Контакт

Македонија

Сончево време со температура до 37 степени

Објавено пред

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од источен правец, соопшти УХМР. Попладне во северозападните планински предели ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. УВ-индексот ќе биде 8. Утринската температура ќе се движи од 10 до 19 степени, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 29 до 37 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен североисточен ветер. Температурите ќе се движат од 16 до 34 степени.

Во следните денови ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има ретка појава на пороен дожд и грмежи, а в сабота услови за нестабилност ќе има на повеќе места. Позначителна промена на времето се очекува од недела кон крајот на денот и в понеделник кога во поголем дел од земјава ќе има поројни врнежи од дожд со грмежи и засилен ветер.

Македонија

Османи-Чавушоглу: Северна Македонија и Турција остануваат стратешки партнери

Објавено пред

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи се сретна со Министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевљут Чавушоглу во рамки на посетата на Северна Македонија.

„Традиционално блиските пријателски односи меѓу двете земји се вистински пример за градење на стратешко партнерство, и во таа смисла, со задоволство можам да кажам дека со ратификацијата на Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО од страна на Големото народно собрание, Турција ја докажа долгогодишната поддршка на нашата земја на нејзиниот пат кон европската и евроатлантската интеграција” истакна Османи.

Во продолжение на средбата двајцата соговорници разговараа за билатералната соработка и можностите за нејзино продлабочување во иднина, во рамки на долгогодишното стратешко партнерство, а беа отворени и темите поврзани со европската интеграција и перспективите на земјава во претстојниот период, во очекување на почетокот на преговорите во октомври. Османи и Чавушоглу разменија мислења и за состојбите во регионот, посочувајќи дека успехот во надминувањето на отворените прашања на Северна Македонија со соседите е светол пример на Балканот кој треба да биде мотив и поттик и за останатите балкански земји.

Прикажи повеќе...

Македонија

Кривичниот суд му порача на Јовески место да ги критикува судиите да си погледне во ,,сопствениот двор”

Објавено пред

Скопскиот кривичен суд во соопштение до јавноста, реагира на вчерашната изјава на државниот јавен обвинител. Љубомир Јовески, дека на судиите, како оние што го ослободија Латас во предметот „Тревник“, не им е место во судството.

Во соопштението на судот пишува: „Во однос на вчерашната изјава на Јавниот обвинител на РСМ, Кривичниот суд – Скопје укажува на обвинителството наместо редовно и неосновано да го напаѓа судот и судиите после секоја судска одлука од која не се задоволни, да си погледне во сопствениот „двор“.

Во соопштението се додава: „Судот и судиите работат согласно законските одредби, го почитуваат начелото на еднаквост на оружјата, Уставно загарантираните права и слободи и одлучуваат врз основа на доказите и аргументите, а не врз основа на лични желби на странките во постапката, а секоја првостепена одлука на Кривичниот суд се преиспитува од повисоките судски инстанци, по изјавена жалба од незадоволната страна“.

На крајот од соопштението на скопскиот Кривичен суд се дополнува: „Како суд бараме во иднина обвинителството да се однесува со повеќе почит кон судиите и судиската функција, нивните коментари и изјави да се во рамки единствено на нивните надлежности, а не на паушални обвинувања“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Демократскиот сојуз: Парламентот да одржи вонредна седница поради случувањата со СЈО

Објавено пред

Демократскиот сојуз смета дека актуелните случувања поврзани со специјалното јавно обвинителство налагаат потреба од одржување вонредна седница на парламентот, на која ќе се расправа за работата на СЈО и ќе се донесат законски измени со кои СЈО ќе се вклопи во системот на Јавното обвинителство, ќе се обезбеди двостепеност и контрола над работата на СЈО.

Воедно, треба да се создадат законски можности специјалниот јавен обвинител да го избира Советот на јавните обвинители на предлог на јавниот обвинител на РСМ.
ДС инсистира на сеопфатна и неселективна истрага во која ќе бидат опфатени сите што се вклучени во оваа злосторничка рекет-банда и да понесат одговорност, особено носителите на високи функции во законодавната, извршната и во судската власт.

„Сугерираме целокупниот материјал (информации, податоци, докази, прислушувани материјали и сл.) со кои располага СЈО, надлежното обвинителство и судот да го стават под посебна заштита и да спречат уништување докази. На стручниот кадровски потенцијал во СЈО да му се обезбедат услови да продолжи непречено да работи“, велат од партијата.

Демократскиот сојуз смета дека криминализацијата ја разорува државата и затоа е неопходно да се направи пресврт во борбата против криминалот како клучен предуслов за воспоставување систем на владеење на правото.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија25 минути

Кривичниот суд му порача на Јовески место да ги критикува судиите да си погледне во ,,сопствениот двор”

Скопскиот кривичен суд во соопштение до јавноста, реагира на вчерашната изјава на државниот јавен обвинител. Љубомир Јовески, дека на судиите,...

Свет1 час

(Видео) Во Калифорнија експлодира куќа, има и жртви

Еден човек загина, а 15 се повредени кога експлодира куќа во Калифорнија, објави Си-ен-ен. Причина за експлозијата е оштетен гасовод....

Регион2 часа

Еден тон дрогa пронајдена во лабораторија за производство на марихуана во Република Српска

Во операцијата „Уникат“ во областа на Бања Лука полицијата на Република Српска откри голема лабораторија за производство на марихуана и...

Свет3 часа

Асанж нема да биде екстрадиран во земјите каде што му се заканува смртна казна

Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, нема да биде екстрадиран во земјите во кои му се заканува смртна казна, рекол британскиот...

Македонија3 часа

Димитров: Системот почна да се бори со криминалот, сеирџиство и банално ликување не помагаат

Системот, со сите маани, почнува да се бори со криминалот, без разлика од каде доаѓа, напиша министерот за надвореши работи,...

Европа4 часа

На Алпите паднаа 30 сантиметри снег

На Матерхорн, еден од највисоките врвови на италијанските Алпи чија надморска височина е 4.478 метри, паднаа 30 сантиметри снег, кој...

Македонија11 час

Русковска: Обвинителките засега нема да бидат изведени пред судија

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал, Вилма Русковска вели дека постоеле индиции оти Бојан Јовановски познат како Боки 13 се...

Македонија12 часа

Притвор од 30 дена и за Боки 13

Триесет дена притвор вечерва доби и првиот човек на 1ТВ и неформалниот директор на „БМЈ Медиа груп“, Бојан Јовановски, познат...

Македонија13 часа

Притвор од 30 дена за бизнисменот Зоран Милевски

Судот вечерва му изрече 30 дена притвор на бизнисменот Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец, кој беше неколку часа на...

Македонија14 часа

Полицијата влезе и во домот на Катица Јанева

Полицијата вечерва влезе и во домот на специјалната обвинителка Катица Јанева, откако била издадена судска наредба за одземање на предмети....

Регион16 часа

Вучиќ по средбата со Макрон: Го молев да ни помогне за косовското прашање

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека не е сонувач ниту фантазер за да мисли дека францускиот претседател, Емануел Макрон, ќе...

Македонија18 часа

Јовески поддржува ветинг по ослободителната пресуда за Латас

Првиот човек на Јавното обвинителство, Љубомир Јовески, рече дека го поддржува решението за ветинг или друга форма на проверка на...

Македонија19 часа

(Видео) Обвинителството со детали: Боки 13 и Милевски барале 8 милиони евра рекет од бизнисмен

Бојан Јовановски, познат како Боки 13, и Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец, се осомничени за примање награда за противзаконито...

Македонија21 час

(Видео) Заев: Новите снимки за Нешкоски само потврдуваат како владеел Груевски

Новообјавените разговори за убиството на Мартин Нешкоски само потврдуваат како владеела претходната гарнитура и како се обиделе да скријат убиство,...

Македонија21 час

Уапсен Боки 13

Попладнево е уапсен Бојан Јовановски – Боки 13. Неофицијално, апсењето е по барање на Обвинителството за организиран криминал. Тој попладнево...

Македонија22 часа

Шефицата на СЈО, Катица Јанева, поднесе оставка

Шефицата на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, поднесе оставка. Таа објави дека нејзината оставка ќе стане активна тогаш кога политичките партии...

Македонија22 часа

(Видео) Заев повика на лидерска средба в петок

Премиерот Зоран Заев на прес-конференција повика на лидерска средба в петок во 14 часот во Клубот на пратениците. На средбата...

Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО
Македонија23 часа

Кривичен го одби барањето на Кочан, в среда треба да се појави во затворот

Кривичниот суд во Скопје ја одби жалбата на Сеад Кочан за одложување на затворската казна од четири години и осум...

Економија24 часа

Поскапуваат горивата

Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат 1,5, односно 1 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажните цени на бензините „евросупер...

Македонија1 ден

Када на дното на Охридското Езеро

Нуркачкиот клуб „Акватек“ објави фотографии на кои се гледа када на дното на Охридското Езеро помеѓу Срјшче и Мостот на...

Досие