуманоидните роботи стануваат бескраен извор на забава, од демонстрации на...

Свет33 минути

Карни обезбеди парламентарно мнозинство во Канада

Канадскиот премиер Марк Карни вчера обезбеди парламентарно мнозинство на локалните избори, една година по преземањето на функцијата, што му дава...

Свет38 минути

(Видео) Протести во Њујорк против продажбата на оружје на Израел: „90 лица беа приведени“

Неколку десетици демонстранти беа приведени вчера во Њујорк за време на демонстрациите со кои се бараше прекин на продажбата на...

Свет52 минути

Лавров до Аракчи: Клучно е да се спречи обновување на сите непријателства на Блискиот Исток

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров вчера му порача на својот ирански колега Абас Аракчи дека е клучно да...

Свет54 минути

Трамп го нападна папата, папата одговори; Венс: Ватикан треба да се држи до моралните прашања

Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс вчера го повика Ватикан да „се држи до моралните прашања“ откако папата Лав XIV изјави дека...

Свет57 минути

Танкер санкциониран од САД помина низ Ормускиот теснец и покрај блокадата

Танкер под санкции на САД помина низ Ормускиот теснец и покрај блокадата на клучниот бродски пат од страна на САД,...

Македонија1 час

До четврток времето ќе биде променливо облачно со услови за локални врнежи од дожд

Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта во јужните и во западните делови ќе има локални...

Спорт8 часа

(Видео) Фиорентина бега од опасната зона

Фиорентина славеше победа над Лацио (1:0) во последниот натпревар од 32-то коло на Серија А и освоија исклучително важни бодови...