Македонија
Сончево со температура до 16 степени

Наутро ќе биде студено и на некои места во котлините со појава на магла. Преку денот сончево со мала локална облачност и со слаб претежно северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 0, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени.
Во Скопје наутро ќе има услови за појава на магла, а преку денот сончево со мала облачност. Ќе дува слаб претежно северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне 9 степени.
Во следните денови продолжува стабилното и сончево време со ниски утрински температури. На некои места во котлините наутро ќе има услови за појава на магла и таму температурата ќе остане пониска во текот на денот. За време на викендот ќе настапи промена на времето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Заев: Ако „Телеграм“ не ја затвори групата „Јавна соба“ ќе го блокираме да не се користи во земјава

Испративме категорични барања до социјалната мрежа Телеграм да ја избрише групата „Јавна соба“ и нема да престанеме да инсистираме на тоа барање сѐ до негово конечно исполнување, објави на социјалните мрежи премиерот Зоран Заев.
Како што вели тој, доколку апликацијата Телеграм не го затвори каналот „Јавна соба“ каде се споделува порнографска и приватна содржина од наши граѓани, како и детска порнографија, ќе се разгледаме и опцијата за блокирање или рестрикција на користењето на оваа апликација во Северна Македонија.
Испративме категорични барања до социјалната мрежа Телеграм да ја избрише групата „Јавна соба“ и нема да престанеме да…
Posted by Zoran Zaev on Четврток, 28 јануари 2021
„Нам како Влада ни на крај памет не ни паѓа да цензурираме комуникација, но ова е нешто друго и мораме да си ги заштитиме своите граѓани. Денес ова се случува на Телеграм, а утре можеби на некоја друга платформа, затоа ние имаме задача и обврска да направиме сѐ да обезбедиме соодветна реакција и од оние кои ги создале овие платформи каде се случуваат вакви кривични дела“, пишува премиерот.
Тој сепак изрази надеж дека нема да има потреба од рестрикции за Телеграм и дека уште денес платформата ќе одговори, на како што вели, бројните барања и ќе почнат да соработуваат.
„Сакам да упатам порака и до сите наши граѓани кои споделуваат слики и содржина на таа група во сопственост на други сограѓани, во истиов момент да престанете да го правите тоа и да излезете од таа група. На крајот на денот ќе ги добиеме податоците, ќе бидете обвинети и ќе одговарате за тоа што го правите“, вели Заев.
Тој упати и поддршка до сите што покажале солидарност и осуда за ваквите појави.
„Заштитата на приватноста е дел од генетскиот запис на секој човек, и денес, кога се одбележува Денот на заштита на приватните податоци, уште еднаш се соочуваме со заканите од глобални размери и уште еднаш сме повикани сите ние силно да застанеме против оваа појава“, додава премиерот.
Македонија
579 ковид-пациенти се лекуваат во болниците низ земјата

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 579 и има околу 580 празни болнички кревети во ковид-центрите, информираат од Министерството за здравство.
Од таму додаваат дека во изминатите 24 часа во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 334 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, додека, пак, во ковид-центрите во главниот град има 245 пациенти.
„Во болницата во Битола се хоспитализирани 24 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 37 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 16 пациенти, во Велес се лекуваат 17 болни, а во Куманово 48 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 65 пациенти, во Прилеп 19, во ковид-центарот во Гостивар 21, а во Струга 23 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 20 пациенти, во Кочани 4, во Кичево 8, Кавадарци 14, во Гевгелија 5 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на вирусот“, се наведува во соопштението на ресорното министерство во кое се додава дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
Македонија
Мисајловски: Корупцијата е полоша отколку во земји како Танзанија и Буркина Фасо, Владата мора да падне

Македонија има најголем пад и е на историски најдолното место на најновата листа на меѓународниот „Транспаренси интернешенал“ или Македонија во 2020 има рекордно регистрирано ниво на корупција во историјата, рече денеска на прес-конференција во Собранието, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.
Тој подвлече дека на листата на „Транспаренси интернешенал“, Македонија е на 111. место, додавајќи дека тоа е убедливо најлошо до сега.
„Ова е пад од цели 45 места за Македонија на листата во годините водена од Заев. Подобро се живее и подобро се справуваат со корупцијата во Косово, во Албанија, во Танзанија, Буркина Фасо, Колумбија, Брегот на Слонова Коска, Гамбија и ред други држави. Белорусија е на 63-то место“, посочи претаникот на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, ова е резултат на, како што рече, четири години апсолутистичка власт и на централно и на локалнo ниво, со судство и обвинителство во скутот.
„За ова мора да се сноси одговорност. Замислите, најкриминалната власт има и министер за борба против корупција. И не е доволно негова оставка или само оставка на министерот за правда. Владата мора да падне! Целата влада мора да си поднесе оставка!“, истакна Мисајловски.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Свет3 месеци
Нова студија – кај болните од Ковид-19 пред температура се јавуваат други два симптома