Македонија
(Видео) Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Карпош: Бараме хумана урбанизација наместо три нови згради
Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата е против донесувањето на детаљниот урбанистички план за Градска четврт Ј03 блок 2 онаков каков што е предложен за денешната седница, рече Адријана ЈакимовскаП-анчевска, советник на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Карпош.
Таа рече дека советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа против бидејќи, како што рече, барањата и забелешките на граѓаните се идентични со ставот, заложбите и програмските определби на ВМРО-ДПМНЕ.
„Во овој предлог-детален план се предвидуваат три нови згради -единаесеткатница, седумкатница и шесткатница. Се одзема дел од постојните гаражи, кои се приватна сопственост на граѓаните, со цел да ѝ се удоволи на градежната мафија за да добие фреквентна сервисна улица за да биде во сервис на новите згради. Се уништува зеленило за катна гаража, која е предвидена на постоен паркинг-простор“, изјави советничката на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Карпош.
„Катна гаража се предвидува само за да може планот да се нарече развоен. На простор на кој има потреба од плус паркинг-место се цртаат згради, а на зеленило се цртаат катни гаражи“, додаде таа.
Јакимовска-Панчевска апелира до претседателот на Советот од Левицата и до градоначалникот дека игри со распоредот на денешниот дневен ред не прифаќаат, бараат точката да остане на дневен ред да може советниците да дискутираат и да ја гласаат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Груби: Од медиумите дознав за одлуката на Стејт департментот, секогаш посветено работев за членстовото на земјата во НАТО
„Во недостиг на детални информации, дознав од медиумите за денешната одлука на Стејт департментот“ напиша поранешниот вицепремиер Артан Груби на социјалните мрежи во врска со одлуката на Стејт департмент на САД да го постави на црната листа.
Груби вели дека целиот свој јавен живот го посветил на одбраната на западните демократски вредности и секогаш посветено работел за членството на земјата во НАТО и во Европската Унија, поради што оваа одлука го засегала директно и лично.
„Ќе се обврзам со сета посветеност и максимално, заедно со сите наши пријатели и партнери, со кои ја споделувавме визијата и работевме со години за интеграција на земјата во евроатлантските структури, целосно да го разјасниме ова прашање“ вели Груби.
Тој додава дека танспарентноста и посветеноста на демократските вредности и понатаму ќе бидат главниот столб на секоја негова акција.
Груби беше ставен на црната листа заедно со судијата од Апелациониот суд, Енвер Беџети поради корупција во врска со судски случај поврзан со Сашо Мијалков.
Македонија
Пожар во фирмата „Атлантик“ во Визбегово, горат два шлепери, постои опасност од проширување
Преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, вечерва, во 21.14 часот, е добиена пријава за пожар во фирмата „АТЛАНТИК“ во населба Визбегово.
Според првичните информации се работи за пожар на два камиони (шлепери), но според пријавата на јавувачот постои опасност да бидат зафатени и други камиони. Од спротивна страна на патот се наоѓа бензинската пумпа ХИБ Петрол, извести ЦУК.
За настаната состојба веднаш се известени БППЗ на Град Скопје и ЦИК на МВР.
Македонија
Поради вмешаност во корупција, Артан Груби и судијата Енвер Беџети се на црната листа на САД
Стејт департментот назначи нови 14 лица во црната лица на САД, меѓу нив се најдоа и поранешниот вицепремиер и висок партиски функционер член на ДУИ Артан Груби како и судијата Енвер Беџети, објави Стејт департментот.
Тие јавно се означени дека се вклучени во значителна корупција со прифаќање мито за нарушување на судските процеси поврзани со кривичното осудување на Сашо Мијалков, поранешниот директор на УБК, соопшти Стејт Департментот.
Оттаму додаваат дека означени се и членовите на најблиското семејство на Груби.
• Согласно членот 7031(в), Стејт департментот јавно ги назначува Артан Груби и Енвер Беџети за нивна вмешаност во значителна корупција преку примање мито за поткопување на судските процеси поврзани со кривичната пресуда на Сашо Мијалков, директор на Управата за безбедност на Македонија и Контраразузнавање (УБК). Мијалков беше назначен во 2022 година за значителна корупција според член 7031(в), а OFAC го санкционираше според Е.О. 14033. Како дел од оваа акција се назначени и членовите на потесното семејство на Груби, стои во Стејт департментот.