Контакт

Македонија

Собраниска делегација во работна посета на Европскиот парламент во Стразбур

Објавено пред

Делегација на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Северна Македонија и Европската Унија, во состав: Соња Мираковска, копретседавач, и членовите Жаклина Лазаревска, Бајрам Кадрија, Жаклина Пешевска и Маја Морачанин, ќе престојува во работна посета на Европскиот парламент во Стразбур на 14 и 15 март 2023 година, каде што ќе има средби со европратеници во пресрет на објавувањето на нацрт-резолуцијата на Европскиот парламент за Република Северна Македонија за 2022 година.

Според програмата на посетата, пратениците ќе остварат средби со европратеникот Тонино Пицула, координатор на пратеничката група на социјалистите и демократите во Комисијата за надворешна политика, европратениците Тијс Ројтен и Владимир Билчик, членови на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ – Северна Македонија, потоа со Андреас Шидер, Марион Валтсман и Илхан Кјучук, учесници во дијалогот „Жан Моне“, односно процесот за унапредување на политичкиот дијалог, како и европратеничката Ирена Јовева, претседателка на неформалната група „Пријатели на Северна Македонија“ и член на МПК ЕУ – Северна Македонија.

Во текот на дводневната посета предвидена е средба и со претседателот на Комисијата за надворешна политика, Дејвид Мекалистер, како и средби со известителите во сенка за Северна Македонија во Комисијата за надворешна политика (АФЕТ), и тоа Тинеке Штрик од групата на зелените, Стелиос Коулоглу од левицата и Матијаж Немец од групата на социјалистите и демократите. Известителите во сенка во име на своите политички групи се одговорни за темата и играат важна улога во усогласувањето на финалниот текст на резолуцијата.

Првиот нацрт на резолуцијата за Северна Македонија на известителот Илхан Ќјучук ќе се разгледува во Комисијата за надворешна политика на крајот на март, за неа ќе се гласа во Комисијата на крајот на мај, а на пленарна седница на Европскиот парламент се очекува да се најде на средината на јуни, соопштија собраниските служби.

Најново

Свет23 минути

(Видео) Трамп му врачи медал за наука на Илон Маск: „Тој е нашиот современ Томас Едисон“

Американскиот претседател, Доналд Трамп, вчера му го врачи престижниот Национален медал за наука на директорот на „SpaceX“, Илон Маск, на...

Економија28 минути

Божиновска одржа предавање пред студентите на Виенската дипломатска академија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, во рамките на работната посета на Виена и учеството во извршната...

Спорт36 минути

Тони Крос e подготвен да започне тренерска кариера

Легендарниот германски фудбалер Тони Крос (36) се подготвува за ново поглавје во својата кариера. По завршувањето на активната фудбалска кариера,...

Македонија1 час

Томографот на Клиниката за радиологија е пуштен во употреба, тој на Хирургија сè уште се поправа

Денеска е ставен во функција еден од компјутерските томографи на Универзитетскиот институт за радиологија – Скопје и е достапен за...

Спорт1 час

Шокантни тврдења за смртта на Марадона: Се ослободија од него, беше темпирана бомба

На судењето на седумте здравствени работници обвинети за смртта на Диего Армандо Марадона, беа упатени сериозни обвинувања против медицинскиот тим...

Забава1 час

Октомври носи промена во кариерата: Професионална пресвртница ги очекува овие три хороскопски знаци

Тие со месеци напорно работеа, преземаа одговорност и го даваа својот максимум, но резултатите изостануваа или доаѓаа бавно. Сепак, ситуацијата...

Свет1 час

Градоначалникот на Киев: Денес станува збор за опстанок – оние што можат, треба да го напуштат градот

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, предупреди дека засилените руски напади врз украинскиот главен град го загрозуваат снабдувањето со електрична енергија...

Свет1 час

Холанѓанец на боледување истрча маратон и доби отказ, работодавачот сега мора да му исплати 60.000 евра

Додека некои луѓе на боледување едвај стигнуваат до продавница, еден Холанѓанец одлучи да истрча маратон. На неговиот работодавач тоа воопшто...

Забава1 час

Пет навики што можат да ви помогнат да останете здрави за време на сезоната на вируси

Сезоната на настинки и грип носи зголемен ризик од респираторни инфекции, вклучувајќи ги обичната настинка и грипот. Иако не постои...