Контакт

Македонија

Советот на Општина Центар ќе одлучува за барањата на пазарџиите од Зелениот пазар

Објавено пред

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, и директорот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, Васко Кичевски, вчера имаа средба со пазарџиите од Зелениот пазар. На средбата присуствуваа претставници од трговците, кои ги соопштија проблемите со кои се соочуваат со нелегалните продавачи на стока на паркингот со кој стопанисува ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, како и со новите измени во поскапување на цените за паркирање на територијата на општина Центар.

dobivaj vesti na viber

Двете страни постигнаа договор за надминување на разликите, кои изминатиов период манифестираа со неколкудневен штрајк од страна на пазарџиите.

„Приоритет ни се граѓаните што живеат тука. Подготвени сме да најдеме решение и не сакаме никого да оштетиме, туку, напротив, сакаме да воведеме ред. Доставете ги писмено вашите барања во архивата на Општината како би можел да ги разгледам и да ги предложам на следната седница на Советот на Општина Центар“, изјави градоначалникот Богдановиќ.

Тој рече дека ќе ги предложи барањата на пазарџиите на наредната седница на Советот на Општина Центар, каде што за нивните барања ќе одлучуваат советниците на Општината.

Македонија

(Видео) Силно невреме го зафати Кавадарци, паднати дрва, поплавени улици и подруми

Објавено пред

Силно невреме проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер и електрични празнења вечерва го зафати Кавадарци, пишува на социјалните мрежи градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев.

dobivaj vesti na viber

„Според првичните информации, до повикувачкиот центар во општината, се пристигнати дваесетина пријави за поплавени подрумски простории.

Екипи на ТППЕ Кавадарци, ЈП Комуналец и “Мој општинар” се на терен.

За половина час наврнале 40 литри/м2. На улица ,”Беласица” се отстранува паднато дрво од силниот ветер, а се расчистуваат и наноси од кал“, информира Јанчев.

Од силниот дожд вода има навлезено и во зградата на општина Кавадарци.
Од општина Кавадарци ги известуваат сите граѓани кои имаат
било каков проблем да се јават во Кол Центарот на општината на бројот 13 300.

За невремето информираат и од Центарот за управување со кризи.

„Вечерва подрачјето на Кавадарци го зафати невреме проследено со обилни врнежи на дожд. Од невремето поплавени се десетина подруми од куќи, како и средишниот дел од главната ул.7-ми Септември на која во моментот 3 екипи со механизација работат на расчистување, а за испумпување на водата од поплавените подруми на терен се екипи од пожарната од Кавадарци со 2 пумпи и екипа од Комуналец од Кавадарци со две пумпи“, стои во објавата на фејсбук од страна на ЦУК.

Прикажи повеќе...

Македонија

На Богородица се чека околу 30 минути, на Табановце и Пелинце околу два часа

Објавено пред

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

dobivaj vesti na viber

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

На ГП Богородица времето на чекање за излез од државата е околу половина час. На ГП Табановце и ГП Пелинце се чека околу 2 часа за влез и излез од државата. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 09.08.2022 до 20.08.2022 на патниот правец раскрсница Маврово – Галичник Р- 2238 поради изведување градежни работи (асфалтирање) сообраќајот е во прекин помеѓу 10:00 и 16:00 часот. Работите се изведуваат само во работни денови.

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај до 01.10.2022 за возила со вкупна маса до 3,5 тони.

Прикажи повеќе...

Македонија

ДУИ: Охридскиот мировен договор ја спаси земјата од идеологиите на уништување и омраза

Објавено пред

Демократската унија за интеграција по повод 21-годишнината од потпишувањето на Охридскиот мировен договор, оценува дека тој правен акт кој утврди вистинските вредности на демократијата во земјата и го отвори патот за непрекинатото партнерство со Соединетите Американски Држави и Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

„Како политички субјект од своето формирање, ДУИ има примарен приоритет за континуирано спроведување на неговата содржина и денес можеме да констатираме дека прогресивната мисија и цел е целосно заокружена преку воспоставување на вредностите на еднаквост, консензуална демократија, социјална кохезија и зајакнување на мирниот соживот. Реалноста по 2001 година со факти зборува за забележителниот напредок, за правичната застапеност во институциите на државата, за официјалниот албански јазик, за непречената употреба на националните симболи, за универзитетите отворени на албански јазик и за сите ускратени права кои беа некаде пред 2001 година“, нагласуваат од ДУИ.

Во духот на Охридскиот мировен договор, успеавме, велат од таму, да го одржиме прозападниот курс на земјата, станавме дел од НАТО и успеавме да го започнеме процесот на интегративни преговори со Европската Унија.

Демократската унија за интеграција цени дека годишнините од Охридскиот договор им припаѓаат на сите граѓани бидејќи тој историски моментум ја спаси земјата од идеологиите на уништување и омраза, ја воспостави правдата што недостасуваше во земјата и го означи триумфот на вистинската кауза за еднаквост.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа6 часа

Подољак: Преговори со Русија ќе значат само едно – дека Русија победи

Мировните преговори со Русија ќе значат вистинска загуба на Украина, Европа и демократските вредности, изјавил Михаил Подољак, шеф на кабинетот...

Европа9 часа

Кисинџер: САД се на работ на војна со Русија и Кина по одредени прашања

Поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер смета дека САД се „на работ на војна“ со Москва и Пекинг, „поради прашања“...

Македонија10 часа

ДУИ: Охридскиот мировен договор ја спаси земјата од идеологиите на уништување и омраза

Демократската унија за интеграција по повод 21-годишнината од потпишувањето на Охридскиот мировен договор, оценува дека тој правен акт кој утврди...

Топ10 часа

Скопјанец пукал со пиштол поради сообраќајна расправија па побегнал

Вчера во 11.40 часот во Полициска станица Бит Пазар е пријавено дека во близина на трговски центар на подрачјето на...

Регион11 час

„Стандард“: Полицијата преговара со Ненад Калуѓеровиќ да се предаде

Според неофицијални информации, наводно се водат преговори меѓу Ненад Калуѓеровиќ и полицијата за да се предаде, бидејќи тој го напуштил...

Економија13 часа

(Видео) Ковачевски: е.GO е инвестиција од 130 милиони евра и 890 нови добро платени работни места

Македонската Влада застапувана и претставувана од Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони и „НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ“, денеска во ТИРЗ Тетово потпишаа...

Македонија17 часа

Пендаровски: Клучните придобивки од Рамковниот договор беа зачувување на суверенитетот и на територијалниот интегритет

  Претседателот Стево Пендаровски, по повод одбележувањето 21 година од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор со порака: „Пред 21 година,...

Регион18 часа

Ненад Калуѓеровиќ спречил уште пострашно сценарио на Цетиње, тој е убиецот на Вук Бориловиќ

„Новости“ дознава дека убиецот Вук Бориловиќ, кој вчера изврши незапамтен масакр во Цетиње (Црна Гора) немал криминално минато, а бил...

Европа18 часа

Зеленски за визите за Русите: Европа не смее да стане супермаркет во кој не е важно кој влегува

Украинскиот претседател Володимир Зеленски уште еднаш апелираше до земјите-членки на Европската унија да не им даваат визи на граѓаните на...

Македонија19 часа

Дваесет и една година од потпишувањето на Рамковниот договор

На денешен ден во 2001 година беше потпишан Охридскиот рамковен договор, во претседателската резиденција на Водно во Скопје од страна...

Свет19 часа

Писателот Салман Ружди е опериран, не може да зборува и најверојатно ќе го загуби окото

Британскиот писател со индиско потекло Салман Ружди (75) , кој повеќепати беше избоден со нож во вратот и стомакот од...

Македонија1 ден

Пациентот од Кичево суспектен на мајмунски сипаници има негативен брис

Министерството за здравство вечерва информираше дека од Институтот за јавно здравје се информирани дека е завршено испитувањето на брисот земен...

Македонија1 ден

Скопје ја повлече согласноста за почесен конзул на Русија во Битола

Северна Македонија официјално ја извести Русија дека ја повлекува согласноста за формирање Канцеларија на почесниот конзул на Русија во градот...

Регион1 ден

(Видео) Масакр во Цетиње, по семеен конфликт убил 11 луѓе, пукал и во деца

Во населбата Медовина во црногорскиот град Цетиње, во близина на Владата, денеска околу 16 часот загинаа 11 лица, а шестмина...

Европа1 ден

Кличко со критики за Шолц за издавањето визи на Русите

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко го критикуваше германскиот канцелар Олаф Шолц поради неговото одбивање да престане да издава визи за...

Економија1 ден

Во јавните згради во Германија ќе се дозволи греење до максимални 19 степени Целзиусови

Германскиот министер за економија Роберт Хабек денеска најави нови регулативи кои ќе се однесуваат на заштеда на енергија поради страв...

Свет1 ден

Пекинг ја предупреди Америка: Борбата против повеќе од 1,4 милијарда Кинези нема да заврши добро

Бoрбата на Соединетите Американски Држави против повеќе од 1,4 милијарда Кинези нема да заврши добро, изјави кинескиот министер за надворешни...

Македонија2 дена

Ќучук: Преговорите на Северна Македонија со ЕУ ќе почнат по завршување на скринингот

Процесот на преговори меѓу ЕУ и Република Северна Македонија сè уште не е почнат бидејќи се чека да заврши скринингот,...

Македонија2 дена

(Видео) Стојаноска: Како и со Ковид-19, така и со мајмунските сипаници власта се однесува неодговорно

Во Македонија, со власта на СДСМ и ДУИ, се случува тотален распад на системот. Земјава, од сите земји во регионот,...

Топ2 дена

Мотоциклист почина во сообраќајна несреќа во Кочани

Синоќа, во 18.55 часот, било пријавено дека на експресниот пат во изградба, Кочани – Крупиште, кај клучката за с. Спанчево,...