Македонија
Снегот и мразот го отежнуваат сообраќајот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози, со остатоци од снег на коловозот. Поради ниски температури наместа е можна појава на голомразица.
Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на патните правци: крак Маврово – Дебар, Кочани – Делчево – граничен премин Делчево, Дојранска раскрсница – Дојран и Берово – Виница – Кочани, каде за останатите возила задолжително е користење на зимската опрема.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. крај/амсм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Падот на Орбан е лоша вест за Мицкоски – потврда и од германските медиуми“, велат од СДСМ
„Пишувањата на германските медиуми за поразот на Виктор Орбан се јасна и недвосмислена потврда на сè она на кое СДСМ го говори со месеци. Падот на Орбан не е само внатрешно политичко прашање во Унгарија, има директни последици за целиот регион – особено за политичарите кои беа под негова целосна заштита, како Христијан Мицкоски“, велат од СДСМ.
„Но и за Александар Вучиќ и Милорад Додик кои се дел од „авторитарното братство“.
„Орбан постојано градеше мрежа од нелиберални аналитички центри, медиуми и партии, кои ги прошируваше, поддржуваше или вршеше послушни изобилни финансиски плаќања, чија иднина сега е неизвесна“ наведува германскиот “Франкфуртер алгемајне цајтунг„.
Уште една потврда за веќе создадената мрежа на влијание, финансии и злоупореба на медиуми надвор од европските демократски стандарди.
Дополнително, се потенцира дека со падот на Орбан се „затвора чадорот“ што го имаше над Балканот, со што политичките актери кои се потпираа на таа поддршка остануваат без заштита и без клучен сојузник.
Ова е директна потврда на ставовите на СДСМ за бизнис мрежата поврзана со Орбан, која имаше сериозно влијание врз процесите во регионот, вклучително и во Македонија.
Денес, германските медиуми го потврдуваат она што СДСМ го говори: падот на Орбан значи слабеење на антиевропските и автократски влијанија во регионот.
Тоа е лоша вест за Мицкоски. Паѓаат автократските режими. Следен е тој во Србија, па после тоа на Мицкоски кај нас. Но тоа е добра вест за граѓаните. Добра вест за демократијата. Доаѓа време за одговорност и правда“, соопштуваат од СДСМ.
Македонија
Влен: Старата чаршија, срцето на Чаир, се преродува по половина век
„По повеќе од 50 години, се започнува историски проект кој ја враќа Старата чаршија во нејзиниот автентичен идентитет и ја воздигнува на ново ниво на развој. Ова е најголемата инвестиција од ваков вид, длабока инфраструктурна интервенција на 1.567 м², со модерни стандарди и долгорочна визија“, велат од Влен.
„Се решаваат подземните проблеми со нов водовод и канализација, се гради модерна електрична и оптичка мрежа, а уличките добиваат нов здив со травертински камен и традиционално осветлување. Оваа инвестиција, вредна околу 29 милиони денари, вклучува и реконструкција на околните улици, третирајќи ја чаршијата како функционална целина. Некогаш, звукот на чеканот беше ритамот на животот во оваа чаршија. Денес, тој звук се заменува со друго ехо, ехото на развојот, инвестициите и враќањето на гордоста на Чаир.
Овој проект го презентираше градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, во присуство на првиот заменик-премиер, Беким Сали, докажувајќи дека ВЛЕН е сила на акција и визија за граѓаните. Чаир се развива. Чаршијата се преродува. Ова е голем чекор кон пожива, поекономична и поавтентична иднина, ехо кое ќе остане генерација по генерација“, соопшти Влен.
Македонија
Дел од корисниците од село Кучково денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од село Кучково, општина Ѓорче Петров.
