Контакт

Македонија

Сообраќајот по влажни коловози, АМСМ препорачува внимателно возење

Објавено пред

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.  Авто-мото сојузот на Македонија препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. АМСМ предупреди дека во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Од АМСМ предупредија и дека на патниот правец А2 Стругa-г.п. Ќафасан, од бензинска пумпа КМР до м.в. Добра Вода-с.Франгово (во должина од 3км) се препорачува исклучително внимателно управување со возилата поради дупки на коловозот. На самото место поставена е соодветна патна сигнализација и ограничување на брзината од 30 км/час.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

(Видео) Села и Гаши: Го вративме Арачиново, убедливо победува нашата коалиција

Објавено пред

Зијадин Села и Африм Гаши одржаа заедничка прес конференција како претставници на коалицијата меѓу Алијанса за Албанците и Алтернатива.

„Победуваме убедливо во шестката, во многу од општините таму. Почнувајќи од Гостивар, Неготино, Врапчиште, Боговиње, Брвеница, изедначено е во Теарце“, рече Села.

Неговите очекувања се дека ќе победат и ќе влезат во преговорите за Влада.

„Во втората изборна единица водиме, мислам дека за првпат го вративме Арачиново, убедливо победува нашата коалиција. Во Куманово убедливо победуваме и сме пред ДУИ, и уште ги собираме резултатите“, рече Села.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Дерковски: Тековните резултати покажуваат мртва трка меѓу политичките ривали

Објавено пред

Претседателот на ДИК, Оливер Дерковски, на прес-конференција соопшти дека според тековните резултати со кои располага Комисијата, очигледна е мртвата трка меѓу политичките ривали.

На околу 70 отсто од обработените избирачки места, СДСМ води пред ВМРО-ДПМНЕ со еден процент разлика односно 36,86 наспроти 35,96 проценти. ДУИ има освоено 10,17 отсто од гласовите и во моментов е на третата позиција.

Претседателот на ДИК упати извинување до јавноста за нефункционалноста на интернет-страницата на Комисијата, велејќи дека според првичните информации станува збор за проблем предизвикан од надворешен напад.

Тој порача дека земјава имала добар изборен ден со фер атмосфера и покрај тешката и комплицирана ситуација со епидемијата на коронавирусот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Османи: Убедлива победа на ДУИ

Објавено пред

Бујар Османи од Демократската унија за интеграција ги наброја местата во кои ДУИ води, според нивните првични информации.

PRESS BDI

PRESS BDI

Posted by Bashkimi Demokratik për Integrim – BDI on Среда, 15 јули 2020

„Од пристигнатите резултати овде во нашата централа, убедлива победа на ДУИ. Почнувајќи со Тетово со голема разлика, убедлива победа на секое гласачко место во Тетово, победа длабока во Сарај, во Чаир, во Липково, во Кичево, Теарце, Струга, Дебар, Битола, Преспа, Сопиште и каде сè не“, рече Османи и најави дека набргу ќе има нова прес-конференција на која ќе се соопштат резултатите од другите избирачки места.

На прес-конференцијата на ДУИ присутни се и симпатизери на партијата, кои веќе се во славеничко расположение.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија17 минути

(Видео) Дерковски: Тековните резултати покажуваат мртва трка меѓу политичките ривали

Претседателот на ДИК, Оливер Дерковски, на прес-конференција соопшти дека според тековните резултати со кои располага Комисијата, очигледна е мртвата трка...

Македонија2 часа

Чулев: Изборите поминаа во мирна, фер и демократска атмосфера

„Овие парламентарни избори минаа во мирна, фер и демократска атмосфера и се уште еден доказ како за демократската свест на...

Македонија2 часа

Oдѕивот на парламентарните избори надмина 50 отсто

Десеттите парламентарни избори завршија со одѕив од 50,86 отсто. На гласање излегле 922.678 гласачи од обработени 3.466 избирачки места од...

Македонија4 часа

ДИК најави резултати во 23 часот

Гласањето во услови на Ковид-19 на овие парламентарни избори ќе заврши два часа подоцна од вообичаеното време, односно избирачките места...

Македонија4 часа

„Мост“: Полицијата интервенирала во Кичевско, каде што гласач го фотографирал ливчето

Набљудувачите на „Мост“ информираат дека на гласачкото место 0755, село Осој, општина Кичево, гласач го фотографирал гласачкото ливче и го...

Македонија5 часа

Битолчанка се обидела да изнесе ливче од гласачко место

Државната изборна комисија (ДИК) добила неколку претставки за нарушено избирачко право и неколку приговори за повреда на избирачко право и...

Македонија7 часа

Нови 198 заболени и четворица починати од коронавирус во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.382 тестирања, а регистрирани се 198 нови случаи на...

Македонија7 часа

ДИК: Гласањето во Бутел не е прекинато, се работело за недоразбирање

По обвинувањата дека на избирачко место во Бутел било фотографирано гласачко ливче, портпаролот на Државната изборна комисија, Адмир Шабани, вели...

Македонија8 часа

Поради неусогласени сериски броеви на ливчињата, имало кус прекин на гласањето во Лојане

На избирачкото место во селото Лојане, општина Липково, имало кус прекин на гласањето поради неусогласени сериски броеви на гласачките ливчиња,...

Македонија9 часа

МОСТ: Во сите изборни единици одзивот е околу 30 отсто, нема нерегуларности

Изборниот процес тече без неправилности, според потврдените информации добиени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ. Според податоците добиени од...

Македонија10 часа

Експретседателот на кривичниот суд сам се пријавил во затворот во Шуто Оризари

Експретседателот на кривичен суд Владимир Панчевски сам се пријавил во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, откако вчера Основниот суд во...

Македонија11 час

Пријавени случаи на организиран превоз, гласање во туѓо име и еден приведен на изборниот ден

Од отварањето на гласачките места до сега е регистрирано едно нарушување на јавниот ред и мир, соопшти на прес-конференција портпаролот...

Регион11 час

Нови мерки во Србија: Забрана за собирање на повеќе од 10 лица, задолжително носење маски и на отворено

Српските медиуми јавуваат дека Кризниот штаб во Србија донел одлука за забрана на собирање на повеќе од 10 лица на...

Свет12 часа

Индиската компанија „Зидус“ го почна тестирањето на вакцина против коронавирус врз луѓе

Индиската фармацевтска компанија „Зидус“ потврди дека нејзините експерти почнале клинички да тестираат можна вакцина против Ковид-19 врз луѓето. „Првите дози...

Македонија13 часа

МОСТ: Гласањето се одвива непречено

Според потврдените информации добиени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ, на гласачките места покриени од МОСТ нема неправилности, а...

Македонија14 часа

МОСТ: Избирачките места се отворени и гласањето се одвива безбедно

Граѓанската асоцијација МОСТ го следи денешното гласање со 900 набљудувачи. На 696 гласачки места, избрани според случаен и репрезентативен примерок,...

Регион15 часа

Црна Гора со најмногу активни случаи на Ковид-19 по глава на жител во регионот

Откако црногорскиот Институт за јавно здравје во системот ги внесе резултатите од 2.000 тестови кои претходно поради малиот капацитет во...

Македонија16 часа

Граѓаните може да пријавуваат прекршувања на избирачкото право во Хелсиншкиот комитет

Со оглед дека веќе почна гласањето во рамки на предвремените избори за пратеници во Собранието, Хелсиншкиот комитет за човекови права...

Македонија17 часа

Бесплатна телефонска линија на Народниот правобранител за пријавување повреда на избирачкото право

Во канцеларијата на Народниoт правобранител денеска во периодот од 7 до 21 часот ќе функционира беслатната телефонска линија: 0800-54321, на...

Македонија17 часа

Во Македонија се одржуваат десеттите парламентарни избори

Под специфични услови денеска во Македонија се одржуваат десеттите парламентарни избори, петти предвремени парламентарни избори од независноста, на кои право...

Досие