Македонија
Спасовски за полицискиот час: „Мерката е рестриктивна, но неопходна“

Вечерва во 22 часот почна полицискиот час на територијата на целата држава и ќе трае до 5 часот наутро. Оваа мерка важи до 22 март, а се воведе поради зголемениот број заразени и хоспитализирани лица, како последица на коронавирусот.
Улиците се испразнија, иако и претходно немаше поголеми гужви, со оглед на тоа што кафулињата и рестораните беа веќе затворени, а дополнително за празните улици допринесе и ладното дождливо време.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изврши обиколка низ улиците во Скопје и се заблагодари на сите полициски службеници кои во моментов се на терен.
„Знаеме дека ова е рестриктивна мерка, мерка која никој не ја посакува, но таа е неопходна ако сакаме да го прекинеме ланецот на ширењето на вирусот и мора сите да се придржуваме до неа“, изјави Спасовски.
Тој апелираше до сите граѓани да ги почитуваат мерката за движење.
„За оние кои нема да ги почитуваат мерките ќе има санкции, и прекршочни и кривични, а јас очекувам како што започнавме оваа вечер, така ќе продолжиме и заеднички ќе допринесеме во наредните 14 дена да имаме намалување на бројот на заразени и стабилизација на состојбата“, рече тој.
Одлуката за воведување полициски час на територијата на целата држава ја предложи Комисијата за заразни болести, а Владата ја усвои на вчерашната седница.
„Станува збор за неполни две седмици, односно 12 дена. Освен ова, се воведуваат ограничувања за задолжителен домашен 14 дневен карантин за лицата кои се враќаат од афричките држави и да се обезбеди карантин, односно објект за странци кои доаѓаат од афричкиот континент“, соопшти вчера премиерот Заев.
Одлуката за забрана за движење нема да важи за патниците што доаѓаат или заминуваат од меѓународните аеродроми, кои за време на полицискиот час како дозвола за движење ќе им се признаваат авионските карти. Оваа отстапка е иста и за патниците во меѓународниот превоз на патници.
„За транспортерите на лица и на стока кои транспортот го спроведуваат за време на забраната за движење како дозвола ќе се прифаќа патниот налог, додека транспортерите што транзитираат најмногу ќе имаат обврска најмногу за 3 часа да ја напуштат земјата од еден на друг граничен премин. Надлежните служби на граничните премини ќе ги пропуштат патниците кои со лични возила ја напуштиле земјата пред воведувањето на полициски при што ќе се спроведуваат и до сега активните мерки за задолжителен ПЦР тест за оние што доаѓаат од оние земји за кои оваа постапка е задолжителна“, стои во одлуката.
Министерството за информатичко општество и администрација е задолжено да ги извести граѓаните и економските оператори дека се обновува важноста на веќе издадените дозволи издадени за време на претходните одлуки за забрана на движење.
Министерството за информатичко општество и администрација ќе им ги преиздаде решенијата за слободно движење на оние кои во меѓувреме ги загубиле дозволите, како и за оние кои имаат дополнителни барања за дозволи за движење врз основа на доказ за неопходноста на тоа барање.
Отстапки од забраната ќе има и за сите граѓани кои за време на забраната за движење имаат потреба од итна медицинска грижа и за слободно движење оваа потреба ќе треба да ја најават на службата 192 на телефонот на МВР.
За дополнителните исклучоци во однос на забраната и посебниот режим на движење на населението и возилата, доколку има потреба, ќе ги утврдува Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Коронавирус КОВИД-19, во соработка со надлежните органи на државната управа.
„Ние стоиме целосно подготвени. Ќе има засилени контроли од МВР и од инспекциите, бидејќи очигледно граѓаните се опуштија, а самиот број на заразени граѓани ни алармира дека итно мора нешто да се преземе“, изјави вчера Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Одобрено решението за конечна деконтаминација на линданот во „ОХИС“

На денешната седница Владата донесе решение за одобрување на план за ремедијација на локацијата во АД „ОХИС“- Скопје и со заклучок на Владата, Министерството за животна средина и просторно планирање е задолжено да донесе решение за одобрување на планот за конечна деконтаминација на линданот во кругот на АД „ОХИС“-Скопје.
Ова решение на Министерството за животна средина и просторно планирање следува откако UNIDO, односно Агенцијата за индустриски развој на ОН, го информираше Министерството дека планот доставен од грчката компанија специјализирана за овој тип активности „Polyeco“ е одобрен за спроведување на постапката за деконтаминација на почвата во АД „ОХИС“- Скопје.
Македонија
Владата препорача реизбор на Драган Антоновски за генерален директор на МИА

Владата денеска го прифати предлогот на Комисија за именување за членови на Надзорниот одбор на АД „Медиумска информативна агенција” да бидат избрани Александра Мицоска-Митевска, Лилјана Капевска, Мери Илиќ, Ардиан Исеини и Татјана Поповска и донесе заклучок да му препорача на Надзорниот одбор на АД „Медиумска информативна агенција”, да ги реизбере Драган Антоновски за претседател на Управниот одбор и за генерален директор и Хаљит Ајдини за член на Управниот одбор и за заменик на генералниот директор.
Македонија
Со законски измени ќе се регулираат цените во приватните болници за лекување болни од Ковид-19

Владата на денешната седница ги утврди измените и дополнувањата на Законот за здравствена заштита со кои, меѓу другото, Министерството за здравство добива дополнителни овластувања во услови на кризна состојба прогласена заради заштита на јавното здравје и прогласена епидемија или пандемија на заразна болест.
Со предложените измени се уредува и начин на вршење на здравствена дејност од страна на приватните здравствени установи при утврдено постоење на кризна состојба заради заштита на јавното здравје и прогласена епидемија или пандемија на заразна болест, а на Владата ѝ се овозможува законско овластување да определува највисоки цени во приватните болници во висина на референтните цени утврдени од страна на Фондот за здравствено осигурување за да се овозможи овие услуги да бидат подеднакво економски достапни за сите граѓани, со што ќе се заштити јавното здравје и економските интереси на сите граѓани.
Со предложените законски измени е предвидено и користење на ресурсите на приватните болници доколку условите го наложуваат тоа согласно состојбата предизвикана од пандемијата во име на заштита на јавното здравје и се забранува преземањето на здравствените работници од јавното здравство од страна на приватните здравствени компании.
Измените и дополнувањата на Законот за здравствена заштита ќе бидат испратени на усвојување во Собранието по скратена постапка, а во нив се предвидени и измени во делот на глобите за прекршоци доколку приватните здравствени установи не постапуваат согласно законските одредби.
- Свет2 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш