Македонија
Сончево со мала до умерена облачност

Утрово во најголем дел од земјава е сончево. Дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималните температури измерени утрово се движеа од -5 Крушево, -3 Берово, Крива Паланка, -1 Тетово, Скопје-Петровец, Охрид, 0 Дебар, Прилеп, Претор, Виница, 1 Штип, Демир Капија, Струмица, Скопје-Зајчев Рид, Куманово, 2 Битола, 4 Дојран, 5 Гевгелија.
Висината на снежна покривка измерена утрово во осум часот изнесувала 12 см во Пожаране, 7см во Берово, 1 см во Крушево.
Според УХМР, времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.
Претпладне ќе дува слаб до умерен ветер од северен, а од пладне ветерот ќе го промени правецот во југоисточен.
Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Максималната температура ќе достигне до 14 степени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) 24 прекршувања на забраната за движење, 470 санкции за неносење маска

Од 20 часот синоќа до 5 часот утрово констатирано е дека 24 лица не ја почитувале забраната за движење.
Во текот на изминатото деноноќие, пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 470 прекршоци, соопшти МВР.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.
Македонија
Џафери: Пратениците се вакцинираат денеска, а претходно се вакцинираа службениците во Собранието

Денеска во салата „Борис Трајковски“, според планот за масовна имунизација на населението на Република Северна Македонија, ќе се вакцинираат пратениците во закодавниот дом.
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, изјави дека тој и колегите, како и дел службениците кои не се вакцинирани ќе примат вакцина којашто во моментот е достапна за сите граѓани на нашата држава.
„Иако постоеше можност и препорака пратениците да се вакцинираат со претходно достапната вакцина, донесов одлука дека предност треба да се даде на службениците во Собранието, а потоа да се вакцинираат пратениците“, рече Џафери.
Собранието е во втората фаза за вакцинација, односно приоритетна група за вакцинација како неопходна институција – носител на законодавната власт.
Џафери упати апел до сите граѓани да се пријават за вакцинирање на своите матични доктори, да го почитуваат терминот за вакцинација и секој од нас да придонесе во зголемување на колективниот имунитет во нашата држава, а со тоа и надминување на пандемијата.
Македонија
Османи во Приштина: Просперитетна иднина за нашите граѓани без разлика од која страна на границата се наоѓаат

Нашето пријателство создава стабилна и просперитетна иднина за нашите граѓани без разлика од која страна на границата се наоѓаат, истакна министерот за надворешни работи, Бујар Османи, за време на официјалната посета на Република Косово каде се сретна со заменик-премиерката и министер за надворешни работи и дијаспора, Доника Гервала-Шварц.
На пленарните состаноци на двете делегации беа реафирмирани исклучително добрите односи меѓу Северна Македонија и Косово, како и подготвеноста на двете страни за натамошно градење на блиско и трајно пријателство, во интерес на граѓаните на двете земји, но и како „добар пример за регионот кој сè уште е соочен со бројни предизвици“, истакна министерот Османи.
Се разговараше за конкретни теми поврзани со билатерална соработка, со фокус врз економијата и можностите за засилено инфраструктурно поврзување.
„Косово и Северна Македонија имаат исклучително динамична трговска размена, но истовремено постојат и огромни потенцијали за зајакнување во делот на економијата, за што секако е потребна и инфраструктурна поддршка“, порача Османи. Осврт беше направен на соработката во ресорите образование и наука, култура, здравство и др.
Во рамките на насоченоста кон градење отворен дијалог со сите земји од регионот, на Османи ја пренесе поддршката на Северна Македонија за дијалогот меѓу Приштина и Белград, како најдобар начин за надминување на разликите и изнаоѓање трајно решение меѓу двете земји, во интерес на граѓаните и регионот како целина.
„Нашата заедничка амбиција, за полноправно членство на сите шест земји од Западниот Балкан, претставува единствената алтернатива која обезбедува долгорочна стабилност и просперитет“, заклучи Османи.
Дипломатските активности на Османи во Приштина продолжуваат со негови средби со претседателката на Косово, Вјоса Османи-Садриу, претседателот на парламентот, Глаук Коњуфца, и премиерот Албин Курти.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион1 недела
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?