Контакт

Македонија

Сончево со температура до 20 степени

Објавено пред

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.

Во Скопје во утринските и во претпладневните часови ќе биде магливо, а околу пладне и попладне сончево. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Во следните денови ќе преовладува стабилно и суво време со слаб ветер, што ќе услови појава на магла и ниска облачност по одделни котлини, особено во ноќните и претпладневните часови.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

(Видео) Милошоски: Заев ги помина сите црвени линии кои може народот да ги поднесе

Објавено пред

„Имаме доволен број на пратеници во комисијата за надворешна политика, но исто така би сакал да констатирам и една работа дека имаме еден премиер којшто ја распродава државата. И сметам дека денес не е приоритетно да имаме Комисија за надворешна политика  за една ратификација, туку поприоритетно е да го кажеме нашиот став за еден чоек којшто е спремен да распродаде се, вклучително и дел од нас тука доколку е неговото политичко преживување во прашање без оглед на жртвите, достоинството, граѓаните Уставот, слобода, сегашноста и иднината на Македонија“, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

„Сакам да укажам неколку работи. Прво да изразам огромно незадоволство од тоа што господинот Заев на еден подмолен нечовечки и недостоинствен начин, во едно интервју дадено вчера на медиумите во Македонија и соседна Бугарија, се откажа од придобивките  народноослободителната војна којашто е темелот на создавањето на оваа држава и е темелот на создавањето на темелот во Собранието во коешто ние заседаваме. Вчера Заев, го понижи и се откажа од Кочо Рацин. Вчера Заев ја понижи и се откажа од Естреја Овадија – Мара, народниот херој од Битола. Вчера Заев гои понижи и се откажа од идеалите на Неџат Аголи кој заврши на Голи Оток. Вчера Заев се откажа и го понижи и ја испогани жртвата на Стив Наумов, кој што беше убиен во Ресен. Вчера Заев заборави дека Кузман Јосифоски Питу и Лиман Каба заедно формираа народноослободителен кружок во Дебар и со нивните жртви овозможија оваа држава да се создаде и овозможија денес да има е образование, војска, Собрание, пратеници, народ, Устав, достоинство, да имаме држава“, вели тој.

Тој ги повика сите на протест, „без разлика дали некој е од СДСМ или ЛДП, без разлика дали е некој од БЕСА или Алијанса, без разлика дали некој е од ДОМ или од друга партија“. „Ние сите и народни партии, и конзервативни и либерални, центар, и социјалдемократски, левичарски денес треба сите да излеземе на протест за да му кажеме на овој човек дека треба да запре. Дека во државата има повеќе достоинство отколку што тој има интерес да го распродава државното, националното и традиционалното стекнато богатство како слободата, со многу жртви и во Илинден и во АСНОМ и после тоа.Сметам дека господинот Заев ги помина сите црвени линии што може народот да ги поднесе. Сметам дека на ваквото понижување треба да му ставиме точка. Затоа оваа седница за комисијата за надворешна политика нема да ја отпочнам и ве повикувам сите заедно вечер со граѓаните да се придружиме на протест и да ги оправдаме и честа и жртвите и на Македонците и на Албанците, Евреите, Турците и на сите други коишто ги положиле за создавањето на оваа држава и да му кажеме стоп на овој човек кој што делува како неурамнотежен политичар и ги распродава интересите на Македонија само за свои краткорочни политички цели“, вели Милошоски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Царовска: Буџетот за наука мора постојано да се зголемува

Објавено пред

Министерката за образование и наука Мила Царовска на онлајн состанок со Роналд де Бруин директор на Организацијата за Европска соработка во науката и технологијата (COST), ја нагласи заложбата на Владата за суштинска промена на третманот на науката и зголемување на нивото на јавни вложување во научно-истражувачка дејност.

„После долгогодишна маргинализација на науката во Северна Македонија и во услови на пандемија ја адресиравме потребата за планско финансирање на национални истражувачки проекти. Пандемијата потврди дека улогата на науката и технологијата во решавањето на предизвиците на современото живеење е круцијална и затоа буџетот за наука мора постојано да се зголемува“, рече Царовска.

Таа истакна дека МОН воведува три нови начини на финансирање.

Грантовото е достапно од годинава преку иновациските ваучери на ФИТР. Од идната година се воведува поддршка за национални истражувачки програми, а очекувањата се во 2022 година да се воведе програмско финансирање кое ќе се спроведува во континуитет и ќе биде предвидено со целосно нов Законот за научно-истражувачка дејност.

По состанокот, над 60 учесници главно од академските институции учествуваа на виртуелниот СОЅТ инфо-ден за Северна Македонија, на кој се дискутираше за можностите за учество во СОЅТ програмата на земјите членки.

COST (Cooperation in Science and Technology in Europe) е најстарата и најголема програма за вмрежување во науката во Европа која е основана во 1971 година со седиште во Брисел. СОЅТ има годишен буџет од околу 45 милиони евра и во оваа програма освен членките на ЕУ, учествуваат и земјите од Европа кои не се членки на ЕУ (Швајцарија, Норвешка, Исланд, Молдавија и Турција) како и земјите од Западен Балкан (Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово). Република Северна Македонија е членка на СОЅТ од 2002 година.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-Народна: Заев зборуваше храбро за македонската историја

Објавено пред

Во врска со вчерашнто интервју на премиерот Зоран Заев за бугарската информативна агенција БГНЕС, ВМРО-Народна партија сака да изрази поддршка за храброста со која зборувал Заев за македонската историја.

Партијата на Љубчо Георгиевски смета дека, за жал, она што македонската историографија требала да го отвори во изминатите три децении на демократија, сега еден политичар во функција на премиер радикално да ни го соопштил.

„Сите работи што ги зборуваше г-динот Заев согласно со објективната историја и согласно со најголем дел од книгите извадени од македонскиот архив се точни, а тоа што многу од македонските граѓани се шокирани само зборува колку македонското општество било индоктринирано. Посебно ме збунува фактот за острите тонови од страна на ВМРО-ДПМНЕ, партија која ја внесе идејата за пријателство со Бугарија и објективизирање на македонската историја во раните 90-ти години и ги направи најголемите чекори за приближување со истата држава“, наведува партијата на Георгиевски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Заев: Да се соочиме со историските прашања и да развиеме капацитет да си простиме

Премиерот Зоран Заев изрази жалење што неговото интервју за БГНЕС предизвика толку негативни емоции, кои вели дека ги разбира. „Никој...

Македонија1 час

Ѓоргиев за ДВ: Историските прашања да не се користат како политичка алатка

Генерално, погрешен е пристапот историските прашања да се користат како политичка алатка, изјави македонскиот историчар Драги Ѓоргиев, претседател на македонскиот...

Топ3 часа

Запленета марихуана во Струшко, приведен дилер од Албанија

Полицијата вчера заплени марихуана во Струшко и приведе дилер од Албанија по претходно добиени оперативни сознанија. Од МВР информираат дека...

Македонија3 часа

Пендаровски: Постои дилема дали државниот врв настапува единствено во спорот со Бугарија

Спорот со Бугарија може да се реши само ако доследно се почитуваат и македонскиот и бугарскиот народ и со избегнување...

Македонија4 часа

Опозицијата бара оставка од Заев поради вчерашното интервју

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од премиерот Зоран Заев поради ставовите изнесени во интервјуто за бугарската новинска агенција „Бгнес“. Од ВМРО-ДПМНЕ...

Свет4 часа

Меркел: Задолжително маски и на отворено

Германската канцеларка, Ангела Меркел, објави дека ограничувачките мерки против коронавирусот ќе бидат продолжени најмалку до 20 декември, а можеби и...

Свет4 часа

Трамп одобри помилување на својот поранешен советник за национална безбедност

Американскиот претседател, Доналд Трамп, го одобри помилувањето на својот поранешен советник за национална безбедност, генерал Мајкл Флин, што медиумите го...

Македонија15 часа

Мицкоски повика на предупредувачки протест за одбрана на македонските црвени линии

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку социјалните мрежи повика на натпартиски протест за одбрана на црвените линии во преговорите со...

Македонија16 часа

1.288 новозаразени од Ковид-19, починаа 39 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.349 тестирања, а регистрирани се 1.288 нови случаи на...

Македонија17 часа

Кај Тумбе Кафе има околу 10.000 гранати од Првата светска војна, уништувањето ќе почне во декември

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) соопшти дека во декември ќе започне уништувањето на неексплодираните гранати од Првата светска војна...

Свет18 часа

Кинески експерти тврдат дека коронавирусот не потекнува од Кина

Кинескиот државен весник „Пиполс дејли“ тврди, повикувајќи се на изјави на кинески експерти, дека коронавирусот не потекнува од Вухан, град...

Меѓународен19 часа

Почина Диего Армандо Марадона

Легендарниот аргентински фудбалер, Диего Армандо Марадона (60) почина од срцев удар во родната земја, јавуваат тамошните медиуми. Легендарниот фудбалер починал...

Македонија22 часа

Заев: Бугарија не е фашистичка земја, туку наш пријател

Бугарија не е фашистичка земја, таа е наш пријател, вели претседателот на Владата, Зоран Заев, во интервју за бугарската новинска...

Македонија24 часа

Судот го опомена Бојан Јовановски, одбиено е барањето за изземање на судијката

Претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев, го одби барањето на обвинетиот Бојан Јовановски за изземање на судијката Софче Гаврилова-Ефремова од...

Македонија24 часа

Се очекува зелено светло од Пендаровски за војниците од утре да почнат да ги обезбедуваат болниците

Припадниците на Армијата ќе може уште утре да бидат распределени во здравствените институции, изјави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска. „Вчера,...

Култура1 ден

Eкипата на „Медена земја“ тврди: На Атиџе ѝ обезбедивме дом, храна и лекови – здружението „Бекирлија“ и донациите ќе бидат затворени

Екипата на „Медена земја“ реагира по тврдењата што се појавија во јавноста дека Атиџе Муратова е заборавена од сите, без...

Европа1 ден

(Видео) Автомобил удри во оградата на канцеларијата на Меркел

Автомобил управуван од непознато лице удрил во оградата на канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин. Деталите за оваа...

Свет1 ден

Сингапур го искорени коронавирусот

Некогаш имаше најголема стапка на Ковид-19 во Југоисточна Азија, но кога во вторникот пријави 14 дена без нови локални случаи,...

Македонија1 ден

Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 39 пациенти, слободни уште 20-ина места

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје хоспитализрани се 39 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 486 лица...

Македонија1 ден

(Видео) Пендаровски: Пандемијата покажа дека домот не е најбезбедно место за многу жени и деца

Претседателот на државата, Стево Пендаровски, се вклучи во глобалната кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“ на Обединетите нации,...

Досие