Контакт

Македонија

Случај „Монструм“: во судницата се слушаат разговори во врска со настанот на луѓе блиски до Груевски

Објавено пред

Приватни и несуштински разговори беа пуштени во 13 од 25 бомби во судницата за случајот „Монструм“.

Во разговорите се слушаат Коце Трајановски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Сашо Мијалков, Надежда Груевска, Никола Груевски, личната секретарка на Груевски, Ленче Самарџиски, гатачката на Груевски, Катерина Најденова, Влатко Мијалков, Оливера Трајковска, Орце Камчев, Митко Чавков и Иво Котевски.

Она што засега е одлика на разговорите е дека станува збор за приватни разговори во кои нема суштински детали за убиството, туку нивни верзии за тоа што се случува и кои би можеле да бидат мотивите.

Коце Трајановски го прашува Јанакиески дали може да се сменат столбовите за светло околу обиколницата во чија близина се случи убиството.

Јанкулоска на Јанакиески му вели дека немало пострашен настан во историјата на државата со толку цивили дури ни во Првата ни во Втората светска војна.

Гатачката и секретарката на Груевски разговараат за настанот. Првата ѝ вели на втората дека според нејзините прогнози има вклучено униформирани лица: „Униформирани лица ќе има умешано“.

Мајката на Груевски разговара со внукот Влатко Мијалков и му вели дека на Сашо Мијалков му пратила порака со нејзина верзија на настанот.

„Моја идеја е тоа, не мора да ја прифатат“, вели Надежда. Таа го кани Влатко на ручек, му вели дека запалила свеќи во црквата за неа, за Никола и за сите.

„Ова е направено професионално“, му вели дополнително Надежда на Влатко Мијалков.

Трајковска и Камчев, пак, разговараат двапати за акцијата. Тие се воодушевени што полицијата бргу ги фатила обвинетите.

Судот даде пауза по што продолжува објавата на бомбите. На објавата присуствуваат роднините на убиените момчиња.

На денешното рочиште се преслушуваат бомби поврзани со петкратното убиство што се случи на 12 април 2012 година кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски.

Во претходна постапка за случајот на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември 2017 година ја укина пресудата и ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост.

По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.

Македонија

Филипче: Пациентите со трансплантирани бубрези се во добра здравствена состојба

Објавено пред

Од Клиниките за нефрологија и урологија информираат дека двајцата пациенти на кои им беше извршена трансплантација на бубрези се во добра здравствена состојба. Во петокот, на 31 јули беа експлантирани два бубрега од 46 годишен пациент со констатирана мозочна смрт и беа трансплантирани кај 35 годишна жена и 60 годишен маж.

По трансплантацијата, пациентите закрепнуваат на Клиниката за урологија.

„ По трансплантацијата, пациентите закрепнуваат на Клиниката за урологија. Нивната здравствена состојба е стабилна, под континуиран надзор и грижа од страна на лекарскиот тим. Задоволен сум што во изминатите три години изведовме 55 трансплантации, од кои 10 од починат дарител. Во ек на пандемија од ковид-19, продолжуваме со реализација на Програмата за трансплантација. Кон крајот на месец мај изведовме прва трансплантација на срце. Со ова, пациентите имаат нова шанса за живот. Овозможуваме квалитетна здравствена заштита за сите граѓани“, изјави министерот Филипче.

Прикажи повеќе...

Македонија

Санкционирани 129 непрописно паркирани возила во Центар

Објавено пред

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во текот на една недела санкционираа 129 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Во периодот од 27.07. до 02.08.2020 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 61 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 68 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

ЈП ПОЦ и Општина Центар апелираат до граѓаните да се придржуваат до пропишаните правила и прописи за безбедно однесување во сообраќајот со цел да се зачува безбедноста на останатите учесници во сообраќајот и реши проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар.

Прикажи повеќе...

Македонија

Напладне конститутивна седница на новиот парламентарен состав

Објавено пред

Денеска напладне треба да се одржи конститутивна седница на новиот парламентарен состав, по предвремените избори коишто се одржаа на 15 јули. Со седницата, која е закажана за во 12 часот, треба да претседава досегашниот претседател на Собранието, Талат Џафери, кој вчера ја напушти Инфективната клиника во Скопје.

Седницата ќе се одвива според здравствени протоколи и критериуми за да се намали ризикот од евентуално ширење на коронавирусот. На пратениците, на гостите и на претставниците на медиумите при влезот во зградата на Собранието ќе им биде мерена телесна температура, по што ќе им биде овозможено да влезат во зградата. На сите влезови ќе бидат обезбедени средства за дезинфекција.

За да се запази физичка дистанца, конститутивната седница ќе се одржи во Големата сала на Собранието (Голема купола). На пратениците ќе им биде обезбедена заштитна опрема, а гласањето ќе се одвива рачно (со картончиња). Од седницата ќе има директен пренос на Собранискиот канал на МРТ.Пренос од Конститутивната седница гостите ќе следат од пленарната сала „Македонија“, каде што ќе биде обезбедена неопходната физичка дистанца.

Според Уставот, претседателот Стево Пендаровски е должен да му го довери мандатот за формирање влада на кандидатот на партијата или партиите кои имаат мнозинство во Собранието. Мандатарот потоа има рок од 20 дена да формира влада. Ниту една партија сама го нема потребното мнозинство.

На предвремените парламентарни избори што се одржаа на 15-ти јули, СДСМ освои 46 пратенички мандати, ВМРО-ДПМНЕ 44, ДУИ 15, коалицијата АА и Алтернатива 12, Левица два и еден ДПА.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет11 минута

Гутереш: Коронавирусот ќе уништи генерации поради затворањето на училиштата

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш предупреди дека светот се соочува со „генерациска катастрофа“ поради затворањето на училиштата во...

Свет44 минути

СЗО ќе распореди меѓународен тим експерти во Вухан

Светската здравствена организација соопшти дека тимот што го истражува потеклото на пандемијата на коронавирус ја завршил својата мисија во Кина...

Европа1 час

Расте бројот на тешко заболени од коронавирус во Франција

Бројот на пациенти заразени со коронавирус во одделите за интензивна нега во Франција денеска се искачи на 384, што е...

Македонија1 час

Напладне конститутивна седница на новиот парламентарен состав

Денеска напладне треба да се одржи конститутивна седница на новиот парламентарен состав, по предвремените избори коишто се одржаа на 15...

Македонија13 часа

Привремено е прекината потрагата по момчето кое се удави во Преспанското езеро

Потрагата по момчето кое исчезна во водите на Преспанското езеро е привремено прекината поради временските услови. Како што информираат од...

Регион13 часа

Преглед на состојбата во регионот: Во Албанија почина уште еден лекар, во Србија пад на бројот на новозаразени

Преглед на состојбата со коронавирусот во регионот во изминатото деноноќие. Уште еден лекар почина во Албанија од коронавирус Во болницата...

Македонија15 часа

Поранешни вработени во СЈО бараат од Пендаровски да им се извини: „Обвинителството не беше една личност“

Поранешни вработени во Специјалното јавно обвинителство реагираа на говорот на претседателот Стево Пендаровски во Пелинце. Тие велат дека СЈО не...

Топ17 часа

Лекар од Итната помош физички нападнат од татко на починато лице

Taтко на момче кое починало во сообраќајна несреќа, нападнал лекар од Итната медицинска помош. Лекарот бил на интервенција по претходно...

Македонија17 часа

Досега 500 лица починаа од коронавирус во Македонија

Бројот на починати од коронавирус во земјава достигна 500 лица, откако денеска беа потврдени 3 нови смртни случаи. Тројцата починати...

Македонија17 часа

Гостивар со најмногу новозаразени во изминатото деноноќие

Гостивар е на врвот на листата со најмногу новозаразени од коронавирус во земјава во изминатите 24 часа. Според податоците на...

Свет18 часа

СЗО: Mајките да ги дојат своите деца и кога имаат ковид-19

Светската здравствена организација денеска предупреди дека наспроти големите надежи за пронаоѓање на вакцина, можеби никогаш нема да има чудотворено решение...

Македонија20 часа

Нови 74 заболени и тројца починати од ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 689 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи на...

Свет20 часа

Германските ученици се вратија во училишните клупи во екот на пандемијата

Десетици илјади училишни деца денеска се вратија во училиштата во северна Германија. Мекленбург-Западна Померанија е првата од 16 германски држави...

Македонија21 час

Џафери: Добро се чувствувам, јас ќе ја водам седницата

Претседателот на Собранието, Тала Џафери изјави дека утре тој ќе ја води конститутивната седница. Џафери денеска ја напушта Клиниката за...

Свет22 часа

Руски доктор: Пандемијата личи на проба за биолошка војна

Ситуацијата со пандемијата на коронавирус личи на проба за биолошка војна, изјави рускиот детски хирург, Леонид Рошаљ, пренесе „Спутник“. „...

Свет23 часа

Мелбурн ги затвора речиси сите продавници и фабрики за да го спречи вирусот

Вториот по големина австралиски град Мелбурн, во кој веќе на сила е ноќен полициски час, најави нови ограничувања за индустријата,...

Свет23 часа

Латинска Америка најтешко погоден регион во светот, има речиси пет милиони заразени

Аргентина вчера надмина 200.000 случаи на ковида-19, Колумбија поставува дневен рекорд, а во Латинска Америка се рушат црните рекорди со...

Свет23 часа

Трамп: Ретко кој заслужил смртна казна повеќе од бомбашот од Бостон

Американската сојузна влада би можела уште еднаш да побара смртна казна за Чеченецот Џохар Царнаев, изјави американскиот претседател Доналд Трамп....

Свет24 часа

Германците сакаат да продолжат да работат од дома и по пандемијата

Поголем дел од Германците сакаат да ја задржат можноста за работа од дома и по завршувањето на пандемијата на коронавирус,...

Свет1 ден

Американски и британски фармери добиваат мистериозни пакети со семиња од Кина

Фармери во Велика Британија и САД веќе некое време примаат чудни пакувања со семиња од Кина во пошта што не...

Досие