Контакт

Македонија

Сончево со температура до 14 степени

Објавено пред

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб јужен, а во југоисточните делови умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 14 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Засилено полициско обезбедување околу Кривичниот суд, се чека пресуда за „Таргет-тврдина“

Објавено пред

Десетици полицајци се распоредени околу Кривичниот суд, непосредно пред спроводот на обвинетиот Сашо Мијалков од куќен притвор. Речиси сите полицајци го обезбедуваат просторот позади судот, на улицата од каде поминуваат возилата со кои Мијалков ќе биде донесен. Освен униформирани полицајци, има и цивили. На Мијалков и на останатите 11 осомничени ќе треба да им биде изречена пресуда за предметот „Таргет-Тврдина”, поврзан со масовното нелегално прислушување.

Мијалков два дена беше недостапен за полицијата, која во неделата го бараше да му врачи решение за куќен притвор поради опасност од бегство издадено од Кривичниот суд. Мерката беше побарана од Обвинителството, откако обвинителката Вилма Русковска доби информации дека тој ќе се даде во бегство. По него беше распишана меѓународна потерница. Во вторникот, Мијалков сам се појави пред Обвинителството, објаснувајќи дека имал висока температура па се изолирал поради сомневање дека е заразен од коронавирус. Никој не објасни, каде се изолирал Мијалков. Обвинителката Русковска кажа дека не му верува на објаснувањето кое го даде и неговиот адвокат Петар Василев.

Судот по три години судење, ќе изрече пресуда за предметот „Таргет-Тврдина“, поврзан со масовното нелегално прислушкување од 2008 до 2015 година. Обвинети во процесот се ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков поради прислушувањето и уништувањето на системите, ексминистерката Гордана Јанкуловска за уништувањето на системите, началникот на петтата управа, Горан Грујевски кој учествувал во прислушувањето и службеници во УБК. За уништувањето на опремата за да се прикрие дека УБК прислушувало му се суди и на Тони Јакимовски, шеф во кабинетот на Мијалков во УБК.

Прикажи повеќе...

Македонија

Сончево и топло со температура до 22 степени

Објавено пред

Времето денеска ќе биде сончево, топло и претежно тивко. Максималната температура ќе достигне од 16 до 22 степена.
Во Скопје ќе биде сончево и топло. Максималната температура ќе достигне до 20 степени.

Прикажи повеќе...

Македонија

Затворени повеќе улици во Скопје поради протест за „Монструм“

Објавено пред

Во Скопје ќе важи посебен режим на сообраќај поради протест за пресудите во случајот „Монструм“. Роднини на осудените, во вторникот, по објавување на пресудата за петкратното убиство кај Смилковското Езеро, најавија протести и наведоа дека ќе се борат со сите средства.

Протестот ќе почне во 13 часот во паркот „Чаир“ на булеварот Христијан Тодоровски – Карпош, а ќе продолжи кон Основниот суд Скопје 1, Собранието и кон Владата.

Поради тоа, затворени за сообраќај од 13 часот до завршување на протестот ќе бидат следните улици:

– ул. „Х. Т. Карпош“, ул. „Џон Кенеди“, ул. „Цветан Димов“, бул. „Крсте Мисирков“, бул. „Гоце Делчев“, ул. „11 Октомври“, ул. „Васил Главинов“, бул. ВМРО, бул. „Илинден“ и други околни сообраќајници.

СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 минути

Засилено полициско обезбедување околу Кривичниот суд, се чека пресуда за „Таргет-тврдина“

Десетици полицајци се распоредени околу Кривичниот суд, непосредно пред спроводот на обвинетиот Сашо Мијалков од куќен притвор. Речиси сите полицајци...

Свет36 минути

Бразил не знае што да прави со мутациите, калифорнискиот вид е најопасен

Бразил се соочува со нова фаза на пандемијата со мутирани варијанти на Ковид-19, три пати позаразни, рече министерот за здравство....

Свет49 минути

Воздушни напади во Сирија по наредба на Бајден

Американската армија изврши воздушни напади во источна Сирија по наредба на претседателот eо Бајден врз објекти за кои Пентагон вели...

Македонија1 час

Затворени повеќе улици во Скопје поради протест за „Монструм“

Во Скопје ќе важи посебен режим на сообраќај поради протест за пресудите во случајот „Монструм“. Роднини на осудените, во вторникот,...

Свет12 часа

Меркел најави дигитални сертификати за вакцинација во ЕУ

Германската канцеларка, Ангела Меркел, вели дека дигиталните сертификати за вакцинација, кои ќе им овозможат на луѓето да патуваат во Европа...

Македонија15 часа

Потврдени 582 нови случаја на коронавирус во Македонија, починаа 13 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.972 тестирања, а регистрирани се 582 нови случаи на...

Македонија16 часа

(Видео) Заев за случајот со Мијалков: Испратена е порака дека системот функционира

Испратена е пораката дека системот функционира. Треба да знаат граѓаните дека сме на добар пат во јакнењето на правниот систем,...

Македонија17 часа

Тројца кумановци формирале терористичка група по примерот на Исламската држава

Тројца кумановци се обвинети за тероризам и формирање ќелија по примерот на познатата терористичка организација Исламска држава. Во терористичката група...

Македонија22 часа

Денеска и утре состаноци на мешовитата комисија со Бугарија, ќе се разговара за Гоце Делчев

Учебниците за седмо одделение и прашањето за ликот и делото на Гоце Делчев се очекува да бидат ставени „на маса“...

Македонија23 часа

Почната постапката за набавка на 100.000 дози од руската вакцина

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека вчера Владата го овластила да потпише договор за набавка на руската вакцина. „Станува...

Македонија23 часа

Со британскиот вид се заразени 70 проценти од тестираните во „Жан Митрев“

Британскиот вид на коронавирусот е присутен во 70 отсто од случаите, покажале испитувањата на Клиничката болница „Жан Митрев’, кои денеска...

Македонија23 часа

Захариева: Нема да подлегнеме на притисок за Северна Македонија, ЕУ не е Југославија

Бугарија нема да подлегне на притисок за интеграциите на Северна Македонија, изјави за БТВ вицепремиерката и министерка за надворешни работи,...

Европа23 часа

ЕУ е поделена околу сертификатот за вакцинација

Европските лидери денес ќе одржат состанок со цел да се договорат за сертификатите за граѓаните на Европската Унија кои биле...

Регион1 ден

Бугарија ја критикувa „Астразенека“ за доцнењето со вакцините: „Ни ја зедовте надежта“

Бугарскиот министер за здравство, Костадин Ангелов, ја критикуваше „Астразенека“ за неуспехот да ја испочитува договорената испорака на вакцини. Бугарија исто...

Европа1 ден

Истражување: Британскиот сој на вирусот 64 отсто ги зголемува шансите заразените да завршат во болница

Луѓето инфицирани со позаразната варијанта на коронавирусот, која првпат беше откриена во Велика Британија, имаат поголем ризик од хоспитализација, покажа...

Македонија2 дена

13 починати и 725 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.342 тестирања, а регистрирани се 725 нови случаи на...

Македонија2 дена

Филипче: Немам информации дали Мијалков се тестирал и дали пријавил самоизолација

Министерот за здравство, Венко Филипче, нема информации за тоа дали поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков се тестирал за...

Топ2 дена

(Видео) Вработени во фабрика за канабис во Кочанско ја продавале дрогата нелегално

Тројца вработени во фабриката за канабис за медицински цели во кочанското село Уларци одгледувале марихуана за продажба на нелегалниот пазар....

Свет2 дена

Вакцината на „Синофарм“ е 72,51 процент ефикасна против коронавирусот

Подружницата на „Синофарм“ при Институтот за биолошки производи во Вухан денес објави дека нејзината вакцина против Ковид-19 покажала дека во...

Македонија2 дена

Свадбите остануваат забранети

За помош на угостителите може да се разговара, но олабавувањето на мерките и дозвола за организирање свадби, како што бараат,...

Досие