Контакт

Македонија

Спасовски: Да се донесат законите, а потоа да се распушти Собранието

Објавено пред

Премиерот Оливер Спасовски изјави дека прво треба да се донесат во Собранието сите закони коишто се важни за граѓаните, па дури потоа да се распушти Собранието и да се оди на избори.

Тој нагласи дека сите законски решенија, пред сè законот за ЈО, треба да дадат дополнителни позитивни аргументи во носење на одлуката на Европскиот совет да почнат преговорите.

„ЕУ треба да биде приоритет на пратениците во Собранието“, изјави Спасовски.

Во однос на релациите со коалициската ДУИ, Спасовски ги оцени односите како коректни и изрази очекување дека повеќе нема да има неразбирливи одложувања на седниците.

Спасовски не сакаше да зборува за формирање евентуално ново парламентарно мнозинство, бидејќи очекува да се испочитува договореното и да бидат усвоени законските решенија по што ќе се оди на избори.

Спасовски нагласи дека ако дојде до тоа да бидат опструирани решенијата, тогаш ќе може да се зборува за евентуално формирање ново парламентарно мнозинство.

Македонија

Во Скопје почнува мобилно тестирање за коронавирус, лекарите ќе доаѓаат дома

Објавено пред

Како дополнување на системот на центрите за јавно здравје кои земаат примероци за тестирање за коронавирус од утре почнуваат со работа мобилните екипи. Министерот за здравство Венко Филипче вели дека мобилната екипа ќе биде поддршка на веќе отворените пунктови за тестирање.

„Системот е спремен за мобилни тестови. Ќе почне да функционира во Скопје. Мобилните екипи ќе одат кај семејствата кои треба да се истестираат побрзо“, рече министерот Филипче.

Мобилните тимови ќе помагаат онаму каде што притисокот за тестирање кај матичните лекари е најголем.

Министерот најави два нови пункта за тестирање во Скопје. Еден во Чаир, кој ќе почне со работа утре и уште еден во поликлиниката Млин балкан кој се очекува да почне со работа до крајот на неделата.

Досега се направени вкупно 2800 тестови од кои 1700 во државната лабораторија. Министерот најави дека од утре со работа почнува лабораторијата на Ветеринарниот институт која има капацитет за 30 теста дневно, а Фондот за здравствено осигурување е во преговори со приватните клиники клои сега го наплатуваат тестот за покривање и на нивните трошоци за пациентите кои имаат здравствено осигурување.

„ Комисија од Министерството за здравство го заврши увидот во ’Жан Митрев’, ’Систина’, ’Авицена’, а утре ќе направи увид и во лабораторијата ’Биотек’ за да се направи план за искористување и на тие капацитети, а во Фондот веќе работат на наоѓање на модел на соработка. Мислењата на епидемиолозите се дека ќе се зголеми бројот на тестирањата, согласно јавувањата кај матичните лекари“, рече министерот Филипче.

Тој извести дека се прават подготовки за организирање на транспортот на лицата кои се лекуваат во домашни услови, а треба да ја примат терапијата со сумамед и лекот против маларија. Има околу 200 вакви пациенти кои се во секојдневна комуникација со матичните лекари и епидемиолозите и засега сите имаат сосема лесна клиничка слика на болеста.

„Го развивме системот за транспорт и веќе следната недела пациентите кај кои ќе биде индицирано примањето на терапијата ќе бидат транспортирани до болница. Терапијата треба да се прими во болнички услови’, рече министерот Филипче и нагласи дека се дава исклучиво по проверка на срцето на пациентите, а резултатите се очекуваат по пет до седум дена од почетокот на терапијата“, рече министерот Филипче.

Лицата сметени во карантин Филипче вели дека непотребно се стигматизираат. Уверува дека ниту еден од нив не е заразен со вирусот и дека сите се здрави луѓе кои не се опасни за околината. Четворица од луѓето во државен карантин имаат настинка и за тоа примаат лекарства.

Од утре во функција се враќаат амбулантите на Клиниката за дерматологија по карантинот поради ексдиректорката која цела недела доаѓала на работа пред да и биде дијагностициран коронавирусот.

Се разгледува можноста и во Заводот за рехабилитација работата да се сведе само на амбуланти откако неподвижен пациент беше заразен со коронавирус, но одлуката ќе се донесе откако ќе бидат готови резултатите на сите тестирани од Заводот.

Пациентот кому вчера му беше дијагностициран коронавирус во болницата „8 Септември“ министерот Филипче извести дека е пренесен на Клиниката за инфективни болести со што болницата „8 Септември“ е целосно подготвена да прими заразен со коронавирус кој има потреба од операција или интервенција за друга болест.

Прикажи повеќе...

Македонија

Апелација ги одложи расправите закажани за во април

Објавено пред

Јавните седници и расправи пред Апелациониот суд Скопје, закажани во периодот од 30 март до 30 април. се одлагаат.

Дополнително странките и јавноста ќе бидат известени за денот на одржување на одложените седници и расправи, известија од судот.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Заразен доктор во битолската болница „Плодност“, болницата ќе биде затворена до 13 април

Објавено пред

Директорот на болницата „Плодност“ од Битола, Таше Трпчевски, во видео обраќање соопшти дека болницата ќе биде затворена и воопшто нема да работи до 13 април, поради случајот со докторот кој е заразен со коронавирус.

Трпевски кажа дека колегите кои имале контакт со Трпчевски ќе бидат во самоизолација, а во болницата ќе биде направено ново дезинфицирање.

„Д-р Христијан Трчевски во изминатиот подолг периот не го напуштил градот, по што следува заклучокот дека го добил вирусот од некој пациент, иако, болницата од првиот ден на алармирањето за корона вирусот, ја зголеми хигиенската постапка во болницата. Неговата совесност и како родител и како доктор, го натера да направи дури два тестови. Од првиот беше негативен, а по неколку дена позитивен на Ковид – 19. Тој е во одлична здравствена состојба. Веднаш, како што носи редот, ги известивме сите надлежни институции, а најбиските на докторот се во самоизолација. Тоа се случува и со голем дел од персоналот“, рече Трпчевски.

Тој кажа дека по увидот на терен и по сите процедури, болницата има дозвола да продолжи со работа, а имаат и втор, резервен тим на доктори и медицински сестри, кои веднаш би можеле да ја заменат првата постава на медицинските лица. Сепак, поради одговорноста за сечие здравје и за здравјето на вработените, одлучиле болницата да биде затворена.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

(Видео) Заразен доктор во битолската болница „Плодност“, болницата ќе биде затворена до 13 април

Директорот на болницата „Плодност“ од Битола, Таше Трпчевски, во видео обраќање соопшти дека болницата ќе биде затворена и воопшто нема...

Македонија3 часа

31-годишниот скопјанец починал по распад на белите дробови, единствен ризик фактор била гојазноста

31-годишниот пациент кој претпладнево починал на Инфективната клиника во Скопје е најмладиот починат пациент во Македонија од коронавирус. Бил примен...

Македонија4 часа

Вкупно 259 случаи на коронавирус во Македонија, досега починаа 6 лица

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 18 нови случаи на коронавирус во земјата. Во текот...

Македонија4 часа

Директорката на охридската болница ќе биде разрешена поради починатата пациентка од струшко

Директорката на охридската болница ќе биде разрешена од функцијата поради случајот со починатата 66-годишна жена од струшко која и покрај...

Македонија5 часа

Две лица починаа на инфективната клиника, едниот бил на 31-годишна возраст

На Клиниката за инфективни болести починале две лица заболени од коронавирус, извести министерот за здравство Венко Филипче. Едниот е пациент...

Македонија7 часа

Приведени се 102 лица кои вчера не го почитувале полицискиот час

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на државата вкупно 263 лица не ја почитувале мерката за забрана на движењето,...

Свет8 часа

Во Кина 45 новозаразени од коронавирус, само еден не е од странство

Кина објави 45 нови случаи на коронавирус, од кои 44 заразени доаѓаат од странство. Според Националната здравствена комисија, уште петмина...

Свет8 часа

Њујорк нема да биде ставен во карантин, одлучи Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп, сепак, ја отфрли идејата за воведување на карантин во Њујорк заради пандемијата на коронавирусот, откако доби...

Македонија19 часа

Обвинителството ќе ја истражува смртта на стружанката, не била примена во болница и покрај препораката од матичниот

Основното јавно обвинителство Охрид отвори предмет по допрен глас за смртта на 66-годишната жена од Струга, која денеска почина од...

Европа20 часа

Франција ќе увезе милијарда маски од Кина

Францускиот министер за здравство објави дека земјата ќе увезе милијарда маски од Кина. Според здравствените власти, Франција може да произведе...

Македонија23 часа

Стапи на сила полицискиот час за време на викендите, улиците се празни

Со одлука на Владата, од денеска за време на викендите е забрането движењето на сите граѓани од 16 до 5...

Македонија1 ден

Полиција ќе ги доставува на домашна адреса готовите лични карти и возачки дозволи

За да се намали метежот во Управните служби на Министерството за внатрешни работи од понеделник граѓаните чии лични карти и...

Македонија1 ден

Нови 22 случаи на коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 22 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови:...

Свет1 ден

Вухан е отворен по два месеца изолација

Кинескиот град Вухан, каде првично избувна пандемијата на коронавирусот, денеска почна да ги укинува карантинските мерки по два месеца, возобновувајќи...

Европа1 ден

Во Шпанија за една ноќ починаа 832 лица

Бројот на починати од коронавирус во Шпанија се зголеми за рекордни 832 лица во текот на ноќта и сега изнесува...

Македонија1 ден

Хотелот „Молика“ на Пелистер од денеска е државен карантин за 90 лица

Хотелот ,,Молика” на Пелистер, кој е во сопственост на АД ЕСМ, од денеска ќе биде државен карантин за 90 лица...

Македонија1 ден

Влада: Граѓаните сместени во државните карантини не се закана за никого

Владата апелира до граѓаните на земјата да бидат уверени дека сите мерки што се преземени за прифаќање на нашите државјани...

Економија1 ден

НБРМ: Денарот е и ќе остане стабилен

Девизниот курс на денарот е стабилен и нема промени во неговото ниво, велат од НБРМ. „Во повеќе наврати истакнавме дека...

Македонија1 ден

Летното сметање на времето почнува од 2 часот по полноќ

Летното сметање на времето ќе почне в недела, на 29 март, во 2 часот наутро, со тоа што часовникот ќе...

Македонија1 ден

Забрана за движење за викенд за сите граѓани од 16 до 5 часот

Со одлука на Владата од денеска за време на викендите се забранува движењето на сите граѓани од 16 до 5...

Досие