Македонија
Сончево време со мала локална облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност, наутро посвежо, а преку денот топло.
Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени. УВ=8
Во Скопје сончево со мала локална облачност и со слаб северозападен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 27 степени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Никоб лаб“ со уште подостапни цени и услуги од мрежата на ФЗОРСМ

„Почитувани корисници на услугите на НИКОБ Медикал и НИКОБ Лаб, Ве информираме дека ја проширивме соработката со ФЗОРСМ за поголема достапност, цени и квалитет на лабораториските услуги.
Ве известуваме дека Лабораторијата ПЗУ Никоб Лаб има склучено договор со ФЗОРСМ за изработка на биохемиски анализи опфатени со Лабораторискиот упат ЛУ1-а, ЛУ1-б, ЛУ1-в и ЛУ2.
Со ЛАБОРАТОРИСКИ УПАТ ЛУ1- а
- ХЕМАТОЛОШКИ СТАТУС
- Седиментација на еритроцити
- Крвна слика со диференцијална крвна слика
- УРИНАРЕН СТАТУС со седимент
- ГЛУЦИДЕН СТАТУС
- Глукоза во серум (гликемија)
- ЛИПИДЕН СТАТУС
- Вкупен холестерол
- Триглицериди
- ДЕГРАДАЦИОНИ ПРОДУКТИ
- Уреа во серум
- Креатинин во серум
- ЕНЗИМСКИ СТАТУС
- AST аспартат аминотрансфераза
- ALT Аланин аминотрансфераза
- ЕЛЕКТРОЛИТЕН СТАТУС во серум
- Железо (Fe)
- Тест за бременост ß HCG во серум
Со ЛАБОРАТОРИСКИ УПАТ ЛУ1- б
- ГЛИКОЛИЗИРАН ХЕМОГЛОБИН (HbA1C) со шифра на услугата БА 4/3 се упатуваат и примаат само пациенти со воспоставена дијагноза diabetes mellitus. МКБ
- ТИРЕОСТИМУЛИРАЧКИ ХОРМОН (TSH) со шифра на услугата БА 11/16 се упатуваат и примаат само пациенти со воспоставена дијагноза на хипотиреоза.
- ГЛУКОЗА ТОЛЕРАНС ТЕСТ (OGTT)
- СЕРУМСКИ ТУМОРСКИ МАРКЕРИ ЗА ПРОСТАТА (PSA)
Со ЛАБОРАТОРИСКИ УПАТ ЛУ1-в
- ХОРМОНАЛЕН СТАТУС со шифра на услуга БА 11
- ТУМОР МАРКЕРИ со шифра на услуга БА 16 ОГТТ
Остануваме лидери во тестирањето на Ковид 19, брзи и квалитетни со најдостапни цени и најквалитетни услуги
За сите дополнителни информации и прашања слободно контактирајте не на 02 / 274 – 1000 или на 071 / 321 – 017“.
(ПР текст)
Македонија
Тренчевска: Новата апликација Bebbo нуди практични совети за правилен развој на децата

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, денеска присуствуваше на промоција на новата мобилна апликација Bebbo, развиена од УНИЦЕФ, во соработка на Министерството за здравство, Министерството за образование и наука и Министерството за труд и социјална политика и со поддршка од Европската Унија.
Апликацијата Bebbo содржи многубројни информации и стручни совети, интерактивни алатки за правилен развој на детето, но и совети за тоа како родителите да се грижат за себе. Таа е бесплатна и лесна за симнување и користење, работи без интернет и е достапна на македонски и на албански јазик.
Тренчевска посочи дека апликација Bebbo во голем дел се надоврзува на заложбите на Министерството за труд и социјална политика во зајакнувањето на капацитетите и вештините на стручниот кадар и на самите родители за позитивно родителство имајќи го предвид значењето на односот на родителите и стручниот кадар во градинките во развојот на една личност и колку вештините со кои ќе се стекнат децата на возраст од 0 до 6 години ќе влијаат на нивниот понатамошен развој.
„Децата сведоци на насилство или жртви на насилство понатаму во животот најчесто стануваат и самите насилници поради тоа што не препознаваат што е добро, а што лошо, што е решавање проблем на демократски начин и решавање проблем преку дијалог и дискусија внатре во семејството“, рече Тренчевска.
Таа посочи дека поддршка особено им е потребна на родителите и децата што живеат во сиромаштија, на децата Роми, децата со попреченост и децата што се особено ранливи на експлоатација, злоупотреба и одвојување од семејството.
Македонија
(Видео) Митрески: Ќе дадеме наши предлог-заклучоци кои ќе се однесуваат на стратешките определби за членството во ЕУ

„Зборуваме за заклучоци коишто би се донеле евентуално по информацијата што ќе ја достави Владата до Собранието по која ние ќе разговараме. Не станува збор за промена на европскиот предлог, туку зборуваме за заклучоци кои ние како Собрание ќе ги донесеме за да ја задолжиме и обврземе Владата како да се однесува во следниот период. Јас денес очекувам одговорност од сите партии и пратенички групи бидејќи станува збор за сериозен процес во државата, бидејќи се работи за иднината на државата и нивните граѓани“, изјави меѓу другото координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески пред денешната работна група во Клубот на пратеници.
Митрески рече дека како пратеничка група „ќе дадеме наши предлог-заклучоци коишто ќе се однесуваат на нашите стратешки определби за членството во ЕУ со исклучување на билатералните – историски и образовни прашања. Ќе дадеме предлози и заклучоци коишто ќе значат безусловно почитување на определбата за посебните историски, јазични и културни посебности на македонскиот народ“.
Митрески по новинарско прашање рече дека „како Собрание уште еднаш ќе потврдиме дека билатералните прашања ќе бидат исклучени од рамката и ќе ја задолжиме Владата, затоа што овие заклучоци се обврзувачки за Владата, да се исклучат билатералните прашања од аспект на историјата и образованието“.