Контакт

Македонија

Софијанова: Коронавирусот кај децата најчесто дава полесна клиничка слика, но може да предизвика сериозен синдром

Објавено пред

Коронавирусот кај децата најчесто дава полесна клиничка слика која се третира само со симптоматска терапија. Но неопходно е секој случај внимателно и претпазливо да се следи и доколку се забележи влошување на здравствената состојба, да се направат дополнителни испитувања кои би укажале на посериозни синдроми и состојби, како што е мултисистемски инфламаторен синдром, истакна проф. д-р Аспазија Софијанова, директор на Клиниката за детски болести и претседател на Здружението на педијатри, која беше дел од неделните онлајн дискусии кои Лекарската комора ги организираат со цел да се олесни комуникацијата и размената на искуства и знаења за превенција и третман на Ковид-19 меѓу лекарите од сите нивоа на здравствениот систем.

Софијанова на почетокот на настанот истакна благодарност до Лекарска комора за европски и напреден начин на делување и можности за зближување на основ на стручност и професионалност и истакна дека во предавањето кои го презентираа се споделуваат искуствата и сознанијата на престижни педијатриски центри за лекување на Ковид-19, искуства од Клиниката за детски болести, како и податоци објавени во релевантни научни студии.

„Кај децата Ковид-19 обично е благ и се лекува со симптоматска терапија. Но ако состојбата се влошува и фебрилноста трае повеќе од три дена, треба да се размислува и за дополнителни испитувања бидејќи во ретки случаи, децата можат да бидат сериозно погодени, а клиничките манифестации може да се разликуваат од возрасните. Во април 2020 година извештаите од Обединетото Кралство документираа презентација кај деца слична на нецелосна Кавасаки болест или синдром на токсичен шок. Оттогаш, има извештаи за слично погодени деца во други делови на светот. Состојбата е наречена мултисистемски инфламаторен синдром кај деца“, истакна  Софијанова.

Мултисистемски инфламаторен синдром се јавува кај деца кои биле асимптоматски случаеви, или имале блага клиничка слика, а по период од две до четири недели развиваат болест, односно нова состојба која се манифестира пред сè со многу висока температура, над 39 степени па и 40 степени која трае повеќе денови и која не се спушта со антипиретици.

„Се јавуваат промени по кожата од типот на осип кој се јавува на лицето, на рацете, на телото, може да имаат и осип во устата, очите стануваат црвени, конјуктивите се хиперемични, настанува и воспаление на белите дробови, срцева слабост, тахикардија, бледило на кожата. Мултисистемски инфламаторен синдром предизвикува кај децата и стомачни тегоби, болки, гадење, повраќање, ентероколит, како и бубрежна инсуфициенција, пореметување на коагулација на крвта, пореметување на свеста, главоболки и грчеви“, истакна Софијанова.

Кога се во прашање на пост-ковид состојби, Софијанова вели дека праксата покажува и зголемен број на деца со воспаление на слепо црево, зголемен број на случаи со јувенилен дијабетес, како и пораст на малигни заболувања. Но сепак ќе треба дополнителни истражувања за да може да се потврди дали постои нивна поврзаност со Ковид 19. Во однос на вакцинацијата таа истакна мислење на целосна поддршка за вакцинација на децата над 12-годишна возраст како и оние кои имаат хронично заболување.

Претседателот на Лекарска комора, проф. д-р Калина Гривчева-Старделова, истакна дека пост-ковид заболувањата се сериозен предизвик со кој допрва ќе треба справуваат пациентите, здравствените професионални и здравствениот систем. Лекарска комора досега организираше 15 онлајн дискусии на различни теми поврзани со превенција и третман на Ковид-19.

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ победи во 16, а СДСМ во 9 општини во првиот круг, според досега целосно обработените податоци

Објавено пред

Oд целосно обработените податоци од Државната изборна комисија (ДИК), на Локалните избори во првиот круг избрани се 28 градоначалници.

Според досега објавените податоци, ВМРО-ДПМНЕ победи во 16 општини, СДСМ во 9, ДУИ во 3.

Засега е извесно дека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата победи во првиот круг во Бутел со освоени 52,79 отсто од гласовите и Гази Баба. Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ победија и во Босилово, Виница, Градско, Зрновци, Илинден, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Могоила, Негитино, Новаци, Петровец, Свети Николе, Сопиште. ВМРО-ДПМНЕ убедливо води и во Аеродром, Кисела Вода и Ѓорче Петров, но засега во овие изборни единици резултатите не се 100 посто обработени.

СДСМ победи во првиот круг во Струмица, Берово, Богданци, Валандово, Делчево, Дојран, Крива Паланка,  Кривогаштани, Крушево.

Во општина Арачиново ќе има втор круг каде ќе се судрат кандидатот на ДУИ кој освои 44,23 отсто од гласовите, и на СДСМ и коалицијата, со освоени 39,14 отсто. Втор круг ќе има и во Куманово, Битола, Боговиње, Брвеница, Василево, Вевчани, Врапчиште, Гевгелија, Гостивар, Дебар, Дебрца, Демир Капија, Демир Хисар, Долнени, Желино, Зелениково, Кичево, Конче, Кочани, Кратово, Лозово, Маврово и Ростуше, Македонска Каменица, Македонски Брод, Ново Село, Охрид, Пехчево, Пробиштип, Ранковце, Росоман, Старо Нагоричане, Струга, Студеничани, Теарце, Тетово, Чашка и Чешиново Облешево.

Во Липково победи кандидатот на ДУИ Еркан Арифи, ДУИ победи и во Пласница, Сарај.

За Град Скопје, засега се обработени 92,55 отсто од гласовите. Според нив, Данела Арсовска која беше поддржана од ВМРО-ДПМНЕ е во предност пред Петре Шилегов од СДСМ, со 37,27 отсто, наспроти 34,73 проценти.

Прикажи повеќе...

Македонија

Промена во годишниот распоред за работа на судиите во кривичен суд

Објавено пред

Основниот кривичен суд Скопје информира дека согласно бројот на активни предмети во работа во одделите на судот, како и во одделението за организиран криминал и корупција, како и бројот на судии кои постапуваат по предметите, со одлука на претседателот на судот направена е промена во годишниот распоред за работа на судиите.

„ Па така, судијата Фанка Јанчулева Михаиловска од одделот за кривично полнолетни е распределена да постапува во одделението за организиран криминал и корупција, со што ги презема предметите по кои досега постапуваше судијата Владимир Туфегџиќ, кој беше разрешен по негово барање. Поради интерес на медиумите и невладините организации кои ги следат главните расправи, ја информираме јавноста дека меѓу предметите кои ги презема новиот судија во одделението се и предметот со КОК бр. 30/20 познат како ‘Шпански скали’ за кој расправата е насрочена за 20.10.2021 година во 10:00 часот, како и предметот со КОК бр. 65/21, познат како ‘Еразмус’ за кој расправата е насрочена за 2.11.2021 година во 11:00 часот, за што странките се веќе известени“, додаваат од судот.

Прикажи повеќе...

Македонија

ДИК го заврши пребројувањето во Куманово – Димитриевски води со 22 гласа пред Илиевски

Објавено пред

Актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, води пред кандидатот на СДСМ Оливер Илиевски за 22 гласа, согласно последната промена направена од Државната изборна комисија (ДИК).

Двајцата добиле по 32 отсто од гласовите. Димитриевски е во блага предност со 32,79 отсто од гласовите на оние кои вчера излегоа на гласање, односно за него гласале вкупно 15.164 кумановци. За Илиевски гласале 32,74 отсто од граѓаните, односно добил 15.142 гласа.
Предноста на Димитриевски, од првичните резултати вчера, постојано се намалуваше како што течеше обработката на податоците. Според последната објава на ДИК, пребројани се 100 отсто од гласовите, односно 93.986 гласови.

Во Куманово ќе има втор круг за избор на градоначалник во кој граѓаните ќе избираат меѓу Димитриевски и Илиевски.

Кандидатот на ВМРО – ДПМНЕ за градоначалник на Куманово, Тони Михајловски, освои 8.567 гласови или 18,56 отсто од вкупниот број гласови. Кандидатот на Алијанса за Албанците и Алтернатива, Беким Салиу освои 4.254 гласа или 9,21 отсто, а најмалку гласови во Куманово освои кандидатката на ЛДП и ДОМ, Теодора Димитровска. За неа гласале 1.026 кумановци, односно добила 2,22 отсто од гласовите на граѓаните кои излегле на гласање.

За изборниот резултат и за плановите з вториот круг, градоначалникот Димитриевски најави прес-конференција во 13 часот на плоштадот во Куманово.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

ВМРО-ДПМНЕ победи во 16, а СДСМ во 9 општини во првиот круг, според досега целосно обработените податоци

Oд целосно обработените податоци од Државната изборна комисија (ДИК), на Локалните избори во првиот круг избрани се 28 градоначалници. Според...

Економија40 минути

Горивата поскапуваат

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати...

Македонија46 минути

ДИК го заврши пребројувањето во Куманово – Димитриевски води со 22 гласа пред Илиевски

Актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, води пред кандидатот на СДСМ Оливер Илиевски за 22 гласа, согласно последната промена направена...

Топ2 часа

Прилепчанец со автомобил удрил во четворица пешаци, од кои две деца

Дваесет и деветгодишен прилепчанец со автомобил удрил во четворица пешаци, од кои двајца малолетни. Едно лице се здобило со тешки...

Свет3 часа

Напад со нож во трговски центар во Мелбурн – избодени двајца мажи

Двајцата мажи се пренесени во болница откако биле избодени со нож во трговски центар во Мелбурн. И двајцата се здобиле...

Македонија12 часа

(Видео) Заев: На крајот СДСМ ќе има повеќе градоначалници oд ВМРО-ДПМНЕ

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека СДСМ и коалицијата победуваат или имаат водство во повеќе од 30 општини во...

Македонија13 часа

(Видео) Мицкоски соопшти каде победи ВМРО-ДПМНЕ, а каде има предност: „Ова е победа на народот“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски презентираше резултати од изборите кои според аналитичкиот центар на партијата донеле победа во првиот круг....

Македонија14 часа

(Видео) Николовски: СДСМ води во Скопје и уште во најмалку 25 општини

СДСМ победува во Скопје и води во првиот круг од локалните избори, изјави Љупчо Николовски, генерален секретар на партијата и...

Македонија14 часа

Алијанса за Албанците и Алтернатива прогласија победа во Гостивар и Дебар

Алијанса за Албанците и Алтернатива прогласија победа во Гостивар и Дебар. Партискиот претседател на Алијансата, Зијадин Села соопшти дека во ...

Македонија14 часа

(Видео) Зурли и тапани пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, симпатизерите радосни за изборниот резултат

Со зурли, тапани, гласна музика и пиротехнички средства, симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ слават пред централниот штаб во Скопје. Присутните се радуваат...

Македонија14 часа

Ахмети прогласи победа во Сарај, Липково и Пласница

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, прогласи победа во Сарај, Липково и Пласница. Ахмети рече дека партијата е во водство во...

Македонија15 часа

ВМРО-ДПМНЕ најави победа во Велес, Штип и Свети Николе а води во Битола и Охрид

Во Велес, Штип и Свети Николе води ВМРО-ДПМНЕ, брифираат од партијата. Оттаму според нивните неофицијални информации посочуваат и дека имаат...

Македонија16 часа

Мицкоски: Победа и голема одговорност

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по завршување на изборниот ден, посочи дека победиле а со тоа доаѓа и одговорноста. Тој...

Македонија17 часа

Спасовски: Изборниот ден помина со незначителен број на неправилности

Изборниот ден помина со незначителен број на неправилности, истакна министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој оцени дека првиот изборен...

Македонија17 часа

ЗНМ го осуди односот на Даштевски кон новинарите

Здружението на новинарите регира на односот на претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, кон новинарите во текот на попладневната...

Македонија18 часа

Членови на избирачки одбори самите си одлучиле да не ги користат биометриските уреди

Државната изборна комисија добила информации дека на повеќе избирачки места членовите на избирачките одбори на своја рака престанале да ги...

Македонија19 часа

До 17 часот гласале 41,38 отсто од избирачите

До 17 часот вкупно гласале 41,38 отсто од гласачите во земјава или 547.048 граѓани, покажуваат податоците од Државната изборна комисија....

Македонија19 часа

Прекини во гласањето во неколку изборни места

Во СВР Скопје било пријавено дека на гласачко место бр.2683/1 – основно училиште „Блаже Коневски“ е прекинато гласањето во 13,56...

Македонија21 час

329 новозаболени од Ковид-19, починале 18 луѓе

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.045 тестирања,...

Македонија22 часа

Даштевски со допис дозволи да гласаат повеќемина, за да се намали метежот

За да се намали метежот кој се создава во ходниците на избирачките места, претседателот на Државната изборна комисија со допис...

Досие