Контакт

Македонија

Собранието објави оглас за aнтикорупциската комисија, Тасева обвинува дека добрите антикорупционери не се пожелни

Објавено пред

Собранието го објави огласот за избор на новиот состав на Комисијата за спречување на корупцијата. Огласот ќе трае 7 дена по што ќе следува и јавно интервју на кандидатите. Роковите за избор на првиот состав на антикорупциската комисија, според новиот закон, се скратени со цел новата комисија да се формира пред да почне кампањата за претседателските избори.

Интервјуата на кандидатите ќе се пренесуваат директно на МТВ, а ќе ги водат претставници од МАНУ, од Интерпарламентарната унија, здруженија на граѓани што се занимаваат со антикорупција.

Како што е наведено во огласот, се избираат претседател на комисијата и шест члена со мандат од пет години, кои нема да имаат право на повторен реизбор. При изборот, според новиот Закон за спречување на корупцијата и судир на интересите, ќе важи принципот на соодветна и правична застапеност и принципот на еднаква родова застапеност.

Законот за спречување на корупцијата ги забранува антикорупционерите од сите состави. Добрите антикорупционери се помалку прифатливи од политичарите, реагира претседателката на „Транспаренси интернешнл“, Слаѓана Тасева, на „Фејсбук“.

„Поголемо признание не сме можеле да добиеме! Законот за спречување на корупцијата ги забранува антикорупционерите од сите состави! Ова е многу повеќе брутално и видливо изразено во огласот објавен од Собранието. Поранешните членови на Државната комисија за спречување на корупцијата од сите состави во изминатите 17 години, а особено оние со интегритет, не се пожелни. Не дека имав намера да се пријавам. Тоа за мене е веќе надминато, ама овој гест многу кажува .СЕ ПЛАШАТ!! Или нема да има вистинска борба против корупцијата.

Во законот ограничувањето за членство во комисијата за политичари и членови на власта е 10 години, а за членовите на ДКСК – засекогаш. БРАВО! Добрите антикорупционери се помалку прифатливи од политичарите. Нека ни е со среќа новата антикорупциска комисија“, напиша Тасева.

Новиот Закон за спречување на корупцијата предвидува за претседател и членови на ДКСК да не може да биде избрано лице што во последните 10 години било донатор на политичка партија, пратеник или член на влада. Исто така, новите членови мора да имаат шестгодишно работно искуство во областите на откривање или спречување на корупцијата, владеење на правото и да имаат завршено правни, економски, политиколошки или комуникациски студии.

Антикорупциска комисија ќе ги следи промените на имотите на функционерите и по завршувањето на нивниот мандат, ќе проверува сомнителните грантови и тендери и ќе има увид во финансиското работење на партиите. Државната комисија за спречување на корупцијата не функционира повеќе од 11 месеци по оставките што ги поднесоа членовите на комисијата поради сомнеж за злоупотреби на буџетски пари.

Даниела Т. Зафировска

Македонија

СДСМ: Правната држава функционира, законите важат за сите

Објавено пред

 

Правната држава функционира, а законите важат за сите подеднакво, коментира СДСМ преку соопштение откако вчера беше приведена специјалната обвинителка во оставка, Катица Јанева.

„Како и досега, СДСМ ги охрабрува и ги повикува сите надлежни институции да продолжат со длабинска, независна истрага за случајот „Рекет“, да постапуваат согласно законите.  Како одговорна партија, целосно ги поддржуваме напорите на истражните органи за целосно расветлување на овој, но и на сите досега отворени случаи. Очекуваме истрагата да продолжи онаму каде што водат доказите, да ги покаже сите детали и никој да не биде поштеден, ниту амнестиран“, велат од СДСМ во соопштението.

Владејачката партија додава дека одговорност мора да понесат сите инволвирани, безразлика на политичка или каква било друга припадност.

„Нема да успеат обидите да се попречи правдата или истрагата да се насочи во друга насока. Секој кој ги прекршил законите ќе одговара и од тоа нема отстапување“, додава СДСМ  во соопштението.

Прикажи повеќе...

Македонија

„Ла верита“: Катица Јанева е осудена да стане громобран за сите судии и политичари вклучени во системот за изнуда

Објавено пред

Италијанскиот весник „Ла верита“ најавува дополнителни докази кои потврдуваат директна контрола од страна на државниот врв врз активностите околу изнудувањето, во оној момент кога ќе биде обезбедена безбедност на изворите. ,,Дотогаш Катица Јанева изгледа дека е осудена да стане громобран за сите оние, судии и политичари, коишто се инволвирани во скандалозниот систем за изнуда и погрешно раководење со државата за време на мандатот на Заев”, пишува во денешното издадени италијанскиот весник кој прави пресек на случувањата во земјата околу аферата ,,Рекет” и приведувањето на специјалната обвинителка Катица Јанева.

,,Сега на сите им е јасно дека се до нашата интервенција овој материјал не бил земен сериозно предвид од страна на обвинителскиот врв предводен од Рускоска, жената којашто не случајно Зоран Заев сакаше да го земе местото на Катица Јанева и да продолжи со работа. Доказ за тоа дека Зоран Заев во Македонија го контролира и судскиот систем, дел од новинарскиот и секако политичкиот, се фактите коишто следуваа во последниве денови.

Семоќниот човек се обиде да ја дискредитира нашата работа, секогаш посветена кон потрага по вистината, обвинувајќи нè дека сме сакале да го саботираме патот на Македонија кон ЕУ и НАТО. Неговите обвинувања се распаднаа како кула од карти со оглед на тоа што е потврдено дека нашиот весник од секогаш ги бранел северноатлантизмот и здравиот европеизам како важни вредности во општеството. Но, фактот дека тој (Заев) манипулира како ќе посака со судскиот систем го потврди, по психолошкиот пресврт во Македонија – по нашите откритија, ексминистерот за правда од редовите на ДУИ, Блерим Беџети, којшто рече дека во минатото Заев често пати му барал да влијае на членовите на Судскиот совет со цел да изберат нов претседател на важен суд, поприлагодлив на барањата на премиерот”, пишува понатаму италијанскиот новинар Ларис Гајзер во весник „Ла верита”.

На 8 август на интернет страницата на „Ла верита“ Гајзер во неколку продолженија објави видео и аудио снимки за случајот „Рекет“.

„Камчев потврди, а тоа беше потенцирано и од нас, дека првите докази против Јанева беа презентирани пред повеќе од еден месец, пред приведувањето на Боки13. Повеќе од еден месец на Јовески, а посебно на Рускоска, им беше потребно да побараат притвор за специјалната јавна обвинителка. Еден месец во кој можеа да бидат уништени докази, да се влијае врз фактите и врз сведоците. Јасно е дека целиот овој систем би можел да биде објективно критикуван најмалку за негрижа, ако не и за малициозно соучесништво“, пишува Гајзер.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Русковска: Не би барала притвор за Јанева без доволно докази

Објавено пред

Обвинителката Вилма Русковска по одлуката на судот да ѝ одреди 30-дневен притвор на Катица Јанева, вели дека нејзината колешка претхдно не била осомничена во случајот „Рекет“, бидејќи немало доволно докази. Русковска потенцираше дека вчера не било барано апсење на Јанева, за да ѝ се даде шанса да даде свое видување.

„Не се смени ништо од вчера до денес. Сметав дека треба да ѝ се даде шанса на колешката да даде свое видување и тоа беше причинита. Предметот е многу експониран во јавност, едноставно сакав да ја слушнам што сака да каже. Не ја ислушав како сведок. Не би барала притвор без доволно докази. Во меѓувреме, се собраа доволно докази, кои укажуваат на кривичното дело. Ако имав доволно докази за некој друг и тој ќе беше во притвор“, рече Русковска по распитот на Јанева во судот.

Обвинителката Русковска вели дека истрагата продолжува, а дополнително ќе се види до какви сознанија и докази ќе дојде Обвинителството за организиран криминал и корупција. Русковска тврди дека немала политички притисоци со цел да спречат истрагата да се прошири кон Катица Јанева.

„Кога беа првите двајца осомничени, им беше одобрен притвор по наше барање. Истрагата продолжува и ќе видиме каде ќе не однесе.Не сакам оваа истрага да биде реалити шоу. Сум немала политички притисоци“, додаде Русковска.

„Судијата се консултираше со мене, јас реков дека е човечки да ѝ се дозволи да оди на погреб кај мајка ѝ“, рече Русковска.

Русковска посочи дека адвокатот на Јанева не може да ја застапува бидејќи има судир на интереси. Таа побарала од адвокатот Стеван Павлески да ги откаже сите полномоштва кои му овозможуваат да застапува осомничени лица во предметите на СЈО.

Во Обвинителството биле повикани и бизнисмени кои се поврзувале со истрагата „Рекет“, а дел од нив негирале дека дале пари, рече Русковска. Во однос на тоа дали во изминатиот период биле уништени докази, рече дека не и е познато.

„Познато е дека дел од компјутерите се бришени. Колку што имам информации тоа се на стручните соработници кои работат во СЈО. Ниту еден комјутер на обвинител не беше форматиран, колку што знам. Еден телефон кој го најдовме во Гевгелија беше форматиран, другите не“, рече Русковска.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет9 минути

(Видео) Иран откри дека има нов ракетен систем – „Бавар-373“

Иран откри дека го развил својот нов мобилен ракетен систем, сличен на рускиот систем С-300. https://media.mehrnews.com/d/2019/08/22/0/3214164.mp4 Станува збор за систем...

Свет19 минути

Во Тексас извршена смртна казна, осуденикот тврдел дека е невин

Во Тексас е извршена смртна казна над Лери Сверинген (48), кој беше осуден на смртна казна во 2000 година за...

Македонија58 минути

„Ла верита“: Катица Јанева е осудена да стане громобран за сите судии и политичари вклучени во системот за изнуда

Италијанскиот весник „Ла верита“ најавува дополнителни докази кои потврдуваат директна контрола од страна на државниот врв врз активностите околу изнудувањето,...

Европа1 час

Меркел и Џонсон се уверени дека ќе се најде решение за брегзит

Британскиот премиер Борис Џонсон и германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин изјавија дека се убедени дека ќе се најде решение...

Македонија12 часа

(Видео) Русковска: Не би барала притвор за Јанева без доволно докази

Обвинителката Вилма Русковска по одлуката на судот да ѝ одреди 30-дневен притвор на Катица Јанева, вели дека нејзината колешка претхдно...

Македонија13 часа

(Видео) Триесет дена притвор за Катица Јанева

Од вечерва шефицата на СЈО, Катица Јанева, е во истражниот затвор „Скопје” во Шуто Оризари. Судија на претходна постапка ѝ...

Регион14 часа

Закани за бомби испратени до редакции и аеродроми во Бугарија

Бугарската полиција почна да истражува неколку закани за бомби испратени преку е-пошта до медиумски куќи во Софија и до најголемите...

Македонија15 часа

Павлески: Јанева е жртва на случајот „Рекет“

Адвокатот Стеван Павлески кој ја застапува шефицата на СЈО, Катица Јанева, за случајот „Рекет“ вели дека таа е жртва на...

Македонија16 часа

(Видео) Влада: Одговорност мора да има за сите инволвирани во случајот „Рекет“.

Од Владата соопштија дека отворениот случај „Рекет“, во кој сега осомничена е и првата специјалната обвинителка Катица Јанева, потврдува дека...

Македонија16 часа

Катица Јанева донесена во Кривичен суд на распит

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева попладнево откако беше уапсена, однесена во специјалното јавно обвинителство и во нејзиниот дом, спроведена е...

Македонија17 часа

Заврши претресот во куќата на Јанева, со полиција однесена на распит во суд

По два часа заврши вториот претрес во куќата каде што живее шефицата на СЈО, Катица Јанева. Таа по претресот во...

Македонија19 часа

Обвинителството бара притвор за Јанева, стекнала имотна корист од 298.000 денари

Јавното обвинителство бара притвор за специјалната јавна обвинителка Катица Јанева по проширувањето на истрагата за случајот „Рекет“ и попладнево беше...

Македонија20 часа

Во присуство на Јанева се врши претрес во СЈО

По приведувањето на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, од нејзиниот дом во скопската населба Козле, таа е донесена во просториите...

Топ23 часа

Скопјанец загина при пад на кран кај зградата на ФФМ, оштетени се и две возила

Скопјанец на возраст од 56-години загинал при работен зафат на зградата на ФФМ во попладневните часови на 20 август. Како...

Регион24 часа

Опозицијата во Албанија го обвини Рама дека украл милијарда евра

Лидерот на албанската опозиција, Љуљзим Баша, во нова видеопорака на социјалната мрежа „Фејсбук“ го обвини албанскиот премиер, Еди Рама, за...

Свет24 часа

Преродба на големата осумка, Трамп и Макрон ја поканија Русија на Г7

Американскиот претседател, Доналд Трамп, го одобри предлогот на Емануел Макрон да ја покани Русија на самитот Г7 во САД в...

Македонија1 ден

Сончево и топло време со температури до 38 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе...

Регион1 ден

Помпео ѝ се закани на Атина со санкции поради иранскиот танкер

САД ќе преземат сѐ што е можно за да спречат иранскиот танкер да достави нафта во Сирија, изјави американскиот државен...

Македонија1 ден

На Богородица и Табановце се чека до 30 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информираат од Автомотосојузот на Македонија. На граничните премини...

Hitech1 ден

„Фејсбук“ ќе престане да ве следи на интернет, но ќе мора да го побарате тоа

Социјалната мрежа „Фејсбук“ објави дека ќе ја промени својата досегашна политика и ќе им овозможи на корисниците да ги гледаат...

Досие