Контакт

Македонија

Сончево време со температура до 18 степени

Објавено пред

Времто денеска ќе биде сончево и релативно топло со слаб јужен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 18 степени, информира УХМР.

Во Скопје, сончево и тивко. Максималната температура ќе достигне до 14 степени.

Македонија

Министерството за здравство со совети како да го заштитиме менталното здравје во време на коронавирус

Објавено пред

Карантинот, изолацијата и социјалното дистанцирање се мерки кои докажано го забавуваат ширењето на КОВИД-19 и ни помагаат да го заштитиме јавното здравје. Но, не треба да заборавиме за време на овие кризни ситуации да го негуваме и менталното здравје.

Министерството за здравство објави неколку совети за тоа како би можеле најдобро да се грижиме за себе и другите во ваквите нестандардни услови.

Еден од советите е да следиме проверени информации и да избегнуваме постојано да следиме вести или социјални медиуми.

„Земето го во предвид степенот на ризик за вас и другите. Луѓето на социјалните медиуми и некои од традиционалните медиуми имаат различно видување за ризикот во вакви ситуации, со голема веројатност да е неточен и непроверен.

Најдобро што може да направите е да следите проверени информации и да бидете во тек со случувањата. Доколку следите интернет портали или разберете за нова информација, проверете го изворот на информација за да се осигурате дека е од соодветно државно/ здравствено тело или агенција.

При тоа, избегнувајте постојано да следите вести или социјални медиуми, бидејќи тоа може дополнително да ја ви зголемува вознемиреноста. Заради тоа, ограничете го приливот на различни информации до вас и особено вашите деца.

За информации поврзани со вашата здравствена состојба или за блиските, консултирајте се со вашиот лекар и одговорниот медицински персонал. Доколку потребно, проверете дали ваквите консултации може да ги правите телефонски или преку интернет конекција (пр. Скајп, Вибер, Месенџер…)“, советува Иво Куновски, магистер по клиничка психологија.

„Во услови на социјална дистанцираност, карантин и изолација луѓето може да доживеат различни непријатни мисли и чувства. Очекувано е и нормално да се почувствува страв, вознемиреност и загриженост за сопственото здравје и здравјето на блиските. Често може да се развие незадоволство од членовите на семејството или пријателите кои се приморани да бидат во карантин заради контакт со лице заболено од вирусот.

Зголеменото внимание на себе или редовното следење на вашето здравје од медицински персонал, исто така може да предизвика непријатност и нетрпеливост. Дополнителна грижа може да претставува и земеното работно отсуство, намалениот прилив на финансиски средства, работната несигурност, како и предизвикот во обезбедување основни прехрамбени и хигиенски продукти при лимитирано движење.

Често забележани чувства кои се развиваат во вакви ситуации може да вклучат: загриженост за способноста да ги извршувате секојдневните обврски со децата и старите, несигурност за ситуацијата и иднината, осаменост заради одвоеноста од блиски, лутина за немарноста на другите, досада заради лимитираниот број активности, намалено расположение, намален или зголемен апетит, прекумерно или недоволно спиење, како и прекумерна употреба на алкохол и цигари. Ова се вообичаени реакции на невообичаени настани за кои сепак можеме да превземеме нешто“, вели Иво Куновски, магистер по клиничка психологија.

Прикажи повеќе...

Македонија

Починаа родилката од Охрид и нејзиното бебе

Објавено пред

На Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје доцна синоќа почина пациентка на возраст од 37 години од Охрид, којашто вчера попладне е донесена во Скопје со возило на брза помош во фебрилна состојба со мртов плод во стомакот.

„На жената уште веднаш и е направена целосна лабораторија и земен брис за Ковид-19. Лекарите оперативно го извадија плодот, а од стомакот на мајката е евакуиран гној. Можна причина за фебрилноста е септичната состојба на пациентката, но тестот треба да утврди или отфли присуство на коронавирус.

За време на интервенцијата состојбата кај пациентката се влоши при што истата беше интубирана, се пристапи кон целосна реанимација, но за жал во 22.00 е констатирана смрт. Причина за смртта е сепса со масивна тромбемболија, а пациентката ќе биде пратена на обдукација по што ќе има егзактна дијагноза.Се работи за екстремно обезитна пациентка која во последните 5 месеци воопшто не се ни движела, а согласно податоците од докторите во Охрид, пациентката не ги извршувала ни потребните гинеколошки контроли.Сега починатата родилка е донесена без претходна најава од матичен лекар и оставена пред влезот на Клиниката. По измерената телесна температура, таа е веднаш спроведена на посебен влез до одделението за изолација“, соопшти скопската Клиниката за гинекологија и акушерство.

На 30 март на Клиниката е примена и второротка од Куманово на возраст од 27 години која во 20:15 поради намалена плодова вода и влошена општа состојба е породена со царски рез. Пациентката е спроведена и породена во изолација, заради фактот што истата како суспектна на Ковид-19 и упатна дијагноза која укажува на намалената плодова e најавена и испратена на Клиниката преку својот матичен лекар.

„На пациентката освен комплетната лабораторија, земен и е и брис за Ковид- 19 чиј што резултат е стигнат вчера попладне во 18.00 часот и истиот е позитивен на вирусот.
Пациентката роди живо машко новороденче кое е недоносено и во моментов се наоѓа на интезнивна нега на ГАК. Новороденчето е изолирано и е во добра општа состојба, не е на машина туку само со кислородна хауба. Денеска на бебето ќе му биде земен брис и направен тест на Ковид-19.

Пациентката при приемот е без температура, но во својот исказ посочува дека пред 3 дена имала грозница и се пожалила на сува кашлица. Пациентката укажа на тоа и дека нејзиниот свекор, исто така од Куманово, е позитивен на Ковид- 19. Со пациентката е постапено по сите протоколи за прием на заразен пациент како во однос на нега и третман, така и во однос на адекватна заштита на персоналот и изолација на пациентот.Вчера родилката почна да развива потешка клиничката слика, отежнато дишење со намалена сатурација, по што е веднаш префрлена и хоспитализирана на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби“, се додава во соопштението.

Еден дел од Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје функционира за родилки супсектни и позитивни на Ковид-19. За таа намена е воспоставен целосен протокол на изолација од влез, патека на движење, посебна родилна сала, бокс и тим.

Од Клиниката за гинекологија и акушерство апелираат сите пациентки кои доѓаат на клиниката да се придржуваат кон сите насоки кои се упатуваат од Министерството за здравство во однос на заштитата на сопственото здравје и околината, но исто така се упатува и апел за целосно и вистинито давање на информации при прием со цел адекватно и навремено превземање на адекватни мерки кои се однесуваат на вашето здравје и безбедноста на здравстевниот персонал.

Прикажи повеќе...

Македонија

Сообраќајот на Плетвар нормализиран, воведена забрана на Пресека

Објавено пред

Сообраќајот за тешки товарни возила на планинскиот премин Плетвар е нормализиран, соопшти АМСМ.

Во 10.45 часот се воведува забрана за движење тешки товарни возила на планинскиот премин Пресека.

Од изутринава има забрана за движење тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар и на планинскиот премин Стража. Врнежи од снег се бележат на Попова Шапка, Маврово, Кула, Крушево, Крива Паланка – ГП Деве Баир и на планинските превои Стража, Ѓавато и Пресека, информира АМСМ.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет8 минути

(Видео) Во Лондон за пет дена направена болница за 4.000 пациенти

Британската агенција за јавно здравје со помош на војската за пет дена ја претвори конференциската сала „Ексел“ во Лондон во...

Македонија53 минути

Министерството за здравство со совети како да го заштитиме менталното здравје во време на коронавирус

Карантинот, изолацијата и социјалното дистанцирање се мерки кои докажано го забавуваат ширењето на КОВИД-19 и ни помагаат да го заштитиме...

Македонија1 час

Починаа родилката од Охрид и нејзиното бебе

На Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје доцна синоќа почина пациентка на возраст од 37 години од Охрид, којашто...

Свет2 часа

За еден ден во Москва излекувани 45 луѓе од коронавирусот

Нови 45 луѓе, кои се излекувале од коронавирусот, се пуштени од болница во Москва изминатите 24 часа, соопштија градските власти....

Европа2 часа

Бројот на починати од Ковид-19 во Европа се искачи над 30.000

Европа изгуби над 30.000 животи во пандемијата на новиот коронавирус Ковид-19, од кои повеќе од една третина се во Италија,...

Европа3 часа

Уапсен терорист во Виена, се криел во старски дом

Во Виена е уапсен терористот што го барале руските власти, а кој се криел во старски дом. Руските власти издале...

Свет3 часа

Сто заразени на американски носач на авиони: „Не сме во војна, морнарите не мора да умрат“

Капетанот на американскиот наосач на авиони „Теодор Рузвелт“, на кој има повеќе од 4.000 членови на екипажот, побарал итна помош...

Свет4 часа

Русија испраќа медицинска помош во САД за борбата против коронавирусот

Русија ќе испрати во САД опрема за помош во борбата против коронавирусот, јавуваат руските агенции повикувајќи се на портпаролот на...

Регион4 часа

Бугарија, по еден ден, ја укина наредбата за носење маски

Бугарската влада, по само еден ден од носењето на одлуката, ја укина наредбата за носење заштитни маски на јавни места...

Свет4 часа

Во САД повеќе од 4.000 починати од коронавирус, Трамп најави две многу болни недели

Белата куќа објави нова процена дека во САД коронавирусот ќе одземе меѓу 100.000 и 240.000 животи доколку се почитуваат ограничувањата...

Македонија4 часа

Забрана за камиони на Стража, Плетвар и на патот Маврово – Дебар

Од изутринава има забрана за движење тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар, на Плетвар и на...

Регион15 часа

Косово ги укина таксите за Србија и БиХ

Косовскиот премиер во оставка Албин Курти објави дека косовската влада донела одлука за укинување на таксите за производи од Србија...

Македонија19 часа

(Видео) Пендаровски: Ситуацијата со коронавирусот останува сложена

Претседателот Стево Пендаровски по седницата на Советот за безбедност посочи дека ситуацијата останува сложена бидејќи не се знае колку долго...

Македонија19 часа

Филипче: Зголемувањето на бројот на пациенти е очекувано, таквиот тренд ќе продолжи до крајот на април

Според министерот за здравство, Венко Филипче, зголемувањето на бројот на пациенти во овој период е очекувано од страна на епидемиолозите,...

Македонија19 часа

Филипче: Инспекторатот утврди пропуст кај охридската болница

Министерот за здравство, Венко Филипче, посочи дека сè уште се чекаат резултатите на 16 пациeнти од Заводот за рехабилитација во...

Македонија20 часа

Седум македонски граѓани од Перу преку Португалија ќе се вратат во државава

Министерството за надворешни работи информира дека уште седум македонски граѓани се вратени од Лима, Перу на европско тло. Утрово авионот...

Македонија20 часа

(Видео) Владата го донесе вториот пакет економски мерки – платите на функционерите скратени на 14.500 денари

Владата ја одржа 32. седница на која беше разгледан и усвоен вториот пакет економски мерки за справување кризата. Деталите за...

Македонија22 часа

Кумановец и дебаранец починаа од коронавирусот, за еден ден регистрирани 44 заразени

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести од коронавирусот починале двајца мажи, едниот на возраст од 45...

Економија22 часа

Спасовски: Се одложуваат наплатите за закуп на станови

Пратениците, претседателот на Собранието, директорите и министрите ќе земаат минимална плата од 14.500 денари наместо досегашните над илјада евра за...

Свет22 часа

Светот собори уште еден мрачен рекорд со Ковид-19: повеќе од 800.000 заразени

Бројот на заразени со новиот коронавирус Ковид-19 во светот денеска надмина 800.000 потврдени случаи, посочува Ресурсниот центар за коронавирус „Џон Хопкинс“,...

Досие