Контакт

Македонија

Со ИПА-грант подобри услови за настава за 500 ученици во кумановско Черкези

Објавено пред

Над 500 ученици во кумановското село Черкези добија подобри услови за настава преку грант-средства од Европската Унија, односно инструментот ИПА. Грант-средствата во износ од 1,96 милион денари за реновирање на основното училиште „Јероним де Рада“ се доделени преку проектот за подобрување на општинските услуги, кој го реализира Министерството за финансии со поддршка на Светската банка и Европската Унија.

Со реновирање на училишната зграда обезбедени се подобри услови за 530 ученици, како и за 58 вработени во училиштето. Направена е промена на внатрешната столарија, поставени се гипсни плочи на таванот, заменети се подовите, санирани се дупките и молерисани на sидовите.

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, истакна дека проектот за подобрување на општинските услуги поддржува подобри услуги во сите општини во земјата, што вклучува и подобри услови за настава во училиштата и градинките. Тој рече дека преку проектот, но и други мерки и реформи, Владата настојува да го подобри образовниот процес во земјата.

„За одржлив економски раст и подобар животен стандард треба да се инвестира во човечкиот потенцијал. Инвестициите во oбразованието се од исклучително значење. Секој од нас е добар во нешто и има нешто да понуди. Оределбата на нашата Влада е да вложува во образованието – како во образованата инфраструктура така и во подобрување на квалитетот на образовните програми. За в година за буџетот се издвоени 27,4 милијарди денари за образование, што е 2 милијарди повеќе во однос на годинава“, рече министерот за финансии, Драган Тевдовски.

Амбасадорот на ЕУ во земјата, Самуел Жбогар, истакна дека според финансиските средства можеби ова е мал проект, но со огромно влијание бидејќи ги подобрува условите за настава за децата во училиштето.

„Првите години во развојот на децата се најважни за нивниот правилен развој. Токму поради таа причина од огромна важност е децата да имаат соодветни услови за учење. Со овој проект се работи токму на оваа цел“, рече Жбогар.

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитривески, посочи дека преку вакви инфраструктурни проекти општините работат на подобрување на условите за живеење во руралните средини.

„Една од стратешките цели во потстратегијата за рурален развој на општината е подобрување на условите за живеење на населението во руралните средини преку реализирање на конкретната цел, односно подигање на стандардите на живеење преку имплементација на инфраструктурни проекти, како што е овој проект за адаптација на училиштето“, рече Димитриевски.

Директорот на канцеларијата на Светската банка во Македонија, Марко Мантованели, посочи дека адаптацијата на училиштето е дел од поголем проект. Преку проектот за подобрување на општинските услуги реализирани се повеќе инфраструктурни проекти, кои придонеле за подобри услови за живеење за голем број граѓани во земјата.

„Ова е дел од посеопфатна програма што ја правиме заедно со Министерството за финансии во рамките на МСИП-проектот. Во рамките на таа програма 12.900 семејства имаа чиста и поквалитетна вода за пиење и повеќе од 524.500 граѓани имаат пристап до подобри комунални услуги“, рече Мантованели.

Проектот за подобрување на општинските услуги овозможува финансирање капитални општински проекти, како водоснабдување, канализација и одведување отпадни води, енергетска ефикасност (улично осветление, изолација на општински објекти и сл.), локална патна инфраструктура (модернизација и реконструкција на улици и патишта), комунални услуги (набавка на возила за јавните комунални претпријатија) како и други општински услуги и надлежности (изградба на детски градинки, зелени пазари, инфраструктура во индустриска зона и сл.).

Крвав четврток

Нинџа предложи нови докази за 27 април – 115 аудио разговори и 20 фотографии

Објавено пред

Обвинетиот Александар Василeвски – Нинџа на денешното рочиште за ,,крвавиот четврток” предложи дополнителни докази кои смета дека треба да бидат изнесени пред судот, но без присуство на јавноста. Како што рече тој,станува збор за 115 аудио снимки и 20 фотографии.

,,За поткрепа на мојот исказ даден пред овој судечки совет на моето предавање на 11.06 2018 година, до Обвинителството за организиран криминал доставив листа на докази од кои неколку УСБ уреди со 115 аудио снимки и 20 фотографии. Барам обвинителката Рускоска да ги предаде на судот истите да ги слушаме по можност со исклучување на јавноста”, рече Василевски.

На ова обвинителката Ивана Трајчева рече дека засега не може да се произнесе за овие докази и дека не знае дали овие докази се во обвинителството.

,,Не можам да се произнесам за овие докази, не ја знам содржината на истите, но од она што кажа Василевски можам да заклучам дека станува збор за докази кои биле предложени во истражната постапка и доколку е така обвинетиот имал можност истите да ги предложени по давање на обвинителниот акт”, рече Трајчева.

Судијката Добрила Кацарска изјави дека Советот дополнително ќе се произнесе за предлогот на Александар Василевски- Нинџа односно дали доказите ќе бидат прифстени, а обвинителството да изврши проверка и доколку физички се таму со писмен поднесок веднаш да бидат доставени до судот.

Денешната расправа се одложи за 20 декември, поради декласификација на доказите за Митко Чавков кои треба да бидат доставени од МВР.

Прикажи повеќе...

Македонија

Александар Николоски во работна посета на Брисел

Објавено пред

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, денеска и утре престојува во работна посета на Брисел. Во рамките на посетата Николоски ќе оствари средби со високи претставници на Европската комисија, Европската народна партија, Центристичко демократската интернационала, Европскиот парламент итн.

Како што информираат од ВМРО-ДПМНЕ, на средбите се очекува да се разговара за актуелните политички случувања во Македонија и регионот.

„Николоски ќе информира за состојбата во Македонија, заостанувањето во реализацијата на реформите, политичките притисоци и злоупотребата на правниот систем со цел политички прогон, партизацијата на јавната администрација, економското назадување и сè поголемо задолжување на државата, како и сите потфрлања на Владата на СДСМ во сите области значајни за животот на граѓаните.

Николоски ќе разговара со партнерите од Брисел и за активностите на ВМРО-ДПМНЕ, како и политичкиот притисок и прогон под кој се бројни членови на опозицијата и обидот за задушување на слободата на изразување и критика кон власта на СДСМ“, велат од партијата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Градот ќе издвои повеќе пари за животна средина, зеленило и социјала

Објавено пред

Советот на Град Скопје на денешната седница ќе го разгледува предлог-буџетот за 2019 година и Планот за програми за развој за 2019-2021 година, односно развојниот дел на буџетот на Град Скопје.

Со предлог-буџетот на Град Скопје за 2019 година се предлага максимален износ од 6,5 милијарди денари вкупни приходи и други приливи. Во планираните средства влегува и дел од вишокот на приходи остварен од минати години во износ од 1 милијарда и 21 милиони денари.

,,Во структура на вкупно планираните приходи најголем процент на учество имаат даночните приходи со 38%, приходите од дотации со 25%, неданочните приходи со 7% и капиталните приходи 8%.Планираните приходи и другите приливи по поединечните буџети од кои е составен вкупниот буџетот на Градот Скопје за 2019 година, е следното:

-Основен буџет – 4,4 милијарди денари;
-Буџет на дотации – 1,6 милијарди денари;
-Буџет на самофинансирачки активности – 304 милиони денари;
-Буџет на донации – 130 милиони денари;
-Буџетот на кредити – 10 милиони денари;

Предложените проекти во расходниот дел на буџетот на Град Скопје за 2019 година се изготвени согласно со стратешките приоритети на Град Скопје со кои се обезбедува ефикасно извршување на надлежностите и исполнување на потребите на граѓаните. Во предлог-буџетот на Град Скопје за 2019 година приоритет е животната средина и одржувањето на зелените простори, соопштија од Градот.

Според предлог-буџетот на Град Скопје за 2019 година, планирано е зголемување во буџетот за заштита на животна средина, каде што се планирани 186 милиони денари, што претставува речиси 32% повеќе од буџетот за 2018 година во кој за овој сектор беа предвидени 141 милиони денари.

Предложениот буџет на Град Скопје за 2019 година е изготвен согласно со насоките за подготовка на буџетот на единиците на локалната самоуправа – Буџетски циркулар за 2019 година, како и согласно со измените на Закон за финансирање на единиците на локалната самоуправа. Сите предложени програмски проекти од различните области во рамки на законските надлежности на Град Скопје се планирани внимателно, а во насока на здрава животна средина и воспоставување концепт на одржлив развој, а со тоа и приближување кон политиките на Европска Унија и нејзините принципи.

Зголемување има и во буџетот за социјала, кој за 2019 се предлага да биде 102 милиони денари, во споредба во годинешниов, кој изнесуваше 78 милиони денари. Зголемување има и во делот за изградба на паркови и зеленило за над 50 милиони денари. Во делот на урбанистичкото и просторно планирање и уредување на градежното земјиште се предвидуваат средства во износ од 1.384.280 денари за капитални расходи, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Крвав четврток7 минути

Нинџа предложи нови докази за 27 април – 115 аудио разговори и 20 фотографии

Обвинетиот Александар Василeвски – Нинџа на денешното рочиште за ,,крвавиот четврток” предложи дополнителни докази кои смета дека треба да бидат...

Македонија59 минути

Тунтев на комеморацијата за Стојаноски: Јован друже, не се договоривме вака

Премиерот Зоран Заев во име на Владата се обрати на комеморацијата за починатиот градоначалник на Охрид, Јован Стојаноски. „Тешко е...

Бегството на Груевски1 час

Трајковски: Не бев да се видам со Груевски, туку да се лекувам на клиника

Обвинетиот Александар Трајковски на паузата од денешното судење за „Насилството во Центар“ на СЈО пред новинарите рече дека во Унгарија...

Македонија2 часа

Адвокатите се откажаа да го застапуваат Груевски

Тројцата адвокати Димитар Дангов, Стерјо Зиков и Боро Тасевски се откажаа да го застапуваат експремиерот Никола Груевски во предметот на...

Бегството на Груевски2 часа

Ристовски: Соседните земји низ кои поминал Груевски не смееле да го уапсат

Заменик-министерот за правда на Македонија, Оливер Ристовски, за српскиот весник „Политика“ потврди дека Србија немала обврска да го задржи или...

Европа3 часа

(Видео) Десет илјади граѓани излегоа на протестите против владата на Орбан

Околу десет илјади граѓани протестираа во Будимпешта против новиот закон за работа и, како што се наведува, „растечкото авторитарно владеење...

Европа3 часа

Премиерот на Франција за ,,Жолтите елеци”: Погрешивме, не ги слушавме доволно граѓаните

Премиерот на Франција, Едуар Филип, призна дека Владата не ги слушала доволно Французите и дека погрешила во управувањето на кризата...

Македонија3 часа

Марш на црвените чадори – ќе маршираат сексуални работнички, стриптизети, хотлајн-операторки

Првиот колектив на сексуални работници „Стар-стар“ во рамките на кампањата за одбележување на 17 Декември, Меѓународен ден за ,,стоп” на...

Свет15 часа

(Видео) Експлозија во ресторан во Јапонија, повредени 42 лица

Најмалку 42 лица се повредени во експлозија и пожар во ресторан во јапонскиот град Саппоро.На местото на експлозијата веднаш пристигнаа...

Македонија16 часа

ЛДП нема да гласа за законот за амнестија

ЛДП нема да гласа за законот за амнестија. Како што беше кажано на седмото Изборно собрание на Либералдемократите, овој владин...

Македонија19 часа

(Видео) Сведоштво од несреќата кај Лесковац: Кога се разбудив слушнав вриштење, околу мене имаше луѓе со крвави глави

,,Кога се разбудив слушнав вриштење. Видов луѓе со крвави глави и раце и слушнав некој кажа дека има и загинати”,...

Македонија20 часа

ЗНМ на тест, изборот на Чадиковски под прашалник

По којзнае кој пат новинарската фела е исправена пред нови поделби. Вчерашниот избор на Младен Чадиковски за претседател на Здружението...

Македонија21 час

Идентификувани двајца од трите жртви во превртениот автобус – маж од Крушево и жена од Кочани

Шеесет и осумгодишен маж од крушевското село Бучин со иницијали В.Ш. и 68-годишна жена од Кочани со иницијали К.К. се...

Македонија22 часа

МНР потврди за тројца загинати кај Лесковац, во животна опасност се четворица патници од автобусот

Маж на возраст од 68 години е првата идентификувана жртва од превртениот македонски автобус кај Лескoвац, информираат од Министерството за...

Топ1 ден

Во една вечер тројца пешаци тешко повредени во сообраќајки во Скопје, Охрид и Битола

Тројца пешаци се тешко повредени откако биле удрени од автомобили во три одделни сообраќани несреќи во Скопје, Охрид и Битола,...

Регион2 дена

Јеремиќ: Вучиќ и Тачи го имаат договорено формирањето на косовската војска

Претседателот на српската Народна партија, Вук Јеремиќ, за српските медиуми изјави дека формирањето на војската на Косово е скандалозно и...

Македонија2 дена

(Видео) Спасовски на Пониква ги посети кандидатите за полициски специјалци

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и дел од раководството на МВР денеска го посетија зимскиот рекреативен центар „Пониква“ во Кочани,...

Топ2 дена

Злетовец голтнал прашок за да го скрие од полицијата по што починал

На Граничниот премин Делчево за влез во државава, во вечерните часови на 14. декември се пријавил 32-годишен злетовец. Тој управувал...

Македонија2 дена

За палење петарди и ракети казни од 200 до 500 евра

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека неовластената употреба на пиротехнички средства е казнива согласно Законот за прекршоци против...

Македонија2 дена

Георгиев: Се согласивме со Бугарите дека имаат поеднакво право на Прличев како нас

Се согласивме дека и Бугарите имаат поеднакво право на делото на Глигор Прличев,тој е дел од заедничката историја и не...

Досие