Македонија
Сончево со локална облачност, утрово најниска температура на Попова Шапка од -12 степени

Утрово, најниската температура била измерена на Попова Шапка од -12 степени, -11 степени биле измерени на Маврови Анови, -8 во Крушево, -7 степени во Охрид и Битола, -6 во Тетово, Претор, Прилеп, Демир Капија и во Струмица, -5 степени во Скопје – Петровец и Берово, -4 во Крива Паланка, -3 во Штип и Виница, -2 во Скопје – Зајчев Рид, 0 во Куманово, Дојран и во Гевгелија.
Снежната покривка во 7 часот изнесувала 44 сантиметри на Попова Шапка, 40 сантиметри на Маврови Анови, 14 сантиметри во Пожаране, 8 сантиметри во Крушево.
Денеска, ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен по должината на Повардарието.
Максималната температура ќе достигне од 0 до 9 степени.
Во Скопје сончево со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Повторно активен пожарот кај охридските села Вапила и Сирула

Пожарот во с.Вапила е повторно активиран према с.Сирула, соопшти Центарот за управување со кризи.
Се работи за карпест предел со ниска вегетација, а теренот е непристапен. На лице место присутни се представници од ДСЗ и вработени од Македонски Шуми кои моментално вршат обиколки.
Македонија
Никотински уреди од новата генерација: минлив тренд или долгорочни придобивки

Во извештајот на Институтот за јавно здравје во Велика Британија се наведува дека електронските уреди кои содржат никотин се најефективното средство за откажување од пушење во таа земја.
Податоците покажуваат дека употребата на овие уреди како дел од терапијата за откажување од пушење имала една од највисоките стапки на успех во откажувањето од пушење во последните две години.
Денес, на пазарот има голем број електронски уреди кои претставуваат подобра алтернатива за продолжување на пушењето цигари за возрасните пушачи. Сепак, не се сите алтернативи исти, и само оние кои се потврдени од науката се безбедни.
Основните разлики меѓу нив се во тоа што се поделени на тутунски и нетутунски производи, како и различните технологии на кои се базираат. Така, од една страна, постојат тутунски системи засновани на технологија на загревање вистински тутун, од кои најпознат е IQOS, кој воедно е и единствениот систем за загревање на тутунот што Американската агенција за храна и лекови го класифицира како производ со модифициран здравствен ризик. Од друга страна, постојат електронски цигари кои работат на принцип на загревање на течност која може да содржи никотин.
Иако може да има скептицизам кај општата популација за овие алтернативи, науката е неподелена и тврди дека овие уреди се подобра опција отколку да продолжите да пушите, но само ако се докажани производи базирани на наука и ако целосно се префрлите на нив. Секако, најдобрата одлука што може да ја донесете е целосно да се откажете од цигарите и од сите производи од тутун и никотин, но за оние кои не сакаат да го направат тоа, многубројните алтернативи се подобро решение.
Најголемата предност на уредите што го загреваат тутунот, но не го согоруваат, е елиминирањето на процесот на согорување, со што се елиминираат повеќето штетни и потенцијално штетни материи што се ослободуваат од согорувањето преку чадот од тутунот. Исто така, овие уреди содржат вистински тутун, а со тоа и супстанцата никотин, природна состојка на растението тутун, која предизвикува зависност, но докажано е дека не е главен виновник за болестите поврзани со пушењето.
Заедничко за електронските цигари и уредите што го загреваат тутунот е тоа што и двете се алтернативи на традиционалните цигари и подобро решение отколку да продолжите да пушите.
ПР
Македонија
Без струја делови на Ѓорче Петров

Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, утре без електрична енергија ќе останат следните корисници:
од 9:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од улиците: Александар Македонски, Кадињача и Андреја Папарадишки (општина Ѓорче Петров)