Македонија
Собранието ја констатира оставката на Заев, oпозицијата ја дочека со аплауз
На денешната собраниска седница беше констатирана оставката на премиерот Зоран Заев која ја соопшти собранискиот спикер Талат Џафери. Беше константирана оставката и на пратеничката Невенка Стаменковска-Стојкоски, која заминува на позицијата технички министер за информатичко општество и администрација од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Џафери побара ДИК да испрати извештај до Собранието кој пратеник ќе дојде на нејзиното место.
Опозицијата со аплауз ја дочека оставката на Заев при што координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, рече дека очекувал премиерот лично да си ја даде оставката. Му реплицираше координаторот на СДСМ, Јован Митревски, кој рече дека опозицијата не ја научила лекцијата и дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ сè уште се извршители на Никола Груевски.
По ова, се очекува претседателот на државата Стево Пендаровски да му го врачи мандатот на техничкиот премиер Оливер Спасовски, кој ќе треба да го достави составот на новата преодна влада до Собранието. Новата техничка влада се очекува да биде изгласана на собраниска седница денеска, најдоцна до полноќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Дел од општина Центар без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-150 мм на улицата 164 бр.117, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населба Крњево, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Шипковица – Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по претежно влажни коловози. Сите патни правци во државата се проодни, без забрани и ограничувања. На патниот правец Шипковица – Попова Шапка има појава на магла со видливост до 40 метри, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
СДСМ ја поздрави одлуката на Стејт департментот: Сите сомнежи за корупција мора да бидат санкционирани без компромис
СДСМ ја поздравува одлуката на Стејт департментот на САД за ставaње на нови лица од државата на црната листа. СДСМ ја смета за исклучително значајна поддршката на стратешките партнери на Северна Македонија во борбата против корупцијата и криминалот.
„Сите сомнежи за корупција мора да бидат истражени и санкционирани без компромис од страна на правосудните органи во Северна Македонија. Го охрабруваме целиот правосуден систем во државата да работи посветено и без двоумење на расчистување со сите форми на криминал и корупција, со цел да обезбеди праведност и еднаквост за сите граѓани.
СДСМ останува доследна во својата заложба за изградба на праведно општество, во кое владеењето на правото и отчетноста ќе бидат темелите на нашата иднина“, соопшти СДСМ.