Контакт

Македонија

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов да си ги засука ракавите и да почне да работи

Објавено пред

„Најновата кампања на градоначалникот Шилегов е со наслове „Пратете фотографија од дома и ќе добиете 100 евра“, што е уште еден дегутантен обид на Шилегов да биде актуелен по секоја цена и по сè друго, само да не биде актуелен со работа, она за што скопјани го плаќаат. Значи, Петре Шилегов, наместо да си ги засука ракавите и да почне да работи, од дома си брка пиар и се однесува како воен профитер“, соопшти советничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, ако Шилегов сака искрено да помогне, нека ја зголеми бројката на автобуси што превезуваат патници во ударните термини наместо постојано да ја намалува, а скопјани да ги преполнуваат претесните автобуси.

„Ако Шилегов сака да помогне, нека се зафати со 24-часовно миење на улиците, а не парадерско фотографирање. Ако Шилегов сака вистински да помогне, наместо градски забавувач, нека биде градски татко и нека го реновира средното училиште чиј кров го одвеа последното невреме? Ако Шилегов сака да работи одговорно, наместо да пишува додворувачки статуси за Филипче, нека го помогне Градот со набавка на бесплатни маски за заштита на скопјани.

Ако Шилегов е вистински одговорен, тогаш во ек на криза немаше туристички да се шета во Шпанија, а притоа да не примени самоизолација. Доста е од парадерство. И со профитерството на Петре се претера, скопјани му даваат повеќе од 100 евра, само Шилегов да си ги засука ракавите и да почне да работи“, се вели во соопштението.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Груби-Тимоние: Од соодветна важност е владеењето на правото и борбата против корупцијата

Објавено пред

Северна Македонија напредува во многу области и успеа да се придвижи напред на меѓународно ниво во однос на процесот на интеграцијата на земјата во Европската Унија. Процесот на реформите ќе продолжи без престан, со цел да се испрати позитивен сигнал до нашите европски партнери.

Ова го изјави првиот вицепремиер и министер за Политички Систем и Односи меѓу Заедниците, г.Артан Груби, на денешната средба со амбасадорот на Франција во Република Северна Македонија, Кристијан Тимоние.

Првиот вицепремиер Груби изрази благодарност за поддршката што Република Северна Македонија ја добива од Република Франција во нејзините напори за остварување на стратешките приоритети на земјата и истовремено за одличната билатерална соработка.

Груби му кажа на францускиот амбасадор дека Владата ќе продолжи да работи со највисоката динамика бидејќи е посветена на напредокот на земјата кој што треба да продолжи во сите можни области. Тој исто така му порача на амбасадорот Тимоние дека Владата на Република Северна Македонија е определена за функционални институции, кои активно и транспарентно ќе работат на спроведувањето на реформите што се во интерес на сите граѓани и на процесот на интеграција на земјата во Европска Унија.

За време на состанокот помеѓу првиот вицепремиер Груби и амбасадорот на Франција Тимоние беше заклучено дека од соодветна важност е владеењето на правото и борбата против корупцијата.

Груби му го потврди својот став на амбасадорот Тимоние дека неселективната правда и владеењето на правото ќе се постигне преку целосна транспарентност и ветингот што ќе се спроведе против носителите на јавни функции, судиите и обвинителите.

Груби и Тимоние исто така ја отворија и темата на пописот, процес што го оценија како чувствителен и во оваа прилика се согласија дека мора да бидат исполнети сите услови за да биде што е можно поверодостоен.

На крајот на оваа средба, Груби и Тимоние разменија мислења за можностите за продлабочување на билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Франција.

Прикажи повеќе...

Македонија

Врховниот суд ја потврди 4,8-годишната казна за Сеад Кочан за предметот „Труст“

Објавено пред

Врховниот суд ја потврди 4,8-годишната казна на Сеад Кочан за случајот „Труст“, која од Апелација му ја намали од изречените 6 години од кривичниот суд. Пресудата за предметот „Труст“ од кривичниот суд беше изречен во јули 2018 година.

„Со донесената пресуда Врховниот суд на Република Северна Македонија поднесените барања на осудениот ги одби како неосновани и ја потврди пресудата на Апелациониот суд Скопје“, велат од Врховниот суд.

Управителот на компанијата „Трансмет“, Сеад Кочан, беше осуден бидејќи со лажни документи учестувал и добил тендери за ископ на јаглен и јаловина во РЕК „Битола“ на АД ЕЛЕМ вреден 17 милиони евра. Во истиот предмет, условно осуден од Апелацискиот суд беше Василије Авировиќ, син на експратеничката Владанка Авировиќ, иако кривичниот суд му одреди три години затворска казна.

Судијката Лидија Трајковска-Зимбовска го ослободи од обивинение третообвинетиот Сафет Ветиќ затоа што делото за кое се гони не е кривично дело.

Прикажи повеќе...

Македонија

Пред Oпштина Центар немаше насилство, рече адвокатот на Трајковски, кој за споредба пушташе снимки од шарената револуција

Објавено пред

На денешното рочиште за предметот „Насилство во Центар“ завршни зборови даде Александар Трајковски, кој е обвинет дека е директен извршител во предметот.

Неговиот адвокат, Јовица Страшевски, го убедуваше судот дека Трајковски не е виновен, презентирајќи видеоснимки од протестите на шарената револуција и кршењето на канцеларијата од експретседателот Ѓорѓе Иванов. Страшевски потенцираше дека за протести со потешки дела, со смртни закани и тепање на полицијата, немало никаква одговорност.

„За разлика од другите протести, пред Општина Центар на протестот немаше ништо спектакуларно и насилно. Од обвинителката не слушнав и не видов насилство, туку дека се тропало и пцуело”, рече адвокатот на Трајковски.

Судот ги одложи завршните зборови за Миле Јанакиески во предметот „Насилство во Центар”, откако Обвинителството го измени обвинението и ослободи Даниела Рангелова, но и против Борче Богдановски и Милан Андоновски. Судијата Душко Јосифовски не дозволи судењето да се врати во доказна постапка, а обвинетите да достават дополнителни докази со кои ќе докажат дека не го сториле делото. Јанакиески и неговиот бранител завршните зборови ќе треба да ги дадат за четири дена.

„Сметам дека денес добивме поднесок кој не е законит. Вие продолживте да постапувате по тој поднесок. Правото да се повлече за одредени обвинети е вистински чекор. Се работи за поднесок кој гласи ‘Поднесок за технички измени и прецизирање на обвинителен акт’. Треба да ја видите фазата на постапката кога се прават овие измени. Јас не барам одложување од причини да се спремам. Јас барам одлагање бидејќи законот ви налага да ни овозможите да се браниме, бидејќи има измена на дејствија. Тие имаат право да изнесат и докази”, рече адвокатот Дончо Наков.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија28 минути

Врховниот суд ја потврди 4,8-годишната казна за Сеад Кочан за предметот „Труст“

Врховниот суд ја потврди 4,8-годишната казна на Сеад Кочан за случајот „Труст“, која од Апелација му ја намали од изречените...

Македонија31 минута

Пред Oпштина Центар немаше насилство, рече адвокатот на Трајковски, кој за споредба пушташе снимки од шарената револуција

На денешното рочиште за предметот „Насилство во Центар“ завршни зборови даде Александар Трајковски, кој е обвинет дека е директен извршител...

Македонија2 часа

Царовска на средба со наставниците: Важно е наставата да почне и покрај сите предизвици

Министерката за образование и наука, Мила Царовска, и заменик-министерот Арафат Шабани со градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски, и претседателот...

Култура2 часа

Со „Хомо“ на Игор Иванов-Изи вечерва завршува филмскиот фестивал „Синдејес“

Филмот „Хомо“, во режија на Игор Иванов-Изи, вечерва ќе го затвори 19-тото издание на фестивалот за европски филм „Синедејс“, по што...

Регион3 часа

Земјотреси во Албанија и во Грција

Во Албанија утрово е регистриран земјотрес со јчина од 4,3 степени според Рихеривата скала, а земјотрес од 4,1 степен ја...

Топ3 часа

Маж загина по пад од покрив

Педесет и шестгодишен маж од село Злетово почина во болница, откако претходно паднал од покривот на куќата додека го чистел...

Македонија3 часа

Николоски: Заев нема да ме замолчи да зборувам за „Рекет“, денес ме тужеше, а не дојде на суд

Денес најмоќниот човек во државата, премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, ме тужи за клевета, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар...

Македонија3 часа

Фетаи ја ослободи Рангелова во „Насилство во Центар“

По три и пол години судења, обвинителката Фатиме Фетаи го повлече обвинението против експратеничката Даниела Рангелова, но и против Борче...

Македонија5 часа

Судењето за случајот „Меѓународен сојуз“ одложено за во октомври

Судењето за случајот познат во јавноста како „Меѓународен сојуз“ се одложува за во октомври. Како што соопшти кривичниот суд, главната...

Европа5 часа

Грците осудија двајца Руси на по 300 години затвор

Двајца Руси се осудени во Грција на по 300 години затвор за нелегален транспорт на мигранти, изјави потпретседателот на Комитетот...

Македонија6 часа

Комплетиран владиниот кабинет, избрани 16 заменик-министри

На предлог на претседателот на Владата, Зоран Заев, Собранието ги именуваше заменик-министри во Владата. Башким Хасани е избран за заменик...

Европа7 часа

Британската полиција заплени еден тон кокаин вреден 128 милиони долари

Британската полиција заплени речиси еден тон кокаин скриен во гајби со овошје од Јужна Америка и уапси двајца мажи. Вредноста...

Свет7 часа

Фаучи: Нормален живот на крајот на наредната година

Во Италија расте бројот на заразени со Ковид-19, па во последните 24 часа откриени се 1.670 нови случаи на инфекција,...

Свет17 часа

Уапсен германски лекар кој снимил силување на пациентка

Уапсен е болнички лекар од евангелистичката клиника „Бетел“ во Билефелд под сомнение дека им давал седативи на жени што доаѓале...

Македонија17 часа

(Видео) Мицкоски: Бараме да предложиме независен јавен обвинител за борба против мафијата

„Правдата во Македонија е нападната. Селективната правда денеска во Македонија е неправда. Имаме невини луѓе во затвори, луѓе што страдаат...

Свет18 часа

Нов Зеланд укина поголем дел од рестрикциите против пандемијата

Маските за лице повеќе не се задолжителни во поголем дел од Нов Зеланд бидејќи случаите на Ковид-19 продолжуваат да опаѓаат....

Свет20 часа

(Видео) Евакуирана Ајфеловата кула поради закана за бомба

Ајфеловата кула во Париз е евакуирана поради телефонски повик дека е поставена бомба, а целата област околу обележјето е блокирана....

Свет21 час

Хајко Мас во карантин

Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, од денеска е во карантин по утврдувањето дека еден од неговите телохранители има...

Македонија21 час

Владата даде согласност – во 169 училишта може да има настава со физичко присуство

Владата на својата 5. седница, одржана на 22 септември, го усвои и извештајот за работата на Комисијата за разгледување поднесени...

Македонија21 час

(Видео) Пендаровски: Овој вител на кризи и закани генерира страв, потребна е солидарност меѓу државите

„Чест ми што имам можност првпат да се обратам од името на Република Северна Македонија на овој глобален форум, кој...

Досие