Контакт

Македонија

Спасовски го претстави предлог-граѓанскиот буџет на МВР за 2022

Објавено пред

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска на прес-конференција го претстави предлог-граѓанскиот буџет на Министерството за внатрешни работи за 2022, кој целосно ги одразува заложбите и приоритетите на Министерството за внатрешни работи – континуирано системско реформирање на полицијата преку етаблирање на принципите на владеење на правото во сферата на безбедноста како еден од круцијалните фактори за просперитет на државата.

„Предлог-буџетот на МВР за 2022 е со вкупна вредност од 10 милијарди и 410 милиони денари и е испланиран во согласност со развојната компонента за подобрување на работењето и реализирање на сите активности што се во надлежност на Министерството, како и негово непречено функционирање и работење за остварување на основните стратешки приоритети и цели. Притоа зголемувањето е обезбедено во ставките што овозможуваат континуитет во градењето современа и стручна институција и понатамошен развој на демократските принципи во полициското работење во согласност со европските препораки и стандарди“, истакна министерот Спасовски.

Според него, преку реализација на вака проектираниот буџет ќе се остварат две основни цели, од кои првата е продолжување на воспоставениот концепт: полиција – сервис на граѓаните. Како дел од проектите од кои директен бенефит ќе има заедницата е продолжување на проектот за реконструкција и изградба на полициските станици.

„За овие неколку години инвестираме многу во капацитетите на МВР, што резултира со 63 целосно завршени реконструирани објекти на територијата на целата држава, што со децении не беа допрени. Притоа сега веќе зборуваме и за имплементирани мерки за енергетска ефикасност, со што се создадоа не само квалитетни услови за работа на полициските службеници туку и трансформација на објектите на енергетски план, поголеми заштеди и намалени емисии на штетни гасови. Еве, за илустрација, прегледот на трошоците за испорачана електрична енергија споредбено во 2017 и во 2021 во одредени сегменти зборува за 100 % заштеда, односно вкупно на ниво на МВР станува збор за 5 милијарди и 376 милиони денари заштеда на финансиски средства, народни пари, што говори за домаќинскиот однос што го остваривме со овие реконструкциски зафати. Значи, добивме вин-вин ситуација“, посочи министерот Спасовски.

Министерот за внатрешни работи објасни дека со зголемен буџет за оваа ставка во 2022 за 100 милиони денари во споредба со минатата година, ќе се продолжи со градежните активности, и тоа најнапред во Центарот за обука во Идризово, па Одделот за граѓански работи во МРТ, кој практично го претставува лицето на полицијата пред граѓаните, како и изградба на полициската станица во Аеродром. Во предлог-буџетот на МВР за 2022 испланирани се и средства за проектот „Автоматизирана идентификација на отпечатоци од прсти и дланка“, што влегува во групата лабораториска опрема за новиот објект на Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења, кој ќе биде опремен во согласност со сите најнови европски полициски стандарди во доменот на крим-техниката, како и модернизација на летало на Одделот за воздухопловни единици на МВР, со најмодерна опрема за комуникација и опрема за гаснење пожари.

„Втората основна цел, која преку овој развоен буџет сакаме да ја оствариме, а е суштински испреплетена со првата што веќе ја образложив, е создавање модерна, опремена, стручна, ефикасна, но и задоволна полиција“, рече Спасовски додавајќи: „Оваа тековна година продолживме со набавка на униформи, па специјалните единици добија повеќе комплети нова униформа, униформи и чевли се набавени и за униформираната полиција, за Одделот за заштита на определени личности и објекти во рамките на БЈБ, за хеликоптерската единица, а целосно нова униформа е обезбедена и за младите полицајци и приправници. Покрај ова, ги исплативме трите заостанати бонус плати за прекувремено изработени часови, а тековните бонус плати се исплаќаат навремено. На секој полициски службеник треба и мора да му се обезбедат елементарни предуслови за нормално работење“, подвлече Спасовски.

Така, во предлог-буџетот на МВР за 2022 обезбедени се средства за зголемување на платите за вработените во Министерството за внатрешни работи за 5 %, со цел продолжување на процесот на усогласување на платата за припадници на МВР во согласност со постојни договори за зголемување на платите, како и средства за бонус плата за оствaрени над 150 часа прекувремена работа на годишно ниво во текот на 2021 година.

„Мотивираноста на полициските службеници се рефлектира во добри резултати во генералната безбедносна состојба на подрачјето на државата во текот на 2021 година, која е стабилна, без сериозни безбедносни настани, а стапката на вкупниот криминалитет е намалена во однос на истиот период од минатата година. Притоа сузбиени се седум организирани криминални групи, во кои членувале 42 члена што дејствувале во областа на недозволената трговија со дрога, мигранти и бесправна сеча на шуми. Во рамките на спречување на недозволената трговија со дрога, беа пресечени 12 меѓународни транспорти на марихуана и хашиш, а во областа на недозволената трговија со оружје откриените кривични дела бележат зголемување од 23,4 %, додека заплените со оружје, муниција и пиротехнички средства се повеќекратно зголемени. Бележиме зголемување на откривачката дејност и на случаи на корупција и коруптивни злоупотреби за 58,3 % во споредба со истиот период лани, а зголемено е и откривањето на злоупотреба на службената положба со коруптивни елементи за 54 %. Во однос на сообраќајот, тенденција на намалување има и бројот на жртвите во сообраќајните несреќи. И, конечно, сето ова резултира со рангирање на нашата држава како најбезбедна држава на Западен Балкан, која за неколку години од 71. место се искачи на 40. место“, потенцира министерот.

Според Спасовски, предлог-буџетот на МВР за 2022 ќе овозможи преку планираните проекти и активности да се финишираат реформските процеси во Министерството со цел негово целосно сообразување со стандардите и нормите на современите и квалитетни европски и светски полициски практики, што е основа за уште подобри резултати во работењето на сите организациони единици на Министерството.

Македонија

Петков: Во договорот за добрососедство јазикот е јасно дефиниран

Објавено пред

Премиерот на Бугарија, Кирил Петков, не одговори конкретно на прашањето во која држава се наоѓа и кој јазик се зборува во неа. Наместо тоа, посочи дека дефиницијата за јазикот е јасна во договорот за добрососедство. Македонскиот премиер Димитар Ковачевски пред својот колега посочи дека сме признаена држава со македонски јазик. Петков, за разлика од некои од неговите интервјуа, овој пат не кажа дали и натаму останува на ставот дека македонскиот јазик го признава по 1944 година.

„Ќе обрнеме внимание на работите што нѐ зближуваат, а на другите работи ќе им дадеме подолг рок. Сакам да кажам многу јасно дека во договорот за добрососедство има многу јасна дефиниција за јазикот. Тука е прашањето дека Бугарија го почитува и се гордееме што ја признавме независноста на Северна Македонија и истовремено со тоа го почитуваме самоопределувањето на сите граѓани во Северна Македонија и користењето на сите ваши јазици како што се во Уставот. Имаме полно почитување на тоа“, рече Петков.

Премиерот Ковачевски рече дека историските прашања ќе бидат во втор план, а целта на двете влади ќе биде зближување на народите.

„Се договоривме да формираме работни групи од повеќе области – инфраструктурата, економијата, трговијата, деловната соработка, образованието и исто така тука спаѓа и Комисијата за историско-образовни прашања, која има свој план за работа. Тие треба да информираат што е договорено и начинот на кој е договорено. Во однос на јазиците, ние сме држава признаена од Бугарија, со македонски јазик, со потпишани билатерални договори, со кои се регулира начинот на кои се потпишани тие договори, македонскиот јазик е дел од повелбата на ОН и другите институции и организации во кои членуваме. Сите прашања што се однесуваат на историските делови ќе бидат во втор план, а во прв план е да го градиме зближувањето на граѓаните, кој ќе ни даде стимул и аргументи за постигнување договор со Бугарија и почнување на преговорите со ЕУ“, рече Ковачевски.

Премиерот на Македонија додаде дека се надева оти договореното помеѓу членовите на Комисијата ќе биде мост кон иднината, а не враќање кон минатото.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Јанчева: Арсовска продолжува проекти на претходниот градоначалник, нема ниту еден свој

Објавено пред

Во првите два и пол месеца од мандатот Данела Арсовска нема ниту еден проект во интерес на граѓаните на град Скопје.

Нејзината најава дека ќе реконструира булевари и улици во градот, всушност е продолжување на проектот на претходната градска администрација, изјави Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје.

Таа додаде дека речиси за сите улици и булевари што ќе се реконструираат веќе се изготвени проектни документации од претходното раководство, а за улицата Радишанска избран е и изведувач на градежните работи.

Добро е што Арсовска ги продолжува проектите на претходниот градоначалник и ја охрабруваме исто така да постапи и со проектот „Бас рапид транзит“, кој го прекина иако за него средствата веќе беа обезбедени, истакна Јанчева.

Данела Арсовска нема реализирано ниту еден свој проект, а веќе наближуваат 82 дена од мандатот, период во кој таа ветуваше дека ќе реализира 15 проекти, додава Јанчева.

Сѐ што видоа граѓаните на Скопје од Арсовска во овој период е неработење, прекинување проекти, партизација на администрацијата и бегање од одговорност.

Арсовска треба да решава проблеми и да реализира проекти, а не да бара оправдувања за неработењето и да се иззема од одговорност, изјави Јанчева.

Прикажи повеќе...

Македонија

Ковачевски и Петков одржаа пленарен состанок во присуство на делегациите од двете земји

Објавено пред

Во рамките на официјалната посета на делегацијата од Република Бугарија во Владата се одржа пленарен состанок на премиерите Димитар Ковачевски и Кирил Петков заедно со членовите на двете влади.

На пленарниот состанок на владините делегации од двете држави се дискутира за важноста од реализација на проектите во насока на подобрување на состојбата во конкретни области меѓу двете земји за што министрите на двете влади ги презентираа своите заклучоци од билатералните средби.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија22 минути

(Видео) Митева: СДСМ го осиромашува домашниот буџет

Неуспешните економски политики на СДСМ не може да резултираат со успех во енергетиката, тоа се гранки кои се поврзани и...

Македонија39 минути

Бугарија го прифати краткото име Северна Македонија, кое претходно го спореше

Бугарија прифатила да го користи краткото име Северна Македонија, кое претходно го спореше. Премиерот Димитар Ковачевски вели дека ова е...

Европа1 час

Европскиот парламент доби нов претседател

Европскиот парламент доби нов претседател. Роберта Мецола е избрана за наследник на Дејвид Сасоли за претседател на Европскиот парламент освојувајќи...

Македонија2 часа

(Видео) Премиерот Ковачевски го пречека премиерот Петков на првата официјална посета на нашата земја

Со државна церемонија пред платото на Владата, претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, го пречека премиерот на Република Бугарија, Кирил Петков,...

Македонија4 часа

Со сертификат за вакцинација или прележана болест Македонците ќе може да влезат во Бугарија

Од 20 јануари македонските државјани ќе може да влезат во Бугарија. По интензивната комуникација меѓу министерствата за надворешни работи на...

Свет4 часа

Тонга по ерупцијата и цунамито – поплавени острови, земјата и дрвјата покриени со пепел

Првите фотографии по ерупцијата на вулканот кај Тонга и цунамито што ги погоди островите во тој архипелаг ги прикажуваат земјата...

Македонија5 часа

(Видео) Зголемениот водостој на кејот на реката Вардар ги вознемири жителите на Аеродром

По телефонска дојава од страна на граѓани на 195, а и до директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, дека во општина...

Македонија14 часа

Второто полугодие за основното и средното образование се одлага за 1 февруари

Владата на Република Северна Македонија на денешната втора, редовна седница, којашто се одржа преку видео конференциска врска, донесе одлука почетокот...

Македонија17 часа

Владата на првата седница ги именува замениците на Ковачевски

Владата на Република Северна Македонија денеска ја одржа својата прва конститутивна седница, со која претседаваше премиерот Димитар Ковачевски. На седницата...

Македонија20 часа

766 нови случаи на Ковид-19 и 15 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се 3.748 тестови,...

Македонија22 часа

Маричиќ: Не е на Северна Македонија да кажува каде и какво малцинство има во регионот

Новиот вицепремиер за евроинтеграции, Бојан Маричиќ, изјави дека не е на Северна Македонија да кажува каде какво малцинство има во...

Македонија24 часа

Ковачевски: Задоволен сум од перформансите на министрите од ДУИ

Премиерот Димитар Ковачевски е задоволен од министрите што ДУИ ги има во Владата. Бидејќи во редовите на оваа партија немаше...

Македонија1 ден

Бугарската позиција е јасна, очекувам заедно да работиме на нов дијалог, порача Петков во честитката до Ковачевски

Бугарскиот премиер Кирил Петков му го честиташе изборот на својот македонски колега Димитар Ковачевски наведувајќи дека позицијата на Бугарија за македонската...

Економија1 ден

Поскапуваат бензините и дизелот

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се зголемуваат 1,00 денар/литар, а малопродажните цени на „евродизелот“ (Д-Е V)...

Свет1 ден

Десетте најбогати луѓе во светот си го удвоија богатството за време на пандемијата, а 160 милиони западнаа во сиромаштија

Богатството на 10-те најбогати луѓе во светот се удвои од почетокот на пандемијата, се наведува во извештајот објавен денеска од...

Спорт1 ден

Само вакцинираните ќе може да настапат на „Ролан Гарос“

Професионалните спортисти ќе мора да бидат вакцинирани против коронавирусот доколку сакаат да учествуваат на спортските натпревари во Франција. Ова се...

Македонија1 ден

(Видео) Ковачевски ги презеде функцијата и кабинетот од досегашниот премиер Зоран Заев

Новоизбраниот претседател на Владата, Димитар Ковачевски, денеска ги презеде функцијата и кабинетот од досегашниот премиер Зоран Заев. Премиерот во заминување,...

Регион1 ден

Од денеска сите Грци постари од 60 години мора да се вакцинираат или ќе платат казна

Во Грција од денеска стапуваат во сила мерките за изрекување казни за лица над 60 години што не се вакцинирани...

Свет1 ден

Научниците утврдија зошто некој природно подобро се бори со вирусот

Утврдено е дека една третина од луѓето во Европа може полесно да се борат со инфекцијата со коронавирус. Идентификуван е...

Свет1 ден

Aвстриска министерка со босанско потекло осомничена за плагијат

Познатиот ловец на плагијати Стефан Вебер најде нова жртва во австриската политика – министерката за правда Алма Задиќ, кој тврди...

Досие