Контакт

Македонија

Сообраќајот се одвива по суви коловози и со умерен интензитет

Објавено пред

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози, информираат попладнево од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Оттаму препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Исто така од АМСМ предупредуваат дека на патниот правец А2, Стругa- граничен премин Ќафасан, од бензинска пумпа КМР до местото Добра Вода кај село Франгово (во должина од 3 километри) пожелно е исклучително внимателно управување со возилата поради дупки на коловозот. На самото место поставена е соодветна патна сигнализација и ограничување на брзината од 30 километри на час.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Македонија

Емини: Нема простор за паника од министерот за култура на Движењето Беса

Објавено пред

Од сите албански партии, Беса најмногу заслужува да биде дел од Владата. Политичките партии, граѓаните и невладините организации немаат потреба да се плашат од новиот албански министер за култура од редовите на Беса, изјави Флорина Емини, по повод негативните реакции од граѓаните, политичките партии и невладините организации новиот министер за култура да биде Албанец од редовите на Беса.

Таа истакна дека министерот за култура кој ќе биде од нивната политичка партија ќе ги слуша сите жалби, идеи и сугестии од граѓаните и политичките партии.

„Движењето Беса, потсетувајќи дека министерските позиции се политички функции, останува отворено за дијалог со сите политички и невладини фактори во земјата, како и подготвено да разговара и комуницира за сите, додека министерот за култура ќе биде токму новиот албански дух што сакавме да го донесеме ние по падот на режимот. Тој ќе биде подготвен да ги сослуша сите предлози, жалби, сугестии и критики од јавноста, без оглед на етничка припадност, сето ова со цел да се произведат вистински културни вредности за доброто на сите граѓани и на земјата воопшто“, рече Емини.

Откако отпадна изборот Заќирија Ибраими да биде нов министер за култура, како ново име за оваа функција движењето Беса пред неколку дена го предложи Асаф Адеми. Останува на Владата и премиерот Зоран Заев да одлучат дали ќе го прифатат новиот предлог на партијата.

Виктор Јованов

Прикажи повеќе...

Македонија

Заев: Фондацијата „Отворено општество“ вложи многу во Македонија

Објавено пред

За време на режимот со сите граѓани бевме сведоци на закана за отворено општество. Поттикнати од поривот да го ослободиме, успеавме да застанеме на страната на слободата, изјави премиерот Зоран Заев на конференцијата „Има ли шанси отвореното општество во Македонија?”, по повод одбележувањето на 25-годишнината од постоењето на Фондацијата „Отворено општество – Македонија“.

„Граѓаните ги реафирмираа принципите на човековите права и слободи. Само ретроградните можат да го оспорат значењето на Сорос во градењето на слободата во општеството. Фондацијата вложи многу за добро образование, здравство, плурализам во медиумите. Дадовме збор дека и ние ќе ја градиме државата со транспарентност и отчетност“, рече Заев.

Овие денови, додаде тој, сме пред историски чекор. „Изградивме пријателство со Грција во насока на решавање на 25-годишниот спор. Свесни сме дека светот ја следи оваа заложба и историска можност. Да, отворено општество има шанса во Македонија и ќе продолжиме до конешно решение. Никогаш не сме биле поблиску, мораме силно да се спротивставиме на менталитетот дека сите ни се непријатели“, рече Заев.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Ослободителна пресуда за Заев во случајот „Поткуп“

Објавено пред

Кривичниот суд донесе ослободителна пресуда за премиерот Зоран Заев во случајот „Поткуп“. Според пресудата, Обвинителството не успеало да докаже дека Заев сторил кривично дело примање поткуп.

Заев претходно изјави дека не се чувствува виновен. На минатото рочиште Обвинителството го преквалификува обвинението за Заев со друг став за кој е предвидена поблага казна. Toj е обвинет за ветување дека ќе прими поткуп, за што е предвидена казна од 1 до 5 години затвор, а со старото обвинение беше обвинет за примање поткуп, за што најниската казна беше 5 години.

Обвинителката Валентина Бислимовска на завршните зборови на 15 мај рече дека Заев не примил пари за поткуп. „Во истрагата и од исказот на сведокот Иван Николов, кој беше дециден дека не дал пари, а Зоран Заев не примил подарок, е утврдено дека таквата последица не настапила“, рече обвинителката.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 минута

Емини: Нема простор за паника од министерот за култура на Движењето Беса

Од сите албански партии, Беса најмногу заслужува да биде дел од Владата. Политичките партии, граѓаните и невладините организации немаат потреба...

Македонија29 минути

(Видео) Ослободителна пресуда за Заев во случајот „Поткуп“

Кривичниот суд донесе ослободителна пресуда за премиерот Зоран Заев во случајот „Поткуп“. Според пресудата, Обвинителството не успеало да докаже дека...

Македонија1 час

(Видео) Заев доби кривична пријава за загрозување уставен поредок

Партијата „Левица“ денеска во Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против премиерот Зоран Заев за нарушување на уставниот поредок на...

Македонија3 часа

В четврток нова рунда преговори за името во Њујорк

В четврток и в петок ќе се одржи нова средба за името во Њујорк со медијаторот Метју Нимиц. Како што...

Свет3 часа

Победа на Мадуро на претседателските избори во Венецуела, опозицијата ги негира резултатите

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, извојува нов шестгодишен мандат, по вчерашната победа на претседателските избори во земјата. Изборите ги одбележа...

Македонија13 часа

Планинар од Македонија почина на Хималаите

Македонскиот планинар Георги Петков (63) од Гевгелија починал денеска од срцев удар на Хималаите, додека се искачувал на највисокиот врв...

Македонија15 часа

Ротации во Владата – Дескоска оди во Правда, образованието ќе го води Арбр Адеми

Почнуваат ротациите и најавената мини-реконструција во Владата. Според последните информации, владејачките партии СДСМ и ДУИ ќе ги заменат министерствата кои...

Македонија21 час

Поради спор со името, ПСК „Чеплес“ четири години одбиван за членство во Федерацијата на планинари

Планинарскиот спортски клуб (ПСК) „Чеплес“ од Велес четири години се обидува да стане член на Федерацијата на планинарски спортови на...

Македонија22 часа

Шекеринска: Со Илинденска Македонија покажуваме дека ниту сме имале ниту ќе имаме територијални претензии

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска смета дека предлогот Република Илинденска Македонија е решение со кое сите од процесот...

Македонија1 ден

Република Илинденска Македонија е име со временска одредница, му реплицираат од Владата на Ципрас

Република Илинденска Македонија е име со временска одредница кое се повикува на конкретни датуми од минатото и е реална можност...

Македонија1 ден

Грчките политички лидери не го прифаќаат предлогот за решавање на спорот за името

Грчката влада соопшти дека предлогот за решавање на спорот околу името на Македонија треба да содржи географскa или временска одредница....

Македонија2 дена

(Видео) Иванов: Став за новиот предлог ќе изградам откако ќе го добијам на писмено

Се додека не добијам писмена достава за она што се разговарало на средбите помеѓу Македонија и Грција во врска со...

Македонија2 дена

(Видео) Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа промена на името и Уставот

ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот од минатото дека нема да поддржи промена на Уставот и промена на уставното име, рече лидерот...

Македонија2 дена

(Видео) Република Илинденска Македонија е предлогот за името

По денешната лидерска средба премиерот, Зоран Заев, во изјава за медиумите обелодени дека предлогот за кој разговарале со неговиот грчки...

Македонија2 дена

(Видео) Угриновски по трет пат избран за претседател на Федерацијата на планинари

Јовица Угриновски попладнево по трет пат е избран за претседател на Федерацијата на планинари.  Тој беше единствен кандидат за оваа...

Македонија2 дена

Мицкоски: Да се обединиме против злото, а тоа е Зоран Заев

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги искористи сите алатки кои што му стојат на располагање да се бори против оваа ненародна власт и...

Македонија2 дена

Група граѓани со транспаренти и патриотски песни ги пречекуваат учесниците на лидерската средба

Група граѓани со транспаренти и пеејќи патриотски песни ги пречекуваат лидерите на партиите кои денеска попладне во Клубот на пратеници...

Свет2 дена

(Во живо) Кралската свадба на принцот Хари и Меган

Меган Маркл официјално ќе стане дел од британското кралско семејство. Церемонијата ќе се одржи напладне во Сент Џорџ капелата и...

Свет2 дена

(Видео) Сe е подготвено за спектакуларната кралска венчавка 

Камерите и фотоапаратите на светските медиуми викендов се свртени кон најголемиот настан за кралското семејство, венчавката на принцот Хари и...

Економија3 дена

(Видео) Тасева обвини дека проблемот во „Фени“ е поголем од оној во „Скопје 2014“, бара државните институции да го испитаат

Стечајната судијка на „Фени“ направила формална повреда на Законот за стечај оти не го отфрлила планот за реорганизација на комбинатот...

Досие