Контакт

Македонија

Спасовски за заканите за живот на градоначалникот на Арачиново: Не може граѓаните да бидат заложници на лични или политички интереси

Објавено пред

Полицијата поднела пријави против сите лица што ја нарушиле безбедноста во Арачиново откога општинската администрација минатата недела извести дека Општината нема да работи оти градоначалникот Ридван Ибраими добил закани за животот.

dobivaj vesti na viber

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денес апелира сите што имаат недоразбирања, лични или политички, да си ги разрешат и институциите да функционираат.

„Двапати имаме пријави во однос на вакви настани. Преземени се сите неопходни мерки за кои се поднесени сите соодветни пријави во однос на лицата што практично ја нарушуваат безбедноста. Апелирам овие недоразбирања што ги имаат од кои било причини, дали се лични и политички, ќе треба да се разрешат затоа што не смее граѓаните на Арачиново да бидат заложници на состојбите што ги има таму. Секако дека македонската полиција стои на располагање доколку има потреба да се осигури безбедност на кој било затоа што во државата не смее во ниту еден момент никој никого да го напаѓа ниту, пак, да претставува опасност за него, но ако има лични недоразбирања или какви било мотивации за таквите недоразбирања, да ги расчистуваат, а институциите да функционираат нормално во интерес на граѓаните“, рече министерот Спасовски на промоцијата на пилот-проектот „Дигитален толкувачки сервис за глуви и наглуви“.

Тој објасни дека ова не е прв конфликт во Општината, кој, според информациите на полицијата, се случил поради нерасчистени лични интереси.

Македонија

Џафери поднесе Предлог Деловник за работа на Собранието

Објавено пред

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, го поднесе во редовна собраниска процедура Предлог Деловникот за работа на Собранието, кој што е производ на повеќегодишна посветена работа на учесниците во процесот на Дијалогот Жан Моне кој што е заеднички процес на Европскиот Парламент со Собранието.

dobivaj vesti na viber

Во Предлог Деловникот е предвидено одредбите да почнат да се применуваат од наредниот пратенички состав што всушност придонесе многу во донесувањето на непристрасни решенија со консензус и за пратениците од власта и за пратениците во опозиција.

Предлогот е веќе доставен до пратениците во писмена и во електронска форма а ќе биде предложен за прво читање како дополнение на дневниот ред на 127. пленарната седница закажана за 3 октомври 2023 година.

Прикажи повеќе...

Македонија

Doctor Sauer ZOO Fest во Скопје ЗОО

Објавено пред

Оваа сабота, со почеток од 12 часот, Скопје ЗОО прославува 97 години од постоењето како најстара зоолошка градина на Балканот.

dobivaj vesti na viber

„На Doctor Sauer ZOO Fest ве очекуваат жонглери, акробати, едукативна работилница и слатки задоволства – подароци за најмалите посетители. Се гледаме во 12 на Халки-бината во Скопје ЗОО“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Посебен сообраќаен режим утре во Скопје поради велосипедската трка

Објавено пред

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека утре (сабота), со почеток од 15 часот, поради одржување на велосипедската трка „Куп на град Скопје 2023“, ќе биде спроведен посебен сообраќаен режим на подрачјето на град Скопје.

dobivaj vesti na viber

Трасата на движење ќе почне на улицата Димитрије Чуповски кај Порта „Македонија“, право по улицата 11 Октомври кон зградата на Собранието до крстосницата со улицата Филип Втори Македонски, па лево по улицата Филип Втори Македонски до влезот на Градскиот трговски центар, потоа се поминува под Градскиот трговски центар и се доаѓа до Порта „Македонија“, каде што се продолжува право по улицата Димитрие Чуповски сè до крстосницата со улицата Даме Груев кај ТЦ „Палома Бјанка“ и назад по улицата Димитрие Чуповски сè до стартно/целната позиција.

Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, при што сообраќајот ќе се пренасочува на околните сообраќајници. MВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници на сообраќајниците на кои ќе се одвива трката.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион15 часа

Милан Радоичиќ призна дека ја организирал групата во Бањска: „Лично ги направив сите подготовки“

Потпретседателот на Српската листа, Милан Радоичиќ, ја презеде целосната одговорност за настаните во селото Бањска на северот од Косово. Неговата...

Македонија17 часа

Млекото со афлатоксин се враќа во Србија, Трипуновски лажно шири паника, велат од АХВ

Неосновано ширење паника и доведување на граѓаните во заблуда е последната објавена вест на Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за...

Македонија18 часа

(Видео) Мицкоски: Згрозен сум од неморалниот чин на Маричиќ

Како човек сум згрозен со гадење од овој сексистички и неморален чин на Маричиќ, човекот се прослави со сè, само...

Македонија19 часа

(Видео) Трипуновски: Во Македонија е увезено канцерогено млеко од Србија и пуштено во промет

На 21 септември оваа година во Македонија е увезено над 20 тони трајно млеко од Република Србија, со рок на...

Македонија19 часа

Зголемениот број мечки проблем во Маврово и Ростуше: жителите бараат кризна состојба

По вонредната седница од страна на Советот на Општина Маврово и Ростуше, Општината до Владата поднела информација со барање за...

Македонија20 часа

Демократскиот сојуз: Ковачевски да го повлече законот за амнестија

Демократскиот сојуз бара од премиерот Димитар Ковачевски да го повлече новиот предлог-закон за амнестија бидејќи овој закон е политички пазар...

Регион21 час

Снимка од претресот во Косовска Митровица: од зградата во која живеел Радоичиќ запленети два „мерцедеса“ со белградски таблички

Припадници на специјалната единица на косовската полиција извршија претрес во зградата во северниот дел на Косовска Митровица, каде што живееше...

Македонија21 час

Најчевска до Груби: Зошто би била приоритетна пругата Скопје – Драч, за создавање голема Албанија?

Професорката Мирјана Најчевска со прашање до вицепремиерот Артан Груби на социјалните мрежи по најавите дека еден од приоритетите на Владата...

Македонија22 часа

„Со сите демократски и парламентарни методи ќе го спречиме донесувањето на законот за амнестија“, велат ВМРО-ДПМНЕ

„Оваа власт на Ковачевски е во очај. Затоа во рок од 6 години подготвуваат нова амнестија со која треба на...

Регион22 часа

(Видео) Грција по страшното невреме: активирани свлечишта, уништени патишта, Волос е како „град кој е бомбардиран“

Многу куќи се поплавени, а многу патишта се тешко оштетени од невремето што зафати делови од Грција. Во Волос, поради...

Македонија22 часа

ЦУК: Вчера имаше 26 пожари, утрово активен само еден

Центарот за управување со кризи известува, според податоците од Секторот за операции и координација, дека пожари на отворен простор вчера...

Европа23 часа

Русите градат пруга кон окупираните украински градови

Руските сили почнаа да градат нова железница што ќе ги поврзе окупираните Мариупол, Волновака и Донецк со јужна Русија, тврди...

Европа23 часа

Шведскиот премиер ја повика војската на помош поради крвавата војна меѓу бандите

Шведскиот премиер, вчера, го повика шефот на вооружените сили да помогне да се спречи порастот на убиствата поврзани со банди...

Македонија2 дена

Лога: Тврдам дека ниту еден функционер нема да биде опфатен со амнестијата , ќе купам и огледало, за секој пратеник да се гледа пред да гласа за овој закон

Законот за амнестија ја доби поддршката во владина постапка и за десет дена истиот закон ќе биде пред пратениците во...

Македонија2 дена

Маричиќ демантира дека испраќал бакнежи кон Стојаноска: Ниту сум имал каква било комуникација, ниту сум ѝ испратил вербална порака

„Најостро ги демантирам недостојните и ниски лаги на пратеничката Дафина Стојаноска“, напиша на фејсбук вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ....

Македонија2 дена

Инспекторатот ќе изврши вонреден надзор во битолската болница по смртта на 24-годишното момче

Министерот за здравство, Фатмир Меџити, во врска со случајот на починато 24-годишно момче во Клиничката болница Битола, иницира Државниот санитарен...

Македонија2 дена

Лигав еден, бакнежи и намигнувања праќај си дома, му рече пратеничката Дафина Стојанова на Маричиќ во Собранието

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, во Собранието го обвини вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, дека ѝ праќал бакнежи и...

Македонија2 дена

Бебе пред два месеца родено со 900 грама на ГАК сега си заминува дома со два килограма

Бебе родено со 900 грама пред два месеца на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство – Скопје ја победи битката...

Свет2 дена

Австрија со конкретни предлози за побрза интеграција на Западен Балкан

Министерот за надворешни работи на Австрија, Александар Шаленберг, и министерката за европски прашања, Каролин Едштадлер, сакаат да промовираат побрза интеграција...

Македонија2 дена

Османи: Прилично сум сигурен дека Бугарија постојано ќе формулира нови барања

Mинистерот за надворешни работи, Бујар Османи, во интервју за германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ (ФАЦ) зборуваше за ветото на Бугарија...