Контакт

Македонија

Спасовски: Жалам што Обвинителството немаше храброст да одреди притвори за инцидентот во „Александар палас“

Објавено пред

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, изрази жалење што Обвинителството немало храброст да одреди притвори за осомничените за пукањето во хотелот „Александар палас“.

„За овој инцидент, знаете, имавме и неколку приведени кои упатуваа сериозни закани по животот на колегите полицајци. Жалам што обвинителството немаше храброст зашто повторно помина со мерки на обезбедување, наместо со притвори“, рече Спасовски.

Министерот, одговарајќи на новинарско прашање во Прилеп, изјави дека МВР интензивно работи на истрагата за расчистувањето на случајот.

Македонија

„Животот е непредвидливо патување. Одбери сигурност! Одбери полиса за осигурување живот од „Кроациа Осигурување – Живот АД Скопје“!

Објавено пред

Живееме во чудни денови за кои до скоро не можевме ни да помислиме дека би се случиле кај нас. Изолација, затворање на компании и губење на работни места, како и несигурност на нашата иднина и иднината на нашите најблиски.

Природно е да се сакааат убави нешта и да се живее сегашноста во полн ек.

До скоро нашите размисли беа насочени кон убави патувања, комфорен живот без согледување на итна потреба да оставиме нешто зад нас.

Клиентите на „Кроациа Осигурување – Живот АД Скопје“ сметаа поинаку. Тие пронајдоа вистински партнер каде ќе можат слободно да вложуваат во полиса за животно осигурување, знаејќи дека нивните средства се безбедни и дека обезбедуваат финансиска сигурност за најблиските при несакани настани или тешки животни ситуации на најблиското семејство, токму тогаш кога имаат најголема потреба од тоа.

Полисата Индивидуално осигурување на животот го има водечкото место во портфолиото на „Кроациа Осигурување – Живот“, претставувајќи најатрактивна комбинација на карактеристики и придобивки кои вклучуваат:

• Поврат на вложените средства во вид на загарантирана осигурена сума за доживување која се исплаќа по истекот на Договорот за осигурување;
• Осигурително покритие во случај на смрт од болест;
• Двојно осигурително покритие во случај на смрт од незгода;
• Здравствено осигурување од тешко болна состојба;
• Здравствено осигурување од малигни болести;
• Осигурување од незгода.

Осигурувањето на живот е долгорочно решение кое нуди комбинација на најбезбеден облик на штедење, сигурност, како и осигурување, и е целосно приспособливо на индивидуалните потреби на клиентите.

„Кроациа Осигурување“ е друштво формирано во далечната 1884 година. Оттогаш наваму, многу работи во светот се променија, многу пандемии и кризи, но она што сме го докажале е дека сме ја зачувале довербата на нашите клиенти и сме ги заштитиле и оплемениле нивните средства. Токму тоа и нè прави лидер на пазарот на животно осигурување.

Животот е непредвидливо патување. Одбери сигурност за цел живот, одбери полиса за осигурување живот!

Дозволете да Ве направиме безгрижни.
Ваша, „Кроациа“.

(ПР-текст)

Прикажи повеќе...

Македонија

Тестирањето за Ковид-19 го закажува матичниот лекар и по протокол го следи лекувањето на пациентот

Објавено пред

Министерството за здравство информира дека секој матичен лекар кој преку „Мој Термин“ му закажува на својот пациент тестирање на Ковид-19 ги добива резултатите на пациентот и доколку на пациентот му се одреди домашно лекување точно ги знае насоките за негово следење.

За пациент на домашно лекување, матичниот лекар постапува по претходно утврден и усвоен протокол на стручниот колегиум на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

Согласно истиот, матичниот лекар има обврска да го контактира пациентот два пати во текот на денот, да го известува системот „Мој Термин“, кој потоа во форма на електронскиот извештај го испраќа во Министерството за здравство и до Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

Министерството за здравство вклучи близу 1200 матични лекари во системот на детекција и следење на пациентите со коронавирус.

Граѓаните кои имаат симптоми типични за Ковид-19, како температура, треска, кашлица, отежнато дишење, треба да се јават телефонски кај нивниот матичен лекар, а не да одат во ординација. Матичните лекари преку епидемиолошка анкета ќе утврдат дали треба да бидат тестирани. Тестирањето го закажува матичниот лекар, преку системот „Мој термин“ со точно време и место за тестирањето.

Прикажи повеќе...

Македонија

Слепите, лицата во инвалидска количка и тие со попреченост се ослободуваат од работа

Објавено пред

Вадата на седница донесе одлука лицата кои одат на работа со придружба, како потполно слепи лица, лица кои се движат со инвалидска количка и лица со тешка или умерена интелектуална попреченост, да бидат ослободени од одење на работа и извршување на работните активности.

Оваа одлука следува по барање на Министерството за труд и социјална политика, а особено се однесува на сите органи на државата, акционерските друштва во државна сопственост, агенции, фондови, бироа, заводи, управи и сите останати државни институции.

Владата исто така им препорачува на единиците на локалната самоуправа, како и на јавните претпријатија основани од општините, овие лица и во овие институции да бидат ослободени од должноста да доаѓаат на работа.

Истата мерка Владата препорачува да ја применуваат и компаниите од приватниот сектор.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет14 минути

Речиси 50 милиони Американци би можеле да останат без работа

Милиони Американци веќе ги загубија своите работни места како резултат на кризата со коронавирусот, а најголемата штета допрва претстои, според...

Македонија35 минути

Тестирањето за Ковид-19 го закажува матичниот лекар и по протокол го следи лекувањето на пациентот

Министерството за здравство информира дека секој матичен лекар кој преку „Мој Термин“ му закажува на својот пациент тестирање на Ковид-19...

Свет1 час

Конјунктивитис може да биде симптом на заразата со коронавирус

Американското друштво на офталмолози ги предупредува своите членови да водат сметка за тоа дека и конјунктивитис, познат како „црвено око“,...

Свет2 часа

СЗО: Не носете маска за лице, освен ако не сте заразени

Претставници на Светската здравствена организација се уште им препорачуваат на луѓето да не носат маски за лице, освен ако не...

Свет2 часа

Во светот бројот на заболени од коронавирус достигна речиси 800.000

Во светот утрово се регистрирани вкупно 785.807 случаи на заболени од коронавирус, починале 37.820 луѓе, а се излечиле 165.659, покажуваат...

Македонија2 часа

Претседателот свика седница на Советот за безбедност

Денеска со почеток во 14 часот во кабинетот на претседателот Стево Пендаровски ќе се одржи седница на Советот за безбедност...

Македонија13 часа

Затворите ќе примаат нови осуденици од септември

Владата ја усвои уредбата со законска сила за роковите во судските постапки за време на вонредната состојба за постапувањето на...

Македонија13 часа

ЕУ ќе издвои 38 милиони евра за медицинска опрема за земјите од Западен Балкан

Европската комисија донесе одлука да им додели 38 милиони евра на земјите од Западен Балкан за помош со заштитна опрема...

Македонија14 часа

Ученичките и студентските домови ќе бидат ставени на располагање на време на епидемијата со коронавирус

На денешната владина седница е усвоена и Уредбата со законска сила за примена на Законот за здравствената заштита за време...

Македонија15 часа

(Видео) МВР најави кривична пријава: Место да седи во изолација заразил повеќемина

МВР ќе поднесе кривична пријава против Ф.К. коj се однесувал спротивно од одлуките на Владата, ги прекршил мерките за самоизолација...

Македонија16 часа

Се затвора Заводот за рехабилитација во Козле, 8 вработени и двајца пациенти имаат коронавирус

Заводот за рехабилитација во Козле ќе се затвори, откако тестовите на 8 медицински лица покажале позитивни наоди на Ковид-19, информираше...

Македонија16 часа

(Видео) Филипче: Пациентка која починала во струшката болница е тестирана за коронавирус

Викендов во струшката општа болница за коронавирус била тестирана пациентка откако починала. Министерот за здравство, Венко Филипче, извести дека пациентката...

Свет18 часа

Нетанјаху во самоизолација, негов соработник има коронавирус

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се наоѓа во самоизолација бидејќи негов соработник, пратеник, е позитивен на коронавирусот. Нетанјаху до утре треба...

Македонија19 часа

(Видео) Македонското знаме се развиори пред седиштето на НАТО

На свечена церемонија пред седиштето на НАТО во Брисел денеска беше развиорено македонското знаме кога земјата и официјално стана 30....

Македонија20 часа

Уште една жртва на коронавирусот, 26 нови заразени и девет излекувани

Министерството за здравство информира дека утрово на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина еден пациент на...

Македонија20 часа

Досега во организација на МНР вратени се 1.842 македонски граѓани од странство

По апелот за пријавување македонски граѓани затекнати во странство и нивно евидентирање со цел враќање во земјата, како и по...

Македонија20 часа

Здравствени работници направиле прекршоци во случајот на стружанката која почина од коронавирусот

Има прекршувања во случајот со почината стружанка од коронавирусот, која и покрај тоа што имала упат од матичниот лекар, не...

Свет21 час

Што е паметен карантин, кој го воведува Чешка?

Во Чешка почна тестирање преку таканаречен паметен карантин, што значи следење на луѓето преку користење телефони и банкарски картички. Паметниот...

Македонија23 часа

Нухиу: Петмина полициски службеници се заразени со коронавирус

Заменик-министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, на својот фејсбук-профил објави дека петмина полициски службеници се заразени со коронавирус додавајќи дека...

Економија23 часа

Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува

Од вечерва на полноќ бензините ќе поевтинат, а дизелот ќе поскапи, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажната цена на бензинот...

Досие