Контакт

Македонија

Сончево и топло со температури до 29 степени

Објавено пред

Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен ветер од југозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени.

Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 27 степени.

Во следните два дена ќе преовладува променливо облачно и свежо време со слаб локален дожд, а в петок ќе дува засилен северен ветер. Стабилно, сончево и топло ќе биде во деновите од викендот.

Македонија

Груби и Мерко за рушењето на платформите во Струга: Зелената агенда е веќе во акција

Објавено пред

Првиот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби, заедно со министерот за информатичко
општество и администрација, Јетон Шаќири и градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко денеска присуствуваа на активностите за уривање на шест постојни платформи лоцирани на брегот на Охридското Езеро во Струга.

Груби во оваа пригода рече дека е за поздравување фактот што акцијата за отстранување на платформите се прави преку конструктивен дијалог меѓу општинските власти и бизнис заедницата.

„Зелената агенда е веќе во акција и нема да застане тука. Преку оваа агенда, сите граѓани на Република Северна Македонија ќе имаат придобивки, без оглед каде живеат, бидејќи придонесува за подобар и поквалитетен живот“, посочи првиот вицепремиер.

Градоначалникот на Струга, Мерко, исто така рече дека ова е само почеток и дека зелената агенда нема да запре со оваа акција.

„Платформите што денес се отстрануваат не се дивоградби туку нивните сопственици сакаат да се солидаризираат со нивните колеги, сопствениците на сличните концесии во Охрид затоа што стружани не сакаат нивниот град да остане ‘црна овца’ и со тоа да ги зголемат шансите градот Охрид да го изгуби статусот на заштитен град од УНЕСКО“, посочи струшкиот градоначалник додавајќи дека тој и неговиот тим постојано се ангажирани и работат за заштита на диверзитетот на Охридското езеро.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Заев: Со првото учество на самит на НАТО даваме и наш придонес за стратешките одлуки и за иднината на алијансата

Објавено пред

Претседателот на Владата, Зоран Заев, придружуван од министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ја предводи владината делегација на годинешниот самит на НАТО 2021 на шефови на држави и влади во Брисел.

Премиерот Заев ќе учествува во работата на Северноатлантскиот совет на НАТО, на кој лидерите на земјите членки ќе разговараат за најважните прашања за иднината на алијансата.

„Ова е историски момент за мојата земја. Ова е прв самит на НАТО за Северна Македонија како полноправна членка. Тоа е исто така прв самит за НАТО со 30 членки. Ова е голем успех и за Северна Македонија и за НАТО. Членството во НАТО беше реализација на нашата стратешка цел, но дополнително, со нашето членство алијансата ги подобри безбедноста и стабилноста на регионот на Западен Балкан.

Ние сме посветени на визијата за Балканот во 21 век како регион на мир, стабилност и зголемена регионална соработка за економски придобивки и просперитет на сите граѓани.

Силно веруваме дека е потребно сите земји од Западен Балкан да имаат кристално јасна евро-атлантска и ЕУ-перспектива. Оставањето вакуум во нашиот дел од Европа не е опција. Потребни ни се предвидливи, кредибилни и повторно засилени процеси на интеграција во ЕУ и НАТО.

Денес сме тука за да го потврдиме нашето единство, но и кохезија и солидарност. Ние исто така ќе се осврнеме на идните предизвици и заедно ќе донесеме одлуки на стратешко ниво за понатамошно приспособување на НАТО.

Ние ги делиме истите вредности, стоиме рамо до рамо со нашите сојузници и целосно сме посветени на нашата колективна безбедност: Затоа што ние сме НАТО. Заедно сме посилни!“, порача Заев.

Прикажи повеќе...

Македонија

Протест на ВМРО-ДПМНЕ пред МНР

Објавено пред

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе протестира од 17 до 19 часот пред Министерството за надворешни работи.

Од партијата соопштија дека протестот ќе се одржи со мотото „Доста е, излези за Македонија“ и ќе биде против, како што велат, новиот обид за продажба на националните и државните интереси од страна на Зоран Заев и Владо Бучковски.

ВМРО-ДПМНЕ минатата недела протестира со блокирање крстосници во Скопје и во уште неколку градови во Македонија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Груби и Мерко за рушењето на платформите во Струга: Зелената агенда е веќе во акција

Првиот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби, заедно со министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири и...

Европа19 минути

(Видео) Бајден неколкупати ги помеша Либија и Сирија

Зборувајќи за можноста за соработка со Русија во обезбедувањето хуманитарна помош за земјите погодени од конфликти, американскиот претседател, Џозеф Бајден,...

Регион37 минути

Хрватска ги промовира ковид-автобусите

Министерот за здравство на Хрватска, Вили Берош, и директорот на Хрватскиот институт за јавно здравје, Крунослав Цапак, промовираа вакцинација со...

Македонија45 минути

Бројот на ковид-пациенти во македонските болници падна под 100

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот што се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во...

Македонија3 часа

Кризниот штаб предлага да се укине полицискиот час, на свадба да може да има повеќе од 100 гости

Кризниот штаб ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести, меѓу кои е и укинување на полицискиот час од среда,...

Свет3 часа

Кавалери од ЕМА реагира дека погрешно е цитиран: „Вакцината на ‘Астра зенека’ е добра за сите возрасти“

Марко Кавалери, шеф на работната група за коронавирус во Европската агенција за лекови, рече дека вакцината на „Астра зенека“ има...

Македонија3 часа

Македонија првпат на самит на НАТО како полноправна членка

Во Брисел денеска се одржува самит на НАТО на кој Македонија ќе го има своето прво учество како полноправна членка...

Спорт15 часа

Ангеловски: Нема разочарување, имаме уште два натпревари!

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски по натпреварот со Австрија изјави дека репрезентацијата не успеала да се соземе...

Спорт16 часа

Пандев: За нас ова е големо искуство, жал ми е за навивачите

Фудбалската репрезентација на Македонија безмалку 80 минути имаше нерешен резултат во дуелот со Австрија, но во последните минути Австријците со...

Спорт16 часа

Македонија со пораз од Австрија на стартот на ЕП

Замените на австрискиот селектор Фода – Грегорич и Арнаутовиќ беа кобни за македонскиот национален тим во првиот меч на едно...

Македонија23 часа

За првпат по 9 месеци, во Македонија нема починат од коронавирус

За прв пат по 2 септември 2020, во Македонија не е забележан ниту еден смртен случај од Ковид-19, во изминатото...

Европа23 часа

ЕМА: „Астразенека“ да не се дава на постари од 60 години

Европската агенција за лекови (ЕМА) објави дека треба да се избегнува вакцината „Астразенека“  за лица над 60 години, поради стравувања...

Топ23 часа

Полицаецот по кој се трагаше е пронајден починат во водите на Брегалница

Во возило во водите на Брегалница е пронајдено е телото на 51 годишниот полицаец Т.С. од Делчево, кој беше пријавен за...

Македонија23 часа

Османи: Ќе вложам напори во среда да бидам во Скопје за да се обратам пред Комисијата

Ќе ги вложам сите напори да ја прекинам тековната дипломатска офанзива за во среда на неколку часа да бидам во...

Спорт24 часа

Селекторот Ангеловски емотивен: Вие сте моите херои!

Пред денешното деби на Македонија на Европското првенство, на натпреварот во Букурешт против Австрија, селекторот Игор Ангеловски на Инстаграм сподели...

Македонија1 ден

Општина Центар за протестот: Ќе се засадат нови дрвја на Орце Николов, отстранетите беа стари, болни и оштетени

По повод денешниот протест против сечата на дрвјата на улицата Орце Николов, општина Центар тврди дека останува посветена на остварување...

Македонија2 дена

Мицкоски: Ги почитуваме стратешките интереси на партнерите, но ги почитуваме и македонските национални интереси

ВМРО-ДПМНЕ ги почитува стратешките интереси на стратешките партнери, но тоа не значи дека немаме право да ги почитуваме и да се...

Македонија2 дена

Заев: Извозот на канабис за медицински цели oд Северна Македонија во ЕУ станува реалност

Извозот на сув цвет од канабис за медицински цели од Северна Македонија за пазарите во Европската Унија станува реалност, пишува...

Спорт2 дена

Ериксен во стабилна состојба префрлен во болница

Данскиот репрезентативец, Кристијан Ериксен, во стабилна состојба е префрлен во болницата во Копенхаген. Натпреварот, помеѓу Данска и Финска е прекинат...

Македонија2 дена

Османи: Зголемена е активноста на ЕУ за почеток на преговорите, но исходот е непредвидлив

Се забележува една невообичаена зголемена активност од сите земји членки за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ, истакна министерот...

Досие