Контакт

Македонија

Советот на јавни обвинители ќе го поништи огласот за шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал

Објавено пред

Советот на јавни обвинители на седница што ќе се одржи утре ќе го поништи огласот за избор на шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупција и на другите обвинителства каде не беа избрани челни луѓе со февруарскиот оглас, дознава „Макфакс”.

Причина за поништувањето на огласот е тоа што поминаа 6 месеци откако беше објавен. Утре треба да биде повторно распишан нов оглас и да течат нови рокови. Првиот човек на Советот на јавни обвинители, Коле Штерјев, со кого се поврзуваа јануарските скандали за избор на обвинители, на јавноста ѝ објаснуваше дека на членовите на Советот им требало повеќе време за да обезбедат дополнителни податоци за кандидатите кои конкурираа.

За шефовската позиција во Обвинителството за организиран криминал извиси обвинителката која ја водеше истрагата и го поднесе обвинението за крвавиот четврток, Вилма Русковска. В.Д. шефица на ова обвинителство е Гордана Смаќоска.

„Макфакс” дознава дека дел од кандидатите повторно ќе конкурираат за позициите. Како што веќе објави „Макфакс”, Коле Штерјев и државниот јавен обвинител имале несогласувања за одредени имиња предложени за обвинители.

Скопје

Водовод извршиле редок тип на интервенција: Саниравме дефект без да ги поместиме пругите

Објавено пред

Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје испрати фотографии од успешната интервенција за санирање на дефект.

Оттаму велат дека се работи за многу редок тип на интервенција, па без да се поместат железничките пруги саниран бил дефект и реконструирани 36 метри водоводна мрежа со профил ф300 под пругите.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

МОСТ ќе ги следи изборите со повеќе од 1.500 набљудувачи

Објавено пред

Граѓанската асоцијација МОСТ ќе ги следи утрешните избори со повеќе од 1.500 набљудувачи. На 1.160 гласачки места, избрани според случаен и репрезентативен примерок, ќе бидат распоредени исто толку набљудувачи со што ќе се покријат 33 проценти од вкупниот број на гласачки места во Република Северна Македонија.

Од граѓанската иницијатива соопштија дека нивните набљудувачи се статични, и ќе ја следат постапката на гласање во текот на целиот ден. Покрај тоа, МОСТ ќе распореди и 100 мобилни тимови, составени од по 2 набљудувачи, кои ќе служат за логистичка поддршка на статичните набљудувачи и повремено ќе ги набљудуваат гласачките места на кои МОСТ нема распоредено статични набљудувачи. Дополнително, 80 набљудувачи ќе ја набљудуваат работата на општинските изборни комисии, а ќе се набљудува и работата на Државната изборна комисија.

Покрај утрешното гласање, МОСТ денес го набљудува и предвременото гласање на болните и немоќни лица, внатрешно раселените лица и лицата во затвор или притвор.

Жолтите маички со кратки ракави, на кои на предната лева страна стои логото на МОСТ и е испишано “Monitoring 2019“, овластувањата од МОСТ и акредитациите од ДИК, истакнати на видно место, ќе бидат препознатливиот белег на граѓаните кои како домашни набљудувачи се дел од тимот за набљудување на Граѓанската асоцијација МОСТ. Обележјата на набљудувачите оваа година се разликуваат од тие од претходните години. МОСТ потенцира дека набљудувач на организацијата е единствено оној граѓанин кој носи маица, овластување и акредитација исклучиво за овие избори.

Во текот на изборниот ден, на бесплатната телефонска линија 080 080 080 граѓаните може да пријавуваат евентуални нерегуларности или да дадат информации поврзани со изборниот процес.

Проектот „Домашно набљудување на претседателските и локалните избори за градоначалник во Охрид, Ново Село и Дебар 2019“ е поддржан од: Британската амбасада Скопје, Амбасадата на Кралството Холандија, Националниот фонд за Демократија (НЕД) како и од страна на Проектот на УСАИД за граѓанско учество.

 

Прикажи повеќе...

Избори 2019

ДИК: Гласањето тече без проблеми, се гласа и во два старечки дома

Објавено пред

До овој момент гласањето тече без проблеми, оценија од Државната изборна комисија на прес-конференција информирајќи за гласањето на болните, затворениците, притворените и дијаспората кои денеска од 7 часот го остваруваат нивното гласачко право за претседателските избори и локалните кои се одржуваат во три општини.

Од ДИК велат дека за прв пат гласаат и гласачи во два старечки дома. Гласачките места се отворени и таму, а 71 гласач ќе имаат можност да гласаат. Новина е воведена и кај граѓаните со оштетен слух и говор, за кои на денот на изборите активен ќе биде телефонскиот број 076 488 360 на кој преку видео повик ќе можат да постават прашање до Државната изборна комисија и да добијат одговор на македонски знаковен јазик.

Во Избирачкиот список на овие избори се запишани вкупно 1.808.131 гласач.

„Веќе се отворени гласачките места во 32 наши дипломатско конзуларни претставништва во странство каде што 1.781 гласачи кои се пријавиле и чии пријави се прифатени од Државната изборна комисија имаат можност да го остварат своето гласачко право. Исклучок се само гласачките места во САД, кои ќе бидат отворени во 7 часот, согласно временската зона на ДКП“, изјави портпаролката на Државната изборна комисија, Љупка Гугуческа.

Таа истакна дека од гласањето во Европа, досега најголема е излезноста во Прага – 23,4 отсто, а најниска е во Истанбул – 3,57 проценти. Излезноста во Будимпешта е 18,75 проценти, во Брисел 18,37, во Загреб 16,67. Излезноста во до 18:30 часот во Канбера е 38 отсто додека во Мелбурн 57,58 проценти.

На гласачките места во 13 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да го остварат 1.640 гласачи. Сите гласачки места во казнено поправните установи се отворени утрово во 7 часот и гласањето таму ќе трае до 19 часот.

Во текот на денешниот ден своето гласачко право во единствениот центар за внатрешно раселени лица ќе можат да го остварат и 7 гласачи кои се водат како внатрешно раселени.

Избирачките одбори ќе го спроведат и гласањето на лица кои се болни или немоќни, или во куќен притвор, а до општинските изборни комисии доставиле известувања со соодветна документација. Во своите домови гласачкото право ќе го остварат 3.539 граѓани кои се пријавиле како болни или немоќни, како и 12 граѓани кои се пријавиле за гласање, а се во куќен притвор.

Државната изборна комисија издала акредитации за набљудување на 3.150 домашни, 419 странски набљудувачи, 289 преведувачи и 20 странски новинари.

Од ДИК потсетија дека гласачите своите гласачки ливчиња треба да ги обележуваат со заокружување на редниот број пред кандидатот за кој што сакаат да гласаат, со хемиско пенкало во сина боја.

Активен е и бесплатниот телефонски број 0800 555 444, на кој заинтересираните граѓани можат да се јават и да постават прашање или да остават коментар до Државната изборна комисија, заедно со своите податоци за контакт, на кои би добиле одговор на поставеното прашање.

 

 

Прикажи повеќе...

Најново

Избори 20191 час

ДИК: Гласањето тече без проблеми, се гласа и во два старечки дома

До овој момент гласањето тече без проблеми, оценија од Државната изборна комисија на прес-конференција информирајќи за гласањето на болните, затворениците,...

Европа2 часа

Уапсени две лица за убиството на новинарката во Северна Ирска

Две момчиња на возраст од 18 и 19 години се упасени во врска со убиството на новинарка за време на...

Свет3 часа

Напад на семејна прослава во Мексико, 13 мртви и тројца повредени

Непознати напаѓачи убиле 13 лица за време на упад на семејна прослава во Веракрус, во источниот дел на Мексико, соопштија...

Избори 20193 часа

Поради изборите МВР ќе издава лични карти денеска и утре

Министерството за внатрешни работи соопшти дека сите одделенија за управни работи ќе работат и денеска и утре. Сите барања за...

Топ3 часа

Трактор и три возила се судрија кај Струмица

Сообраќајка помеѓу трактор и три возила се случила синоќа на магистралниот пат Струмица-Граничен премин „Ново Село“, на место викано „Леска“. МВР...

Топ4 часа

Сообраќајна несреќа на улица во Скопје, меѓу повредените и деца

Пет лица со повреди биле пренесени во болница по сообраќајна несреќа што се случила вчера на улицата „Кемал Сејфула“ во...

Европа4 часа

Јункер: Постои страв дека ќе дојде до брегзит без договор

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, побара од Велика Британија да го искористи шестмесечното одложување на брегзит за разработка на...

Свет4 часа

Во Египет референдум за продолжување на мандатот на претседателот

Египѓаните на референдум ќе гласаат за амандманите за продолжување на мандатот на претседателот Абдел Фатах ал Сиси. Одлуката за распишување...

Избори 20195 часа

Денеска гласаат затворениците, раселените и немоќните лица

Денеска затворениците, раселените и немоќните лица гласаат на изборите за претседател и на предвремените локални избори што ќе се одржат...

Свет17 часа

Помпео: Русија се меша во изборите во целиот свет

САД ќе продолжат да го осудуваат руското мешање во американските избори и ќе преземат одлучни мерки против злонамерното дејствување на...

Избори 201918 часа

МВР ќе издава лични карти и утре и задутре

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека сите одделенија за управни работи ќе работат в сабота и в недела...

Македонија1 ден

,,Сведочите на рекла-кажала”, Мијалков се обиде да го дискредитира Звонко Костовски

Со поставување вкрстени прашања, ексшефот на тајната полиција Сашо Мијалков се обиде да го дискредитира сведочењето на Звонко Костовски, еден...

Македонија1 ден

(Видео) Јанакиески побарал увид во доказите за крвавиот четврток

Околу триесетина минути траеше распитот на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески во Обвинителството за организиран криминал и...

Македонија1 ден

Револтирана мајка: Син ми доби силна тупаница по главата поради бојата на кожата

Револтирана мајка од Скопје на Фејсбук објави дека нејзиниот 13-годишен син добил тупаница по глава, а претходно бил навредуван на...

Македонија1 ден

Надица се логираше со други имиња за да види што другите гледаат во системот, сведочеше Звонко Костовски

Обвинетата началничка во МВР, Надица Николиќ, на денешното судење за масовното прислушување познато под кодното име „Таргет-Тврдина“ го испрашуваше инженерот...

Крвав четврток1 ден

Јанакиески повикан на распит во обвинителство за крвавиот четврток

Ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, е повикан на распит во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција во...

Македонија1 ден

Теренска вакцинација во училиштата против морбили

Медицински персонал денеска ќе тргне по училиштата и теренски ќе ги вакцинира оние што не ја примиле вакцината против морбили....

Европа1 ден

Шпанската полиција спречи терористички напад на џихадистите за Велигден во Севиља

Шпанската полиција, наводно, спречила планиран напад на велигденските поворки во Севиља, при што во Мароко е уапсен еден џихадист, соопшти...

Избори 20192 дена

Дескоска: Ако не се избере претседател, во игра се две опции

Во игра се две опции доколку на претседателските избори не биде постигнат потребниот цензус, изјави министерката за правда, Рената Дескоска....

Македонија2 дена

На интернет објавени четири прислушувани разговори

На интернет пред неколку часа објавени се четири телефонски прислушувани разговори. Зад објавата стои извесен корисник „Илија громовник“, а разговорите се...

Досие