Македонија
Снег со слаб интензитет вечерва на Попова Шапка, Маврово, Плетвар и Пресека
Снег со слаб интензитет има на Попова Шапка, Маврово, Плетвар, Пресека и Железнец, соопшти вечерва јавното претпријатие „Македонијапат“.
Оттаму информираат дека остануваат забраните за сообраќај за тешки товарни возила на патните правци крак Маврово-Маврови Анови и на патот Струмица-Берово.
На останатите патишта низ државата сообраќајот се одвива во зимски услови по влажни коловози.
Од ЈП „Македонијапат“ апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината конусловите на патот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Претежно облачно со повремен дожд
Претежно облачно со слаб дожд уште од ноќта, а потоа и преку денот со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (над 20 л/м2), а на планините со повремен снег. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието краткотрајно засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 5 до 12 степени.
Во Скопје претежно облачно со повремен слаб дожд од преку ноќта и потоа преку денот со повремени врнежи од дожд, повремено пообилни. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Денеска времето ќе биде облачно со врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (над 20 л/м2). Во петок и до сабата наутро ќе има врнежи од дожд кои на планините и на некои повисоки места особено во западните делови од земјата ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено изразен во петок. Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно со пониски утрински температури.
Скопје
Викенд населбата Морани денеска без вода
Денеска поради уличен дефект на улицата 6/бб Морани, прекинато водоснабдување од 08 часот ќе имаат корисниците од викенд населба Морани во општина Студеничани.
Македонија
Магла на планинскиот премин Плетвар, сообраќајот се одвива по влажни коловози
Од 15.11.2024 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Намалена видливост поради појава на магла од 50 – 70м. има на планински премин Плетвар, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.